RE: Напади на бес кај мали деца (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


vezilka RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (22.8.2013 16:32:22)

Миана, и јас ќе речам да не е исплашена од нешто. Или дури не мора ни исплашена, туку само вознемирана. И внука ми така некогаш ја фаќаа некои периоди, ноќе се будеше и плачеше до хистерија. И докторот им викаше дека е преосетлива (ии навистина е) и ги преживува повторно и повтопрно настаните. Сестра ми во такви моменти и даваше неколку дена бедоксинче да пие, за да може да спие, нормално во консултација со матичниот. И Никола некогаш се буди среде ноќ и плачи, вришти, ама некако го смируваме, не е плачење до падавица. И тоа со замижани очи, дури како да спие сеуште, ама ни одговара на прашања. И тоа трае неколку денови. Ние поминуваме така, без бедоксинчиња. Сестрами со внуката не може така, оти детево плаче до хистерии.




miana -> RE: Напади на бес кај мали деца (22.8.2013 16:40:22)

Сега ќитам и на други форуми овие напади на бес се викале ТАНТРУМИ и често им се случувале на децата,но мене ме плаши тоа што некои пишуваат дека им траат многу долго.Размислувам да појдам докај детскиот психолод Белевска и да се консултирам.Преплашена сум ,неможам веке[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




mommy_angels RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (22.8.2013 17:29:06)

и мое мислење е дека детенцето нешто е испласено,незнам колкаво е ама ако можеш да разговараш со неа прашај ја што сонува или некако да разбереш од нешто да не се исплашила па да го сонува тоа.И моето знае да плаче во сон и се смирува кога ја земам,ако ја оставам до нас си спие ,а во креветчето повторно плаче,ама се е тоа во разумни граници . Не ти е лоша идејата да разговараш со стручно лице,секој совет ти е добредојден




miana -> RE: Напади на бес кај мали деца (22.8.2013 17:34:37)

Керками има 20 месеци и сеуште не зборува јасно за да ми објасни што и се случува а и како што напишав претходно во моментите на бес таа не е свесна...




sandriana RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (22.8.2013 17:36:47)

Ние вакви епизоди имавме пред неколку месеци, и траеа да речеме месец, два и се повторуваа на неколку вечери. Исклучиво ноќе се случуваа, по еднаш - двапати во ноќта, по 20тина минути отприлика. Детево буквално од раце ми се тегнеше, ако ја оставев на кревет, се трескаше од креветот, коко во некој дилириум - очи отворени, а несвесна.
Почнав да и давам Б6, скоро цел месец, пред спиење, и се реши проблемот.




mommy_angels RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (22.8.2013 17:43:57)

добро тоа веќе е мала,мислев да не е поголемка,па преку ден да ја подраспашаш што прави ,што и се случило тие денови и нешто слично ,ама тоа не бива малечко е
а ова со Б6 некако ич не ми се допаѓа за децава,сте разговарале ли со лекарите? Што е нивното објаснување? Ме интересира дека веќе ви кажав и моето ми прави во поблага форма вака,ама никогаш не се знае




Bethany -> RE: Напади на бес кај мали деца (22.8.2013 18:42:06)

Тантруми се напади на бес ама кога детето бара нешто и сака да добие нешто, па на таа возраст не може и не знае да се исконтролира па хистерише, кога открива сопствената волја па ги испитува границите до крајност, ама тоа што ти опишувааш е само на спиење , нели? Мислам дека е некоја фаза, можеби е сонувала нешто, па беше исплашена, па сега спиењето поврзува со таа траума [sm=zmeden.gif]
А кога почна со такво однесување? Да не кога отидовте на море? Можеби така реагира поради промената?

И мојот син од време на време знае да се разбуди со плачење и тоа така одеднаш почне да плаче во сон, ама па и бргу се смирува, и тоа ми изгледа како да сонувал нешто, бидејќи не е нешто загрижувачки.
Разбирам дека ти е стресно, пробај да спиете заедно еден период, можеби така побргу ќе се смири и ќе преброди, зборувај и нонстоп дека ти ќе бидеш тука до неа, да се почуствува посигурно... [sm=zmeden.gif]
Ако ептен гледаш дека не се поправа ситуацијата, разговарај со некое стручно лице.

