Hopeful RR
|
Libra88, не знам што да кажам, баш ми е криво што се разочара. И јас сум пациент на Ивановски и досега сум презадоволна. Јес да ми се случувале и доцнења, и вакви кратки набрзински прегледи или консултации, но имало и долги, исцрпни и детални објаснувања, разговори, совети, па дури и тешења во непријатни ситуации. Кога не гледал збунети и уплашени, дури и ни цртал за да ни објасни, и пак и пак. Ми се допаѓа тоа што е реален оптимист - ако има нешто, одма кажува, но притоа е позитивен, пријателски настроен и има убав човечки однос. Не ни е пријател или роднина па да го бранам, но човекот се покажал како многу внимателен и коректен, и од сегашна перспектива гледам дека проценувал кога треба да се посвети повеќе внимание, а кога може набрзина да се заврши нешто, па затоа така поминувале некои од прегледите. Не викам да одиш кај него, сепак тоа е твој избор, но овие моменти јас ги гледам како исклучоци, и секако го препорачувам. Во секој случај, и Поповиќ е одличен доктор, така што секако нема да погрешиш.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|