|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  20 21 [22] 23 24   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.11.2014 23:48:01   
Dilina
Мајки да се пожалам, ќерка ми недај боже да наследила од мене тоа што не треба... јас си ги излечив рацете, а нејзе и се појавија некои црвени полиња под вратчето. Денес приметив и на едниот палец има, како подебелено црвено поле и на двете превивки под коленцата!!! Уште не сме биле на лекар, планирам да ја носам кај др. Николина што ја спомнав претходно... а во меѓувреме ако имате искуство пишете како изгледаат егземите што ги имале вашите деца во ран стадиум? Многу се плашам од ова знаејки по мене која мака ја видов со прстите.... user posted image user posted image user posted image user posted image несакам и моето дете да минува низ истите проблеми user posted image

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 526
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.11.2014 23:58:37   
caciana
Egzemata e crvenilo na kozata.Najcesto toa e crvena I Suva koza koja moze DA se peruti.Zapocnuva kako bruncinja.Vnuk mi image na lice kako crveni krugovi.Na dopir rapavi.Se sredija so jekoderm I pantexol.Moses da probas so kantarionovo maslo ,toa mnogu pomaga,voopsto Ne e stetno.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 527
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
24.11.2014 0:05:40   
Dilina

ИЗВОРНА ПОРАКА: caciana

Egzemata e crvenilo na kozata.Najcesto toa e crvena I Suva koza koja moze DA se peruti.Zapocnuva kako bruncinja.Vnuk mi image na lice kako crveni krugovi.Na dopir rapavi.Se sredija so jekoderm I pantexol.Moses da probas so kantarionovo maslo ,toa mnogu pomaga,voopsto Ne e stetno.


Фала цациана, значи сепак е егзема....user posted image се надевам брзо ќе ни пројде....јекодермот не ни одговара а за друго незнам што треба да користам.. за 4м пантексол може? Ај утре ќе гледам ако има термин и на лекар да ја однесам па ќе пишам...

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 528
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
24.11.2014 14:23:33   
Felly RR
Дилина, можеш пантексол, мислам дека од раѓање може да се користи.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 529
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
24.11.2014 14:33:42   
caciana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina


ИЗВОРНА ПОРАКА: caciana

Egzemata e crvenilo na kozata.Najcesto toa e crvena I Suva koza koja moze DA se peruti.Zapocnuva kako bruncinja.Vnuk mi image na lice kako crveni krugovi.Na dopir rapavi.Se sredija so jekoderm I pantexol.Moses da probas so kantarionovo maslo ,toa mnogu pomaga,voopsto Ne e stetno.


Фала цациана, значи сепак е егзема....user posted image се надевам брзо ќе ни пројде....јекодермот не ни одговара а за друго незнам што треба да користам.. за 4м пантексол може? Ај утре ќе гледам ако има термин и на лекар да ја однесам па ќе пишам...


Dilina mozes so kantarionovo maslo da go premackas mestoto,toa e mnogu korisno.Isto taka Dzindzira sprejot mnogu pomaga,Panteksolot se koristi od najrana vozrast.Vo sekoj slucaj DA ja pregleda lekar,toa ti e najdobro,da si bides mirna.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 530
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
26.11.2014 8:09:28   
Dilina
Пробав со кантарион ама не помага :(
Фели, со пантексол ќе пробам, еве денес сзме на вакцина ќе прашам поточно. А една мајка со голема мака со овој проблем ми кажа дека од белогент за нецела недела му се исчистило, бебето имало 9 месеци.... А на дерматолог бевме и ни рече ништо кортико да не користиме, само на природна база... па мајка ми за мене користела кортико, шо знам ништо не ми е...... незнам повеќе што да мислам а од ден на ден е поголемо user posted image

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 531
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
28.11.2014 12:09:36   
Melanija RR
Dilina сега прочитав.Бевте на лекар што ви кажаа?
Јас на М не му ставив кортико иако беше прилично воспален,лимфа на некои места имаше.Кај некои од кортико поминува и не се враќа но ако е дерматит ќе се врати.Јас уште мачкам со Пантексол кремата (не маст) 120ден по 2 пати на ден за 2 дена омекнува супер

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 532
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
30.11.2014 11:56:25   
Dilina
Бевме и на дерматолог, и кај педијатарката, и на вакцина ни кажаа различни креми итн итн... значи нема правило од што ќе помине... а у целата фрка заборавив да прашам за пантексол... на вакцина докторката ми рече да купиме еуцерин. И некако најфина ми се виде а и секој ден со различни деца си реков ќе ја послушам. Земавме купка, лосион и крема за лице. Не поминува ама не се шири. Тоа ме ресува ама од друга страна сакам да го нема како секоја мајка Ч( многу било тешко да го гледаш бебче кое си го родила чисто како солза сега со црвенила по мекото кожиче :(
Матичната ни даде џинџира ама прочитав дека е за изгореници .. и престанав да ја прскам... а и баш на вратчето ми е страв да не лапне или да си брцне воо око....

