|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Со или без свекрва дома?
23.7.2014 21:58:23   
kapina
Sega procitav na net edna snaa ja pretepala svekrvata, svekrvata imala70 godini I imala po seriozni povredi ponekogas I kotekot pomaga mojata sveki odamna ja imam staveno vo otpisanite I so nea razgovaram samo ako mi treba nesto niti

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 401
   RE: Со или без свекрва дома?
12.9.2014 10:21:02   
Mila mamicka
Искрено да ви кажам, не можам да си замислам да живеам без свекрва. Секако дека си има и предности и мани, ама кога ќе ги ставам на вага, предностите и те како преовладуваат. Така мислам затоа што свекрва ми ми е ептен погодена, а и затоа што имаме ептен убав однос, почит, разбирање. Таа е многу позитивна жена, постојано е насмеана и шири позитивна енергија низ дома.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 402
   RE: Со или без свекрва дома?
12.9.2014 11:03:18   
sanjaaaa!
Mila mamicka во потполност се најдов во твојот пост. Се разбира се си има и предности и недостатоци, но мене ми одговара да живеам со родителите на мм. Сметките за струја, телефон, вода, данок на имот, се тие плаќаат, дрва за огрев тие снабдуваат, се што треба за дома и дворот тие снабдуваат. Кога си дојдам од работа, свекрва ми го направила јадењето, само мијам раце и седнуваме да јадеме, исто и за детето мое се грижи, наутро го спрема и води во градинка. Трошоците за зимница таа ги покрива, само заедно ја правиме и јадеме. Немаме никогаш несогласување, секогаш сме со разбирање и толерација. Се надевам така и ќе продолжиме, мене ми одговара!!!

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 403
   RE: Со или без свекрва дома?
12.9.2014 11:52:26   
Mila mamicka
sanjaaaa, за трошоците во домот и околу домот, се грижиме сите заедно, плаќаме сите, кој кога може и сака. Меѓутоа, другата помош која ја добивам од свекор ми и свекрва ми е непроценлива. Додека сме на работа со мм, го чуваат син ми, и тоа според моите правила, како јас ќе им кажам така, а не по нивно. Кога во 16 часот си доаѓаме од работа, ручекот ни е поставен на маса, дури и салатата направена. И покрај тоа што по цел ден го чуваат, никогаш не се побуниле доколку им го оставиме и попладне, ако имаме ние некоја обврска да завршиме. Едноставно не можам да се пожалам од ниеден аспект. Навистина ми одговара живеењето со нив. А инаку сме на посебни спратови од голема куќа, така што секој си има свој простор за живеење.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот sanjaaaa!)
Непосредна врска до пораките: 404
   RE: Со или без свекрва дома?
12.9.2014 13:14:22   
miana
Незнам дали сум пишувала на оваа тема, ама еве ке се изјаснам...Сега за сега - СО свекрва дефинитивно...Исто како и сањааааа, доаѓам дома ручекот е готов, децата испртени и земени од школо / градинка ..
Епа јас незнам што би правела да не е она..Керками е секој ден втрора смена во училиште, таа ја облекува, ја подготвува и ја носи...Малата ја носиме наутро во градинка, таа оди ја зема,..Потоа ако треба и гоемата да се земе ( ако јас неможам да стасам ) таа ја зима.... Баба сервис ептен врши работа!! Е сегам, има и несогласувања, ама јас сум така воспитана, да секогаш имам почит спрема повозрасни и јас сум таа што премолчува секогаш. Но кај нас нема циле, миле, душо- срце..Строго службено user posted image

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 405
   RE: Со или без свекрва дома?
12.9.2014 14:15:21   
Lacrymosa
свекрвата е нужно зло.. ни со неа ни без неа барем кога имаш мало дете дома... без неа -психички мир, а со неа физички

