RE: Напади на бес кај мали деца (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


mother 29 -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.12.2009 12:59:21)

ама си велам ..ова се вака ке биде тортура и за мене и за него!?леел како да нема спас,многу се нервирам1?




profesorica -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.12.2009 12:59:33)

мојот за облекување е ок - не е страшно но има разлика, Марко е поголем.Евгенија а твоето синче колкаво е???




zami -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.12.2009 14:53:32)

Da ne zaboravime, decata a osobeno bebinjata silno ja cuvstvuvaat nasata nervoza, taka sto nervozna majka recisi nikogas nemoze da smiri bebe sto place.
Zatoa probajte koga ste vo blizina na deteto da bidete maksimalno relaksirani, a potrudetese i sredinata da ja napravite takva
Na pr. namesto cel den da buci televizorot so zamornata promena na sodrzini i zvuci, pustete radio ili cd so detski pesni. vo opustena sredina decata nema da imaat pricina da reagiraat besno.
I sekako ignoriranjeto e najdobar lek osobeno za razmazenkovci koi mislat deka svetot se vrti okolu niv.
I uste edna rabota, ako seto toa ne pomaga, probajte so Vitamin B, za deca postojat granuli od B kompleks koi se nalik na cokoladnite mrvici. Kako i site vitamini bezopasni se, ama vitaminot B deluva na opustanje na nervite i mozocnite reakcii. Sekako najprvin konsultirajte se so vasiot pedijatar.




Весна -> RE: Напади на бес кај мали деца (9.12.2009 15:20:08)

Напад на бес кај малите деца [image]http://3.bp.blogspot.com/_DYesDfDpKTE/R-MUaJZFAUI/AAAAAAAAAJ8/YWXwtRiVtRM/s400/littlegirl%2Bcry.jpg[/image]
Можеби ќе ви звучи чудно,  но повремените напади на бес кај малите деца придружени со врискање и одбивање на послушност се всушност нормална појава и не значи ништо лошо. Бурните реакции и своеглавоста се важни и неизоставни чекори во процесот на осамостојување на детето. Малото дете има потреба да ги изрази своите потреби и негодувања, меѓутоа заради недоволно развиените говорни способности, тоа се’ уште не може да го направи со зборови. На двегодишна возраст децата не умеат да ги контролираат своите чувства, па често можат да ги ослободат поинтензивно. Овие чувства во конбинација со незадоволството кое го предизвикало, резултираат токму со напад на бес. На оваа возраст децата се’ уште не се способни да рамислуваат рационално, па ако ги прекинете во некоја активност (на пример ако цртаат и вие ги викнете за да ручаат) може лесно да се налутат. Иако цртањето можеби не ви се чини толку важно, за детето тоа во моментот е најважната работа во која ужива, а вие сте го прекинале. Секогаш имајте на ум дека се работи за нормална фаза од менталниот развој на детето, која наскоро ќе ја надмине. Испадите на бес сo плачење, удирање, фрлање на под и врескање обично се јавуваат околу 18 месец од живото и можат да траат се до претшколска возраст имаат и различни причини за лутење. Без разлика на возраста и интензитетот на детската реакција, најважно се вашата смирености методите со кои ги третирате различните однесувања.


Како да се соочите со нарушеното однесување Без разлика како може да се однесуваат вашите деца, тие треба да знаат дека вие нема да ги повредите или да ги напуштите. Децата треба да знаат дека нивните родители може да им помогнат да ги контролираат чувствата. Обидете се да откриете кои се главните стресови и преземете нешто во врска со нив. Подучувајте го детето дека чувствата може да се контролираат и да се искажуваат на корисни начини. На вашето дете можеби ќе му треба помош за да може да се соочува со секојдневните проблеми со семејството, пријателите и на училиште. Навременото лекување на проблематичното однесување може да му помогне на детето: • Да научи како да го контролира неговото однесување • Да научи како да ги искажува лутината и фрустрацијата на начини кои не се штетни • Да биде одговорно за неговите постапки и • Да ги прифаќа последиците од неговите постапки.




