|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  86 87 [88] 89 90   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вештачко оплодување V дел
19.9.2014 22:30:11   
kapina
na mene mi smenija semata totalno po razlicna od taa vo plodnost sto bese znaci prviot pat pocnav so mikroginon na prv den od ciklus a sega na 6 den so yasmin prviot pat pocnav so superfact od 15 den so 0,4 a sega od 1 den ke dojde 29 sept so 0,5 e isto ke bide samo so stimu;aciite od 3 den po se izleda sega nema da bide so menogon tuku so fostimon i na mm sega mu dadoa spermotrend da pie a dr tase togas ne mu dade nisto em toa kaj mene bese postignata bremenost no zavrsi so blighted ovum i pak nema da bide ista semata a ke bide i sega so icsi metod so dolg protokol

(Одговор на членот tea 88)
Непосредна врска до пораките: 2176
   RE: Вештачко оплодување V дел
20.9.2014 0:17:19   
Hopeful RR
Капина, нема некоја голема разлика во шемите - микрогинон и јасмин е исто, а супрефакт таа е дозата. Инаку јас почнав супрефакт со 0,5 па тек подоцна 0,3, а само последниот ден имав 0,1. Спермотренд секако е добро да се пие, дај боже овој пат да се фати и задржи како што треба.
Инаку Tea88, Супрефакт вообичаено се дава за контрола на растот на фоликулите, односно да не пукнат пред време за да се темпира и стоп инекцијата, и пункцијата. Мислам дека има врска и со хиперстимулација, односно ја спречува, но не сум сигурна. Во секој случај, сигурно докторот има добра причина за ваквиот протокол, опушти се user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2177
   RE: Вештачко оплодување V дел
20.9.2014 9:29:14   
LoveableMe RR
Tea88,што ти кажал докторот така прави. Очигледно кај тебе хормоните твои се смирени и нема потреба да се смируваат со апчиња или инекции. Јасминот/микрогинонот и супрефактот се даваат за супресија на природните наши хормони, а потоа кога ќе почнеме со стимулација (инекциите фостимон, пурегон и сл), тогаш ни вбризгуваат вештачки хормони за растење на фоликулите и за повеќе јајце клетки.

Во однос на инекциите фостимон или било кои други, докторот/сестрата ти кажуваат со кој сооднос раствораш, така што слушај ја сестрата, тие најдобро знаат. Јас првиот пат примав првите неколку дена по 3, а потоа по 4 фостимони со две водички.

Капина, во Систина 80-90% од пациентките слушам ги третираат со јасмин/супрефакт/фостимон, ретко менуваат шема, не знам дали зошто фостимоните што ги даваат се произведени во Турција (ради газдата на клиниката) или можеби затоа што пациентките веројатно најдобро реагираат или можеби со нив има најмногу успех.

Среќно девојки, пишувајте како ви оди, јас никако да се наспијам, ми се спие ми се плаче, не знам што ќе правам со ова супрефактов ако вака ме успива, другата недела ќе заспијам на биро...user posted image , а демек кафиња многу да не пијам не чинело и ете ти сега беља...колегата другата недела не ми е тука и кој ќе ме разбуди ако заспијам. Малце офф топик, ама да се насмееме, позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2178
   RE: Вештачко оплодување V дел
20.9.2014 10:23:26   
Hopeful RR
Loveable Me, штом не ти е тука колегата, дреми слободно, баш ти е гајле user posted image
За водичките ми кажаа дека не менува и всушност е сеедно, повеќе водички се ставаат за да не боли, да се поразреди, инаку е скроз исто. Мене се ми даваа со по една водичка, колку и да имаше фостимони.
Ми кажаа дека порано во Систина користеле и менопур, и дека се исти, само многу се пенеле при мешањето, па незгодни за апликација. Но, не дека заради тоа сега одат со Фостимон. Логиката со турското производство држи.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2179
   RE: Вештачко оплодување V дел
20.9.2014 10:27:56   
весник
stvarno neznam so da pravam.uste malku ke pominat 2 meseci posle neuspesnoto in vitro,neznam sto da pravam,dali da odam da mi vratat zamrznati embrioni ili da si gi spremam vo meguvreme dokumentite za so vaucer.se mislam oti jas cela hormonalna procedura ja pominav bez nikakov problem samo so 9 fostimoni + 1 vodicka i mi izvadoja 10 jajce kletki.jas suprefaktot,jasminot i fostimonite gi pominav bez nikakov problem i sega sto mislite,sto mi e popametno,dali da si gi cuvam embrionite ili da odam so vaucer.na mazot mi spermogramot mu e los...a jas imam septum 4-5 mm za koj minatiot pat doktorot Lazarevski rece deka nema da go cepkame...i sega si se mislam dali septumot e problem sto zavrsiv so biohemiska bremenost???? pozdrav do site i vi posakuvam sreka na site!!!!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2180
   RE: Вештачко оплодување V дел
20.9.2014 11:36:29   
tea 88
Vesnik stom Lazarevski ti rekol deka ne smeta septumot znae on od koja golemina pocnuva da smeta. tvojot e mnogu mal jas mislam zasto i jas imav septum i go otstraniv ama mojot bese pogolem i pak i togas mi rekoa deka ima devokji sto ne ni znaat deka imaat septum pak zabreenuvaat a nekoi ne.zavisi i kade e smesten. a Lazarevski sto ti preporacuva da idete so zamrznati embrioni? pa probaj taka sekako gi imas.