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 406
   RE: Со или без свекрва дома?
13.9.2014 1:09:55   
Defne90 RR
Се знае како е најубаво,сами дома со мажот и децата и никој околу вас ни да ви смета во домот ни да ви се меша во одгледувањето надецата.Јас немам и никогаш нема да имам лоши зборови за мојата свекрва и секогаш ќе речам дека таа е навистина добра и културна жена што секогаш ми притрчала на помош и секогаш ми се нашла кога и да ми требала.Ама ќе кажам дома сами никој околу нас ни со мајка ми ни со свекрва ми.Затоа што секогаш се наоѓаат ситници за кавга кога луѓе живеат заедно.Не џабе се рекло две жени во една кујна нема да се снајдат.user posted image Убаво е така сите да живеат блиску до тебе ама не во твојот дом.Додуше кај нас е и така.И свекрва ми и мајка ми живеат блиску до нас и секогаш ми се на располагање кога и да ми затребаат.Иако и јас живеам во заедница со мајка и на свекрва ми мада си има тоа и позитивни и негативни страни.И јас ќе се надополнам со Лакримоса без неа психички мир а со неа физички.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 407
   RE: Со или без свекрва дома?
13.9.2014 11:00:48   
Mihaela 2010
Me interesira samo vie sto se falite od svekrvite, dali koga ne bi vi gi plakjale smetkite , koga od zdravstveni pricini nema da mozat decata da vi gi cuvaat i koga nekogas ke mora i finanskiski da gi potpomagate dali i togas ke sakavte da ziveete vo zaednica???

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 408
   RE: Со или без свекрва дома?
13.9.2014 11:07:02   
Defne90 RR
Јас дефинитивно си се изјаснив дека не сакам живот во заедница.Живеам во заедница со баба му од маж ми ама и тоа како што напишав си има мани.Ги плаќаат сметките и ги чуваат децата ама сепак оној внатрешен мир верувај со ништо не се купува.Се случува многу пати да морам и да премолчам и да собирам во мене само за да биде мир.Ама тоа е секаде ив о секоа ситуација си има свои предности и мани.Сепак како што напишав најидеално е сите посебно да си живеат,никој не мора да ми плаќа ни сметки ни ништо,децата секако дека ќе ги чуваат,сепак внуци им се ние и кога не би ги замолиле за чување они сами си сакаат бидејќи крвта си ги влече.А и на крај на краиштата тоа се сепак деца на нејзиниот син ако нив не ги чува кои ќе ги чува.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 409
   RE: Со или без свекрва дома?
13.9.2014 13:10:35   
bucko mal
Od gore napisanite postovi covek da posaka svekrva da ima po domauser posted image user posted image
Kaj mene shansite da ziveam so svekrva mi se 0, ama ete citajki se podzamisliv kako bi bilo da ziveam vo zaednicauser posted image
Za nikoja pomos na svet ne bi sakala nekoj da mi se mota po kuka, nekoj da mi dise vo vrat ili nautro koga ke stanam da gledam namrshteni faci po doma.
Teshko, ne teshko nekako se organizirame so mm I si terame,sekoj plus covek(osven nas neli) bi bil vishok.Mozebi od samiot pocetok da ziveev vo zaednica ke bese poinaku,ama posle tolku godini ziveenje sama nemozam da zamislam da ziveam vo zaednica.

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 410
   RE: Со или без свекрва дома?
14.9.2014 15:52:32   
Lacrymosa

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Me interesira samo vie sto se falite od svekrvite, dali koga ne bi vi gi plakjale smetkite , koga od zdravstveni pricini nema da mozat decata da vi gi cuvaat i koga nekogas ke mora i finanskiski da gi potpomagate dali i togas ke sakavte da ziveete vo zaednica???

