|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
16.4.2015 12:24:05   
scared RR
Мене репродуктивниот гинеколог ми рече обавезно консултација со ендокринолог за хормониве. И само шеткам ваму таму user posted image
И кај мене баш типично за пцос проблеми со андрогените хормони, андростендионот ми е висок, тој е предкурсор на тестестеронот и јајнициве ми го лачат зголемено, од таму ми доаѓа а не од андрогените жлезди, пијам спиронолактон ама не делува баш, што со него не знам user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
23.6.2015 0:11:43   
milasteve
Jas pred edna nedela ispituvav rezistencija na insulin.Visok I pred rastvorot.Inace me bockaa 3pati problem imam so veni so da vi kazuvam od in vitrata venite mi gi napravija partali.Inace ispituvav I ovarijalna rezerva.Mi pisuva odlicno socuvana.Koco vo hemolab rece super e.Ama so insulinot neznam user posted image .Visok e.Amq ne mi dade metamorfin ili kako go pisite tuka.Mi dade dr terapija oti imam nisok vitamin d,ostetena dna,I pokaceni cardiolipinski antitela.

< Поракaта ја уредил milasteve -- 23.6.2015 0:12:24 >

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
23.6.2015 0:33:29   
весник
kolku te cinese vo hemolab ispituvanje na skrieniot seker????? i kakva terapija ti dade za niskiot vitamin d????

(Одговор на членот milasteve)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
23.6.2015 5:52:19   
kapina
Milasteve za insulinot sovetuvaj se so endokrinolog.

Ke ti dadat metaformin endokrinolozite od kolku mg da zemas i on e dobar i za ovulacijata jas otkako pocnav da go pijam dobiv ovulacija iako nemam visok insulin nekoj doktori go davaat i za vreme na ivf no togas zemaj i vit b 12 oti stvara nedostatok.


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.6.2015 12:43:27 >

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
23.6.2015 11:09:02   
Kvisko
Milasteve за висок инсулин Кочо не може да ти даде терапија. За тоа треба терапија да ти дадат ендокринолози или евентуално репродуктивни гинеколози (мене гинеколозите ми одредуваа доза врз основа на изгледот на јајниците). Почнав со 500 па потоа со 1000, па с евратив на 500 зашто пребрзо ослабев, а немав за слабеење. Откако се навикнав пак ме вратија на 1000.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
24.6.2015 0:20:08   
milasteve

ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

kolku te cinese vo hemolab ispituvanje na skrieniot seker????? i kakva terapija ti dade za niskiot vitamin d????
srcka neznam kolku bese oti jas ispituvav mnogu raboti.Mi dade vitamin d kapki zemav

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
24.6.2015 0:21:36   
milasteve

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Milasteve за висок инсулин Кочо не може да ти даде терапија. За тоа треба терапија да ти дадат ендокринолози или евентуално репродуктивни гинеколози (мене гинеколозите ми одредуваа доза врз основа на изгледот на јајниците). Почнав со 500 па потоа со 1000, па с евратив на 500 зашто пребрзо ослабев, а немав за слабеење. Откако се навикнав пак ме вратија на 1000.

no toj me mi kaza nisto samo za Ishranata mi kaza neznam so da pravam

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
24.6.2015 11:39:17   
Kvisko
Оди на гинеколог или ендокринолгот. Подобро да се консултираш со гинеколог за терапија.

(Одговор на членот milasteve)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
24.6.2015 14:02:30   
milasteve
Sw javiv sabajle.Dr zatoa I me stavil na rezim za Ishranata.Ne sum bila jas za apcinja

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
24.6.2015 15:43:48   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: milasteve

Sw javiv sabajle.Dr zatoa I me stavil na rezim za Ishranata.Ne sum bila jas za apcinja


Каков режим на исхрана? Што ќе јадеш, а што ќе избегнуваш?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот milasteve)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
6.7.2015 0:40:11   
sakambebuvce
kade mozam vo bitola da ispitam skrien seker i kolku kosta ve molam da mi kazite???

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
15.7.2015 16:09:12   
sakambebuvce
ve molam kazete mi nekoja koja znae kade mozam vo bitola da ispitam skrien seker

(Одговор на членот sakambebuvce)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
15.7.2015 16:22:03   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sakambebuvce

ve molam kazete mi nekoja koja znae kade mozam vo bitola da ispitam skrien seker


тоа треба да го прашаша матичниот лекар, се надевам ќе ти каже, сигурно ако има оддел ендокринологија во градската болница, или да прашаш во авицена таму мислам испитуваат.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sakambebuvce)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
21.9.2015 9:56:01   
Kvisko
Јас само да ја дополнам темава со ново искуство зашто имаше дилеми претходно околу вистинскито тест.

ОГТТ тестот кај трудници и кај неплодност е дефинитивно различен.