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 2181
   RE: Вештачко оплодување V дел
20.9.2014 11:41:51   
fragolina
Vesnik. vo vrska so dokumentite i da gi podneses ke ti gi odbijat zatoa sto treba da pominat 6 meseci od neuspesnoto invitro.Zosto da cekas vrati si od zamrznatite pa dajboze ic dqa ne ti pritreba vaucerot, Od moe licno iskustvo podnesi gi dokumentite sega dodeka ti vazat od prethodnoto invitro za da ne mora pak da pravis novi ispituvanja. ke ti pratat pismo deka si odbiena zatoa sto e rano i koga ke pominat 6 meseci po avtomatizam tie dokumenti ke ti gi zemat vo predvid i ke ti pratat vaucer.

Hopeful mnogu me raduva tvojot simptom na zadisuvanje-zamor. Ja pravev 3 invitra (treto uspesno), kaj site tri imav isti simptomi sto se odnesuva do bolki vo gradi i bolki vo stomak ama samo kaj tretoto imav zamor nemozev edni skali da kacam user posted image

Ocekuvam ubavi vesti i za dvete

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 2182
   RE: Вештачко оплодување V дел
20.9.2014 11:59:07   
tea 88
Hopeful ajde pon da ne izraduvas souser posted image user posted image .

(Одговор на членот fragolina)
Непосредна врска до пораките: 2183
   RE: Вештачко оплодување V дел
20.9.2014 11:59:40   
Hopeful RR
fragolina, се надевам дека е добар знак user posted image

весник, и јас мислам да одиш зо замрзнатите, посебно заради тоа што за таа постапка не мора да чекаш и можеш веднаш. Секако ќе го искористиш времето од 6 месеци пауза, а дај боже да не ни дојде до второ поднесување документи. Има многу девојки на РР што останаа бремени со замрзнати ембриони, и кога веќе ги имаш, зошто би ги чувала?
Без оглед на тоа што добро си ја поднела терапијата, сепак е инвазивна за организмот, и пак ќе дојдеш на истото - готови ембриони, кои веќе ги имаш. На твое место, дефинитивно би одела со замрзнатите ембриони.

user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот fragolina)
Непосредна врска до пораките: 2184
   RE: Вештачко оплодување V дел
20.9.2014 21:24:01   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

stvarno neznam so da pravam.uste malku ke pominat 2 meseci posle neuspesnoto in vitro,neznam sto da pravam,dali da odam da mi vratat zamrznati embrioni ili da si gi spremam vo meguvreme dokumentite za so vaucer.se mislam oti jas cela hormonalna procedura ja pominav bez nikakov problem samo so 9 fostimoni + 1 vodicka i mi izvadoja 10 jajce kletki.jas suprefaktot,jasminot i fostimonite gi pominav bez nikakov problem.....


Весник, супер што пиша, ајде и другите кои се или не се во постапка нека пишат, ќе си размениме икуства. Сакаш да кажеш прими само 9 форсимони (вкупно) и имаше 10 јајце клетки? Оф лелее, ако е така ти не си за ИВФ, треба природно, но заради спермограмот....за септумот, ќе ти пишам мислење во Хистероскопија.

