Тања РР -> RE: Интервју :) (10.6.2010 14:53:47)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki Доста од мене овој пат, а сега на Тањичка да и поставам неколку прашања: Се каеш ли што ја отвори темава? Ни најмалку. Баш ми е мило што одлучив да го сторам тоа иако се премислував неколку пати пред да ја отворам. Дали си сеуште вљубена во сопругот или те помина тоа чувство и сега само многу многу го сакаш? Само многу го сакам. Вљубеноста поминува, мислам нездраво е постојано да се чувствуваш како во облаци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Колку години имаш и дали ги кажуваш вистинските или криеш по некоја? Имам 25 (скоро 26) и сеуште не сум почувствувала потреба да скријам некоја. Колку деца планиравте пред брак и дали сега плановите се променија, колку планирате сега? Јас и пред бракот планирав да имам само едно дете но мм сакаше две. Бидејки работите излегоа такви какви што излегоа, Јана се роди предвреме од непознати причини и со сопругот поминавме низ една агонија која никому не му ја посакувам, решивме дека не би можеле да поднесеме уште еднаш да го доживееме истото. Мм сеуште се надева дека некој гинеколог ќе не убеди дека со второто дете нема да се случи истото, но јас не би ризикувала. Господ нека ни ја чува Јана жива и здрава, јас ќе бидам задоволна. Дали би се иселила од Мк, каде и зошто? Немам особена желба да ја напуштам Македонија, но ако тоа некогаш се случи ќе биде заради исполнување на мојот животен сон да работам на некое научно истражување. Никогаш не би се отселила за да ја работам истата работа како и тука само за поголема плата. Имаш ли хоби и кое? Ако читањето се смета за хоби тогаш имам. Читам многу уште од мои 12 години. Што е константа во твојот живот, што никогаш, никој и ништо не може да го смени? Љубовта кон ќерка ми е единствената непроменлива работа. Каква мајка си и каква ќе бидеш кога ќе стасате до пубертет? Многу се трудам да бидам добра мајка и ќе продолжам да го првам тоа. Не знам дали е можно да бидеш добар родител за дете во пубертет но ќе се обидам да бидам тука за ќерка ми секогаш кога ќе и притреба некој за да разговара. Ако успеам да и се најдам толку колку што моите ми се најдоа мене, ќе бидам задоволна. Осум прашања со подпрашања, доволно те измачив.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Фала[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
|
|
|
|