за свекрва ми, пред да останам бремена, имав многу подруго мислење... мислам некои работи што ми сметаат и ден денеска ми сметаат ама од кога останав бремена се подзавртев дома и гледам дека апсолутно душата низ нос му ја ваѓаме. тие работи што ми сметаат се повеќе поради разлика во генерации и начин на воспитување инаку како жена не е воопшто лоша... е сега што си е воспитана многу поразлично од мене тоа е друга работа...
инаку и сега јас не сакам во заедница ( колку и да сме „делени“ штом седнуваш на една маса си во заедница) без разлика што ми чува дете, готви, чисти само ситуацијата е таква што морам. се се плаќа на ваков или онаков начин

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 411
   RE: Со или без свекрва дома?
14.9.2014 21:06:34   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal RR

Od gore napisanite postovi covek da posaka svekrva da ima po domauser posted image user posted image

Toj што си има ваква свекрва стварно треба да е среќен, пошто е реткост.....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 412
   RE: Со или без свекрва дома?
15.9.2014 8:21:42   
sanjaaaa!

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Me interesira samo vie sto se falite od svekrvite, dali koga ne bi vi gi plakjale smetkite , koga od zdravstveni pricini nema da mozat decata da vi gi cuvaat i koga nekogas ke mora i finanskiski da gi potpomagate dali i togas ke sakavte da ziveete vo zaednica???

Mihaela2010 во право си, јас да си кажам искрено оти имам голема корист од свекрвата, затоа имам и убави зборови за неа. Во спротивен случај и јас би се нервирала и би посакувала да не живеам во заедница. Доколку би немала избор или нема кој да се грижи за неа, би ја прифатила, но секако нема да ми биде сеедно, свекрвата да ми биде на товар.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 413
   RE: Со или без свекрва дома?
15.9.2014 8:32:08   
deluxe
Bez!!! Mozebi e od korist nejzinoto prisustvo,no pogolema e polzata od nejzinoto otsustvouser posted image
Kolku i da e dobra, sepak razlikata vo godinite, nejzinite nasproti moite stavovi me bidat pocetok na nervozi I konflikti. Jas sekogas se nerviram koga nekoj so sila mi nametnuva negovo mislenje a taa e takvauser posted image

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 15.9.2014 8:34:46 >

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот sanjaaaa!)
Непосредна врска до пораките: 414
   RE: Со или без свекрва дома?
15.9.2014 8:45:56   
Mila mamicka
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Me interesira samo vie sto se falite od svekrvite, dali koga ne bi vi gi plakjale smetkite , koga od zdravstveni pricini nema da mozat decata da vi gi cuvaat i koga nekogas ke mora i finanskiski da gi potpomagate dali i togas ke sakavte da ziveete vo zaednica???

Михаела 2010, свекрва ми и свекор ми ни сега не ми ги плаќаат сметките, ниту пак ме издржуваат. И двајцата со мм сме вработени, земаме доволно пари, и имаме за убав живот. Свекрва ми е толку добра жена, и толку многу има направено за мене, што и утре да легне во постела, не дај Боже, и да не може веќе никако да ми помага, пак би живеела во заедница со нив, и би им помагала на секаков начин. Искрено да ти кажам, имам размислувано што би било доколку се случи тоа, и сум го донела тој заклучок. Како досега, тие нас ни помагаат, од утре да треба, од било какви причини, спремна сум за обратната ситуација.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 415
   RE: Со или без свекрва дома?
15.9.2014 10:44:10   
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Me interesira samo vie sto se falite od svekrvite, dali koga ne bi vi gi plakjale smetkite , koga od zdravstveni pricini nema da mozat decata da vi gi cuvaat i koga nekogas ke mora i finanskiski da gi potpomagate dali i togas ke sakavte da ziveete vo zaednica???

