|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 17 [18] 19   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 14:12:41   
Aleksx2Leon
од револт сум го изоставила свекорот :) живеам со свекрва и свекор...итн user posted image

(Одговор на членот Aleksx2Leon)
Непосредна врска до пораките: 426
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 14:22:41   
Hopeful RR
Aleksx2Leon, не ни помисливме дека е без свекор, секогаш тоа е моделот на однесување user posted image Се насмеав на неколку места за твоите искуства, ама те разбирам и гледам дека ти е тешко. Пробај некако да зборуваш со сопругот за евентуално одвојување. На многу синови им е тешко тоа, ама мора да разбере дека има жена и дете, и дека вие сте му приоритет, па ок е, носете го детето она да го чува и земајте си го после работа дома со вас. Сега може и јас идеализирам, сигурно не седите вака од ќеиф, ама пробај разговарај, може нешто ќе успееш.
user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Aleksx2Leon)
Непосредна врска до пораките: 427
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 14:28:03   
blue_blue
дома без свекрва, свекор, мајка, татко, сестра, брат, јатрва, золва, девер...не знам дал нешто испуштив..поентата на стапување во брак токму како што рече погоре Hopeful е оние кои стапиле во брак да основаат свое семејство, а не да се прошири со екстра членови веќе постоечко семејство што живее во веќе постоечката куќа во која има веќе постоечки правила кои се востановиле кој знае од кога. Многу ми е розева тоа приказната на една членка погоре како сите се согласувале и сите и завидувале на свекрвата, не дека не верувам дека жената е таква, него дека не е можно да не постојат разлики во начин на размислување и однесување. Оној кој доаѓа во веќе востановена фамилија МОРА на неа да се прилагоди....Тоа дека немале услови е блед (за мене) изговор, зошто ако немам услови нема да стапувам во брак оти не гледам зошто треба да излезам од куќа во која имам различни мислења со мајка ми и татко ми за да одам во друга куќа со куп луѓе што не ги познавам таму....Демек ако чекам никад нема да се омажам!?!?!?1 Сите невести кои овде кукаат нек си размислат дал имаат проблем со мажот или со свекрвата? Оти за мажот се омажиле а не за свекрвата. Тоа не значи нужно дека е мажот лош, туку значи дека ако со некој човек имате толку дијаметрално спротивни сфаќања за бракот (јас сакам сами да сме - тој е мамина маза, патријархален и никогаш нема да се одвои од скутот на мајка му) тогаш за кој мој сте одлучиле да делите живот со него и да трпите, демек за општо добро...а кај сте вие тука у причава? Или многу го сакате и се за него и за децата би направиле...Епа ако е така бидете среќни со својата одлука и нек не ве нервира сопствениот избор....

(Одговор на членот Aleksx2Leon)
Непосредна врска до пораките: 428
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 14:46:15   
miana
Јас се најдов тука прозвана па ај и ке одговорам...
Не сум мислела вака пред 7 години.. Пред 7 години мене само мм ми беше важен, без заљубена до уши и бај д веј бев бремена, бевме ногу млади, се се случи на брзина и немавме многу избор да пребираме каде ке живееме.. Сум му спомнала, ама не куќата е за него правена, тука ке живееме и тоа е тоа.. Се е добро додека не се родат децата.. И мене се ми беше мед и млеко додека не ми се родија децава, додека си имав поголема слобода.. Е откако се родија децата, тука веке настануваат сите нервози..Буквално пред да ми се роди првото дете јас немав замерки ( краток период беше тоа - додека го носев детето ) ама кога се роди, кога почна да ми влегува уште во 8 часот во спална да ја ѕирнела, или кога ке дојдат гости на повојница а бебето си спие, па ај разбуди ја за неа дошле и сл.
Јас што сум посеала тоа ке си жнеам, и кажав мојот избор е Со свекрва и тоа е тоа..Иначе и јас имам испади од типо - неможа више, ама јебига, реков додека ми се мали децава ке потрпам, понатака ке видиме што ни носи животот.

