Hopeful RR
|
Magdalenka, се изнервирав читајќи те. Да, ова е пример за невнимание, и за жал, докторите знаат да имаат таков лабав однос со инсеминациите. Кога јас правев инсеминации, исто кај Ивановски (сите процедури ми се кај него, немам сменето доктор) со сопругот добивме таков впечаток дека ги прави реда ради, и на 3та или 4та, сопругот тоа и ми го спомна, као на шала на смеа, ама му го кажа. И Ивановски се усериозни, као да се поднавреди малку и изричито рече дека не прави ништо реда ради, сеедно која по ред инсеминација е. И колку за инфо, баш таа инсеминаци и фати, но излезе биохемиска. Нејсе, во твојот случај се плашам дека Анита е повеќе виновна, но било како било, да го оставиме тоа зад нас. Разговарај со Лазаревски за ивф, и види каков впечаток ќе ти остави. Спореди го чувството на безбедност и доверба со него и со други доктори. Битно е да се чувствуваш дека некој те држи за раче и дава се од себе да ти помогне. Ако после одлуката, на почната постапка се осетиш дека те третира како на лента, побуни се, барај плус консултации, кажи дека не разбираш, кажи дека сакаш да разговараш... ние сме останувале со часови во ординација за да добиеме одговори, и докторот останувал и преку работно време за да објасни. Е друг пат, било за 5 минути, сега тоа е. Понекогаш е подобро да не се информираме многу многу, туку да оставиме и мал ирационален момент во целата постапка, наречи го интуиција, наречи го верба, наречи го препуштање, но ете, чисто да си кажеш дека ете, некој таму знае што прави и зошто прави баш така. Понекогаш е добро да се преземе ризик и да се предизвика контролирана хиперстимулација со цел подобри јајце клетки отколку да се оди на безбедно. Плус, прашање е нашето тело колку сака да соработува - имунологијата е страшна работа, сепак моментот на имплантација е мистичен/произволен/рандом/божји чин... Сепак, ивф е голема мистерија и за докторите, да беше се така едноставно и лесно пресметливо, сите ќе останувавме бремени од прв обид. Има многу фактори што влегуваат во игра, и докторот едноставно не може да знае и предвиди се.
< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 31.1.2016 18:28:22 >
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|