Bridget
|
Кратко време живеев со свекрва на ист спрат и јатрва на друг спрат. Истата жена (свекрвата), за јатрвата беше јагне, слугинка, мајка, а мене ме гледаше туѓинец кој сосила им се втурнал во животот. Станува и прва мисла и се децата на јатрвата, дали и е исчистено горе, што да им направи за ручек и сл. А на нашиот спрат и свињарник да е, не се секира, иако јас не ни чекав од неа да чисти па да биде чисто, ама онака повремено бар прашина да забриши дури сум на работа. Сама себе не се сакаше толку колку што ги сакаше јатрвата, децата и постариот син. И не би ми сметало воопшто, не дека сакав многу близина и помош од неа, се додека не почна да ми дава обврски за нив. Јас ќе направам ручек за нас, таа половина ќе го качи кај јатрвата. Децата ми ги оставаше на чување додека таа чистеше, переше, пеглаше горе на спрат. Дури почна слобода да си дава и да ме замолува дали можам нивните алишта да ги испеглам, децата да ги носам на школо и сл. работи. Како да јас дојдов таму обврските на јатрвата да ги превземам, како персонал за нејзиното домаќинство. И тоа не повремено како помош, туку секојдневно. Моето бебе го чуваше 15 минути во недела дена, ако имав итна работа да завршам а маж ми не е дома. Толку, немаше желба за повеќе. Бидејќи знаев дека ќе се делиме на почеток замижував, игнорирав, се додека не почна појако да притиска и да станува просто невозможна во комбинација со јатрвата која е приказна сама за себе. На крај, неколку месеци пред да се одделиме прекинав секакви односи и со двете, и до ден денешен не разговарам ни со двете. На гости одам ретко обично за празници и тоа заради почит кон маж ми, ама тогаш си разговарам со свекорот кој е душа човек, тие две како да не постојат за мене. Сама си го гледам детето, сами си водиме домаќинство, и мене вака ми е одлично. П.с. Ова не требаше да испадне како одговор на везилка, ама нова сум, грешка е, извинете.
< Поракaта ја уредил Bridget -- 16.12.2013 11:53:19 >
|