RE: Интервју :) (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто >> Забава



Порака


Тања РР -> RE: Интервју :) (11.6.2010 0:14:37)

Е па мили мои моите 24 часа истекоа. Се надевам дека сте задоволни од моите одговори и дека сега имате поблиска претстава за мене.

Следен за испрашување е......Snowhite. 




Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 0:18:41)

Си легнав веќе(за прв пат си реков порано да си легнам вечерва), ама како да имав претчувство и станав да видам кој ќе биде следен на жешкото столче. Си легнувам сега да се наспијам за да можам да ви одговарам на прашањата ииии чекам прашања




baby mama -> RE: Интервју :) (11.6.2010 0:26:14)

Од што се плашиш најмногу?

Дали имаш навика да доцниш на закажаниот термин?




amelbebe -> RE: Интервју :) (11.6.2010 0:52:45)

dali si gurman
dali bi se podlozila na plasticna hirurgija
sto ti smeta kaj tebe[fizicki izgled]
koja boja na kosa imas
kako se zapoznavte so mt
ajde dovolno e[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Martins mom -> RE: Интервју :) (11.6.2010 9:04:11)

имаш ли најголема неостварена желба...и ако сакаш сподели ја со рр семејството[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




big_mama817 -> RE: Интервју :) (11.6.2010 9:28:03)

каде на одмор?
дали доколку би имала шанса би се впуштила во мала авантура љубовна?
дали би простила неверство?
дали би простила лага од страна на сопругот?
дали планирате второ дете во скоро време или ?
Кога бев мала сакав да бидам ______________
(доврши ја реченицата)

ајде доста е веќе од моја страна [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] 




arh_diz -> RE: Интервју :) (11.6.2010 9:43:20)

Kolku deca sakas da imas ?
Sto ne ti se dopaga kaj tebe ?
Dali bi pravela plasticna operacija?
Kolku deca sakas da iams ?




elle -> RE: Интервју :) (11.6.2010 9:44:19)

Што сакаш повеќе
1.Сладолед од чоколадо или ванила?
2.Ден или ноќ?
3.Планина или езеро?
4.Благо или солено?
5.Зима или лето?
6.Природни или општествени науки?




Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 10:43:19)

Ајде да видиме[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 10:53:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: baby mama

Од што се плашиш најмногу?
Од неизлечива болест кај мене или кај некој од моите најблиски

Дали имаш навика да доцниш на закажаниот термин?
Како мала кога излегувавме никогаш не можев да стасам на време, стално другарките ме чекаа, мајка ми ми' велеше за срамота само ти се чекаш секогаш, сега се трудам да не каснам, но со бебушот сега повторно не можам да стасам, па затоа сега не се договорам во точно време, ами кога ќе тргнам се јавувам, за да не ме чекаат




niki -> RE: Интервју :) (11.6.2010 11:17:25)

Супер избор на испитаник, ама нешто прашања не ми текнуваат
ај вака:

Дали бебуш беше планиран или не?
Што те прави среќна, што несреќна?
Какви книги сакаш да читаш, наведи една омилена?
Дали во младоста имаше некој идол и кој?
Што повеќе те интересира политика или спорт?

ако ми текне уште нешто пак ќе се јавам со втора тура[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 11:31:53)

ИЗВОРНА ПОРАКА: amelbebe

dali si gurman
Ако гурман значи пребирлив, тогаш не сум, затоа што јадам се и сешто, но сепак, сакам убаво припремени и убаво сервирани јадења

dali bi se podlozila na plasticna hirurgija
Кога Господ ги правел луѓето најпрво го создал Адам, го погледнал и рекол, „Можам јас и подобро од ова“. Мислам дека засега немам потреба од тоа. Имам комплекс само од ушите, но го решавам со тоа што ги покривам со косата

sto ti smeta kaj tebe[fizicki izgled]
Ушите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