Б6 е витамин, може ли да шкоди?




miana -> RE: Напади на бес кај мали деца (22.8.2013 23:03:29)

Бетани,ова почна после 10 тиот ден на одмор..Почна за се нешто да се лупа од земја,а најизразено е пред спиење и во текот на нокта.Како минуваа деновите се поизразено и поизразено.Еве дома сме втор ден,денес има маааааало подобрување..Денес вриштеше еднаш кога јас влегов од друга врата,па таа помисли дека си заминав,потоа вриштеше за време на јадењето бидејки не и давав да јаде сама. Ете така е нетрпелива,но најстрашното е кога и се спие или додека спие.




bucko mal -> RE: Напади на бес кај мали деца (22.8.2013 23:20:54)

miana jas bi te sovetuvala da odite na psiholog.Mozebi jas deka vidov maka so golemiov sin I zatoa taka razmisluvam.Si vikam da pobarav strucna pomosh porano,nemashe da dojde do toj stepen na negovata pet godisha vozdrast.Psihologot razgovara so roditelite I deteto go nabljuduva kako se odnesuva.Vas roditelite ke ve sovetuva kako da se odesuvate so deteto.Da nesei popustliva,da gradish avtoritet I nikako da placesh koga ona place.
Sakam da kazam deka psihologot ne e nishto strashno,sepak treba da go pogodish.Inaku samo mozesh vremeto da si go gubish I pari da frlash.
B6 I jas mu davav I go davaat I na bebinja,neznam kolku e steten ama covek koga ima maka ke dava,sto da pravish.

Golemiov sin,imashe strashni napadi na bes.I sekogash si naojgav pricina,zoshto e toa taka,demek faza mu e,pa od gradinka mu e I itn.Sega mozam da kazam deka nisto od toa ne bilo,deka ednostavno takvo si bilo deteto.I odam protiv strucnite lica I ke kazam deka genite imaat golema vaznost tuka iako me ubeduvaat deka genite nemaat vrska so karakterot na deteto,se e do vospituvanjeto.
Koga ke go sporedam bebushov(ima 11m)so golemiov sin na taa vozdrast,se gleda ogroma razlika.Znaci I bebushov znae da se naluti,da zaplace ama da krshi igracki,da tepa ne.Ushte e rano koj znae kolku ke smeni ama go nema toj bes I lutina vo negovite oci.Toa sto go imashe golemiov I na sekoj nacin gledashe da napravi nekoja shteta.
Od site ispituvanja sto mu gi napraviv,nemashe dijagnoza nikakva naprotiv mu izleze pogolemo nivo na intelegencija za negovite godini.
Znaci,se se bilo od mnogu sto mu bilo dozvoleno I si igral majtap so nas.
Sega napravi 10g napadi nema.a I nemoze da ima zatoa sto ima mnogu pocituvanje sprema mm.A mene seuste dushata mi ja vadi.Karakterot mu e katastrofa.Sto da mu pram moj si[sm=smiley13.gif]




vezilka RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (22.8.2013 23:51:43)

Тоа што детето вришти и се треска од земја преку ден кога нешто не му е удоволено е една работа, и точно и е возраста кога се појавува таа фаза за прв пат. Ова ноќе, кога вришти во несвесна состојба, тоа е друго, тоа детето ги преживува работите кои му се случуваат преку ден, ама ги преживува многу интензивно. Секоја промена може да предизвика вакви напади, немора да значи дека се исплашило од нешто конкретно, којзнае што им се врти во тие главчињата, а не знаат да ни кажат. Во такви ситуации најдобро е да се смири детето, да се врати на секојдневните рутини. Инаку напоменав горе дека апченцата никако не се земаат на своја рака, туку во консултација со доктор. И јас не сум за апчиња, еве на Никола не сум му дала иако имал неколку вакви епизоди, ама тие на Никола, со тие на внуката не се споредуваат, таа просто се мачеше при тие напади.




Felly RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (23.8.2013 8:30:00)

Се согласувам со Везилка дека е различно кога се случува преку ден, и навечер. Ноќе додека спие баш така - детето ги преживува сите работи што му се случиле во текот на денот. Може и останал некој страв од претходно, без разлика што, мора ти да бидеш смирена, за да можеш да ја смириш и нејзе.
Еве тука ја имаш и денешната статија за тантруми.




