|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници, што јадевте денес?
19.11.2014 14:36:12   
kokicekokice
Za ruchek si napraviv musaka, a sea si mezam pohovan karfiol, mnogu mi e vkusen dodeka e topol

(Одговор на членот Anuska14)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Трудници, што јадевте денес?
19.11.2014 15:22:46   
Aleksx2Leon

ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Za ruchek si napraviv musaka, a sea si mezam pohovan karfiol, mnogu mi e vkusen dodeka e topol

mh, ligi mi napravi so karfiolov user posted image daj ziti se kazi kako go spremas i kakov karfiol,svez ili od tursija?

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Трудници, што јадевте денес?
19.11.2014 15:42:37   
Hopeful RR
Денес почнав со банана, па кога се вратив од лекар и едно јаболко и една круша, со пола литар увин чај и 1 литар вода успат. Имав работа, па за ручек наједноставно ми беше да ја стоплам домашната пита на мајка ми со праз и сирење, заедно со две варени јајца, пиперка и патлиџан. И еве, одма ми се приспа user posted image
За вечер најверојатно јогурт со семки.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Aleksx2Leon)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Трудници, што јадевте денес?
19.11.2014 16:02:29   
kokicekokice

ИЗВОРНА ПОРАКА: Aleksx2Leon


ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Za ruchek si napraviv musaka, a sea si mezam pohovan karfiol, mnogu mi e vkusen dodeka e topol

mh, ligi mi napravi so karfiolov user posted image daj ziti se kazi kako go spremas i kakov karfiol,svez ili od tursija?

Svez karfiol go secham na parchenca so golemina okolu 6-7sm.Gi mijam ubavo I gi varam vo voda so vegeta. Posle gi proceduvam, pa sekoe parchence go valkam prvo vo brasno pa vo jajce.Ovojpat gi zachiniv I so lukche vo prav za da mi se povkusnI, pa potoa gi przam.

(Одговор на членот Aleksx2Leon)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Трудници, што јадевте денес?
19.11.2014 16:32:06   
lolla RR
Денес добро е досега:

- сабајле: чајче од коприва, семе од коприва, јаболко, банана
- доручек: парче проја
- портокал и мандарина
- кафе турско, па ми падна криво да не сум го вознемирила внатре user posted image
- шака ореви, јапонско јаболко
- ручек: печена пастрмка со морков и печурки, и прилог рестован компир со блитва прелиени со лимон
- вечер здравје, ке видиме, се надевам нешто хранливо а не ајвар.

Некој горе пиша дека го јаде овесот со млечни работи, па чувствувам должност да си кажам дека е погрешно. Овесот е пребогат со железо кое ако се измеша со млеко не се апсорбира. Наместо тоа може вода со мед и овес и разни тракатанци во него. Ова нели ако некој внимава на вакви работи.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Трудници, што јадевте денес?
19.11.2014 18:09:39   
kokicekokice
Lolla, jas od Vitalia imam kupeno Granola-meleni ovesni snegulki za podgotovka na ovesna kasha.Vo upatstvoto za podgotovka pisuva da se potopi so toplo mleko.Sega ova shto pisha za zelezovo me zamisliuser posted image Pa podobro da ne ja jadam...a so voda mislam deka nema da ja sakam da ja jadam, edvaj vaka se nakaniv

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Трудници, што јадевте денес?
19.11.2014 18:27:35   
Ki4iko
Денешно мени , утрото леб со путер,јогурт и една виршла. Ручек моето омилено тестенини со многу спанаќ лук и павлака.Па тиква, суво овошје.Сега 2 реда црно чоколадо и за вечера ориз со многу лимон ,њам њам user posted image

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Трудници, што јадевте денес?
19.11.2014 18:35:33   
lolla RR
kokice јас така знам, ај пробај со вода и мед лажица, ке видиш дека е многу вкусно така, самиот овес има посебен вкус кој си е убав. Пробај па кажи. Ако не бива, па има бадемово, оризово, итн млеко кое нема лактоза. А ако не ти пречи за железотот, овесот е преполн и со други хранливи материи, а железото надополнувај си го на друг начин.

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Трудници, што јадевте денес?
19.11.2014 21:28:19   
gina
o pa i jas ovesot go jadam so mlekouser posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Трудници, што јадевте денес?
20.11.2014 10:15:40   
Hopeful RR
Овесот е најдобар со врела вода, и евентуално додатоци од типот - мед, суво овошје, свежо овошје, семки, и слично. Сигурно дека е повкусно со млеко, но тоа не е добра комбинација, потполно се слагам со lolla. Дајте му шанса неколку пати, ќе се навикнете, има преубав оревест вкус сам по себе. Попарен треба да отстои некои 10-15 мин, и после тоа додадете мед или свежо овошје, додека пак сувите овошја и семките одат пред да се попари.