koja boja na kosa imas
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]Тоа е релативна работа, природно хм...веќе сум заборавила, природно ми е смеѓа, а низ годините најпрво бев плавуша, потоа направив драстична промена од плава се фарбав црна, потоа почнав да експериментирам, црвена, виолетова, лешник боја, па портокалова, па пак црна, па кафеава, за свадбата ја нијансирав и после тоа пак морав да ја фарбам плава, т.е. русокоса[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] и сега конечно прамените со бланш ги немам повеќе и ја фарбав лешник боја, ама ми излезе кафеава, па понатаму здравје не знам каква ќе биде

kako se zapoznavte so mt
Излегувавме во ист кафич, каде што сите бевме како едно големо семејство, сите се знаевме еден со друг, така да не се сеќавам точно на моментот кога прв пат се запознавме, затоа што имавме многу заеднички пријатели, но се сеќавам на нашето прво дружење,јас и другарка ми и тој со негов другар, кој и беше бивши дечко на мојата другарка,досадна вечер во кафичот и нас и нив и решивме да се возиме со колата од бившиот на другарка ми и отидовме во парк и таму се смеевме цела вечер, не се случи ништо, но тогаш прв пат го запознав подобро и ми беше многу интересен и ми се допадна

ajde dovolno e[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Maca25 -> RE: Интервју :) (11.6.2010 11:34:32)

1. што најмногу ти смета кај маж ти?
2. дали често оговараш?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
3. колку често се гледаш со пријателките?
4. дали си искрена со пријателките?
5. колку ги сакаш свекрвата и свекорот ( со оценка од 1 до 5 за секој посебно)?




amelbebe -> RE: Интервју :) (11.6.2010 11:41:08)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]za odgovorite,opisano do detal
ako mi tekne nesto pak nesto ke te prasam[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 12:42:46)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

имаш ли најголема неостварена желба...и ако сакаш сподели ја со рр семејството[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]


Имам повеќе. Меѓутоа, сакам еден ден да направам место каде што ќе излегуваат младите, место каде што сите ќе бидат едно големо семејство, каде што сите ќе се чувствуваат како дома, место каде што секој ќе може да дојде без разлика дали има друштво или не, односно да може да дојде сам и таму во секој момент да има некој за дружење. И кога ќе порасне да рече „Еее, таму јас ја поминав младоста и најубавите години од животот“. Јас кога растев имав такво место. Тоа место ќе биде нешто како кафич, но различен од другите, нешто како што е, или беше, New Age во Скопје, тие што биле знаат какво е тоа место




Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 12:51:51)

ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

каде на одмор?
Па ова лето  ќе прескокниме, најверојатно ќе го поминам на базен кај мојата другарка

дали доколку би имала шанса би се впуштила во мала авантура љубовна?
Не вреди она што сме го граделе толку години, и што толку многу труд сме вложиле, да го упропастам за мала авантура, бтв, имав шанса, но не ја искористив

дали би простила неверство?
Повеќе пати сум си го поставила ова прашање, што би направила доколку сопругот ме изневери, дали би му простила, навистина не знам, ако не му простам, значи дека треба да се разделам од него, а не можам да го замислам животов без него, а од друга страна ако му простам, не знам дали ќе можам да живеам со тоа сознание, се надевам дека нема да се случи тоа, а ако се случи дека нема да дознаам

дали би простила лага од страна на сопругот?
Зависи од лагата, понекогаш лагата е подобра од вистината, ако има добра причина за тоа ДА

дали планирате второ дете во скоро време или ?
Бидејќи се породив царски не смеам да забременам во следните 3 години, а од секогаш сакав децата  да ми бидат на мала разлика

Кога бев мала сакав да бидам стујардеса[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
(доврши ја реченицата)

ајде доста е веќе од моја страна [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] 
ОК




Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 12:59:20)