Џесика -> RE: Напади на бес кај мали деца (10.10.2011 15:31:52)

Овој проблем го достигна врвот кај нас, а резултира со тоа што си го одрав грлото од неконтролирано викање, од неможност да се објаснам, бедоксин па и диазепам да пијам за да се смирам, не од нападите на бес, туку од траумите што ги има после тоа...
Значи се мислев дали да пишам во темата „разбери се од збор“, „Емоции кај децата“ или оваа, и се решив за тука. Последниве 2 недели од кога почнавме со висока Т, инјекции, облоги, нормално, следеше и тинтрање и мазење и угодување, ама Борјан и тоа како си го искористи периодот за да ми ја расплаче мамицата. Секој ден по сто пати извољева. Сега се научил од навика секој ден да доаѓа татко му да не носи на инјекции, па од кревет одма почнува да плаче и да вика „ајде, одиме кола, тато“. Пробав да му објаснам дека тато е на работа и кога ќе дојде ќе одиме да шетаме, и во истиот момент, побеснува, се мава од земја, ме влече, и не дозволува да му објаснам, не ни можам да го надвикам (пошто нели засипната сум од викање [sm=smiley1.gif] ) Урлаше едно 25 минути, а јас душа немав од страв дека ќе зајде или дека глас ќе снема, да не спомнувам дека звучи како да го дерам. Деновиве доаѓав во ситуација да плачам од него, од каење што не можам да издржам и го заплескувам (не дека ќе прекине) Не ми паѓа на памет да му удоволам на неговите неразумни желби, не знам како да го скратам тоа драњето, во моментот изгледа страшно, агресивно, неконтролирано... Исто се случува и со НОДИ, цел ден сака да го гледа, и хитерично плаче ако го исклучиме двд-то (ова исто од Т остана лигавешка)
Пропратно со тоа се појави и понемирен сон, плачење, „Пушти го Ноди“, „ајде да шетаме“ значи сето тоа што го бара преку ден, во спиење го плаче... матичниот ни рече дека е можно да е преемотивен и дека треба да се консултираме со психолог за неговите реакции... претерани се, одма негодува со плачење, дури претерано, само да му кажам за нешто НЕ, одма почнува да цвили како маче....




anedespo -> RE: Напади на бес кај мали деца (10.10.2011 19:39:06)

Sum go pominala ova i so dvajcata i dobro mi e poznato. Mislam deka doagjaat do faza kade sakaat da nametnat avtoritet i go pravat ova. Maloto uste mi go pravi ama pomalku. Vide deka ne moze so mene. Mozebi so baba i da, ama i stana jasno deka so mene ne moze .




Viktori -> RE: Напади на бес кај мали деца (10.10.2011 22:59:16)

Џесика, таа фаза сите ја поминале. Има деца што се во состојба од ѕид да се маваат. Не е нешто ненормално, ама мора да се помине и ти да издржиш.
Едноставно игнорирај го. Еднаш кажи НЕ и толку. Ќе се дере додека може и ќе престане. Да зајде, малку тешко, пре ќе заспие од дерење [sm=jezicek.gif]
И жено, какви апчиња какви бакрачи! Па ти ако си така вознемирена како мислиш детето да го смириш?
Треба да го игнорираш кога се дере, за да види дека НЕ е НЕ! Дури и да му зборуваш додека се дере, џабе е, тој не те слуша а ти си кинеш живци! А и да те слуша, ептен ќе те разбере...
Негово е да проба на сите начини да добие што сака, а твое е да останеш прибрана и да го дозволиш тоа што треба.

И најважно, ако нешто не смее, не смее никогаш и од никого! Ако детето примети дека ти ќе попуштиш, отиде...
Пример Ноди од 10 до 11 и од 7 до 8 и толку! И денес и утре и задутре и кога е болен и кога е здрав!




nadica -> RE: Напади на бес кај мали деца (11.10.2011 10:20:44)

тотално се сложувам со виктори и се трудам да ги игнорирам сите испади на ќерка ми АМА јас живеам во заедница со свекор и свекрва, а тие и дозволуваат буквално СЕ и нејзините испади се се’ почести и погласни [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




kikicka -> RE: Напади на бес кај мали деца (11.10.2011 10:39:57)

nie sme mali ali imame napadi na bes ako nesto i zemesh ili ja trgnes od nekoja soba takva cela se tegni i kvice nemozis daja zadrzis ali ne pale kaj mene :D kaj tatko i moze ama mu kazav da ja ignorira za da ne si napravime pogolema belja bidejki se poglasna i poglasna :D ZVERKA




Felly RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (13.10.2011 22:58:49)

Кога Матеа има вакви напади на бес, јас применувам техника TIMEOUT[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Може звучи смешно, ама поентата е да му ставиш до знаење на детето дека тоа што го прави е погрешно, зошто не смее тоа да го прави но сепак да го оставиш пак тоа да има контрола над ситуацијата, на пр. го седнуваш на столче и му кажуваш „кога ќе се смириш може да се симнеш, и да продолжиме да си играме“.
Така Матеа кога ќе почне да збеснува за нешто без причина, а јас и објаснувам......објаснувам........безуспешно, на крај ја легнувам в креветче за да се смири. Некогаш успева, и уште одма престанува со плачење, па ја оставам 1-2 минути да си поигра со мечињата, и одам кај неа, па се гушкаме, и објаснуваме пак зошто не требало така да направи,  ама пак ако е ептен вознемирена, тогаш овој метод не пали.




