|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  47 48 [49] 50 51   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вештачко оплодување VI дел
4.12.2014 15:32:53   
LoveableMe RR
sabrina, твојот пост ќе го префрлам во соодветната ТЕМА и ќе ти пишам таму, јас имав сличен проблем како тебеuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sabrina)
Непосредна врска до пораките: 1201
   RE: Вештачко оплодување VI дел
4.12.2014 16:58:05   
orchid7
Добредојде Ана, тука сме да ти ја дадеме целата поддршка која ти е потребна!
Сабрина, стискаме палци крварењето да престане а бетата да е висока!
Соле, нормално тука сме и за тебе user posted image ти посакувам квалитетни јк и успешно оплодување!

Мене ми е 5ти ден по ЕТ и денеска искочив од дома на прошетка. добро се чувствувам, но повремено имам грчеви кај матката. од утре па до понеделник планирам релаксирани прошетки а веќе од вторник се враќам на работа. Мислам дека таа втора недела ќе помине побрзо него оваа user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1202
   RE: Вештачко оплодување VI дел
4.12.2014 17:41:21   
MademoiselleNina
Поздрав до сите исчекувалки и најдобри бодрачки! Не пишувам, но ве читам редовно.
За утре имам закажано пункција во природен циклус. Ем се плашам, ем се радувам. Дали некој имал пункија без анестезија? Дали боли и дали е многу страшно?
И после колку време кажуваат дали извадиле јајце клетка?

user posted image

(Одговор на членот orchid7)
Непосредна врска до пораките: 1203
   RE: Вештачко оплодување VI дел
4.12.2014 17:59:12   
orchid7
Jas imav punkcija bez anestezija bas pred edna nedela. Ne e strasno, nitu bolno, kratko trae i odma kazuvaat dali i kolku jk ima. Nemoj da se sekiras, brzo ke pomine, pa potoa ke te cekame so info za oplodeni jk i transfer!

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 1204
   RE: Вештачко оплодување VI дел
4.12.2014 17:59:27   
butterfly 00
Здраво. Јас имам правено на природен без анестезија и воопшто да не се плашиш зошто чувството е како да те боцне игла и одма кажуваат зошто си будна, поздрав

_____________________________

3 inseminacii, 2 IVF = / , 2 FET = /

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 1205
   RE: Вештачко оплодување VI дел
4.12.2014 18:05:28   
gina
bravo devojki za hrabrosta user posted image bez anestazija i vi posakuvam na site sreka na punkcija i koi se so terapija

(Одговор на членот butterfly 00)
Непосредна врска до пораките: 1206
   RE: Вештачко оплодување VI дел
4.12.2014 18:08:51   
MademoiselleNina
Фала за одговорите, некако сум исплашена бидејќи речиси една година имавме пауза од сите активности поврзани со лекари, и сега почнуваме одново. Но се надевам дека се ќе помине добро и успешно.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1207
   RE: Вештачко оплодување VI дел
4.12.2014 18:56:57   
SOLE
zdravo zenski, eve me mene so novo info user posted image denes bev vo Remedika doktorot rece deka e zadovolen ima jajce kletki, vika se e super endometriumot debel, estradiol 1600, puregon si dokupiv uste za denes I za utre, stop inekcijata ke ja primam vo sabota vecer pa zdravje punkcija vo ponedelnik sabajle samo so Gospod napred user posted image

Nina ti posakuvam uspesna punkcija utre, se da bide vo najdobar red user posted image pa posle zaedno ke cekame user posted image user posted image

Anna78 tebe ti posakuvam so sreka stimulacija user posted image

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 1208
   RE: Вештачко оплодување VI дел
4.12.2014 19:13:03   
LoveableMe RR
MademoiselleNina и Ana78, кај кој доктор сте? Среќно, Нина јас сакав цело време без анестезија, но не ми даваат дека имав многу, ич не се секирај не е страшно, сите пријателки што правеа викаат малку пецкање и тоа е тоа. SOLE, супееееееееер, ајде те чекаме деновиве со нови вестиuser posted image

*******2014*******
user posted image user posted image user posted image АКТУЕЛНОuser posted image user posted image user posted image


25.10 - mili4kask - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
01.11 - sanjaaaa - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
04.11 - orchid7 - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
00.11 - mimiii - почеток со терапија ((Лазаревски, Систина)
13.11 - SOLE - -почеток со терапија (Петановски, Ремедика)
26.11 - butterfly00- почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
01.12 - MademoiselleNina - природен циклус (//////////)
2.12 - Ана 78 - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/12 - Kaya трансфер со смрзнати ембриони (Димитров, Ремедика)
/.01 - весник - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)
/12 - LoveableMe RR- трансфер со смрзнати ембриони (Димитров, Ремедика)
15.01 - Pinky30 - почеток со терапија (Глигор Тофовски, ГАК)