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 533
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
30.11.2014 12:04:52   
Dilina
Уште да прашам, дали ако детето има егзема значи дека е алергично на нешто? Од која возраст се прават алерго тестови, како се прават и каде? Колку чини тој алерго тест? И ако некоја мамичка користела еуцерин колку пати на ден може да ја мачкам со кремата за лице? На упатството пишува два пати ама пак, брзо и поминува влажноста........user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 534
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
30.11.2014 17:26:03   
caciana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

Бевме и на дерматолог, и кај педијатарката, и на вакцина ни кажаа различни креми итн итн... значи нема правило од што ќе помине... а у целата фрка заборавив да прашам за пантексол... на вакцина докторката ми рече да купиме еуцерин. И некако најфина ми се виде а и секој ден со различни деца си реков ќе ја послушам. Земавме купка, лосион и крема за лице. Не поминува ама не се шири. Тоа ме ресува ама од друга страна сакам да го нема како секоја мајка Ч( многу било тешко да го гледаш бебче кое си го родила чисто како солза сега со црвенила по мекото кожиче :(
Матичната ни даде џинџира ама прочитав дека е за изгореници .. и престанав да ја прскам... а и баш на вратчето ми е страв да не лапне или да си брцне воо око....


Slobodno stavaj Dzindzira,taa e dobra I za egzema,ne e samo za izgoreno.Na vnuka mi sega I rekoa DA ja mackaat bidejki ima crveno gaze,vospaleno od pelenite.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 535
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
3.12.2014 10:43:06   
Dilina
И ставав џинџира ама ништо не помогна..... вчера сабајле кога станав има што да видам, лицето жар, ама одпосле се изгуби цевеното, па изгледа се ужарило од што беше на стомак свртена... ама под вратот останаа тие шо беа и плус се појавија жаришта. Ја носевме во ј. сандански, кај др. Лидија, рече мора кортико, бидејки за мн кратко време се шири. Ни даде мас за очи Максидекс (дексаметазон), 4д. по 2 пати, и 3д по 1 да ја мачкам. Вчера после бањање се мачкавме и црвенилото се изгуби малце... се надевам ќе помогне ова за почеток да го смали црвенилото барем да не ја чеша, зошто претходната ноќ само се трлаше со рацете...
а и ќе заборавев, ми даде капсули, кои требало да ги пијам и додека сум бремена, сега ен го знам името, ама кога му кажував на матичниот гинеколог тогаш ништо не ми рече......

< Поракaта ја уредил Dilina -- 3.12.2014 10:44:56 >

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 536
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
3.12.2014 13:16:40   
Tanjat7880

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

И ставав џинџира ама ништо не помогна..... вчера сабајле кога станав има што да видам, лицето жар, ама одпосле се изгуби цевеното, па изгледа се ужарило од што беше на стомак свртена... ама под вратот останаа тие шо беа и плус се појавија жаришта. Ја носевме во ј. сандански, кај др. Лидија, рече мора кортико, бидејки за мн кратко време се шири. Ни даде мас за очи Максидекс (дексаметазон), 4д. по 2 пати, и 3д по 1 да ја мачкам. Вчера после бањање се мачкавме и црвенилото се изгуби малце... се надевам ќе помогне ова за почеток да го смали црвенилото барем да не ја чеша, зошто претходната ноќ само се трлаше со рацете...
а и ќе заборавев, ми даде капсули, кои требало да ги пијам и додека сум бремена, сега ен го знам името, ама кога му кажував на матичниот гинеколог тогаш ништо не ми рече......

Dilina,ja razbiram tvojata zagrizenost,istata situacija ja imav I jas so mojot sin.Za Lidija samo pofalni zborovi,nosi go deteto tamu I slushaj gi nejzinite soveti(sekogash koga sin mi imashe problemcinja ona go reshavashe,a sum go nosela sekade,ama bash sekade),alergo test se pravi so napolneti 3 godini,dermatitot go povrzuvaat so alergija no e I nasleden,sum videla kaj Dokic deka I na pomali deca im pravi alergo testovi.Moe revolucionerno otkritie e BLUE CUP shpanska kozmetika nameneta za bebinja koja ja ima vo Zegin,ima cela kolekcija a jas ja koristam kremata(700den.e),neznam kolkavo ti e deteto no ovaa krema e I za novorodencinja,ti ja preporacuvam.I za kraj,ke pomine pa po nekoe vreme pak ke se pojavi pa pri pad na imunitet(virus,bakterija)pak ke se osipe,no kako ke raste deteto taka ovie osipi ke bidat poretki I so tek na vreme ke se izgubat.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 537
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
3.12.2014 13:46:13   
Melanija RR
И мене најдобрите и корисни совети ми беа од Tanjat7880

