|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  37 38 [39] 40 41   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
18.9.2014 9:33:46   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Libra88

Какви ли само доктори имамее... ке ми дојдело за 10тина дена ми вика вчера поручекта, а јас вечерта ДОБИВ!!! user posted image


Ова се вика "седи ќец"! Баш напротив, веднаш се гледа кај стручен доктор и ќе ти каже еве денес, утре добиваш, знам од лично искуство, но тој беше добар, овој твојов да го смениш! user posted image

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 18.9.2014 9:39:01 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Libra88)
Непосредна врска до пораките: 951
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
18.9.2014 12:28:22   
Libra88
А ми вика, 10мм ти е шуплината, (претпоставувам мислел на ендометриумот) а треба да ти биде мин.12мм што значи за 10тина дена ке ти дојде.

Ај наздравје, уште вечерва ми дојде. Да пукнам веке ендаш!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 952
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
18.9.2014 12:37:40   
Hopeful RR
Стварно е за кец! Срамота!
И јас сум за тоа да го смениш докторот.

Него, ќе проверуваш на трет ден? Се фаќа сабота, работат на Клиника.
user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Libra88)
Непосредна врска до пораките: 953
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
18.9.2014 13:03:08   
Libra88
Абе жив малер сум, се паѓа сабота, а не сум од скопје. И претходниот пат ми се погоди во сабота а овие од лабораторијата кај што одам не работат ама ми кажаа да одам во другата лабораторија да ми земат крв, ја ставаат во фрижидер и во понеделник да им ја носам. Арно ама се погоди една неписмена, раката ми беше модра недела дена. Сите на работа после ме прашуваа што ми е :(
И незнам овјо месец што да правам.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 954
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
18.9.2014 13:26:13   
Hopeful RR
Еј штета. Мислам дека не мора на трет ден, може и на втор. Ајде нека пише уште некоја девојка со повеќе искуство, па да не чекаш уште еден месец или да се малтретираш како минатиот пат...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Libra88)
Непосредна врска до пораките: 955
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
18.9.2014 13:29:11   
LoveableMe RR
Либра, најважно е 3-ти ден, но некои доктори викаат толерираме до 5-ти ден. Не знам колку прецизни ти требаат вреднсотите, може зa нијанса да се поразлични на 5-ти ден. Ако можеш да дојдеш во Скопје сабота добро, ако не на 5-ти ден направи, па пиши резултати. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 956
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
18.9.2014 13:42:41   
Kvisko
LIbra88 можеш и на 5 ден да испиташ хормони. Не е ништо страшно. Јас имам испитувано и на 3 и 4 и на 5 ден и сите со кои сум зборувала а и по интернет така кажуваат.
За ИВФ и стимулирани циклуси е битно да се испута на 3 ден за да се почне со стимулација.
За обична проверка може и на 5 ден.

Инаку и мене ми се случувало да добијам така одеднаш иако на ехо не семало индикации дека брзо ќе добијам заради полицистичните јајници. кога бев на ГАК еднаш докторката ми објасни заради долгиот циклус и отсуството на овулација ендометирумот старее и почнува да се лупи и на помала дебелина. Кога добивав така циклусот обично ми беше со повеќе кафеаво отколку срвена убава крв.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 957
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
18.9.2014 14:26:57   
Libra88
Мене ми е јако црвена, како и секогаш.

Кажете ми што е подобро, на 2ри или на 5ти ден да испитувам хормони?
Инаку сакам со резултатите да одам или кај др.Чедо или кај др.Ивановски.
Ако одам кај Ивановски да не ми каже да одам прво на ендокринолог. А ако одам кај Чедо незнам дали дава тој терапија и за поттикнување на овулацијата, бидејки и таа е поврзана со хормоните мислам дека би требало да ми даде терапија.

