Fiao -> RE: Интервју :) (13.1.2013 14:34:11)
|
1. Јас искрено не го познавам тоа чувство на љубомора, ама најсериозна сум. Некои ми се чудат, ама јас воопшто незнам како тоа изгледа и ако тоа е чувството што се развива кога мт е во присуство на други жени, јас можам да кажам дека тогаш се чувствувам многу горда на него [sm=smiley1.gif]. Штом му се навертеле жени, значи дека вреди нешто повеќе нели? [sm=smiley1.gif] Шала на страна, за мене љубомората е губење време... Ако му верувам - му верувам 100%, ако не тогаш џабе си го губам времето со него (и онака никогаш нема да му верувам) 2. Многу сакам да читам, многу ретко го правам тоа, мислам дека за тоа е виновен мојот темпераментен карактер кој не ми дозволува многу да седам во едно место. А кога читам, сакам добра крими книга. 3. Во хороскоп сум дупли стрелец и многу сум горда на мојот хороскоп [sm=bravo.gif]. Отсекогаш сум верувала во хороскоп, сметам дека на луѓето според хороскопот барем основните црти од карактерот може да им се прочитаат. 4. Обично скршени чаши не би сакала да лепам. Не простувам неверство во било кој облик. Кога велам неверство, не мислам само на тоа мм да ме извара со некоја друга жена, мислам на било кој човек кој ја имал мојата доверба и на некаков начин ме изневерил. 5. Хехе и мене ова прашање многу ми го поставуваат, а јас секогаш велам да го знаев овој маж порано - и порано од тоа ќе се омажев! Истиот ден кога ме побара двајцата посакавме да имаме дете. (искрено немам воопшто добро мислење за браковите кои се склучуваат САМО затоа што жената е трудна, што не велам дека е случај кога жената забременила пред брак, но тоа е направено од љубов) И ова се супер интересни прашања... ама ја очекував со нешто попровокативно ќе нападнете хехе [sm=jezicek.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi Фиао еве неколку прашања и од мене: 1. Дали по природа си љубоморна жена? 2. Дали читаш книги? Ако да, какви книги преферираш? ( одговорот не мора да е во сегашно време, бидејќи знаеме сите колку е зафатена денешната мајка и жена) 3. Што си во хороскоп? И дали воопште веруваш во хороскоп? 4. Што никогаш не би простила? 5. И едно прашање што многу често ми го поставуваат мене, а никогаш не сум го поставила јас на некоја жена, а еве сега ми се пружи прилика кај тебе а тоа е: Зошто се омажи толку млада, знаејќи го фактот дека не се омажи трудна? [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|