Хопефул, ако не нема од понеделник сабајле, значи спијам на бироuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 2185
   RE: Вештачко оплодување V дел
21.9.2014 12:41:40   
весник
да.точно толку примив ама спермограмот е 2 милиони,преслаб е,и мора ивф ии тоа isci програмата.ми олесна само што ембрилогот кога дојде да не посети поскле трансфер рече,не се плашете најдовме сперматозоиди и фала му на бога и од 10 јајце клетки се оплодија 7 и како што рекоа тие дека се со прекрасен квалитет.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2186
   RE: Вештачко оплодување V дел
21.9.2014 13:23:31   
brm_brm
Eve I jas vo spremanje na dokumenti za vtoro ivf. Pa vase mislenje I sovet. Mi treba. Kaj lazarevski go pravev prvoti ivf I na semata mi pisuvase dolg protokol sto vo praksa kaj mene znacese deka pocnav so suprefact od 20 ti den na ciklus I vednas na naredniot cikus od 3 tu den prodolziv plus so fostimon. No ne primav kontracepcija. Zatoa prasuvam sto znaci dolg I kratok protokol I vo kakvi situacii se dava kontracepcija I kolku vreme se pruma pred ivf?

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 2187
   RE: Вештачко оплодување V дел
21.9.2014 15:03:53   
Kaya
Девојки конечно можам да ви пишам. На денот на пункцијата ми извадија верувале или не 44 јајце клетки, од кои 41 зрели. Развив тежок синдром на хиперстимулација и уште од истата вечер ме примија во болница, каде останав 7 дена и на крајот завршив со абдоминална пункција на над 4 литри течност. Поминав низ пекол. Нормално трансферот се одложи, замрзнавме 10 јајце клетки и уште 9 убави 5дневни ембриончиња. Сега сум дома и се опоравувам полека..Со среќа на сите што очекуваат! Бацкии

_____________________________

PCOS+олигоастеноспермија, 1 обид за IUI= /, многу малку пливачи :) 1 IVF - тешка хиперстимулација, freeze all; 2 FET=/, во план трет FET...

(Одговор на членот brm_brm)
Непосредна врска до пораките: 2188
   RE: Вештачко оплодување V дел
21.9.2014 16:11:36   
Anonimen
kaya duso pa neli te sledea celo vreme pcos se kako atomska bomba mora mnogu vnimatelno so terapija..ne znam kako dozvolile da dojde do toa :( Kade bese hospiralizirana na Gak? Ajde samo da se isplati makata.

(Одговор на членот Kaya)
  Непосредна врска до пораките: 2189
   RE: Вештачко оплодување V дел
21.9.2014 18:28:35   
Hopeful RR
Kaya, па ти стварно си се изнамачила user posted image Важно сега се е ок, мило ми е што ти си добра. Навистина е за неверување - јес да имаше многу фоликули, ама 44 јк е фасцинантно, претпоставувам ова значи дека имаш здрави суперјајници user posted image
Добро што имало и квалитет, и кватитет за замрзнување, и супер за ембрионите user posted image Сега барем нема да мора да се изложуваш на нова стимулација. Како се договоривте, кога би го правеле трансферот? Те гушкам user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 2190
   RE: Вештачко оплодување V дел
21.9.2014 18:51:03   
lolla RR
Леле луѓе мене ова со Каја ми е некако многу неодговорно, мислам јас имав блага хиперстимулација и што мака видов со 22јк, а со 44??? Ама ајде веќе поминало, сега дај боже да има потреба од само еден трансфер, среќно кога и да биде, но многу ми е жал за тоа што си го минала, душичка user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2191
   RE: Вештачко оплодување V дел
21.9.2014 19:25:43   
sanjaaaa!
Кауа, те мислевме цело време, а ти низ што си поминала! Како и да е поминало, опоровувај се и смирено прими си ги ембриончињата! Среќно!!!

Јас денес добив мнструација, и сега се мислам дали да почнам да пијам јасмин, па се надевам наскоро да го добијам ваучерот и кога ќе идам кај докторот да му кажам дека сум почнала со јасмин, па да продолжиме со супрефакт, но незнам дали е во ред. Можеби нетреба без негово одобрение да почнувам со јасмин, но сметам дека јасминот нема да смета во секој случај. Во првото ивф, пиев 2 дози јасмин, бидејки по пресметките на докторот се паѓаше пункцијата за велигден(тогаш) и затоа пиев уште една доза јасмин. Си реков да пишам тука, па вие ќе ми го кажете вашето мислење. Немам трпение, едвај чекам да ја почнам постапката.....user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2192
   RE: Вештачко оплодување V дел
21.9.2014 19:44:22   
SOLE
Jas mislam deka treba so doktorot da si se konsultiras prvo,

Kaya si se iznamacila, ama ajde sto bilo I pominalo, belkim zavrsile makite pa posle da se raduvas user posted image odmaraj I so srekicka ponataka user posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: Kaya