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 429
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 15:00:48   
Hopeful RR
blue_blue, скроз се слагам со тебе! Јас истото мислење го делам - ако немам услови да живеам како што јас сакам, посебно и само ние двајца, тројца или колку и да се има деца, нема ни да стапам во брак! Ако живеам со стари луѓе наместо само со сопругот и децата, подобро ќе си седам со моите отколку со свекор и свекрва. Знам дека не е едноставно за сите, ама мора да се најде начин. Проблемот е токму во тоа што старите од старт прават куќа на спратови не за себе, туку за синот да седи вечно со нив, пошто они не можат сами со себе... А ако остане неженет синот? А ако отиде во странство? А ако јас сакам да направам моја куќа, или по нивната логика и за моите деца да седат со мене? Колку генерации под еден покрив се тоа?
Куќата не е вечна, се се продава и се решава, јас барем имам таков став. Затоа ви викам разговарајте дали има простор за промена на состојбата. Штета е цел живот да го поминеш во лошо расположение или пак чекајќи некој да ви ослободи простор со умирачка. Фамилија се знае што е - еден пар родители и дете/деца.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 430
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 16:42:53   
Felly RR
Иако малку пооштро кажано од што би кажала јас, ама се согласувам со последниот дел што го пиша блу_блу. За мојот однос со свеки имам повеќепати пишано, некогаш може се имам пожалено и на темата (поодамна беше тоа време) user posted image ама главно не сме имале некои големи несогласувања, И мислам дека тука големо влијание има и тоа како мм гледа на работите, кој каде му е местото. Ако нешто ми смета мајка му што направила, и тој е реален, не ја брани по секоја цена. А и свеки е таква личност што не сака да ни навлегува во нашата интима, па така, ко што пиша некој погоре, да пријавувам што сум купила. Можам јас да покажам, за да се пофалам што сум се подновила, ама таа никогаш не ми префрлила за такво нешто, дури не ме ни прашува колку пари кошта. Па тоа се мои пари, сигурно нема таа да ми кажува како да ги трошам. Секој го почитува правото на личен простор на другиот, па може затоа и не ми смета тоа што живееме заедно.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 16.9.2014 16:44:22 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 431
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 16:49:26   
Mamickaa
Што подалеку тоа поубавоuser posted image .Се шалам,јас живеам на втор спрат од куќа,она е доле.Знае некогаш да се вмеша во нешто,ама за ништо не си преќутуваме што ни смета.Така да,си кажуваме се во лице и решаваме на лице место.Нема љутиш,иако некогаш доаѓа и до тоа,вистината боли,нелиuser posted image user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 432
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 21:41:38   
niki
Kolku poveke ja citam temava tolku poveke mi se zacvrstuva i onaka cvrstiot mi stav deka bez svekrva e vistinskiot izbor
I se ponejasno mi stanuva zosto starive im dozvoluvaat na mladite da stapat vo brak, ako nemaat smetkite da si gi platat
Uste i bremenosti se prifakaat i odrzuvaat se ragaat deca, a se zivee coporativno nekolku generacii vo ista kuka site zavisni edni od drugi, nemokni da se obezbedat so osnovni raboti za samostojno funkcioniranje
I ke me izvinete no plakanjeto smetki namesto vas, gotvenje, perenje , cistenje za vas baba servis vo sekoe vreme, mene ne me asocira na ljubov, tuku na koristoljubie i krajna neodgovornost i od dvete strani
Mladite neodgovorni zatoa sto na stari luge im tovarate obvrski koi sto ne se nivni
A starite se neodgovorni sto prifakajki go vasiot tovar vi go odzemaat cuvstvoto deka vredite, deka mozete i deka ste uspesni vo zivotot i izborite koi ste gi napdavile za sebe
Ve osakaguvaat taka sto postojano i sekojdnevno vi ja rusat samodoverbata
Na prasanjeto sto bi pravele da ne vi se svekrvite postoi samo eden odgovor
Bi se gordeele so sebesi zarad se sto mozete i pravite za vas i vaseto semejstvo