< Поракaта ја уредил Libra88 -- 18.9.2014 14:32:39 >

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 958
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
18.9.2014 14:55:06   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Libra88

Кажете ми што е подобро, на 2ри или на 5ти ден да испитувам хормони?
Инаку сакам со резултатите да одам или кај др.Чедо или кај др.Ивановски.
Ако одам кај Ивановски да не ми каже да одам прво на ендокринолог. А ако одам кај Чедо незнам дали дава тој терапија и за поттикнување на овулацијата, бидејки и таа е поврзана со хормоните мислам дека би требало да ми даде терапија.


На 5-ти ден, не на 2-ри. Немаш овулација? Кој е проблемот со твојот хормонски статус? Барав постови од тебе, не можев да најдам дали имаш пишувано за статус на хормоните. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Libra88)
Непосредна врска до пораките: 959
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
18.9.2014 18:25:36   
Libra88
Imam neredoven ciklus, na 2-3 meseci ednas, mada sto ovoj mesec mi kasnese samo 15 dena, a podobruvanjeto mislam deka se dolzi na toa sto piev caj od ajducka treva. Toa i porano mi pomagalo.

Ova se del od moite postovi:

Ispitav hormoni na 3 den i ima mnogu golema razlika od pred 3 meseci koga ispitav
Ova mi se na 3 den vo maj mesec:
TSH 2.1 0.3-6.2
T4 9.0 4.8- 11.6
FSH 3.6 3.5-12.5
LH 1.8 0.8-10.5
Prolaction 2.9 1.2-19.5
Estradiol 47.4 30-120

Ova mi se na 3 den vo avgust:
TSH 2.6
T4 11.3
FSH 13.8
LH 12.0
Prolaction 34
Estradiol 51.9

A ova mi se na 13 den vo avgust.
FSH 20.7 (8.0-22)
LH 30.7 (18-61)
Prolactin 71 (1.2-19.5)
Testosteron 0.8
Estradiol 108 (130-370)

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 960
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
19.9.2014 10:31:06   
LoveableMe RR
Libra, има мало пореметување на хормоните во август, но со соодветна терапија се средува. Пробај смокви со маслиново масло и евентуално терапија од докторот.

Пролактинот е исто малце покачен, но може да е моментално, обично кај нередовен мензис со висок пролактин дават бромергон или достинекс и потоа се средува, позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Libra88)
Непосредна врска до пораките: 961
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
19.9.2014 13:14:04   
Libra88
Да, веќе еден месец јадам од смовите.

Утре ке отидам на 3 ден да ми земат крв повторно да проверам хормони, па и да се погоди неписмената сестра, и да ми ја помодри раката ке си носам кошули на долги ракави. Подобро така, знам дека поточни ке бидат резултатите.

Кажете ми ваше мислење, дали е подобро на ендокринолог кај Чедо да отидам со резултатите или кај Ивановски или Поповиќ право да одам??? Или и на двете места ?

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 962
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
19.9.2014 13:28:54   
Hopeful RR
Јас би рекла прво кај гинеколог, па ако има потреба и од ендокринолог, тој секако ќе ти каже. Се надевам ќе бидат ок резултатите, штом јадеш и смокви, сигурно ќе има подобрување. Пиши ни! user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Libra88)
Непосредна врска до пораките: 963
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
20.9.2014 19:32:51   
5678m
Eve da napisam deka i jas zemav i seuste zemam suvi smokvi, nasabajle na gladno po dve, odev na homeopatija, piev maka i agnus cactus ( vitex), caevi, vitamin c, b so folna kiselina i selen i posle 3 meseci se namali FSH - to od 16, 4 na 8,8. E sega sto e rezultatot za namaluvanjeto neznam, no vredi da se proba so smokvite i vitaminite. Jas odam kaj d-r Ivanovski vo Sistina, zasega sum zadovolna od sledenjeto na mojov problem (pred se mi se dopaga negoviot odnos kon pacientot),a bi ja preporacala i d -r Milka Trajanova od GAK koja me primi na konsultacija bez upat so siroko srce i isto taka ja sledi mojata situacija.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 964
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
20.9.2014 21:19:50   
LoveableMe RR
5678, мило ни е што сподели овде, те им даваш надеж на другите за намалување н ФСХ, а јас сум убедена со добра исхрана и рецепти, витамини, хормоналната рамнотежа може горе-долу да се врати во нормала. Позз, среќно

