Напади на бес кај мали деца (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


big_mama817 -> Напади на бес кај мали деца (14.7.2009 15:53:41)

dali nekoj moze poveke ili da me upati na nekoj saj kade poveke mozam da doznam za napadi na bes kaj mali deca sin mi ima 21 mesec vie neznaete koga ke dobie napad na bes vristi saka da povraka place [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]  pomos kako da postapam ako ima nekoj nekakvo iskustvo neka pise fala




Еца -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.7.2009 18:25:06)

E Биг мама, јас поминав низ ова но малата кога имаше година, таа дури кога ќе почнеше да плаче таа, и повраќаше.И нормално ние со маж ми во несвест паѓавме и се така...додека маж ми еден ден не се врати од работа и не ми кажа за ситуацијата на една негова колешка која има ќерка 6 години.Кога имала напад на бес завршувал со паѓање во несвест.Тоа траело подолго време и родителите ја однеле на клиника.Ги направиле сите можни анализи и испитувања и кога докторот, невролог го погледнал му рекол на девојчето да излезе на кратко.Детето здраво, право...Им рекол нареден пат кога ќе сака да ви направи така ке му плеснете една убава шлаканица(бидејќи и онака ја плескале и прскале со вода за да се освести) да ја заболи и нека плаче.Оставете ја и не реагирајте никако. Еднаш само го направиле тоа со шлаканицата и таа никогаш повеќе од тогаш не паднала во несвест. Ова ме наведе да поразговарам со педијатарот кој ме советуваше да ја игнорирам.Од како ми го кажа ова, набрзо имаме напад на бес, таа поврати, а јас не паничев туку само и реков ако ако повраќај, ја земав и во вц ја мијам, наредниот пат така, ако ако...трет пат немаше, ќе почнеше да плаче и кога ќе приметеше дека и се повраќа, престануваше со плачење.Така да мој совет ти е да го игнорираш па да видиш каква ќе биде неговата реакција. Децата користат се што е во нивна моќ за да го добијат она што го сакаат.




mami -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.7.2009 19:04:33)

И лука почнува со напади ама засега сме само со трескање од земја и вриштење и тогаш едноставно го оставам да лежи и вришти и гледам да му го свртам вниманието на друга страна и обично помага




katence -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.7.2009 22:58:45)

da da samo ignoriranje ostavi go neka se treska od zemja i vristi,ednas dva tri pati i ke vidi nema fajde i ke prestane.sin mi proba nekolu pati i se otkaza[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Еца -> RE: Напади на бес кај мали деца (4.8.2009 0:19:04)

Еве еден прексрасен текст за темата.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

Можеби ќе ви звучи чудно,  но повремените напади на бес кај малите деца придружени со врискање и одбивање на послушност се всушност нормална појава и не значи ништо лошо. Бурните реакции и своеглавоста се важни и неизоставни чекори во процесот на осамостојување на детето. Малото дете има потреба да ги изрази своите потреби и негодувања, меѓутоа заради недоволно развиените говорни способности, тоа сеуште неможе да го направи со зборови.
На двегодишна возраст децата не умеат да ги контролираат своите чувства, па често можат да ги ослободат поинтензивно. Овие чувства во конбинација со незадоволството кое го предизвикало, резултираат токму со напад на бес. На оваа возраст децата сеуште не се способни да рамислуваат рационално, па ако ги прекинете во некоја активност ( на пример ако цртаат и вие ги викнете за да ручаат) може лесно да се налутат. иако цртањето можеби не ви се чини толку важно, за детето тоа во моментот е најважната работа во која ужива, а вие сте го прекинале. Секогаш имајте на ум дека се работи за нормална фаза од менталниот развој на детето, која наскоро ќе ја надмине. Испадите на бес сo плачење, удирање, фрлање на под и врескање обично се јавуваат околу 18 месец од живото и можат да траат се до претшколска возраст имаат и различни причини за лутење. Без разлика на возраста и интензитетот на детската реакција, најважно се вашата смирености методите со кои ги третирате различните однесувања.




mother 29 -> RE: Напади на бес кај мали деца (4.11.2009 13:23:23)

Мерко вчера  во "елемент", со чаша ,мавна накај тв(дека е закачен за ѕид и е пониско) за малку го промаши.....и колку се изнервирав, ми се поклопија притисоците и добро го искарав и изеде 2-3 по газицата!леел кога само ке ми текнеше што мажожеше да се случи?![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




profesorica -> RE: Напади на бес кај мали деца (4.11.2009 13:25:47)

уууу и на Дамјан му се случуваат вакви напади, го прифаќаат на моменти.