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Mamickaa)
Непосредна врска до пораките: 433
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 21:52:15   
kapina
Niki potpolno se soglasuvam so tebe definitivno bez svekrva e podobro no jas sega znaci ne sum vo moznost da se delam od niv. oti me ceka IVF oti ke mi treba sekakva pomos a I vo vrska so beleskite I site tie raboti treba da se misli so vreme oti. mama tato svekor svekrva sto I da e nema sekogas da bidat so nas pa da ni gi plakaat znaci ubavo e toa sto. jas mm na primer sme vraboteni. I zemame redovno plati I ne plakame nisto no treba da se misle sto ponatamu

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 434
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 21:54:34   
Hopeful RR
Браво niki, добро изанализирани и убаво опишано, комплетно се слагам. Старите демек да помогнат, а уствари не можат да се соочат да останат сами, па само дополнително ја оштетуваат личноста и на сопственото дете, и на снаата која дошла кај нив.
Јас едноставно не сакам некој да ми готви секој ден, да ми пере и да ми пегла! Сакам јас, заедно со сопругот, тоа да го правам! Воопшто не ми е олеснување да дојдам дома и да има ручек на маса, освен ако мм не го направил. Сакам јас да си планирам кога ќе пуштам машина, кога и дали ќе пеглам, дали ќе јадам дома, на работа или во кафана. Може сум и јас терсене и дивтар, ама се работи за моја интима која делам само со мм, и здравје боже деца, а не со родителите од моја или негова страна. Максимум еднаш неделно заеднички ручек е доволно и тоа е тоа.
Старите кај нас знаат да бидат многу инертни и да не сакаат да продадат или заменат стан, куќа или што и да е за да им овозможат нормален живот на младите. И со онаа селска логика, ај ќе умреме па на нив се ќе им остане, само прават тензија во тек на години и години заедничко живеење. Знам за еден пример каде што во една куќа живее стар прадедо, дедо и син, кој се отселува тек откако добива свој син. Значи дедото никогаш не живеел сам!!!
Кај нас мора да се работи на она што е нормално во американските и западноевропските средини, а тоа е дека после факултет, детето треба да се стимулира да живее само, за да стекне вистинска независност и изгради здрава личност.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 435
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 22:53:17   
niki
Pa kapina bas deka te ceka ifv, bas zatoa sto sakas dete treba da stvoris uslovi na harmonija mir i ljubov, vo tvoe katce kade ke se zastitis od negativnata energija koja ti ja predizvikuvaat clenovite na tvojata zaednica
Ama ne ti pak zarad nekoja tamu fiktivna pomos se ubeduvas sebe si na sila da zivees so niv ignorirajki gi negativnostite ot takviot nacin na zivot

I aj da ne te zemam tebe za primer svekrva mi na primer zivee so majka i i se mrazat zaradi nesoglasjvanjata sto gi imaat i tie dve pre ke se potepaat otkolku da si priznaat deka edna bez druga mozat i deka pomosta koja si ja davaat vzaemno ne im e ndophodna i nikako da svrtat list i da si recat daj da probame sami, pomirno i poubavo ke ziveeme
Ne sveki moja se frla so izreki kuca je tesna kad su ljudi besni , i normalno spored nea majka i e besna a spored drugava svekrva mi e besna, nikako da se prevzeme odgovornost na sebe i da se vidi nekoj drug model na ziveenje tuku cel zivot toa pa toa kukata bila na ednata grizata bila na drugata , ednata bila vredna drugata ke propadnela bez nea
Gluposti, zavisnost bez potreba