Моето синче од 8 м е ок,сега на неколку места му се појави како мали кругчиња но примаше натибиотик а тоа значи намален имунитете а со тоа често и дерматит.
И јас во Ј.Сандански ни рекоа кортики максидекс малку да измешам со еуцерин и мачкам 2 пати на ден незнам колку дена но по 4 ден престанав.Да ми викаа воспалено одма кортико,но единствено со Еуцерин лисионот држев подконтрола со 4 до 5 пати мачкање на ден по совет од др.Карева од Имунологија од Детска Клинка.
Немора да значи алергија,досега нема на ништо алергија но сме со задоцнето воведување на храна и храна со конзерванси.
Dilina дали е само на лице и врат?Ако е лице нас ни помога крема со состојка ночурка прашај во аптема ли крема од невен

Моето имаше и на врат и раце и нозе,страшно со ноќи сме му ги држеле рацете да не се чеша user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 538
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
4.12.2014 11:30:55   
mamita83
user posted image eve vi link, na nekoja od temite procitav deka Blue cap sprejov e priroden, malce papren 1200MKD megjutoa vi go resava problemot na vashite najmili, bez upotreba na kortiko ili antibiotski kremi.

модератор: Надворешни линкови не се дозволени на форумот.

< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 4.12.2014 14:27:17 >

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 539
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
5.12.2014 9:49:53   
Dilina
На Илина и се намали егземот и тоа задоволително многу..... благодарност на докторката, денес 4ти ден како мачкам од маста, уште 3 дена по 1 треба па ќе видиме каков рез ќе има....

(Одговор на членот mamita83)
Непосредна врска до пораките: 540
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
27.12.2014 8:50:33   
Dilina

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

На Илина и се намали егземот и тоа задоволително многу..... благодарност на докторката, денес 4ти ден како мачкам од маста, уште 3 дена по 1 треба па ќе видиме каков рез ќе има....


Да пријавам ситуација user posted image
Само што прекинав со маста излезе егземава по цело тело, прво мислев дека е алергија на храна зошто почнавме со дохрана, ама на лекар испадна дека е егземата.... претходно имав два тестера од Avene Xera Calm кремата, ја испробав и приметив дека црвенилото за нецели 12 часа се изгуби... и трк у аптека ја купив, 1140 ден 200мл но значително се намали по целото тело... ја препорачувам на сите што имаат мака, но сепак мислам дека треба да сепак мислам дека е до тоа како кожата на бебето ќе ја прифати кремата.... на нас оваа многу ни помогна

user posted image

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 541
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
16.2.2015 9:39:47   
Нутела
Здраво на сите,нова сум на форумов и се надевам ќе ми бидат од корист сите Ваши совети и искуства.
Еве и јас да го кажам проблемот со мојата бебушка.За една недела полниме 5 месеци и веќе неколку месеци мака мачиме со црвенилото на бебушка не само во пределот на вратот, туку и по цело тело. Најпрво црвенило се појави на коленцата и нормално проследено со јадеж.Бевме на доктор,ни дијагностицираа атопичен дерматитис,ни рекоа да ставиме Афлодерм,кој го користев само 4-5 дена(повеќе не ни планирам да го ставам), но не минува.Инаку, малата ја бањаме со Еуцерин,ја мачкам со млеко за тело Еуцерин АтопиКонтрол со 12% Омега,но сега за сега ништо.Пред недела дена почнаа да и се формираат шлајмови и се загрижив да не се влоши состојбата, а требаше да ставаме вакцина, но ја одложивме бидејќи и дадоа антибиотик Цефаклор.Ме интересира после колку време од користењето на антибиотикот,смееме да примаме вакцина(некои велат 1, а други 2 недели).Извинете на долгиот пост

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 542
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
16.2.2015 15:05:23   
Melanija RR
Нутела добре дојде на Рингераја

Вакцината немора и нетреба да се прими според дата,туку детето да е здраво.За тие први вакцини може и по 2-3 месеци подоцна да се примат.
Што се однесува до дерматитот пробај со Еуцеринот по 4-5 пати во ден да мачкаш, кратко бањање со млака вода и капка маслена купка, без бришење и прегревање на телото. Пробај и Пантексол крема 120 ден