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Kolku deca sakas da imas ?
Сакам да имам еден куп деца, но зависи од финансиите, кога бев помала размислував дека ако имам многу пари ќе имам 4-5 деца, а ако не само едно за да можам тоа да го задоволам со тоа што му треба, но сега не сакам да го оставам само, така да 2 секако, а за повеќе ќе видиме

Sto ne ti se dopaga kaj tebe ?
Тоа што сум многу нервозна личност, знам за ситница, за ништо да се изнервирам, да избувнам

Dali bi pravela plasticna operacija?
Ова го одговорив претходно

Kolku deca sakas da iams ?
?? Вторпат, толку многу сакаш да знаеш колку деца сакам да имам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


Арх_диз имаш право на уште прашања со оглед на тоа што 2 се повторуваа




Тања РР -> RE: Интервју :) (11.6.2010 13:08:46)

Snowhite

1. Чекаш ли ред во банка, пошта, болница... или гледаш да најдеш некој познат за да завршиш побрзо?
2. Разговараш ли со непознати во чекална, со таксистот, со човекот до тебе во автобус....?
3. Излегуваш ли по тренерки до продавница или мора да си скоцкана?
4. А пиеш ли кафе со комшивки?
5. Храна што не можеш да ја поднесеш е?
6. Знаеш ли да месиш и сукаш зелник?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
7. Кога се сеќаваш на детството на што прво помислуваш?
8. Магла - што прво помислуваш кога ќе го слушнеш зборот?


Овие прашањата излегоа како за психоанализа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Ај подоцна ако имам инспирација ќе те помалтретирам уште малку.




Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 13:11:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

Што сакаш повеќе
1.Сладолед од чоколадо или ванила?
Не обожавам сладолед, но чоколадо

2.Ден или ноќ?
Ноќ, ноќта од секогаш ми била волшебна, како некоја магија да преовладува, затоа сум ноќна птица

3.Планина или езеро?
Планина

4.Благо или солено?
Солено

5.Зима или лето?
Пролет[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]А од овие две лето

6.Природни или општествени науки?
Хм..па општествени, макар што од природните сакам биологија и географија





Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 13:19:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Супер избор на испитаник, ама нешто прашања не ми текнуваат
ај вака:

Дали бебуш беше планиран или не?
Па вака, со оглед на тоа што стамбеното прашање не ни беше решено, јас само што се вработив, а од друга страна претходно стално чекавме нешто друго да се случи или да помини, решивме да не чекаме, ниту да брзаме, да биде спонтано, кога Бог ќе сака тогаш иии тогаш сакаше[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

Што те прави среќна, што несреќна?
Во последно време, насмевката на мојот син, ме прави најсреќна, а нереќна доколку дознаам дека на некој мој близок му се случило нешто неубаво, а не можам да му помогнам

Какви книги сакаш да читаш, наведи една омилена?
Сакам да читам многу и книги и се и сешто, се што ќе најдам, но најмногу го читам Хесе и Пауло Коелјо, имам многу омилени, но еве Сидарта од Херман Хесе

Дали во младоста имаше некој идол и кој?
Сум немала идол, кога се запишав на факултет кратко време идол ми беше деканката на факултетот, но се разочарав и од нејзе, хехе

Што повеќе те интересира политика или спорт?
Ни едното ни другото, но ако треба да бирам спорт

ако ми текне уште нешто пак ќе се јавам со втора тура[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Ајде те чекам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





Палешка РР -> RE: Интервју :) (11.6.2010 13:22:21)

О, сограѓанке, жешко денеска кај тебе [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Вака:

Што мислиш за патеката на славните пред Домот на културата?
Дали се согласуваш дека населбата во која живееш е со право наречена "гето"?
Оставаш ли кеса со отпад да преноќи пред врата (прилепски обичај[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image])
Дали мислиш дека Прилеп го издигна Марјан Ристески (градоначалникот)
Го сакаш ли својот град?




Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 13:30:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

1. што најмногу ти смета кај маж ти?
Ми смета што знае после ручек да заспие и да се комира толку многу што не можам да го разбудам, ниту знае што се случува околу него, ниту памти, ако сум излезена и ако му се јавам нешто да направи, после тоа не памти дека сум се јавила, а најмногу што знае дека така му се случува и пак секој ден легнува да преспие

2. дали често оговараш?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Не, никогаш(сигурно нема да ми верувате на одговоров)

3. колку често се гледаш со пријателките?
Доста често, 2-3 пати неделно, сега се разбира сите сме со обврски некогаш се случува и недела или две да не се видиме, порано имавме традиција, секоја сабота излегувавме на кафе, ама потоа некако, со деца, со работа, ја прекинавме таа традиција, но планираме повтроно да ја вовдеме

4. дали си искрена со пријателките?
Да

5. колку ги сакаш свекрвата и свекорот ( со оценка од 1 до 5 за секој посебно)?
Колку можеш да сакаш свекор и свекрва, ги сакам, имам свекрва злато, ми помага, никогаш не ме одбила за ништо, но сепак таа е само свекрва, еве свекрва ми со 4, свекорот со 2(го сакав повеќе, ама заради моменталната ситуација..)





Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 13:45:15)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Snowhite

1. Чекаш ли ред во банка, пошта, болница... или гледаш да најдеш некој познат за да завршиш побрзо?
Зависи, ако сум приватно, чекам да, ако сум службено, обично имам да завршам уште неколку работи на повеќе места, така да не чекам само ги оставам документите и се враќам по нив

2. Разговараш ли со непознати во чекална, со таксистот, со човекот до тебе во автобус....?
Прва никогаш не почнувам, ако почнат ќе поразговарам малку, но не се впуштам во опширни дискусии

3. Излегуваш ли по тренерки до продавница или мора да си скоцкана?
По тренерки

4. А пиеш ли кафе со комшивки?
Не, освен кога комшивки ми беа другарките, додека не бевме мажени[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]


5. Храна што не можеш да ја поднесеш е?
Нема таква, јадам се

6. Знаеш ли да месиш и сукаш зелник?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Се уште не знам, но сакам да се научам

7. Кога се сеќаваш на детството на што прво помислуваш?
На бескрајната игра на улица, со децата од маало, на дружењата со моите другарки,ех...колку само се забавувавме

8. Магла - што прво помислуваш кога ќе го слушнеш зборот?
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]Ништо


Овие прашањата излегоа како за психоанализа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] . Ај подоцна ако имам инспирација ќе те помалтретирам уште малку.
Ајде имаш право на тоа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 13:55:30)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

О, сограѓанке, жешко денеска кај тебе [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Вака:

Што мислиш за патеката на славните пред Домот на културата?
Чиста глупост,трошење пари, само се чудам кои славни ќе ги стават тука

Дали се согласуваш дека населбата во која живееш е со право наречена "гето"?
Кратко време живеам овде,па најверојатно поискусните со право ја нарекле така

Оставаш ли кеса со отпад да преноќи пред врата (прилепски обичај[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] )
Не, на тераса ги оставам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Дали мислиш дека Прилеп го издигна Марјан Ристески (градоначалникот)
Па, можеби го среди малку, да личи на град, но не мислам дека го издигна, има уште еден куп работи за средување, кои се поприоритетни од фонтаните, шахот, патеките на славните итн

Го сакаш ли својот град?
Не, се чувствувам како да сум затворена во една соба со четири ѕида, четирите ѕида се обоени во различни бои, но сепак се само тие четири, едноставно се гушам во градов





Snowhite RR -> RE: Интервју :) (11.6.2010 13:57:14)

Ајде да направам пауза сега, еве и МИхаил се разбуди, па подоцна ќе продолжам, прашувајте слободно




Страница: <<   < Претходна страница  8 9 [10] 11 12   Следна страница >   >>