Девојки конечно можам да ви пишам. На денот на пункцијата ми извадија верувале или не 44 јајце клетки, од кои 41 зрели. Развив тежок синдром на хиперстимулација и уште од истата вечер ме примија во болница, каде останав 7 дена и на крајот завршив со абдоминална пункција на над 4 литри течност. Поминав низ пекол. Нормално трансферот се одложи, замрзнавме 10 јајце клетки и уште 9 убави 5дневни ембриончиња. Сега сум дома и се опоравувам полека..Со среќа на сите што очекуваат! Бацкии
user posted image


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 21.9.2014 20:59:53 >

(Одговор на членот sanjaaaa!)
Непосредна врска до пораките: 2193
   RE: Вештачко оплодување V дел
21.9.2014 19:53:13   
kapina
Jas sega pocnav od 6 den so yasmin I ke zaboravev da se napijam od nego sega lele boze kaya pa koj doktor te stimulirase pa da dojde do tolku teska hiperstimulacija. toa e stvarno neodgovorno jas denes nastinav I neznam sto da se napijam ne sakam antibioticI I prviot pat koga piev mikroginon se razbolev od bronhit I sega pak isto nastinata sum na mm lazarevski mu dade spermotrend dali nekoja od vas ima iskustvo so ovie apcinja I mu rece da naprave spermokultura iako predhodno sekogas bese vo red a vo spermogramot sekogas leukocitite bea pokaceni.

Odmaraj kaya sega I tecnosti pij poveke po2 litri dnevno tecnosti pij na mene mi se slucI posle et blaga hiperstimulacija piev tecnosti I odmarav I pomina


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 21.9.2014 20:17:13 >

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 2194
   RE: Вештачко оплодување V дел
21.9.2014 20:21:51   
LoveableMe RR
Kaya, супер што поминало, но не е играчка, крајно неодговорно од др.Димитров ова да ти го направи, мислам со пцос никако не треба играње, а тој упорно те стимулирал, читам естрадиолот ти бил пред пункција 8340?

- Колку пурегони дневно примаше и колку дена?
- Како јасминот кој си го пиела 3 месеци пред ИВФ не ти помогна да избегнеш хипестимулација?

Има многу прашања и нејаснотии и не знам како дојде до тоа....Алоо, толкав естроген е плафон за аларм или им требаат пари па те задржаа во Ремедика? Колку плати за тие 7 дена таму? Тоа им ли е целта, заморчиња ли сме ние? Едни гледаат да ти земат пари за ИВФ без да ти предложат хистеро-лапаро, други гледаат да ти направат хиперстимулација за да ти земат пари....дали се нормални болнициве? Стварно заслужуваат да ги пријавиш Каја, сериозна неодговорност во твојот случај.

Пиши, те чекаме да ни објасниш како дојде до хиперстимулација и како упорно ти даваа инекции и не успеаја тоа да го спречат.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2195
   RE: Вештачко оплодување V дел
21.9.2014 21:23:37   
Hopeful RR
Морам пак да пишам, седам нераат од прееска. Пробувам да бидам оптимист и да не и долевам на Kaya, бидејќи најважното е дека поминало и дека сега е ок, но искрено да ви кажам, стварно се вознемирив и се налутив со ова. Многу, многу неодговорно и аматерски!

Прееска наивно пишав - се надевам дека ова значи јајници со добар капацитет, но сега веќе почнувам да мислам пошироко и се прашувам какви ефекти тоа ќе има врз целокупното здравје на телото - 44 јајце клетки се околу 40 месечни циклуси, односно 3 и кусур години! Еднаш на ТВ Лазаревски зборуваше на оваа тема и баш спомна дека стимулацијата за IVF е интензивна, и со неа фактички се старее телото и се форсира во предвремена менопауза. Со кое право дал, спровел и продолжил ваква интензивна терапија Димитров, посебно на индикации на висок естрадиол и ПЦОС?

Исто така, се прашувам дали бројот на пурегони влегол во предвидениот од фонд или требало и плус да се докупува, и на тоа да ќарат... Инаку, кое е неговото објаснување за ситуацијата?

Не знам што да кажам, стварно, зграната сум и многу ми е жал. Алчноста за пари кај нашите доктори е ирационална, мислам дека ова заслужува некаква посериозна реакција, од типот на разговор со менаџерите, медиуми, министерства, па дури и тужба. IVF се работи во строго контролирани услови, не дека се случува преку ноќ па оп - тешка хиперстимулација, не сме виделе, пу-пу не важи!

