niki -> RE: Интервју :) (10.6.2010 9:19:35)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka Ники е уникатна [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif] Ники, такви се бараат на пазарот на трудот [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] Ги прочитав сите прашања по ред, пред да поставам некое и јас, за да не се повторувам... Благодарам, сите сме си уникатни на свој начин, а од кај го извади ова за пазарот на трудот да ми е да знам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Дали лесно се привикна на грчката средина? Да, не се тие многу поразлични од нас Колку време беше во врска со мт пред да стапите во брак? Како комунициравте? Врска на далечина - електронски или се посетувавте често еден со друг? 6 месеци комунициравме на нет, потоа се запознавме во живо, две години врска на далечина и се посетувавме, 2 пати по три месеци живеевме заедно и преку телефон одлучивме дека треба да се венчаме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Дали живеевте заедно пред влегувањето во брак? одговорив погоре. Што е во хороскоп мт? скорпија Дали често се карате? На почеток многу почесто, сега кога како една недела се немаме скарано воопшто, пред тоа цел месец го поминавме без караници. Најчесто се караме кога сум во ПМС или кога е свеки тука, не дека таа буцка, но бидејки и двајцата сме навикнати да живееме сами. По колку време од населувањето во Грција со мт се здобивте со пријатели? Мм живее тука повеќе од десет години и кога го запознав веќе имаше пријатели, па така неговите се и мои пријатели, а стекнуваме и нови, преку работа, преку детето преку веќе постоечките пријатели. Дали имате време и практикувате ноќни излегувања? Ако одговорот е потврден - во какви локали најчесто одите? Време имаме, но имаме и дете, а немаме никој наш да ни го причува па не практикуваме ноќни излегувања, туку дневни. Кога е свекрва ми тука тогаш излегуваме, но не многу често, најчесто одиме во ноќен клуб на едни наши пријатели или по договор ако излегуваме организирано со некој друг. Ај доста е, да не те заморуваме премногу [sm=smiley1.gif] П.С. Дечки навистина кратко е времето за интервју - само што ќе добие човек идеја за прашања - друг на столчето [sm=smiley1.gif] Секако за испитаникот е олеснување и спасување од потешки прашања [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] Времето е можеби кратко, но оној кој одговара тој ден и баш нема време за ништо друго освен на темава да и се посвети, уште ако се собираат прашања од два дена мислам многу ќе ни се собере, сепак сите имаме и други обврски.
|
|
|
|