Bethany -> RE: Напади на бес кај мали деца (23.8.2013 9:00:36)

Миана, по твојот последен пост јас заклучив дека таа е едноставно во таа фаза со тантруми. Кај некои деца се поинтензивни, вероватно зависи и од темпераментот , карактерот на децата.
Мислам дека секое и најмало незадоволство искажува со вриштење, па посебно ако има приметено дека го добила вашето внимание и тоа можеби уште повеќе користи. Не сака да спие па најмногу се буни тогаш. А во спиење, ти кажав и мојов се буди така, еве последните две ноќи неколку пати се разбудува со силно плачење, па помине после неколку дена. А твојата сигурно и тоа во сон уште поинтензивно преживува, како и се друго.
Ете баш во статијата пишува дека кога дојде до таква хистерија, да се обидеш да бидеш смирена, да не покажуваш паника, страв или немоќ, да не се стресуваш и ти со неа, туку нека излезе тоа од неа и токму кога плаче да се обидеш да ја утешиш.
Ќе помине, само треба смиреност и трпение [sm=smiley31.gif] Знам дека е лесно да се каже, ама па тоа е вистина. Ќе одрастат тие, а нам косите ќе ни обелеат, мојата веќе почна да седи [sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Напади на бес кај мали деца (23.8.2013 9:11:58)

Nas dva tri pati ne ima fateno vakov bes,da se razbudi sred nokj,i da place da vristi,bas taka so otvoreni oci ama vo bunilo celata pospana...i ja se imav vadeno od pamet,i zboram ja prasuvam sto i e ne mi odgovara samo vristi...Vo takvi momenti ja zimav vo race ja guskav ,ke pocnev da ja niskam vo race da ja smiruvam poleka i zborev na uvce i i peev nekoi tivki pesnicki,ili ke pocnev nesto da i kazuvam-raskazuvam,i taka vo race mi zaspivase..




vezilka RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (23.8.2013 9:29:39)

Да мноху е битно во.тие моменти да бидете смирени. Јас не можам да останам смирема, се вознемирувам и паничам и детето ме чувствува. Затоа тогаш презема мажле, тој е посмирен во такви ситуации, иако паничи за ситници. Сега веќе му имаме најдено рутина со која се смирува, го зема таткому во раце, го шета по соба и му пее една песничкакоја тој ја сака.




Yummy Mammy -> RE: Напади на бес кај мали деца (23.8.2013 9:37:31)

Miana, od se sto isprocitav dobri soveti si dobila [sm=jezicek.gif] Ne znam sto novo jas da ti kazam...

Mene so golemata kerka ne mi se desavase cesto, ona imase nekoi napadi na uplav da receme i taka se treskase i se kornese, za po nekoe vreme da svatime deka detevo se plasi od nesto (nie vozrasnite ne mozeme ni da pomislime od sto se oni moze da se isplasat, nesto im se cini vo toa glavcinjata). Mnogu pomagase ako ja zemev vo race i ja stisnev silno. Ke ja gusnev na gradi i vo prvite sekundi me grebese i stipese i se otimase, ama koga ke osetese deka cvrsto ja drzam, deka ne popustam, poleka se smiruvase, i posle 1 min seto toa derenje preogase vo taga i guskanje i mazenje za da oseti deka mama e tuka i deka ja cuva. Potoa nekade procitav ili nekoj mi kaza deka malite deca se smiruvaat taka ako gi pritisnes silno do gradi, toa ne e za da gi boli ili za da gi zarobi, tuku za da gi osvesti, da gi vrati vo realnosta.
(Znaes kako na vozrasen covek koga histerise kako mu udiraat samar? Toa ne e za da go boli, tuku da go razbudi od deliriumot, da go vrati vo momenot. Istovo so stiskanjeto na gradi go znam za deca.) Probajte! Ke vi treba nekoj period, no so ova ke pocuvstvuva deka ne e sama i ke pomine preku nok.




Yummy Mammy -> RE: Напади на бес кај мали деца (23.8.2013 9:41:01)

A isto mislam i deka promenata na sredina mnogu vlijae. Sega ste doma, bi trebalo da se opusti i ona i vie, i pobrzo da pomine. Mozda mu zdosadilo na deteto tamu, i ne znae kako da vi kaze [sm=smiley36.gif] Mozda preku den nekoj ja stipnal, ili gnjurnala vo more, ili nekoj "strasen cicko" videla... i seto toa i se sobralo, saka doma deteto na sigurno i toa e toa.




Bethany -> RE: Напади на бес кај мали деца (23.8.2013 10:29:16)

Еве едно видео како може да изгледа, мада може да биде и со помал или посилен интензитет.
Temper tantrum time!

