|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вакцинирање на детето
11.3.2010 13:05:31   
caci20
Родителите често се плашат од реакциите кои настануваат по вакцинирањето. Денешните вакцини се многу порафинирани од порано, па затоа не се очекуваат многу поствакцинални реакции.
Во текот на првите 24 часа по вакцинацијата, кај детето може да се јави покачена температура. Оваа температура вообичаено е ниска и се движи околу 37 целзиусови степени. Доколку температурата е повисока и достигнува 38,5, на детето може да му дадете сируп парацетамол, да се обидете да го оладите детето, со туширање и слично. Во овој случај може да го посетите и вашиот педијатар.
Доколку детето прими вакцина ДиТеПер можно е да се јави болка на местото на апликација на вакцината. Оваа болка не е силна и најчесто исчезнува по неколку дена. МРП вакцината која се прима прв пат на возраст од 1 година, вообичаено дава одложена реакција по 7 до 10 дена од вакцинирањето. Оваа реакција може да биде во форма на лесно покачена температура или болка во предел на местото на боцкање, како и атипичен лесен осип по телото. Во овој случај, родителите често не ја поврзуваат температурата со вакцината поради временската дистанца, па може да помислат дека детето е болно.
Кај вакцината BCG која се дава против туберкулоза, постои специфична реакција на вакцината. На местото на апликацијата, која се врши уште во породилиштето, најпрво се јавува црвенило, подоцна настанува круста (кора) која подоцна почнува да се цеди. На крајот, по отпаѓањето на крустата на местото останува само мала лузна (цикатрикс). Лузната е доказ за успешноста на вакцината. Сите овие реакции се вообичаени и очекувани и не треба да ги плашат родителите.

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 276
   RE: Вакцинирање на детето
11.3.2010 13:06:31   
caci20
ЛУЛКА ви го презентира редоследот за вакцинација на детето:

Уште во текот на првиот ден по породувањето, новороденчето се вакцинира против Хепатит Б. Оваа вакцина се дава во три дози, од кои втората и третата доза после еден и после месеци од давањето на првата иницијална вакцина. Хепатитот Б е вирусна инфекција која го зафаќа црниот дроб и која најчесто се пренесува преку крв и крвни деривати и преку сексуален однос кај возрасните индивидуи.
Непосредно пред напуштањето на породилиштето, бебето се вакцинира со BCG вакцина. Оваа вакцина е многу значајна бидејќи туберкулозата лесно може да се пренесе од постарите луѓе на децата. BCG предизвикува специфична реакција на рачето на бебето. Најпрво се појавува круста (коричка) од која се цеди жолтеникава течност. Подоцна крустата отпаѓа и зад себе остава само мала лузна на кожата. Лузната е доказ дека вакцинацијата е успешна.
Следната вакцинација се врши кога бебето ќе наврши 30 дена. При оваа посета на советувалиштето покрај рутинскиот преглед, на бебето му се дава и втората доза од вакцината против Хепатит Б.
Следната вакцинација се врши кога бебето ќе наполни 60 дена. При оваа посета ќе биде извршено вакцинирање за заштита на бебето од инфекции со бактеријата Haemophilus influenzae. Иако има слично име, оваа вакцина нема никаква врска со вакцината против грип. H. Influenzae е бактерија која е чест предизвикувач на болести во најмалата возраст, како што се бактериски менингит, пнеумонија, бронхити, ринофарингити и слично. Оваа вакцина се става со боцкање во ногата на бебето, во горната третина на квадрицепсот.
Кога бебето ќе наполни три месеци следува вакцинација со ДиТеПер и Полио. Истовремено се дава и втората доза од вакцината против H. Influenzae. ДиТеПер е комбинирана вакцина која го штити бебето од бактериите – предизвикувачи на три различни болести: дифтерија, тетанус и магарешка кашлица (пертусис). Оваа вакцина се дава во рачето на бебето. Полио е вакцина против полиомиелитис или детска парализа. Полиомиелитот е заразна болест која се пренесува по фекално – орален пат (болест на нечисти раце) и може да предизвика мускулна слабост и парализа кај детето. Вакцината се дава во форма на капки директно во устата на бебето.
Кога бебето ќе наполни 4 ипол месеци мора повторно да го посетите советувалиштето. При оваа посета вашето бебе ќе прими втора доза од вакцините ДиТеПер и Полио, и трета доза од вакцината против H. Influenzae. Примањето на втора и трета доза не значи дека вакцинацијата не успеала првиот пат.
На 6 месечна возраст, бебето треба да прими и трета доза од вакцините ДиТеПер и Полио, како и третата и последна доза против Хепатит Б.
Кога бебето ќе наврши 9 месеци се врши систематски преглед. На овој преглед, меѓу другото, се проверува и реакцијата (лузната) од вакцината BCG која бебето ја има примено уште во породилиштето. Доколку нема лузна неопходно е повторно вакцинирање против туберкулоза. Тоа ќе се изврши во советувалиштето за здрави деца на возраст од 10 месеци.
По првиот роденден детето повторно се носи на вакцинација, каде се вакцинира со МРП вакцината. Оваа вакцина се состои од три дела и заштитува од три различни болести, слично со ДиТеПер. МРП обезбедува заштита од паротит (заушки), морбили (ситна сипаница) и рубеола (црвенка). Овие респираторни инфекции се доста чести во предшколската возраст, најчесто придружени со исип и кашлица.
На средина помеѓу првиот и вториот роденден, на 18 месеци, детето треба да ја прими првата ревакцинација за ДиТеПер и Полио, и ревакцинација против H. Influenzae.
Во следните две години детето е ослободено од вакцинација, до возраст од 3 и пол години. Овој пат се дава втората ревакцинација за ДиТеПер. Со оваа вакцина завршува имунизацијата на детето во предшколска возраст. Понатаму вакцинацијата се спроведува во рамките на систематските прегледи кои најчесто се организирани во училиштата.
Д-р Вида Фотева
Педијатар