Ајде и јас тука ке одговорам...
Работите се поставени такада јас, сакала или не, морам да живеам со свекрвами и тоа со текот на времето станав и текако зависна од неа...Да го комбинирам работното време немам шанси, ни јас ни мм, двајцата работиме само прва смена, технички не е возможно јас да ги развозувам децата, ако не е свеки јас би требала да си дадам отказ од работа и да живеам со една плата развозувајки ги децата по школо и градинка, грижејки се за ручекот и тоа да ми е целата преокупација . Свеки е слободна жена, без работни обврски, ама е натрупана со домашни обврски.
Јас пишав - сега за сега СО, тоа не е моја воља, туку моја потреба!
Јас сум прва за раат во кука, да сум сама, да не мислам дали ке се качи она денес и ке ми види растурено, па ке коментира..Јас сум прва за да си купам што си сакам денес без да морам да го пријавам на граница user posted image , јас сум прва за да си јадам денес што ми душа сака, да си купам денес од надвор да јадам или сл, да можам да си дојдам со нова фризура или некој нов детал а да немам коментари од типот - ти што правиш на работа, се лакираш или работиш? Или прва сум за да ми отвори врата насмеано лице а не лице полно со негативна енергија потикната од климаксот!
Арно ама ако се ова го ставам на кантар е многу послабо од она што би ме пречекало ако не е свеки со нас, односно ако не живееме во иста кука.. Јас финансиите не ги ставам на кантар, зошто и ние купуваме и за јадење и даваме пари за сметки... Јас сум зависна на друг начин од тие луѓе... Помошта што ми ја пружаат со децата не се мери со ништо..Имам пријателки што нема кој да им помогне и ги гледам како се малтретираат, па носат болни деца во школо, па бараат жени за чување, па им е скапо или се незадоволни ( не им се исплатува да ја плакаат ) и сл.
Убаво напиша Lacrymosa
свекрвата е нужно зло.. ни со неа ни без неа барем кога имаш мало дете дома... без неа -психички мир, а со неа физички

Токму ова сакав да го кажам..
И многу ме нервираат коментари од типот - се би дала да не ја трпам , од се би се откажала! ( на ова не верувам )
И јас на моменти така размислувам и патам за денот кога јас и мм ке бидеме сами, односно кога свеки ке оди на пат, ама кога ке размислам како би ми било кога нема да сум со нив, многу потешко ке ми биде.. Ке треба да се откажам од работата и со тоа да трпат многу други работи.... Јас и свеки немаме муабети од типот - снаичке или мамичке, не, строго сме службени. Свекоми знае да ми рече - снашке,м ама свеки не бре брате , строго на име и крај ! Јас неа никако и крај ! Врти сучи, сега за сега СО свекрва дома, заради потреба, не од љубов !

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 416
   RE: Со или без свекрва дома?
15.9.2014 10:47:32   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Me interesira samo vie sto se falite od svekrvite, dali koga ne bi vi gi plakjale smetkite , koga od zdravstveni pricini nema da mozat decata da vi gi cuvaat i koga nekogas ke mora i finanskiski da gi potpomagate dali i togas ke sakavte da ziveete vo zaednica???

Михаела 2010, свекрва ми и свекор ми ни сега не ми ги плаќаат сметките, ниту пак ме издржуваат. И двајцата со мм сме вработени, земаме доволно пари, и имаме за убав живот. Свекрва ми е толку добра жена, и толку многу има направено за мене, што и утре да легне во постела, не дај Боже, и да не може веќе никако да ми помага, пак би живеела во заедница со нив, и би им помагала на секаков начин. Искрено да ти кажам, имам размислувано што би било доколку се случи тоа, и сум го донела тој заклучок. Како досега, тие нас ни помагаат, од утре да треба, од било какви причини, спремна сум за обратната ситуација.

Постојат вакви свекрви дефинитивно, познавам вакви свекрви и им завидувам!!! Можеби како ке се поставиш така ке ти биде...