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 436
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 23:16:53   
Dilina
Ја читам темава и се пронаоѓам у муабетиве понекогаш, ама нонстоп ми се врти едно прашање, зашто бре само за свекрви се збори? А свекорите кај се? Или Свекрвиве од нивната блескавост и мудрост ги засенуваат мажите user posted image
Дефинитивно ние жените сме катиљ....затоа е тоа така :)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 437
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 8:46:51   
Defne90 RR
Дилина тука имаш право навистина.Може е така затоа што свекорите многу многу и не се замараат со снаите па затоа.Мада да ние жените сме катиљ па затоа очи си вадиме со свекрвите.И може и тие се такви понекогаш со нас затоа што ние несвесно со нашето однесување го правим,е тоа.Не мора да значи и дека свекрвата е секогаш крива за се.Тие дека се наметливи и сакаат да си го задржат тертипот што си го поставиле си сакаат,ама па да не се тие или бабите тогаш и за нас снаите би било потешко.Ама сепак јас мислам дека сепак тоа е кој како си навикнал де.Јас на пример не можам да си замислам да бидам сама без баба ми.Може е најдосадната баба на овој свет и нема ден да не прокоментира нешто ама сепак тука ми е за се што ми треба.Исто и за свекрва ми.Секогаш ми се нашла и мислам дека навистина заслужува почит од мене па и јас да и се најдам за нешто некогаш.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 438
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 13:30:02   
Ilina87
Ах кутри свекрви, сигурно секој ден им жежат ушите од толку озборување user posted image .
Да видиме ние какви свекрви ќе бидеме или како онаа поговорката ,, Кога јас бев невеста лоши беа свекрвите, а сега кога станав свекрва лоши се снаиите" user posted image

(Одговор на членот Aleksx2Leon)
Непосредна врска до пораките: 439
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 14:06:24   
kapina
X
Znaci vaka za svekorot nemam sto da kazam ziveeme10 god zaedno no nitu ednas se nemam sl
skarano so nego ili navredeno znaci sekogas e na mojata strana

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 440
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 14:36:19   
Mila mamicka
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Многу ми е розева тоа приказната на една членка погоре како сите се согласувале и сите и завидувале на свекрвата, не дека не верувам дека жената е таква, него дека не е можно да не постојат разлики во начин на размислување и однесување. Оној кој доаѓа во веќе востановена фамилија МОРА на неа да се прилагоди

Мислам дека делот од постот на блу-блу се однесува на мене, па се чувствувам повикана да одговорам. Јас во мојот пост не реков дека не постојат разлики во начинот на размислување и однесување, затоа што тоа не е можно. Генерациската разлика си го прави своето. Па јас со мајка ми не размислувам исто, не па со свекрва ми. Меѓутоа, насловот на темата е - Со или без свекрва дома? - и мојот одговор е дефинитивно СО, затоа што како што кажав предностите во однос на недостатоците се многу повеќе. И не МОРАВ посебно да се прилагодувам кон новата фамилија, затоа што тие функционираат на многу сличен начин како и мојата, па воопшто не ми беше тешко доаѓањето во нивната куќа. А тоа дали јас сум способна да живеам и функцинирам без нив, сама со мм и децата, во тоа воопшто не се сомневам. Секако дека би можела, со таа разлика што тогаш би била поуморна, ненаспана, и сл. меѓутоа секако би постигнувала и сама само заради среќата на моето семејство.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 441
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 14:42:11   
LoveableMe RR
Жени бре, зовревте на темава за свекрваuser posted image user posted image . Секако поубаво без неа, а за зависноста на синот од мајката и неговиот однос кон неа, тоа е балканска работа, во некои случаи е посилна, во некои послаба.....нема идеална сверква како што нема идеална снаа, работата е ако може да се стави граница на немешање во работите кај младите од страна на старите и обратно од страна на старите кај младите, само тогаш може да има каква - таква хармонија.