=========================
user posted image ИСЧЕКУВАЛКИuser posted image

20.11- mili4kask = пункцијa 23.11= ЕТ
28.11 -orchid7 = пункција 30.11 =ЕТ
28.11- sanjaaa = пункција 01.12= ЕТ
05.12 - MademoiselleNina = пункција 07.12= ЕТ
06.12 - mimiii = пункција 08.12= ЕТ
08.12 - SOLE = пункција 12.12= ЕТ

=========================

07.12 - mili4kask = ТЕСТ
14.12 -orchid7 = ТЕСТ
15.12 -sanjaaa = ТЕСТ
22.12 -MademoiselleNina= ТЕСТ
23.12 -mimiii = ТЕСТ
24.12- SOLE= ТЕСТ

2014 година

nataly86 user posted image Lina*user posted image Каrmauser posted image biljana87user posted image Anonimenuser posted image babylove**user posted image avgustina2 user posted image Kolacence user posted image lolla user posted image mesecina83 user posted image lily98 user posted image stefanieuser posted image Hopeful user posted image sonce79 user posted image tea88user posted image Nestrpliva28 user posted image Мilicka 30user posted image profe user posted image skrienauser posted image gina user posted image NovaN user posted image




< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 5.12.2014 15:44:26 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1209
   RE: Вештачко оплодување VI дел
4.12.2014 23:41:13   
mimiii
Zdravo devojki,ve sledam mnogu vreme iako ne sum koj znae kolku aktivna,podrska e ovoj forum golema za sekoja koja se bori so neplodnosta.Veke osum godini se borime no seuste ne sme uspeale,imam dve neuspesni invitra pominata sega sum vo podgotovka za treto potocno vo sabota imam punkcija pa se nadevam deka ke uspeeme i nie eden den da dobieme dete.Problemot vo pocetokot bese ologospermia toa se resi kolku tolku no sega veke pogolem problem pretstamuvam jas bidejki imam 36 godini a so toa i se pomal broj na jajce kletki moze da se izvadat,pred ovaa invitro napraviv i histeroskopija i izleze deka sum imala mala pregrada se nadevam deka i toa bilo nekoj problem za neuspesnite invitra.Sakam da vi dadam podrska i mnogu sreka na site koi se vo podgotovka i site da se raduvame eden den...

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1210
   RE: Вештачко оплодување VI дел
5.12.2014 9:26:41   
Anna78
Фала ви девојки на поддршката. Инаку, сега сум во Систина кај д-р Лазаревски. Не правев дополнителни испитувања ништо не ми рекоа затоа и не испитував, а гледам многу на форумов испитувале и чудно ми е што не ми рекоа мене да испитувам, но веројатно знаат лекариве што како.

_____________________________

обиди = 5 год., 4 IUI = /, терапија еутирокс, 2 IVF = /, 3 FET = /

(Одговор на членот mimiii)
Непосредна врска до пораките: 1211
   RE: Вештачко оплодување VI дел
5.12.2014 9:32:41   
LoveableMe RR
Ana78, среќно ако требало ќе ти кажеле, уживај. user posted image

Мимии, добредојде, тука сме за поддршка совет, мислење. Кај кој доктор си за ИВФ? Ти посакуваме што повеќе фоликул и и убави ембриончиња. Зборуваш за хстероскопја, па сакав да те замолам во оваа ТЕМА да пишеш запсотапката, кај кој доктор ја правеше, како претходно не ти бла откриена преградата и сл. Поздрав



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Anna78)
Непосредна врска до пораките: 1212
   RE: Вештачко оплодување VI дел
5.12.2014 10:07:30   
sanjaaaa!
Anna78 среќно со терапијата, да ти се создадат многу квалитетни јк и да дојдеш до успешно ивф!
Добредојдовте mimii и MademoiselleNina, и на вас ви посакувам успешно ивф, среќно на пунција исто и на Соле!!
Терапијата ќе помине, пунцијата и ЕТ исто, но најтешко е исчекувањето! Денес ми е петти ден од трансфер, ми се чини цела вечност!! Порано кога го гледав списокот на LoveableMe RR на исчекувалките им завидував, си викав што убаво им е за неокој ден ќе дознаат дека се бремени! Но сега ова исчекување ми изгледа многу тешко. Деновите во поголем дел ги минувам во лежење или седната на тросед со испужени нозе. Си одам до тоалет, до кујна да си земам јадење, кратко можам нешто да замијам и пак исто. Никакви промени неосекам се ми е исто, нормално! Само негативни мисли ми идат низ глава. Но ќе издржам уште овие денови од вторник ќе продолжам со работа, таму нема многу да размислувам за тоа. Не ми е тешка работата, на компјутер, така што мислам нема да биде проблем. Иако сум за второ дете, исчекувањето не е лесно. Кога ќе се сетам низ какви малтретирања поминав, не ми е сеедно каков ќе биде резултатот! Ајде како Бог никој не, тој ќе ни помага на сите!!
Сега ја очекуваме mili4kask да почне со позитивен резултат, да не охрабри сите нас што следиме по неа за тест!!! Среќно на сите!!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1213
   RE: Вештачко оплодување VI дел
5.12.2014 11:26:10   
mili4kask
Sole ајде со лесно на пункција, те чекаме со добри вести. Anna78, mimii и MademoiselleNina ви посакувам многу среќа и успех во целата процедура. Санјааа ајде ајде ќе издржиш, тешко е особено кога се чека. Јас во понеделник на бета лабораторијата во Систина сепак работи. Уффф станувам се будам во 6 ипол секое сабајле од што неможам да спијам. Иначе од болките останаа само тие во гради и повремено гадење особено кога е празен желудникот. Стомакот не ме боли. Ајде уште 3 дена ќе издржам. user posted image