А ово следново богами јас се потресов.
2 year old tantrum




Палешка РР -> RE: Напади на бес кај мали деца (23.8.2013 13:36:57)

ТУКА прочитајте ја и статијата за напади на бес кај мали деца и како да постапите во тие моменти [sm=zmeden.gif]




miana -> RE: Напади на бес кај мали деца (23.8.2013 13:42:42)

Ви благодарам на сите,навистина ми помогнавте. Имаме мало подобрување,еве не се разбуди со вриштење нокеска,ама никако неможам да ја убедам на легне да спие.Кога се преморува тогаш,инаку не се дава. И претерува во нејзините барања,ама ке видиме до каде ке одиме вака. Поздарв до сите




Bethany -> RE: Напади на бес кај мали деца (23.8.2013 13:46:02)

Миана, тоа е сосема нормално во детскиот развој, и со барања и со се, и како ги искажуваат нивните барања, фрустрации и незадоволства, само кај некои дечиња се ете поинтензивни тие напади... Што побргу прифатиш тоа, полесно ќе ти биде да се справиш со се, и полесно ќе надминете... Запамети дека таа не знае подобар начин како да го искаже бесот и незадоволство на друг начин, допрва треба да учи, затоа така реагира.




Bethany -> RE: Напади на бес кај мали деца (23.8.2013 16:38:28)

Ете ме бе мене со свежи искуства на темава [sm=smiley36.gif]

Стана Ј. од попладневно спиење денес и почнува со песната... Јас со арно, миличок, сонце ова, она, тој се посилно, вришти од разлигавеност. Да почнев и малку построго и да викнев, ќе биде уште полошо, знам и тоа од искуство.
Па лепо фино онаков во транс го однесов во неговата соба, го ставив на неговиот кревет и му кажав: исплачи се, па кога ќе се смириш , ќе може да зборуваме. И го оставив. Му дадов тајм аут и на него и на себеси, бидејќи веќе доаѓав во искушение да го плеснам од што ми ја крена косата на главата со плачење без причина.
И не пројде ниту 2 минути слушам се смирил. Отидов во собата и го прашав: Можам ли сега да те гушнам? И тогаш го земав, се гушкавме, му зборував, прими доза љубов и утеха и супер, може да продолжиме понатаму.

Инаку, веќе поодамна ја применувам методата Тајм аут и многу добро ни функционира. Кога не можеме да се разбереме го ставам на каучот и додека не се смири таму ќе седи, тоа му кажувам и го игнорирам. И многу бргу се смири. Сега полесно е дома кога сме, кога сме надвор се има случувано исто. Еднаш го оставив така да плаче, се наоѓавме во еден трговски центар, ме изнервира кога почна бидејќи прва мисла е дека ме срам од луѓето, ама после си викав: ааа нема да паднам на тоа, го оставив, поплаче ни минутка, гледа дека не го рецкам и се смири.
А да не престануваше ќе го изнесев надвор, во колата, било каде да го тргнам од местото, да се смири.

Најбитна е постојаност, принципијелност, инаку многу брзо осети кога се двоумам, кога ме фаќа паника (ако сме надвор во јавност посебно) и зачас сними дека може да манипулира со тоа.




miana -> RE: Напади на бес кај мали деца (25.8.2013 15:08:04)

Еве сум пак на темава - да си кажам дека напредуваме.Има подобрување.по ретко се буди и нетолку со вриштење. Преку ден и почнува да станува поразбрана,се надевам дека уште некој ден и се ке се среди.Од утре почнувам на работа па се надевам дека свеки нема да има проблем. Во секој случај ,ви блчагодарам на сите и на РР што ми помагате секогаш кога ми е тешко. [sm=smiley31.gif]




zzaa -> RE: Напади на бес кај мали деца (26.8.2013 1:45:51)