За испитување кај неплодност обавезно се испитува и инсулин. Претходно оди подготовка со два дена пред тестот јадење 100 грама чоколадо дневно и повече јаглехидрати за да се оптерети панкреасот а потоа ништо не се јаде 12 саати пред тестот. Прво оди боцкање па потоа се пие гликозен раствор па има боцкање на саат време и после 2 саати. Паралено се мерат и инсулин и гликемија. Ваков тест е најдобро да се направи на Ендокринологија. Е сега ако нема висока гликемија Ендокгинолото може и да не даде терапија зашто ендокринолоки е добар наодот. Тоа значи дека ако има само висок инсулин тогаш Гинекологот одредува дали треба или не метформин зашто инсулинот е сличен со половите хормони па ги буни јајниците. Мене исто од Ендокрионологија ми рекоа се е во ред, ама на ГАК ми дадоа метформин а потоа Димитров пред ИВФ ми ја зголеми дозата.

ОГТТ во бременост се прави без претходна подготовка значи нема ништо посебно пропишшано за јадење пред постапката освен што на денот на тестот се оди гладна жедна на тест. Има едно боцкањње на гладно па се пие гликозен раствор и едно боцкање после 2 саати. Се испитува само гликемија без инсулин. Овде е битно да се види само дали има пореметување во метаболизмот на шеќер зашто може да е поврзано со развојот на бебето.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
23.11.2015 21:49:35   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Treba da ispitas i insulin so ogtt test edna od pricinite za spontani abortusi moze da bideIR


ИЗВОРНА ПОРАКА: gerbera

А каде се испитува тоа? Претпоставувам со упат од матичен.



ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

Можеш и приватно, огтт е околу 400-700 зависи каде, а може и со упат да се направи во авицена само што се чека некое време. Инсулин јас испитувам на Гак или на Клиничка биохемија, обичен хормон ти е, со упат од гинеколог испитувам, а огтт ако не се лажам може и со упат од општ матичен.



ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

za insulin treba nekoja prethodna podgotovka kako za oggt test ili???? treba gladna ili???? bidejki jas imam ispitano na biohemiska laboratorija...me prati endokrinolog ama ne bev gladna...a taa nisto ne mi spomna okolu toa a naodot bese vo red,pa se prasuvam dali e toa pravilno.



ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Jas sekogas odam gladna da mi zemat krv sabajleto za glikozata mora na gladno da se zema krv za insulin mislam oti treba da si gladna



ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Девојки ве молам ве молам ве молам и пак најмногу ве молам никако да не правите огтт кога се работи за неплодност на приватно ии комбинации приватно па државно само инсулин. НЕ е воопшто правилно така и може да не се отркие нешто што навистина треба. Единствено правилно тестот се прави на Клиника за Ендокринологија.
При испитување за неплодност битно ви е не само дали имате скриен шеќер туку и дали имате Инсулинска Резистенција. За тоа треба паралено да се мерат и шеќерот и инсулинот. Особено е битен инсулинот зашто тој е хормон што е сличен по структура со половите хормони и ги буни јајниците ако е повисок. Е сега на гладно може да ви биде добар ама да се качува после јадење и несоодветно да се спушта што е знак за инсулинска резистенција. А таа е многу побитна за забременување отколку само шеќерот. Кога мерите само инслуин на гладно ништо не сте направиле зашто не се гледа како расте и како се спушта кога се разградува шеќерот.
Значи правилниот тест кој ви треба и кој се прави на Клиника за Ендокринологија изгледа вака:
1. Одите и се консултирате со лекарот и тој/таа ве упатува потоа да се договорите со сестрите за термин за тестот.
2. Сестрите ви закажуваат термин и ви кажуваат како да се подготвите за тестот затоа што е потребо да се направи оптеретување на панкреасот дав дена пред тестот (обично ќе ви кажат да внесувате 100 чоколадо дневно и повеќе јаглехирати). На ден пред тестот околу 20:00 престанувате со внес на храна и може да внесувате само вода до 12:00 вечерта. Потоа ништо.
4. На денот на тестот одите гладни и жедни на Клиника.
5. Се вади крв и се мери инсулин и гликемија (шеќер).
6. Се пие гликозен раствор.
7. После 1 саат се вади повторно крв и пак се мери шеќер и инсулин.
8. После 2 саати се вади крв и пак се мери шеќер и инслуин.

Само ваквиот тест го дава паралелното движење на инсулинот и шеќерот и само така може да се види дали имате инсулинска резистенција.

Ако јас на пример ги правев неправилните испитување каде се мери само шеќер (и тоа во приватните дури и немате вадење на крв после 1 саат туку само на гладно и после 2 саати што дури и во бременост не е правилно) и потоа друг ден одите и гладни мерите само инслуин нема никогаш да знаете као ви се однесува телото при разградување на шеќерот. На пример кај мене на огтт тестот шеќерот цело време ми е дури и на долна граница ама затоа на саат време после пиење на растворот инсулинот ми скока на 150 (нормална вредност е 60) и после 2 саати не ми се спушта во граници на нормала. Тоа значи дека имам инсулинска резистенција и дека панкреасот е приморан да ми лачи многу инсулин за да компензира за неможноста на моите клетки соодветно на него да реагираат.