Maca25 -> RE: Напади на бес кај мали деца (4.11.2009 13:40:43)

Нина иако е многу мала заат да ја фатат такви напади. тогаш ако е во дубак трча и се мава во нешто, најчесто ѕид и почнува да вика. Или пак гризе со малите оштри запчиња. Уф колку боли. Знам и да ја искарам, и сите ми викаат дека не разбира, ама јас мислам дека ме разбира затоа што одма плаче и ме гушка. 




mami -> RE: Напади на бес кај мали деца (4.11.2009 14:31:20)

море разбираат се, Лука почнува се почесто со тие напади на бес и во последно време почнува да вришти, па знам и да му подвикнам и да го плеснам по рачето ако фрла нешто- на тој начин покажува дека е лут, зема тоа што му е најблиску и со цела сила го фрла на земја...




big_mama817 -> RE: Напади на бес кај мали деца (4.11.2009 14:49:53)

леле и син ми особено последниве две недели е многу нервозен и најчесто целата нервоза завршува со овие напади на бес незнам што да правам вришти,гребе,легнува на земкја и удира со нозете, неподнослив е




Mila na mama -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.11.2009 0:11:08)

Сеуште не сум се соочила со ова веројатно Мила е сеуште мала ама ќе ви кажам пример од една познаничка. Нејзиното дете секогаш кога не му беше нешто по негово легнуваше на под и вришти плаче се треска независно дали е дома, во маркет, на улица... А таа пак не отстапуваше никако кога ќе му каже нешто си останува доследна на тоа и он може да вришти колку сака таа се врти на страна и се прави дека е зафатена со нешто сосем трето, ама со крајот на окото внимава на него да не се повреди или да не направи некоја др. глупост. Малиот неколку пати  се обиде да и го привлече вниманието буквално оди и вришти и ја влече, а она се врти и мртва ладна му вели Мартине кога вриштиш и плачеш ништо не те разбирам и пак си продолжува со својата занимација. Кутриот Мартин виде дека не му пали вриштењето па се предомисли и почна да бара друга тактика. По некое време заборави на нападите на бес и влезе во фаза на досадно убедување. 100 пати на ден смислуваше причини зошто нешто треба да биде по негово и 100 пати на ден ја убедуваше дека треба да му дозволи.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Еца -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.11.2009 0:13:56)

Леле Мила на мама како да ме опишуваше мене[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]Исто и јас така постапувам со Мартина и среќна сум што сега кога во продавница за нешто ќе и речам неможе, таа за чудо не реагира, но затоа кога ќе оди со друг, страшно...




Mila na mama -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.11.2009 0:16:59)

Јас ќе учам од вас па кога ќе стигнеме со Мила до таа фаза успешно ќе ги применувам искуствата ( се надевам)[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mis. -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.11.2009 0:23:30)

Обично ако на децата им се угодува постојано без да им се рече НЕ нивните желби постојао растат и можат да постанат толку големи што можат да станат и невозможни за исполнување.Децата бараат  слабост кај родителите и во случај ако ја добијат манипулираат итро со неаза да дојдат до посакуваното.Зтоа мислам дека на се треба да се има мерка.




mami -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.11.2009 16:31:25)

луѓе помагајте..незнам веќе што да правам со Лука..се почесто го факаат напади на бес и тогаш само писка по сите и фрла на земја се што кему дојде до рака. А ако пробаш да го скараш удира по лице...Пробав и да го игнорирам, и да му вратам со мало плеснување по рачето и да му подвикнам, ама ништо, апсолутно ништо не пали. И кога е он таков, за секунда ме фаќа и мене нервоза и дома е една фино напната ситуација..