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот 5678m)
Непосредна врска до пораките: 965
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
21.9.2014 13:31:03   
brm_brm
Vo avgust si napraviv proverka na hormoni I samoprolactinot mi bese pokacen pa so sodvetna terapija od dostinex na naredniot ciklus go proveriv I zamislete prolaktinot mi bese pod granicata. I sega mi ja namalija dozata pa pivtorno sega do go proveram. Me interesira za vo fondot sti baraat; dali mora site 5 hormoni da se od eden ciklus, sti ako na primer nemaat reagensi za nesto?!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 966
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
21.9.2014 20:28:37   
LoveableMe RR
Брм брм не е битно, важно да ги имаш сите и да не се постари од 6 месеци и да се во граници на нормала, тоа бараат тоа им е важно за хормоните, позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот brm_brm)
Непосредна врска до пораките: 967
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
23.9.2014 12:24:28   
scared RR
Ve citam za ova so dobivanjeto deka iskusen doktor ke primeti, sto da kazam jas koga Ivanovski voopsto ne primeti deka ke dobijam bas pred operacijata koga bev da se dogovorime me gledase na eho i rece imam nekoja cista endokomorna da pocekam ako ne dobijam da ja provocirame, jas utredenta dobiv i toa obilna menstruacija , sto znaci endometriumot bil "bogat". Da im se cudi covek na doktorive stvarno.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 968
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
23.9.2014 20:38:47   
Libra88
Нешто во последно време сум изненадена од коментарите што ги читам за Ивановски, навистина ме зауми.. Се мислев дали да одам кај Ивановски или Поповиќ во Систина, но една форумџика ми кажа дека додека таа чекала за кај Поповиќ, гледала како од кај Ивановски излегуваат за 5 мин. додека Поповиќ посветувал повеќе внимание... Да не знаеш кај да фатиш user posted image

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 969
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
24.9.2014 0:49:23   
scared RR
Libra tocno e toa, i mene toa mi se desava bukvalno uste ne sum vlegla vnatre on ajde ripaj na eho mi vika, cekaj bre sakam nesto da kazam, prasam..doktorot vaka e strucen, i dobar kako covek ama ne znam sto se desava no voopsto ne posvetuva vnimanie, se on nekade brza, se nekade treba da odi, i epten glupos se osekam koga gledam deka e vo brzanje. imam primeteno deka pravi mnogu propusti od toa brzanje za zaboravanje toa veke se znae user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 970
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
25.9.2014 13:39:13   
Libra88
Значи колку лесно може некоја личност да си го изгуби интегритетот и трудот што со години го има стекнато. Јас до скоро бев убедена да одам кај Ивановски, бидејки тој ми го правеше хсг, и ми се испостави како многу фин доктор. Ама не е само да биде фин, сакам да ми посвети доволоно внимание. Во вторник ги зимам резултатите од хормони, па ке закажам кај Поповиќ.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 971
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
25.9.2014 13:55:00   
Hopeful RR
Libra88, не знам што да кажам, баш ми е криво што се разочара.

И јас сум пациент на Ивановски и досега сум презадоволна. Јес да ми се случувале и доцнења, и вакви кратки набрзински прегледи или консултации, но имало и долги, исцрпни и детални објаснувања, разговори, совети, па дури и тешења во непријатни ситуации. Кога не гледал збунети и уплашени, дури и ни цртал за да ни објасни, и пак и пак. Ми се допаѓа тоа што е реален оптимист - ако има нешто, одма кажува, но притоа е позитивен, пријателски настроен и има убав човечки однос.