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 277
   RE: Вакцинирање на детето
11.3.2010 13:14:32   
matushka
Mateja ja primi tretatata doza na meningit vo januari i sega koneeeeecno nema bockanje godina ipoluser posted image

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 278
   RE: Вакцинирање на детето
11.3.2010 13:30:17   
baby mama
Јана на 18 Март ќе прими втората доза од оние 3 вакцини што се(не ги знам на памет). Многу ми жал кога ја боцкаат, уфuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 279
   RE: Вакцинирање на детето
11.3.2010 13:35:00   
matushka
Spored toa sto vikas tri dozi, mislam deka ke zboris za DTP , skrateno od difterija, tetanus, paraliza..
Mojot sin najteshko gi podnese tie, na site 3 kaci temperatura... ama sreka trae kratko.

(Одговор на членот baby mama)
Непосредна врска до пораките: 280
   RE: Вакцинирање на детето
12.3.2010 7:58:44   
BEBICA
Vcer nie primivme revakcinacija na DI te per- ot Monika ja digna ambulantata vo vazduh od placenje.Malku sestrata naglo i ja stavi vo ramoto.
Dobro nevme temperatura no ramoto ni e oteceno i crven krug ima okolu mestoto kade sto e bocnata.i stavam oblogi cela vecer no i tvrdo e loso i ja stavija no ke i projde, se nadevam.
No pokazuva kade ja boli i se drzi za ramoto.



_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 281
   RE: Вакцинирање на детето
12.3.2010 8:05:02   
pacuvce
user posted image user posted image user posted image за Моника!!!

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 282
   RE: Вакцинирање на детето
12.3.2010 8:11:06   
ripce

ИЗВОРНА ПОРАКА: matushka

Spored toa sto vikas tri dozi, mislam deka ke zboris za DTP , skrateno od difterija, tetanus, paraliza..
Mojot sin najteshko gi podnese tie, na site 3 kaci temperatura... ama sreka trae kratko.


ДТП дифтерија, тетанус и пертусис (магарешка кашлица)

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 283
   RE: Вакцинирање на детето
12.3.2010 8:12:44   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Vcer nie primivme revakcinacija na DI te per- ot Monika ja digna ambulantata vo vazduh od placenje.Malku sestrata naglo i ja stavi vo ramoto.
Dobro nevme temperatura no ramoto ni e oteceno i crven krug ima okolu mestoto kade sto e bocnata.i stavam oblogi cela vecer no i tvrdo e loso i ja stavija no ke i projde, se nadevam.
No pokazuva kade ja boli i se drzi za ramoto.




супер што нема температура а тоа со црвенилото ќе пројде.на дамјан недела дена му беше такво и се жалеше!!!user posted image user posted image user posted image за мони!!!


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 284
   RE: Вакцинирање на детето
12.3.2010 8:20:06   
ripce
Ние заради температурата и конвулзиите МРП ја одложивме малку... мислам не доцниме регуларно ќе си ја прими во 13 месец, само ако не беше болен кога ќе влезеше во 13 месец веднаш ќе ја ставевме, вака вчера бевме кај д-р ни кажа дека е здрав само заради капките што ги стававме заради конјуктивитот се договоривме да мине викендот па најверојатно во понеделник ќе одиме... ама оваа вакцина не е страшна, најчесто е без никакви реакции, мене најмногу ме плаши ДТП, како и останатите што најмногу ги плаши.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 285
   RE: Вакцинирање на детето
12.3.2010 8:20:35   
BEBICA
A i da nezaboravam posto i pravea i sistemacki Monika e teska 13kg a visoka 88sm.
Koga ja prasav doktorkata mi rece deka se e super, so kilazata e vo noromala a toa znaci posle godinata deteto treba da dobiva na kilaza od 1 kilogram do 2 godisno a visinata vo prosek e 7 sm a nie sme nad prosekot.



_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 286
   RE: Вакцинирање на детето
12.3.2010 8:23:53   
BILJANA_G
Masala,masala za Moni bomboni. user posted image  user posted image  user posted image Bebice jas malku ne sum vo tek, vakcina li i stavaa na Monika. Pozdrav do vas dve i silni pregratki.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 287
   RE: Вакцинирање на детето
12.3.2010 8:26:10   
BEBICA
ИЗВОРНА ПОРАКА: BILJANA_G

Masala,masala za Moni bomboni. user posted image  user posted image  user posted image Bebice jas malku ne sum vo tek, vakcina li i stavaa na Monika. Pozdrav do vas dve i silni pregratki.