Miana sega te cita se nadevam deka ste podoro,toa e normalna faza vo razvoj koja site deca ja pominuvata,samo kaj nekoj e po izrazena.
Moj sovet ti e da i zboris kako na vozrasen ako treba i edno nesto i 100 pati ke go objasnis iako mislime nekogas mali se ne razbirat tuka gresime,eve kerka mi e 17 meseci i ponekogas mislam nisto ne me svaka zabe si zvoram koga za nekoj den svatila se isplatelo zboruvanjeto iako nekogas ustata pena mi faka.
Drugo bito nesto koga ke ima vakov napad na bes kako treskanje od zemja ili vristenje prvo ti treba da ostanes smirena,a ne da places pred deteto i da se voznemiruvas ke se obides da i zboris da ja guskas i da i go odvleces vnimanijeto,ako ni toa ne uspe ke ja ostavis sama nekoja minutka ke vidis deka ke se smiri posle ke i objasnis zosto ne treba da pravis taka.
i tvojeto NE treba da bide NE,a ne ednas NE a posle nekoj nekoj den mama sega e raspolozena sega moze DA,treba da se stvori avtoritet,da ne pocituvat decata,i da si znajat do kaj e granicata.
Eve eden primer od mojata kerka znaci ke idem u market i ima kolicki za vozenje so sungero bob ke se povozi ednas i ke ja stanam od kolickata prviot pat pocna da place,saka uste da se vozi, legna na podot i pocna da se treska ja so ubavo ajde da si odime ona vristi site gleda vo nas,si ja zema izlegovme do doma cel pat se objasnuvavme zosto netreba taka da pravi si zboram ja ona si vreska.
Posle nekolku dena pak otidovme se izvozi 1 i sega si stama sama i vika cao bob,bez placki i cirkuzi.sega si znae deka samo po 1 ima vozenje nema potreba od placenje nema nisto da dobije mama e po uporna od nejze,
Ova e samo edna situacija gi ima mnogu slicni,decata se mali manipulaturi ako vidat slabos kaj nas znajat lesno da ja zloupotrebat.
Ama zatoa nie sme vozrasni i treba da ostaneme prisebni,i da znaeme kako da reagirame.a ne za sekoe placenje za deteto i nie da placeme.
I se razbira mnogu tolerancija od nasa strana,lubov i mnogu guskanje,i sekoe objasnuvanje da bide smireno i bez povisuvanje na ton ili derenje oti togas samo kontra efekte ke napravime.




Defne90 RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (29.1.2014 1:50:24)

Eve citam ovde za napadi na bes i moram da napisam i jas nesto za tie napadi na sin mi koi sto edno vreme se slucuvaa sekoja nok.Znaci ke stanese nasred nok i ke pocnese da vristi tolku glasno ke pocnese da se tegne koga i da go zemevme vo race so maz mi.I taka pola saat samo placese i se tegnese nisto ne zboruvajki pritoa.Bese strasno za gledanje bukvalno macenje i nautro koga ke go prasavme zosto taka vikase nokta toj voopsto i ne se sekavase.I preku den dodeka e buden bese mnogu razdrazliv i za sitnica pocnuvase da se luti i da se treska.Ke legnese na pod i ke pocnese da rita so nozete i da pisti da pisti bukvalno celo sosedstvo go slusase.I taka po predlog na maticnata pocnavme da mu davame B6.Veke dva meseca gi pie znaci sekoj den po dve apcinja edno nautro i edno navecer i zabelezuvam golem napredok.Znaci isceznaa i napadite na bes sto gi imase preku nokta a i preku den si e posmire veke ne e takov da pisti i da dobiva takvi napadi.E sega se prasuvam kolu vreme da mu gi davam da nema nekoi nus pojavi a pa od druga strana se plasam da gi prekinam da ne mu se vratat pak tie napadi na bes.




mama_06 -> RE: Напади на бес кај мали деца (3.6.2014 22:53:39)

Син ми има 28 месеци и од пред 3 месеци почна да добива ноќни напади на бес, плачење. Слично како што читам во вашите искуства и јас не знам како да постапам со него. Значи ужас е, покрај тоа што плаче и мава, не сака да спие во неговото креветче, го буди помалово дете, и тоа почнува да плаче и кога двајцата ќе почнат да вриштат во 3 наутро личиме на куќа на ужасот. И јас пробувам со гушкање, со зборување, денски никој не повишил глас на него, по цел ден се со мене. Чудно ми е тоа што тој во принцип не е лошо дете, послушен е за негова возраст иако е темпераментен но во свесна состојба е сосем друго дете а кога вришти како да не е тој. Се имам пробано, прашувам, истражувам ми остана само да го носам на лекар да видиме што ќе правиме. Исто така многу малку спие. По 5-6 саати и толку. Можеби му е нервоза од што не е наспан асално си мислам. Се што сум слушнала пробувам да воведам во неговото одгледување и на крај вака ме демантира. Најмногу ми е криво тоа што го гледам дека има проблем а јас не успевам да му помогнам. Се чувствувам многу немоќна.




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>