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 417
   RE: Со или без свекрва дома?
15.9.2014 11:45:24   
Mila mamicka
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Искрено да кажам, нема некоја моја другарка или пријателка, која што ја запознала мојата свекрва и нашиот однос, да не ми рече дека ми завидува што ја имам. Не сакам да излезе дека многу се фалам, ама навистина не можам да кажам лош збор за неа. Неа не можеш да ја видиш намуртена, секогаш ги стави туѓите (читај нашите) потреби пред своите, секогаш е насмеана, готви по наша желба, и никогаш, ама никогаш ми нема преречено дали ми е растурено дома, или пак сум си купила нешто ново и сл. И тоа што најмногу ме радува е дека никогаш не ме озборува пред пријателки, комшии и сл. Можеби ќе речете, од каде знаеш дали не ти зборува позади грб, ама па секоја нејзина пријателка ми има речено, абе што снаа беше ти, свекрва ти цело време те фали. Е таква е мојата свекрва, и затоа многу си ја сакам, и со задоволство и викам мамо. А секако, многу зависи како ќе се поставиш и на почетокот, ние одма после свадба се договоривме како ќе се функционираме заедно, и фала Богу, досега (4 годин) добро ни оди.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 418
   RE: Со или без свекрва дома?
15.9.2014 13:25:38   
Defne90 RR
Да се надоврзам и јас.Мојата свекрва не живее со нас.Ние живееме со нејзината мајка и татко во заедница.Мада сите ми викаат дека мене свекрва ми е баба ми а не свекрва ми.Не за друго дека затоа што таа е постојано со нас и навистина ми помага не можам да се пожалам од таа страна.Настрана сметките што ги плаќа за струја и вода,поголемиот син секогаш ми го згрижуваат кога и да ми треба поммош.За јадење си се грижам сама и за се околу домот што е затоа што не сум на работа па имам време да си постигна.Ама ете сега околу зимници сокови значи таа се ќе изнаправи и за нас и за нив.Ијас ум ослободена од тоа.Е сега лошо е тоа што како што рече миана горе мора да се правдаш за се што ќе купи,за се што ќе зготвиш,ако види неред дома да не сум успеала да средам,одма зборува што ќе и дојде.Ама кога човек ќе подразмисли добро,па и да не се тие каде ќе ми биде крајот.Сметките да ги оставам настрана ако тие не ги плаќаат ќе си ги плаќаме ние за нив секогаш се наоѓаат пари.Она за што најмногу сум благодар е тоа што секогаш се грижат за децата и ми помагаат околу нив.И да немам мир ни 5 минути,ни со гости на раат не може човек да си поседи ама таа помош не би ја заменила.Така да убаво е од една страна да имаш и некој со тебе.Баш ме наведе на размислување,тоа што во саботата беа за скопје и јас сама со децата дома.Абе човек да се чуди што поправо да земе да работи.Дали да правам ручек,дали да раскревам по дома,дали со едното дали со другото.И тешко е човек да биде сам на денешно време.Така да се согласувам со тоа свекрвата во мојот случај бабата е нужно зло.Ама како и да е па и друштво сме си една на друга и секогаш имам со кој да пијам кафе и да се посоветувам.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 419
   RE: Со или без свекрва дома?
15.9.2014 22:38:34   
Hopeful RR
Без user posted image
Ништо лично за свекрвите, но сметам дека смислата на бракот е новиот пар да си биде свој свет и да си создаде само свое семејство, оддалечено од старите. Знам дека кај нас тоа е тешко од повеќе причини, но доколку се има можност, апсолутно сум за тоа да се живее одвоено и од двата пара родители. Штом сум стапила во брак, сметам дека можеме да се покриеме и финансиски и организациски, и никогаш не би прифатила свекорот и свекрвата, или пак мајка ми и татко ми, да ни плаќаат сметки! Се уште немаме деца, и претпоставувам дека добро доаѓа помошта, но исто така мислам и дека децата треба да растат со врсници во градинка, а не да седат со стари баби по дома и да станат стармали што тешко се социјализираат. Извинете ако сум груба на збор user posted image и секоја чест за исклучоците, но мојот цврст став е дека во идеална ситуација, секој треба да си биде за себе.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 420
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 10:16:15   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Без user posted image
Ништо лично за свекрвите, но сметам дека смислата на бракот е новиот пар да си биде свој свет и да си создаде само свое семејство, оддалечено од старите. Знам дека кај нас тоа е тешко од повеќе причини, но доколку се има можност, апсолутно сум за тоа да се живее одвоено и од двата пара родители. Штом сум стапила во брак, сметам дека можеме да се покриеме и финансиски и организациски, и никогаш не би прифатила свекорот и свекрвата, или пак мајка ми и татко ми, да ни плаќаат сметки! Се уште немаме деца, и претпоставувам дека добро доаѓа помошта, но исто така мислам и дека децата треба да растат со врсници во градинка, а не да седат со стари баби по дома и да станат стармали што тешко се социјализираат. Извинете ако сум груба на збор user posted image и секоја чест за исклучоците, но мојот цврст став е дека во идеална ситуација, секој треба да си биде за себе.