И уште нешто - изричито не препорачувам производи од Виталиа, воопшто не се така здрави и природни како што викаат. Тие гранолите и муслите им се преполни со шеќер и конзерванси, и се бетер џанк од чоколадо. Најдобро земете си чист овес од Веро или од Кам. Јас го јадам тој од Кам - ем е најевтин, ем е единствен без глутен (овесот сам по себе нема глутен, но се контаминира при процесот на садење и одгледување).

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Трудници, што јадевте денес?
20.11.2014 12:27:38   
Aleksx2Leon


ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Svez karfiol go secham na parchenca so golemina okolu 6-7sm.Gi mijam ubavo I gi varam vo voda so vegeta. Posle gi proceduvam, pa sekoe parchence go valkam prvo vo brasno pa vo jajce.Ovojpat gi zachiniv I so lukche vo prav za da mi se povkusnI, pa potoa gi przam.


ti blagodaram, posle ke go isprobam receptot user posted image

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Трудници, што јадевте денес?
20.11.2014 13:44:02   
gina
Hopeful jas go jadam toj od kam a musli od vitalia no kaj nas nema vero ni tinex i najmnogu izbor imame od vitalia
fala na sovetot ce probam i so voda user posted image

(Одговор на членот Aleksx2Leon)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Трудници, што јадевте денес?
20.11.2014 14:06:57   
Anuska14
банана, кафе, лиснато геврече, протеинско чоколадно барче, мандарина и сега одам да лупам јаболче...ајде кој е ЗА

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Трудници, што јадевте денес?
21.11.2014 9:12:12   
lolla RR
Женски, ве нема да пишете дали ве бендиса овесот со вода?

Јас вчера:

- сабајлето: чајче, семе од коприва, 2 киви, јапонско јаболко, цеден жолт цитрон и лажичка арганово масло
- овес со вода, овесни трици, 2 сецкани јаболки и 2 шаки микс од сончоглед, сусам, лен, семки од тиква, ореви, лешници и брусница (многу беше вкусно)
- посел пола баничка со месо и се покајав, многу ми беше неубаво од неа
- какао
- ручек: интегрални макарони во сос од многу праз, домата и овчи кашкавал (исто беше ептен вкусно)
- чајче
- кисело млекце со лажичка чиа за вечера

Денес:

- смуди од банана, аронија, боровинка, урма, капина
- овошје; 2 јаболки, портокал, мандарина
- доручек ке биде геврек, за ручек имам телешко мевце манџа со боранија
- итн....

(Одговор на членот Anuska14)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Трудници, што јадевте денес?
21.11.2014 11:13:53   
Hopeful RR
Вчера за доручек банана, јаболко, круша, на работа каснав некое пециво од Пастел со ЛГГ јогурт, а дома за доцен ручек јадев салата од розев патлиџан, авокадо, козјо сирење и варени јајца, со лепчиња во тостер. После тоа каснав малце еурокрем user posted image , а вечерта уште една банана. Паралелно со тоа и чаеви (коприва, увин) и вода.

Денес сум малце за карање - пијам чај од коприва, а овошјето ми дреме во кеса, чека да го исецкам во салата. Си носам јаболко, круша, ананас и киви. За ручек немам поима, искрено... Може некои тестенини да си направам по дома.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Трудници, што јадевте денес?
21.11.2014 19:38:57   
gina
jas uste ne probav ovesot so voda
denes jabolko, banana, tuna riba so edna kriska leb, caj od kamilica, urmi edna kiva
rucek leka, i makalo so suvi crveni piperki so praz
caj od sipinka,edna kalinka
a vecera sigurno ovosje preku den kako poslabo da go jadam ovie denovi
aj ce odam da kasnam nesto

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Трудници, што јадевте денес?
22.11.2014 21:31:03   
lolla RR
gina, јас пак да ти заматам раат. Туната не се препорачува за бремени заради живата што ја содржи во неа. Не дека нешто ке биде, ама што поретко да се јаде во 1 триместар. Јас еднаш само каснав малку ама шубе ми беше. Подобра варијанта е сардината и лоссосот, не сум сигурна за скушата.