niki -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.11.2009 16:53:19)

Наоружај се со многу трпение бидејќи сега тек почнува со напади на бес и како ќе расте уште повеќе
ќе ги има.  Скоро три години има мојава и уште не сме нашле лек за тоа, освен што кога ќе почне да вришти ја игнорирам само внимавам некако некого или самата себе да не повреди. Погоре убаво има напишано Елена додека не научат вербално да го изразуваат бесот така реагираат и сосема е нормално. Само немој да правиш грешка и со цел да го смириш да му дозволуваш сешто и да му удоволуваш, зошто нема крај така и уште полошо ќе станува.
Јас ја ставам на безбедна површина да се излудира а ако проба да ме удри и ги фаќам рацете,  сигурно сум посилна од неа, таман работа ако може уште сега да ме совлада. Не е пријатно, нити убава слика за гледање уште помалку за слушање а најтешко е да останеш смирен, ама само со смиреност побргу се решава беснеењето.
И секој ден има нова причина да се беснее, таман ќе си речеш добро тоа го решивме, нов тест на кој треба да поминеш. И ова во различни варијанти цел живот не очекува.




mami -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.11.2009 17:00:58)

леле јас откако се породив сум тенка со живците, ама ептен тенка и не ме држи многу трпението..ама убаво викаш Ники, допрва почнува...а таков инат е невиден, и сака се сам да прави- што дополнително ги отежнува работите...




pacuvce -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.11.2009 17:02:04)

Luge se se toa fazi.I nie ja imavme fazata na udiranje.lele kolku mi bilo neprijatno koga vo javnost ke me udri pred nekoj,mi idelo vo zemja da propadnam.Megutoa,ja nadminavme taa faza nekako so tek na vreme i MNOOOGUU trpenie.Ama sekako i da ne se dopusta se sto ke posaka.Ajde ke pomine i toa...




Еца -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.11.2009 18:02:19)

Го поминавме ова и што да кажам освен дека со тие напади на бес всушнот ги контролираат нашите граници на трпение. Единствени што ми помагаше е да и го свртам во секунда вниманието кон нешто друго, како и многу, многу разговор. Нема единствена формула за справување со различните фази низ кои поминуваат децата, сепак мора секој да се најде соосвете начин тоа да се надмине со помалку нервози. А знам колку тоа е тешко кога си изнервиран за сосема десета работа, а детето токму тогаш ти ги тренира живците. Ама сепак секогаш повторувајте дека тие се најмалку криви за се што ни се случува во нашиот живот.




mother 29 -> RE: Напади на бес кај мали деца (27.11.2009 13:40:31)

мојот нешто е нервозен во последно време ,се буди и рита со нoзете...што ке да е?!

дали пак е таков по природа,нервозен!?па зар уште сега се манифестира тоа во табиетот?
а лугеееее!?




mother 29 -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.12.2009 12:49:59)

aj de ne otvaram nova tema!malku da razmenime iskustva!
мојот во последно време е неподнослив,се нешто не сака,не таа блуза,не тие патики,не палтото го стега...и врв беше вчера на банање ..не таа крпа!?
никако не дава да го облечам,секое облекување,напад на бес!?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




profesorica -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.12.2009 12:54:04)

и Дамјан е многу бесен и нервозен ама изгледа од забчињата ќе да е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mis. -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.12.2009 12:55:02)

И ние кога бевме на таа возраст како Марко го имавме истиот проблем посебно кога треба да се оди во градинка.Не се секирај тоа е само период кој ќе му помине само дај му до знание дека секогаш не мора да биде како тој сака,дека нема други панталони,јас сум да се знае кој е авторитет.Тоа се учи уште додека е мал.




mother 29 -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.12.2009 12:57:17)

му ги облакам се тие работи што сум ги спремала,не е по негово,ама ме иритира работата,не знам друго што да правам цела кука ја крева во вис ,како да го колам-господ да чува!и со мм се караме..што му е ,па што му е?




evgenija -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.12.2009 12:57:53)

i moeto e nervozno, ne saka da se oblekuva, podednakvo kako sto ne saka da se soblekuva no so malku piskanje, malku karanje pominuva




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>