Не ни е пријател или роднина па да го бранам, но човекот се покажал како многу внимателен и коректен, и од сегашна перспектива гледам дека проценувал кога треба да се посвети повеќе внимание, а кога може набрзина да се заврши нешто, па затоа така поминувале некои од прегледите. Не викам да одиш кај него, сепак тоа е твој избор, но овие моменти јас ги гледам како исклучоци, и секако го препорачувам. Во секој случај, и Поповиќ е одличен доктор, така што секако нема да погрешиш.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Libra88)
Непосредна врска до пораките: 972
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
27.9.2014 21:13:06   
5678m
Eve i jas da kazam za doktorot Ivanovski. Dosega sum bila kaj nego tri pati i toa otidov kaj nego blagodarenie na forumadjika koja se pofali od nego, a neznaejki prethodno kaj kogo da odam za moive hormoni. Pred se mi se dopaga negoviot odnos kon pacientot, znae da te smiri, no i realen e i ti kazuva kakva ti e dijagnozata i sansite za zabremenuvanje. Jas inaku sum mng plasliva od pregledi, a doktorot e mng vnimatelen. Kaj nego pravev HSG i mislam ke me fatese panika pred da mi ja napravat snimkata, a doktorot bese strpliv, me poceka da se smiram, on me smiri i se pomina ok, recisi ne me ni bolese. Seuste sum kaj nego pacientka i uste ednas ke go potenciram negoviot covecki odnos i zelbata da pomogne. Sakav samo da go spodelam svoeto iskustvo, koe sega zasega e takvo. Ke vidime sto ke bide vo idnina.
Site sme razlicni so razlicni dijagnozi, no sekoj ima pravo na izbor na lekar, na promena na lekar. Problemite za koi odime ne se ednostavni i site go sakame najdobroto i imame pravo da go dobieme najdobroto od lekarite, a osobeno koga gi davame parite od svoj djep.user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 973
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
27.9.2014 23:53:56   
kapina
5678 mila bas mi e milo sto ti se sredi fsh ni davas nadez na mnogu od nas

(Одговор на членот 5678m)
Непосредна врска до пораките: 974
   RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост
28.9.2014 16:14:37   
MademoiselleNina
Здраво, еве ме мене повторно user posted image Долго време не пишував, бидејќи решивме еден период да искуллираме што би се рекло, да се прибереме психички и да започнеме одново со нови сили и полни со позитивна енергија.
Нели сите ни викаа да се опуптиме и ние се опуштивме, ни лекари ни ништо, ни броење денови ни пазење на храна user posted image Но ни тоа не ги донесе она што најмногу го посакуваме.
И затоа си почнавме со собирање на документи за Ин Витро преку фондот. Јас направив се што треба меѓу другото и хормони на трет ден од циклус.
Интересно е што ги добив следниве резултати:
FSH - 6,5
LH - 1,2
PROLACTIN - 9,5
ESTRADIOL - 47,6
TSH -1,53

Колку што јас се разбирам тоа LH - ми е пониско одколку што би требало. Референтна вредност во фол.фаза е 1,98-11,6
До сега не ми било волку ниско, секогаш ми било во границите на нормалата. Дали знае некој зошто е тоа така? Инаку со резултатот бев кај матичниот гинеколог и ми рече ич да не се секирам, дека кога ќе треба, ќе ми дадат инекција. Но сепак, не би рекла дека е сеедно што е понизок. И друго, дали ќе ми ги примат документите во фондот со волку низок LH?

Но ете FSH ми се намалил:
2013 година FSH се движел вака: во март 7,12, октомври 9,9, во ноември 8,67
Инаку пред 4 месеци почнав да вежбам фитнес, и мислам дека тоа придонесе за намалување на моето FSH, можеби и нема врска, но ова е мое лично убедување, бидејќи не можам да ви опишам колку прекрасно се чувствувам после тренинг.
Поздрав до сите user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 975
Страница:   <<   < Претходна страница  37 38 [39] 40 41   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  37 38 [39] 40 41   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?