Јас денес мераклиски:

- сабајле: јаболко, чај, цеден лимон и портокал, кокосова вода и четвртина кокосов орев
- доручек: 2 јајца варени, кришка леб и пинџур, маслинки и кисело млекце
- па после шетање, едно варено јајце, 1 јапонско јаболко, 3-4 суви сливи, какао - комбинација ипол
- па во тренд: пица рустикана со моцарела, кашкавал и домати, многу беше добра и плус земав од на мм салатата
- па дома чај од камилица, 2 портокали, мандарина и сега пуканки и доста е

Исто не се препорачува да се јаде свеежи млади сирења, моцарела и урда, може термички обработени ама свежи не.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Трудници, што јадевте денес?
22.11.2014 22:12:07   
Felly RR
Малку да ви се замешам во тематаuser posted image Сите рецепти кои ги пишувате нека одат во темата Да готвиме заедно, па може да ги пробаме и ние што не смеuser posted image А општите информации за исхраната може да одат во темата Што треба да избегнувате, или Хранливи материи препорачливи во бременоста.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 23.11.2014 10:01:09 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Трудници, што јадевте денес?
23.11.2014 3:15:39   
Hopeful RR
Денес:
- почнав со јаболко и овес со семки и суво грозје, чај од коприва, чај од брусница
- после за ужина си каснав едно лепче со козјо сиренце и свежа црвена пиперка, една од омилените комбинации ми е user posted image
- за ручек бевме кај моите, на посно тавче гравче со две салати - зелка и патлиџан, пиперка, кромид, феферонки и маслинки
- веројатно ужина му доаѓа, кафе и едно благо од Пастел (кроасан со крем и јаболко), мнооогу добро
- за вечера 4 мандарини
- сега доцна мала чашка збрегов ацидофилен јогурт
- вода во текот на целиот ден
user posted image

Си купив од Веро благи компири и уште од сега им се токмам за утре user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Трудници, што јадевте денес?
23.11.2014 10:04:36   
Melanija RR
Има тема и за туната user posted image Конзервирана туна-забранета за трудници

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Трудници, што јадевте денес?
23.11.2014 20:36:25   
Ki4iko
Денес бев на гости, за појадок кори со сирење и јогурт, за ручек чорба со плескавици, за вечера компирчиња ,њам user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Трудници, што јадевте денес?
23.11.2014 20:51:47   
Hopeful RR
Денес добра сум, не забегав user posted image

- на станување две јаболки
- за појадок овес со семки и суво грозје, чај од коприва
- измеѓу оброци кафе и две мандарини
- за ручек печени благи компири со тон зачини, прекрасни ми излегоа, заедно со салата од марула и рукола
- за ужина овошен тарт од Пастел
- сега се мислам да каснам домашна пита со зелје и урда, веројатно со јогурт user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Трудници, што јадевте денес?
23.11.2014 22:38:36   
ana mari
a jas preterav so blagovo sekoja nok vikam od utre nema i ete stanuvam pravo za nesto blago se fakamuser posted image user posted image .... ke se napravam kakouser posted image user posted image ako prodolzam vaka user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Трудници, што јадевте денес?
25.11.2014 11:22:15   
lolla RR
Женски, ја заборавивме темава. Јас вчера па и денес ке биде: ориз интегрален со зеленчук, какао, цеден лимон, семе од коприва, некое јаболко, портокал, чајче, печена тиква и правев хумус кој испадна супер.

Хумусот демек е нели многу здрав за трудници содржи тон протеини, витамини и минерали а низок број калории па може да се крка, има и низок гликемиски индекс.

Оставив да отстои наут во вода, го сварив потоа, па го изблендирав заедно со сок од 2 лимона, 1 лажичка лут буковец, маслиново масло 4-5-6 лажици, хималајска сол, 3 големи лажици интегрален таан, 2 лажици сусам и од водичката што се вареше наутот. Се става и лук, ама не е пожелно ако го јадеш додека си на работа. Е сега состојките се од тепка, значи си пробував на вкус да го натаманам ама убаво испадна, имам уште малку за вечер. Го јадев сабајле со интегрално лепче, маслинки и карфиол од туршија.

Некоја пиша за макало со праз, ај рецепта ако може.

< Поракaта ја уредил lolla -- 25.11.2014 11:23:23 >

(Одговор на членот ana mari)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Трудници, што јадевте денес?
25.11.2014 11:56:15   
Hopeful RR
Хумус јадев секој ден додека го правев ивф-то, и тоа толку многу што ми се смачи user posted image Ама може сега пак да си направам, по ист рецепт го правам и јас и прекрасен е! Lolla, пробај стави му и кумин, многу добар шмек му дава, баш арапски. Инаку наут обожавам - најчесто го спремам така што откако ќе откисне една ноќ, го запржувам со кромид и домати, му додавам вода да се крчка додека не се редуцира, и со зачини, излегува супер густа манџичка.

Инаку, вчера на работа не можев да си го фатам редот. За доцен појадок изедов само две банани, а после каснав две варени гевречиња и два розеви домати. Дома вечерта јадев две варени јајца со салата од авокадо, домати и пиперки, со интегрално лепче од Јонташи (омилени ми се нивните лепчиња) со малце кашкавал, потпечено во рерна. Добро де, и едно мало еурокремче изедов, од оние во градинка што ги даваат user posted image

За денес, почнав со јаболко, банана, две мандарини, и имам тука три киви. Ќе видам што ќе каснам уште на работа, а дома планирам компир салата со свежа салата.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?