Инаку мене од ГАК кога се мачев а отркијам зошто имам цисти докторката ме препрати на Ендокринологија со интерклинички упат зашто испадна дека огтт тестот кај нив е само за трудници и дека инсулин не мерат паралелно со шеќерот. Затоа и знам каде се прави правилно. Сега во бременост морав пак да правам огтт тест по протокол и решивме со матичната да одам во приватна лабараторија демек за помалку гужва. Кога ги виде резултатите рече ех не го направиле правилно мора да има и мерење после саат време по новите протоколи. Затоа поарно почекјте гужва на вистинското место отколку да не ви се открие дали имате или немате проблем.



ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

A kaj mene pak nema IR mi kaza endokrinologot no cudno e toa kako so metformin imam ovulacija i odlicni folikuli a bez metformin nemam ovulacija



ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

На крајот на денот пак се дава метформин.
Квиско јас одев на ендокринологија и кај Крстевска и кај Пемовска и ниедна од нив не ми назначи ваков тест, и како што кажав како и да е особено кај пцос метформин не ни бега, така да не ми делува страшно и погрешно.
Мене инсулинот ми е висок и на гладно, а сега додека пијам метформин ми е ок, ако каснам благо пак рипа, ке го пијам метформинот додека не родам дете, после се ке баталам доста се труев, и така не ми помогна за овулација.



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
4.1.2016 14:05:05   
angelce moe
Devojki hitno
Dalı e OGTT i HbA1C isto?

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
5.1.2016 13:31:05   
nataly86
Не е исто ОГГТ е мерење на скриен шекер се прави со 3 боцкања и измегу пиење на глукоза...се следи шекерот на гладно 1 час по испиената глукоза и два часа по испиената глукоза,,,
А второто е шеќер во просек во 2 месеци

(Одговор на членот angelce moe)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
5.1.2016 19:43:45   
angelce moe
OGTT testot prvo bockanje mi e 7.3, vtoro 6.6 i treto 6.5
Dalı znaete da mi kazete kako se rezultati te?

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
5.1.2016 23:43:42   
nataly86
на гладно 7,3 е висико колку сто знам до 5,9 се референтните вредности...а другите не се многу страшни бидејќи пага шекерот.

(Одговор на членот angelce moe)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
10.1.2016 23:54:23   
TeaM
Za trudnici referentnata vrednost na gladno e poniska i iznesuva 5,1

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
1.2.2016 9:52:23   
macunka
Мене ми беше шеќерот 8.4 по два саати. Докторката не ми кажа ништо посебно, а некој ако има режим за исхрана да ми пише што може, а што не може да се јаде. Читав некаде им давале на трудниците листи со лебни единици?

(Одговор на членот TeaM)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
16.12.2016 17:00:06   
вераинадеж
Ајде кој знае да толкува резултати на Инсулин во тек на ОГТ Тест :
0мин. - Хормон - 10,42 ; Гликемија - 5,3
60 мин. - Хормон 146,70 ; Гликемија - 10,2
120 мин. - Хормон - 82,70 ; Гликемија - 6,8
Не можам на интернет да најдам референтни вредности,а ни во резултатот нема во табелата.Овие резултати се од Ендокринологија.

(Одговор на членот macunka)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
27.12.2016 10:14:18   
Kvisko
Вераинадеж инсулинот ти е прилично висок. Гликемијата ти е во ред. Кај мене беше така и на Ендокринологија ми рекоа дека за такви случаи гинекологот одредува терапија бидејќи они даваат терапија само ако шеќерот е повисок на првото и последното мерење. Со ваков резултат потоа двајца гинеколози ми дадоа да пијам метформин.

(Одговор на членот вераинадеж)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
28.12.2016 17:14:35   
вераинадеж
Квиско,во право беше :) Резултативе ги виде прво гинекологот и според неа беа во ред.Од таму имав закажано кај др.Крстевска и ми даде да пијам метформин по 1 табл.навечер со јадење или после јадење.По форумов гледам дека гинекологот треба повеќе да реагира за инсулинот,ама ете кај мене обратно беше.Пресметуваше сооднос меѓу инсулинот и гликемија,напишала 2,4 ,а границата била до 2,5 ,па заради поквалитетни јајцеклетки или поквалитетна овулација ми ги даде овие апчиња.Ова ми е сега нешто ново,се надевам ќе се снајдам со јаглехидративе.Треба да јадам помалку ,а почесто,е тоа на работа не знам како ќе го изведам user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
28.12.2016 17:29:31   
вераинадеж
Заборавив да напишам,ендокринологот ми напиша дијагоза инсулинска резистенција

(Одговор на членот вераинадеж)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?