Ако свекрвата е лоша, синот е добар, ако свекрвата е добра тогаш синот е малце терсене, барем досега од примери што гледам така се покажало, но не е 100% правило секаде. А дека не може да се очекува све да помагаат, а после да се кажува за нив дека не чинат, стварно не оди. јас сум да биде што понастрана и помалку да ми помага и да ми се меша, сите ќе сме посреќни и ќе се почитуваме повеќе....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 442
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 16:04:09   
Mihaela 2010
Breee bas vrie na temavauser posted image .Znaci sum pisuvala na temava deka roditelite na mm se pocinati uste pred 30 god i deka sigurno da bea zivi nemase da ziveam so niv prvo zaradi toa sto bile ba visoka funkcija pa sigurno ke obezbedea na sinot posebno zivealiste a vtoro i da ne ovozmozele za sinot ke pravev napori da ne ziveam vo zaednica od pricina sto si sakam da si bidam gazda na kukjata i da ai teram po moe.Za postuvanje sigurno ke gi postuvav a deka ke barav pari da mi plakaat smetki nemSe ni toa da go dopustam posto sum tip sto ne saka takvi pari taka sum vospituvana i od mali noze sum zarabotuvala sama.znaci jas nemozam so moite a kamoli so roditelite na mm..koga idam kaj moite edvaj izdrzuvam dva saata zs premnogu se mesaat i oni neli se Znaat ama toa e..,edinstveno ponekogas zaviduvam na onie sto se vo zaednica koga deteto mi e bolno i koga baram nacini koj da ja cuva i maltretiram sve divo i zivo vklucuvajki i majka i zena a toa e trosenje i na finsnsii ama toa e toa i toa pominuva..fala bogu ne sum nesto stradna za pari kolku mi e cergata tolku si gi pruzam nozete.

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 443
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 17:06:34   
Felly RR
Недела на свекрвите на РР user posted image user posted image user posted image
Нешто што никој не спомна, а мислам има големо влијание како ќе го прифатиш животот во заедница е и карактерот на луѓето - колку се прилагодливи. Некако се како главен фактор да е тоа што некој пред брак живеел самостојно и заработувал за живот. Па и јас живеев сама во СК 6 години, од кои последните 2 заработував и воопшто не барав пари од моите. Ама сега ако свеки посака да ни даде пари за нешто, без разлика дали за М, дали нешто за домот - зошто да не сакам „такви“ пари. Кои се тие „такви“ пари, не разбирам??!? Жената ако гладува, а ние да и земаме пола плата, ај да разберам. Или ние да трошиме за луксузи, па после од неа да чекаме пари за секојдневни трошоци. Не знам зошто главниот муабет се врти околу тоа што некој спомна дека им плаќале сметки. Па ако тие ми плаќаат сметки, може јас давам пари за некои други заеднички трошоци.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 444
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 17:32:48   
Mihaela 2010
Koga pisav nejkam takvi pari mislev na dadeni pari za smetki..nesakam nikoj da mi plakja smetki zosto so toa ispagja deka ne sum sposobna da si go vodam domakinstvoto..no druga rabota e ako me pocastat pari za moj rodenden ili na mm ili za nova godina i za deteto toa jas ne go osporuvam.imam primer vo komsiluk sto mladite na starite im odat po gazot a muabetot im e kjutiiii struja voda ni plakjaat..i mene zimno vreme mi e potesko so strujata pa nikogas od moite nemam dinar pobarano...ednostavno ne sum takov tip..a na nekoj da mu idam po gazot samo za da mi ja plati strujata ne fala..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 445
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 18:19:56   
Hopeful RR
Mihaela 2010, скроз се слагам. Срам ми е некој друг да ми плаќа вода за тоа што јас сум се бањала, или струја за тоа што сум готвела, пеглала и сл. Пари како подарок за роденден, Нова година или нешто така - апсолутно не би одбила, тоа е некултурно. И тука воопшто не е битна сумата, туку вниманието.
Ако не можам сама да си платам сметки, да купам јадење или нешто слично, тогаш очигледно сум се уште дете и неспособна да бидам во брак, а не пак да бидам родител. Знам многу парови што живеат со стари, не плаќаат сметки, а се луксузираат со шопинзи, одмори и слично. Тоа ептен па не го поддржувам.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 446
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 18:55:36   
Палешка РР
Тоа што некои родители немаат доволно пари не го сметам за нивна неспособност, туку за неспособност на државата да им обезбеди работа или пак на вработените солидна плата. Стандардот е тој, платите се тие, сметките високи, животот скап и воопшто не ми е чудно што некој живее со родителите, бидејќи нема каде, или нема со што. Едноставно се нашол во таква ситуација, таков сплет на околности.
Ете јас на пример не би одбила доколку некој ми се понуди нешто да плати, да помогне, да купи нешто. Нема проблем. Никого на ништо не принудувам, нит пак барам, но ако се понудат - добредојдени се.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 447
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 19:23:38   
Defne90 RR
Мене не ми е јасно што е тоа толку лошо старите да ти ги плаќаат сметките.Има право Палешка не се виновни родителите што немаат пари и не им стасуваат за сметки него е виновна државата што не им го овозможила тоа.И да баба му и дедо му на маж ми може ги плаѓаат сметките,ама и ние сме биле секогаш тука за нив кога и да се нашле во тесно и да им била потребна помош без разлика дали се работи за пари или за нешто сосема друго.Парите или подароците што се даваат за родендени и слични други работи се сосема друга работа.А и не е тоа работата де.Па луѓе сме бе пусто му чудо ако на внуците и на синовите не им плаќаат сметки нема да отидат на комшиите да им ги платат.Не ми е јасно зошто толку се претерува со тоа.Секако дека ако земаат јаки пензии ќе им помогнат на младите без разлика дали им треба помош или не.Па нели сите ние сме истите работиме и ствараме за децата и внуците не разбирам после од кај излегува тоа дека било срамота да се плаќаат сметки па оттаму и тоа дека родителите се неспособни за си ја гледаат фамилијата ако некој друг им ги плаќа.Ние многупати со маж ми им имаме однесено пари зас метките амо они никогаш не ни ги зеле и нема ни да ни ги земат.Колку и да зборуваат сепак ние сме нивни деца а ако на децата не им дадеш нема на кој.user posted image