Da Bile primavme vakcina t.e. revakcinacija na DI TE PER- ot.
Bileuser posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 288
   RE: Вакцинирање на детето
12.3.2010 12:54:34   
alex_mo
Еве сега си дојдовме од вакцина.Примимвме вакцина во ножето.Вакцина против жолтица ХБ,др реце дека нема реакција,наредната е кога Ања ке направи 2 месеца ,а потоа тие од 3 месеци имале реакции со температура и сл.
Ања за 32 дена има ставено точно 1кг,а др рече дека е задоволен и дека тие пресметувале дека е нормално бебе да става 25гр дневно,а Ања има повеке ставено.И ми рече дека децата родени со помала килажа повеке ставале......што е е случај кај нас.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 289
   RE: Вакцинирање на детето
12.3.2010 12:57:12   
Палешка РР
Ајде растете здраво и весело и со лесно вакцината user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 290
   RE: Вакцинирање на детето
12.3.2010 13:01:21   
BILJANA_G
Nie dolgo vreme ne sme primale, narednata ni e na polni 3 godini. 

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 291
   RE: Вакцинирање на детето
15.3.2010 9:25:39   
pacuvce
Сега се спремаме да одиме да примаме вакцина,ама некако сум скептична...Секогаш пред да прими докотрката не прашува дали дома има некој болен,а брат му еве уште е под терапија...Веројатно се плаши случајно да не има знаци за разболување и кај него...Така да,малку веројатно дека ќе не боцнат,ама ајде...Да пробаме!!!user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 292
   RE: Вакцинирање на детето
15.3.2010 9:28:27   
ikipp
nie bevme zavcera,2 primi,edna vo nozeto,druga vo gazeto

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 293
   RE: Вакцинирање на детето
15.3.2010 9:29:58   
pacuvce

ИЗВОРНА ПОРАКА: ikipp
druga vo gazeto


user posted image user posted image user posted image Прв пат слушам...Колку сте стари вие???И каква е таа вакцина?

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот ikipp)
Непосредна врска до пораките: 294
   RE: Вакцинирање на детето
15.3.2010 9:38:02   
Mammy
Пред некој ден Арман ми качи температура, а беа поминати скоро 15 дена од последните вакцини. Температурата му достигна скоро 40 и конечно во саботата се оправи и почна да јаде. Веќе напишав дека му излезе афта во устичката.
Педијатарката ми рече дека тоа е резултат на се што пика во уста, како и на ослабениот имунитет од вакцинитеuser posted image user posted image user posted image

Така да само да ве информирам превентивно дека вакцините го ослабуваат имунитетот на децата.

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 295
   RE: Вакцинирање на детето
15.3.2010 22:07:37   
pacuvce

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Сега се спремаме да одиме да примаме вакцина,ама некако сум скептична...Секогаш пред да прими докотрката не прашува дали дома има некој болен,а брат му еве уште е под терапија...Веројатно се плаши случајно да не има знаци за разболување и кај него...Така да,малку веројатно дека ќе не боцнат,ама ајде...Да пробаме!!!user posted image

Уф,дури сега успевам да седнам и да напишам два-три збора..Инаку денес не боцнаа само во ноџе т.е третата и последна доза на Hb,додека за Ди-те-пер ни закажаа за следната среда...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 296
   RE: Вакцинирање на детето
24.3.2010 10:38:13   
Весна
Леле мамички паметот ми штукна! Сабајлево мм отиде до имунологија за да закажеме таму Јана да ги прими ацелуларните ДТП и полио, се` прегледно со упат од матичната, и му рекле дека веќе воопшто немаат од таквите вакцини, нити пак ќе има зашто Министерството за здравство ги укинале, НЕМАЛЕ ПАРИ за да ги набавуваат!!!!
Леле само да знаете колку сум нервозна, загрижена, и се` по ред. Ауф, ми иде да фатам прталите и да ме снема од оваа држава! Ау колку сум лута!

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 297
   RE: Вакцинирање на детето
24.3.2010 11:51:11   
Палешка РР
Како ма ????????? Па Миа следната недела треба да ги прими тие вакцини user posted image
Во Прилеп имаат обичај сите наеднаш да ги стават, ама матичната ми нагласи НИКАКО да не се согласам, затоа што пет дена детето нема да може на себеси да си дојде.
Весна, има ли начин да ги примите на друго место? Кај нас ги има, не е можно да се укинати? Ова ми е нешто сомнително!user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 298
   RE: Вакцинирање на детето
24.3.2010 11:54:08   
mother 29
јас мислам Весна кажува за ацелуларните..оние ги има, стандардните секаде!
кажаа на тв,дека мин . за здравство нема пари за ацелулар вакцини

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 299
   RE: Вакцинирање на детето
24.3.2010 11:58:02   
caci20
A ako gi kupis privatno socijalno ne gi vraka parite ili toa e dolga procedura?

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 300
Страница:   <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?