Tочно!
Јас ептен сум го правела овој муабет со мм.. Често во караница и знам да се изнаплачам и да речам дека се ке дадам само да си живееме одвоено..Често пати сум плачела и сум викала - се чувствувам како сите ние да сме им деца на таткоти и на мајкати а не како јас и ти да сме родители..Ете сега сме зависни од нив, така се наредиле коцките..ММ е со оној став никогаш да не се оддели од неговите и на мене останува да се помирам со судбината и да чекам дечињата да ми пораснат... Сега сум зависна ептен од нив и ке си кутам..Помошта што ми ја пружаат е незаменлива. Да сме почнеле самостојно може и немаше да успееме, вака со помош и незнаеме дали сме доволно самостојни и способни да го одржиме она што почнавме да го градиме... Некогаш и се прашувам - што ке беше ако бевме сами? Дали ке успеевме како многу што успеале? Тоа е тоа!

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 421
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 12:46:36   
Hopeful RR
miana, сигурно ќе сте успееле, ич не се сомневај во тоа! И ако имате прилика за тоа ич не се сомневај во себе и во својата фамилија! Дај боже наскоро да излезе нешто, некоја можност, нешто, што било за да се одвоите. Не потпаѓај под такви мисли и не си ја сфаќај сегашната зависност како трајна, никогаш не се знае user posted image

Родителиве во нашава средина имаат патолошка потреба да си ги прават децата зависни од себе, веројатно со потсвесна психологија дека ете, им нема замена, они се најбитни и слични его трипови, а не сфаќаат дека прават поголем проблем и всушност воспитуваат деца-паразити. Секој е способен сам да живее, дури и да те фрлат на улица ќе се снајдеш, само кај нас не се работи на свеста за тоа дека во еден момент родителите МОРА да се повлечат, а децата МОРА да си отидат. Имам многу роднини и пријатели кои живеат во таков круг во кој родителите се осеќаат важни и главни и имаат занимација (ко да тоа ми е мене смислата на животот, да бидам нечија разонода), а од друга страна, децата (со веќе свои деца, да се разбереме) уживаат во тоа некој да ги тинтра, да им носи и принесува - тате носи, мама меси. Мене тоа ми е далечно и апсолутно не го поддржувам. Мене отсекогаш ме воспитувале дека треба да бидам независна, и фала богу, сум имала прилика и сама да живеам. Исто и мм - не само што имал можности, туку и свест дека треба да живее сам, одвоен од родителите, и после кога почнавме да живееме заедно се склопија коцките.

Ај што повеќето стварно немаат услови, и да речеме дека тоа го разбирам до некаде, но она што не го разбирам се луѓе кои имаат, можат, а не сакаат да се одвојат од родителите. Е тоа ми е малце... како да ви кажам user posted image Грешката е и кај нивните родители, кои не ги воспитале правилно, но и кај нив. Секој за себе!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 422
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 12:58:46   
miana
Јас сум цел живот самостојна..Работам и заработувам од својата 14 година и помагав дома во плаќање на сметките..Мене дома ручек не ми спремаа, немаше кој да го спреми, а јас станав врвна домаќинка во кујната. Е сега и кариерата не ја запоставувам, одам напред. Мојот допруг е така патријархално воспитуван да не се оддели од неговите..Не ни е на нас се - тато носи, мама меси..Живееме на одделни псратови но сепак заедно руќаме, заедно прабиме зимници..Но сепак јас не се чувствувам како јас, како глава на семејството, како што реба секоја мајка и жена да се чувствува.. За мене таа е главата на куќата, а јас сум онаа што слуша и почитува..Еднаш една колешка ми рече - кога и да се омажиш гледај да си се одвоиш, а не вака како мене, цел живот како кираџика се осекам..
Епа јас на се што реков НИКОГАШ, се тоа ми се случи..Сега мојот избор е сепак - СО свекрва дома, зошто не се прашувам само јас и зошто се направив многу зависна од нив - за жал !