(Одговор на членот sanjaaaa!)
Непосредна врска до пораките: 1214
   RE: Вештачко оплодување VI дел
5.12.2014 11:37:21   
LoveableMe RR
Чекањето е најтешко, секогаш е така, но издржете уште малку до тестот!user posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 1215
   RE: Вештачко оплодување VI дел
5.12.2014 12:03:54   
orchid7
Mili4kask cekame da ne izraduvas so ubavi vesti i so visoka beta da go pocneme ovoj dekemvri!
Sanja tocno znam kako ti e, kako ni e :) Kako knigata na Zarko Lausevic Dan prodje godina nikad, samo kaj nas e Dan prodje, dve nedelje nikad :)
Pozdrav do site, samo hrabro i so pozitivni misli!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1216
   RE: Вештачко оплодување VI дел
5.12.2014 12:11:59   
mili4kask
Orchid 7 веќе немам паметuser posted image Се надевам дека ќе биде се во ред. Ајде издржи и ти тешко поминува времето многу многу тешко user posted image

(Одговор на членот orchid7)
Непосредна врска до пораките: 1217
   RE: Вештачко оплодување VI дел
5.12.2014 12:33:24   
gina
mimii, MademoiselleNina, Anna78 srekno so ivf i bidete samo opustene
Sanjaaa stom pocnes na rabota bidi mnogu vnimatalna treba da se vardis od virusi sega ne ti treba toa, cekanjeto ubiva ama sto de se pravi silni sme nie i toa ke go izdrzite Sreknouser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 1218
   RE: Вештачко оплодување VI дел
5.12.2014 17:05:57   
kapina
sakam da prasam kakov vi bese ciklusot posle ivf dali vi kasnse ili ne

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1219
   RE: Вештачко оплодување VI дел
6.12.2014 2:37:55   
MademoiselleNina
Еве ме :) помина пункцијата без анестезија, и извадија една ј.клетка. сега чекаме да ни јават... Инаку сум кај Ивановски во систина. Навистина процедурата не е болна, малку е нелагодна но кратко трае.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 1220
   RE: Вештачко оплодување VI дел
6.12.2014 9:09:36   
mili4kask
user posted image На храброста MademoiselleNina за пункција без анестезија. Една ама вредна ќе видиш. Ќе биде се во ред, пиши ни кога ќе ти јават. Среќно!!!user posted image

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 1221
   RE: Вештачко оплодување VI дел
6.12.2014 10:50:34   
butterfly1
Со лесно нека ви е на сите и сите да си видите user posted image user posted image

Јас сакав да прашам во врска со анестезијата при пункција, на ваше барање ја правите без анестезија? Значи сепак не е толку болно, не знам зашто тогаш фондот ја покрива безпотребно, подобро за тие пари да го зголемат бројот на стимулации.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1222
   RE: Вештачко оплодување VI дел
6.12.2014 11:01:52   
lolla RR
Батерфлај, валда не е болно, ако имаш 1-2 јк, но често жените имаат повеќе од 10-20 јк па тоа се 10-20 убоди. Не е за џабе ставена. Јас кога правев со над 20јк не ми ни паѓаше на памет без анестезија, 10-15 мин ги ваделе јк.

ЕДИТ: Инаку дефинитивно го поддржувам предлогот за повеќе инекции од фондот, 30 се речиси секогаш малку.

< Поракaта ја уредил lolla -- 6.12.2014 11:02:48 >

(Одговор на членот butterfly1)
Непосредна врска до пораките: 1223
   RE: Вештачко оплодување VI дел
6.12.2014 11:54:33   
MademoiselleNina
Туку што ми јавија дека не дошло до оплодување. :( тука прекинува постапката. Се надевам дека ќе ни кажат што бил точно проблемот. Немам претстава што би можело да биде.
Инаку пункцијата не е болна ако фоликулот е сместен на лесно достапнп место, а ако не е тогаш и да е еден се препорачува анестезија.

< Поракaта ја уредил MademoiselleNina -- 6.12.2014 11:56:09 >

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1224
   RE: Вештачко оплодување VI дел
6.12.2014 11:59:43   
Hopeful RR
Нина, многу ми е жал user posted image

Стварно чуди зошто вака, ама се надевам дека не е нешто сериозно и дека што и да е, ќе се знае повеќе за следниот пат... Биди силна, те гушкам user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 1225
Страница:   <<   < Претходна страница  47 48 [49] 50 51   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  47 48 [49] 50 51   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?