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Нутела)
Непосредна врска до пораките: 543
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
17.2.2015 8:23:07   
Нутела
Melanija RR,фала ти на советот и добро е што веднаш не мора да ја ставиме вакцината,инаку Пантексол планирав и да купам,а и една друга крема или маст Linola Fett мислам беше...како и да е денес ќе одиме на кожен доктор,па ќе видиме што ќе кажат...Поздрав

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 544
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
19.2.2015 15:06:05   
DuffytheDuck
Нутела, побрзо и со полесно да ви помине :)

И мојот син имаше егзема, од 2 месеци ја доби по цело тело. Што се не пробавме - Мустела, Линола, А дерма, Пантексол, Еуцерин Атопиконтрол, Јекодерм, и реално од ништо немаше подобрување. Се до 8 месец, кога почнавме да ја користиме кремата на Скендер (иако бев скептик и одбивав да му ставам реално мн му помогна).
Афлодерм јас не ставав, сепак е кортико.

Сега има 15 месеци, егземата се повлече и му се јавува повремено само кога вади заби или му паѓа имунитетот и тоа во мала форма која поминува сама од себе. А Дерма користиме за негување на кожата. За да помине треба време, викаат дека околу 2 години треба да се изгуби, за да се изгради имунитетот.
user posted image

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 545
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
20.2.2015 8:33:16   
sandriana RR
Лично не сум имала проблем со дерматит или егземи, но блиска пријателка мака мачи со малиот - на секое намалување на имунитет му се појавува повторно. Вчера се видовме и рече дека во последно време за стабилизирање на воспалените места многу им помага Нивеа крема за осетлива кожа, бебешка, која чини 150 денари.
Наместо да смирува со кортико, сега тоа го постигнува со оваа крема.
Сакав да споделам, може некому ќе користи.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот DuffytheDuck)
Непосредна врска до пораките: 546
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
20.2.2015 12:18:09   
Melanija RR
И кај моето од есенва навака повремено му се појавува на ногата на долниот дел како круг.Станува рапаво и грума мачкам се смирува ,но по 3 недели пак. Тоа е од затоплување хулахопки, но тоа е зима е .Имаш на лицето под окото како солза денови е изразена а денови не е .Но сега веќе 1 месец му се појавува и странично на лице.Мачкам со маст од невен нели нај природно.Ама се вжарува па намалува. Плус каде се не легнува и се фаќа со раце.
Да при пад на имунитет, но еве воглавно е дома па секогаш не е до имунитетот.

sandriana RR фала за информацијата може и тоа да се проба.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 547
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
20.2.2015 16:12:30   
DuffytheDuck
ДА, познато е дека на егземата не му одговара студ. Зима секако се интензивира. Плус хулахопки, облека тон, па сув воздух. И кај нас на нозете се појавува и мислам дека го иритираат хулахопките. Пробав еден период со ѕиврички, памучни и стварно нема толку иритација ама па потенки се ѕиврите и мислам дека му е ладно па пак хулахопки user posted image

Во однос на мачкањето, фала Сандриана :) може да пробаме само имам забележано дека секое дете со егзема е различна приказна. Не кај секое успева се. Пример кај на Јекодермот направи ужасна реакција, кај некои им помага. Исто и за Мустела, Еуцерин, никакво подобрување немаше.

Ќе чекаме само да пораснат и да ја исфрлат. Ние сме ограничени и со храна, млеко и млечни производи никако не јаде, веднаш излегува црвенило на лицето. Се надевам ќе помине и тоа за брзо :)

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 548
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
30.3.2015 13:37:47   
Mum Care
Zdravo mamicki sakam da prasam dali e mozno bebevo od 2 meseci da bide alergicno na nekoja hrana sto ja javam zosto samo go dojam, a na licences mu izleguvaat mali mozolcinja. Dali nekoja mama ima vakvo iskustvo?

(Одговор на членот DuffytheDuck)
Непосредна врска до пораките: 549
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
30.3.2015 17:45:41   
lukajana RR
Mum care не верувам дека е алергија на храна може да е егзема ама таа е обично повеќе од мозолчиња. Можно ли е да си имала некоја инфекција и да се префрлила на бебето при раѓањето? На една другарка бебето имаше така мозолчиња и педијатар и рекол дека е од инфекција и самото ке се повлече и стварно брзо се изгубија.Кога ке одите на мерење прашај доктор ако е егзема треба посебен третман на кожата

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Mum Care)
Непосредна врска до пораките: 550
Страница:   <<   < Претходна страница  20 21 [22] 23 24   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  20 21 [22] 23 24   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?