< Поракaта ја уредил Defne90 -- 17.9.2014 19:24:18 >


_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 448
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 19:39:03   
Dilina
Еве се ставам јас во ситуација, сигурно кога ќе остарам остатокот од пари ќе ги трошам на моите деца било сметки било нешто друго... така да сметките не играат толку улога... цвекрва и свекор не плаќаат сметки само ради нас , туку ради синовите најпрво па после ради внуци итн... во денешно време е од голема корист тоа. Еве ќе се земам јас за пример. Ние живееме од нашите две плати и од скромната пензија на свекрва ми. Таа не стигнала ниту еднаш да си купи парче облека за нејзе, единствено јас и мм ако не појдеме па без да знае да и купиме нешто... секако имаме несогласувања караници, но секогаш седнуваме на маса заедно без мрштење...
Неможам да кажам дека ја сакам. Но ја почитувам зошто многу пати се расправа со маж ми ради мене. Прост пример што ме зима секој ден од работа е највеќе ради нејзе, за јас да не доаѓам касно сама дома... и со или без си има разлика. Секако би било најубаво сами, но и таа жена е сама во животот, на 70 години со пензија 8000 може само сметките да си ги плати, а да не збориме за самотијата и немањето да се сподели збор со некој,,,
Се согласувам и со мислењето на Дефне, зошто се е до компромисот и разбирањето, иако не сум ЗА за заедница, незнам што би правела без неа....

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 449
   RE: Со или без свекрва дома?
17.9.2014 22:28:29   
Felly RR
Па не е поентата дека некој ми платил вода да се бањам, не знам зошто така го разбирате. АЈ тогаш па свеки нека се срами да ја земе колата (која сме ја купиле ние) зошто јас сум турила нафта и зошто јас сум платила регистрација и сл. Стварно е муабетов без везе. Тоа е ствар на договор, пишав и погоре, може старите плаќаат сметки а младите плаќаат за други трошоци. АКо почнеме така работите да ги мериме на кантар, па тогаш дај и со мажот да делиме, кој се бања повеќе пати во неделата повеќе пари за вода и струја нека плати!!!

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 450
Страница:   <<   < Претходна страница  15 16 17 [18] 19   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 17 [18] 19   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?