vezilka RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.8.2013 0:20:05)
|
Еднаш го фати таква фаза околу втората година и траеше неколку недели. Еве го сега пак после нешто повеќе од пола година. Значи ако не му нешто како што тој замислил во секундата почнува да вреска, не се ни обидува смирено да побара или да праша, веднаш, вреска. Исто така од време на време, и тоа најчесто откако ќе си дојдеме од работа да го земеме од кај сестра ми, нешто ќе му се случи и почнува, сакам ова, ако му дадеш тоа што посакал, вреска дека не сакал, земи му го, вреска дека сакал, и тој така може и цел саат без престан. Ми требаат коњски живци да го прегрмам тоа. Се обидувам да чекам самостојно да се смири да не го карам во тој момент. После две премислувања, сакам, не сакам, му велам нема ниту едното, нирт другото дури не се смириш и да кажеш.што сакаш смирено. Некогаш успевам цела игра смирено да ја одиграм, некогаш, не. Ако ми е скратен фирилот дента, не додржувам и ќе го искарам. Којзнае колку ќе трае овој пат. Ако е пак неколку недели, мислам ќе го прегрмиме, ако потрае, не знам што ќе биде хи, хи.
|
|
|
|