Многу ми е криво, мила Kaya. А така ме фати некое шубе зошто те нема толку време... Ајде сепак да бидеме конструктивни и да гледаме на посветлата страна - а тоа е дека сега си ок и дека имаш и повеќе од доволно материјал за да не се изложуваш повторно на вакво нешто. Се надевам дека наскоро ќе биде трансферот и дека две бебушки ќе ги избришат овие маки user posted image user posted image
user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2196
   RE: Вештачко оплодување V дел
21.9.2014 22:25:09   
kapina
A dobro kolku treba otprilika da bide estradiolot pred punkcijataI. na mene pisese visok no ne bese naznaceno kolku treba da e sega koga go prasav dr lazarevski oti nesakam da pijam mi rece samo moras zaradi nizok estradiol na 13 den od ciklus

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2197
   RE: Вештачко оплодување V дел
22.9.2014 9:04:19   
lolla RR
Оно финтата е што некои женски немаат гајле и со 25-30 јк, од она што сум читала, и докторот може само да каже која пациентка има поголеми шанси да развие хиперстимулација по пункција. А доколку останеш бремена со зголемување на хормонот бета хцг по трансфер, уште повеќе се зголемуваат шансите за тоа. Во странство ко што читав за да не дојде до тоа, стоп инекцијата не е хориомон или прегнил туку некоја Лупрон бидејки хориомон или прегнилот е виновен за бурната реакција бидејки примаме огромна доза.

Но мислам кај пцос колку сум читала треба огроооооооооооомна внимателност бидејки и онака таму секој месец започнуваат да растат по многу фоликули и кога на тоа ке долееш стимулација, охоооооо.

Тоа е тоа, за бебенце све сме спремни да направиме, и се исплати навистина и се се заборава, само да е успешно.

Колку читав, една зрела јајна клетка содржи 200 единици естроген. Тој нели дупло се зголемува секој 48 часа мислам беше. Јас на 12 ден од стимулација имав над 4000 Е2, на 15 ден од стим имав пункција то значи Е2 ми бил некаде накај 10000. Но кај пцос знаел да се качи и до 30 000 па и нагоре. Организмот мислам е во општ хаос по пункција, па и лековите не помагаат еден куп. Убаво е и жениве да сме си едуцирани, да знаеме нели што ни прават.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2198
   RE: Вештачко оплодување V дел
22.9.2014 11:07:02   
Kaya
Девојки не знам што да кажам освен дека од оваа перспектива не можам ништо да променам.. Важно јас се извлеков. Инаку, стимилирана бев 11 дена со по три Пурегона, значи доплатив за уште 3. Објаснувањето за овие последни 3 беше досозревање на јајце клетките. Како и да е, и покрај тоа што пиев метформин и Достинекс по пукнција не се спречи хиперстимулација. Имало случаи со повисок естрадиол кои не развиле хиперстимулација и обратно. Најверојатно до некаде е и индивидуално. Не планирам ништо да превземам сега бидејќи не сакам да се изложувам на дополнителни стресови, и сакам да се фокусирам на поубавоот дел што остана. Хоупфул чекам убави вести!!!

_____________________________

PCOS+олигоастеноспермија, 1 обид за IUI= /, многу малку пливачи :) 1 IVF - тешка хиперстимулација, freeze all; 2 FET=/, во план трет FET...

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2199
   RE: Вештачко оплодување V дел
22.9.2014 11:07:51   
Hopeful RR
Девојки, сабајлево правев бета ХЦГ и излезе 1010! user posted image Вон себе сум од радост и ви го посакувам ова на сите!!!

Откако се прибрав со плачење и цивкање на паркингот пред Систина user posted image , отидовме кај докторот и ни потврди дека сум трудничкаааа! Ни кажа и дека најверојатно се и двете, затоа што бетата е висока user posted image

Терапијата ми останува иста, и ми закажаа ехо следниот вторник user posted image Ве гушкам сите и се надевам дека од денес ќе читаме само добри вести за сите нас user posted image

Ви праќам baby dust!!! user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2200
Страница:   <<   < Претходна страница  86 87 [88] 89 90   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  86 87 [88] 89 90   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Забременување!
Natasa981

Дали Вашата бременост беше планирана или се случи спонтано?

Да,планирав и калкулирав плодни денови со останати помагала за зачнување (40%)

Незнам, не се оптеретував со калкулации,но секако сакав бебе (38%)

Не, се случи сосем спонтано и неплански! (23%)


Број на сите гласови: 96

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!