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 423
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 13:19:59   
Hopeful RR
Ах, те разбирам, баш кираџика е зборот, боли колку е точен. Има некоја опција да го продадете спратот, да се отселите? Или ако веќе сте таму да се дистанцирате повеќе - да ручате вие посебно, па само еднаш неделно сите заедно?
Аман веќе од ова Балканов патријархален! Имам роднини што вака живеат и снаата редовно ми се жали од вујна ми која стварно е безобразна госпожа, а овие па, вујко ми и вујна ми, на мајка ми и се жалат од неа... неверојатно. Ако функционирате без поголеми расправии - во ред, но најди начин да си се дистанцирате.
Во ваквите ситуации, мене најмногу ме нервира кога односите се такви што снаата треба да ја гледа и третира свекрвата како мајка, а си ја запоставува својата, па они се дружат, пијат кафе, работат се заедно, а вистинската мајка седи негде на страна, во втор план, што викаш - ко сите баш на нив да сте им деца...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 424
   RE: Со или без свекрва дома?
16.9.2014 14:10:54   
Aleksx2Leon
живеам со свекрва...и верувајте СЕЕЕЕ,АМА БАШ СЕ БИ ДАЛА ЗА ДА НЕ ГИ ГЛЕДАМ!!! Одам на работа, исто и мм и тие го чуваат син ми ама таа помош низ нос ми излегува... мм морам да кажам е мамино галениче и за него ниту една постапка од мамица не е погрешна, и никогаш не би се тргнал настрана да живее и жената се прави како што треба ( син ми и на -10 и на +50 степени е надвор по цел ден, и затоа ја трчам после тоа по лекари и дежурам ноке... мора,ама МОРА да спие 2-3 пати во текот на денот за она да одмори, и замислете го ниша 2 саати за да седи на раат 30 минути-зашто син ми денски одбива да спие повеке од еднаш, и со тоа му створи навика да детето НЕ ЗАСПИВА БЕЗ КЛАТЕЊЕ ОД ДОБАР СААТ... ја купувам и правам 100 вида на јадења за да јаде разновидно и здраво ама она му дава само една та иста каша која ја прави самата-компир,морков,боранија...и секој ден се повторуваат состојките и и е најлесно зашо е свари-испасирај и набутај го детето, а и да не зборам дека син ми скоро сите заби ги има а уште јаде КАШИ...итн,итн...) и јас бунтувам, се расправам, си се нервирам бидејки не може маж ми да сфати дека на детето 1000 пати ке му биде поубаво во градинка - со оглед на тоа дека имам можност да го носам,но не, како свекрва ми не можела негувателката во градинка да го чува... и бидејки има поддршка од маж ми она си продолжува со нејзините постапки...а да не зборам за тортурите од видот не тропајте,свекор ти спие, не пуштај сега машина, не прави сега друго јадење,еве има јадење, ја интересира се што се случува меѓу мене и маж ми, на пример: а за што се скаравте сега, зашто ти се дереше,за што си му лута...и постојано се случуваат некои буцки од нејзина страна,и свекор ми-маж ми, јас-маж ми обавезно ке се направиме пуздер а она е секогаш добра и безгрешна...и ај оди докажи се со таква личност?? ЗНАЧИ НЕ ЗНАМ КОЛКАВА ФИНАНСИСКА ПОМОШ, НЕ ЗНАМ КОЛКУ СААТИ ДНЕВНО ЧУВАЊЕ НА ДЕТЕ-НИШТО,АМА НИШТО НЕ МОЖЕ ДА ТИ ГИ НАДОКНАДИ ЖИВЦИТЕ КОИ КЕ ГИ ИЗГУБИШ СПРАВУВАЈКИ СЕ СО ТАКВИ ПСИХИЈАТРИСКИ СЛУЧАИ!!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 425
Страница:   <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?