Maca25 -> RE: Напади на бес кај мали деца (13.10.2011 23:06:54)

Кај нас ова кога пали, кога не. Јас едноставно се исклучувам, она плаче, јас ја игнорирам, едниствено што и кажувам е дека кога ќе престане да плаче ќе го добие тоа што го сака, она пак се пика во мене да ме гушка и да се лигави, јас не ја земам, туку ја седнувам до мене и чекам да се смири. Само нерви требаат!
Кога ќе престане ова?!?!




Felly RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (13.10.2011 23:33:36)

Кај нас ама има и ситуации кога не можеш да ја игнорираш.
Ајде кажете ми која техника да ја применам во ваква [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] ситуација?
- Ги соблекува пантофките и чорапчињата и вика „босо, босо“ или пак го крева блузичето и маичето и „гољо, гољо“ а не смеам да ја оставам ни гола ни боса оти е ладно, значи не смеам да ја игнорирам, и следи до недоглед лутење и облечи-соблечи се дури не ја земам в раце за да не може да стигнува да се соблекува[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Џесика -> RE: Напади на бес кај мали деца (13.10.2011 23:41:38)

Еј, ако почнам, нема крај да има[sm=smiley36.gif] И ние имаме такви заебани моменти, некогаш кога е многу тврдоглав го оставам 5-10 мин бос, и после го пипнувам и испаничено викам „ИИИИ колку ти се ладни нозете!!! Бргу чорапчиња!!!“ И некако посериозно го сфаќа, се дур се натегаме, упорно си држат до своето. Некогаш од старт остро ако реагирам дека не смее да е бос, прифаќа, некогаш со убаво му објаснувам дека еве и мама и тато носат чорапчиња и дека е ладно... абе секако ќе пробам, и мајмун се правам, го залажувам само да поминеме без трзавици. Аман!!!




Slagjana -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.10.2011 10:39:53)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Кога Матеа има вакви напади на бес, јас применувам техника TIMEOUT[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Може звучи смешно, ама поентата е да му ставиш до знаење на детето дека тоа што го прави е погрешно, зошто не смее тоа да го прави но сепак да го оставиш пак тоа да има контрола над ситуацијата, на пр. го седнуваш на столче и му кажуваш „кога ќе се смириш може да се симнеш, и да продолжиме да си играме“.



Е ова ме потсети на една емисија на Travel & Living- Take Home Nanny. Истава техника ја применува. Многу е поучна само не ги гледав сите епизоди, а сега ја нема. Дадилката доаѓа дома и ги „превоспитува“ бесните деца. Една недела ги обучува и родителите како да се однесуваат во одредена ситуација. Многу е поучна и чекам пак да ја емитуваат.




anedespo -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.10.2011 10:54:42)

Jas ja primenuvam tehnikata 1, 2, 3. Taa e za pogolemi i hiperaktivni deca. Toa vreska ili pravi gluposti i ne slusa. Ti ne mu odgovaras , ne mu zboruvas nisto i pocnuvas da mu brois. Istovremeno i so prstite. Ako prodolzuva i ponatamu, go fakas za raka i go nosis u kos ili u druga soba i go drzis onolku minuti kolku sto ima godini. Ne go zatvaras, samo go otstranuvas. Moeto veke so tretoto broenje pocna da prestanuva uste na 1 i me prasuva zosto mi brois mamo? JAs mu objasnuvam i prestanuva. Znaci e svesen deka pravi nesto sto ne treba. Probajte. Od priracnik za hiperaktivni deca go zemav.




Maca25 -> RE: Напади на бес кај мали деца (14.10.2011 11:19:56)

Анедеспо ова со броењето мора да го пробам. Па ќе пишам дали ми успеало. 




emma1 -> RE: Напади на бес кај мали деца (19.10.2011 21:21:48)

a od koja vozrast toa pocnuva da pali? mojot ima 1.5god mislam deka e mal za toa. jas najcesto go ostavam da se izvika koga se treska od zemja za nekoja glupost, normalno zavisi od situacija. a dosta e nervozen, koga nesto nemoze da napravi ili ako nie ne mudozvolime ima mngou nervozni reakcii, edno vreme ne udirase, pogotov mene, pa imase faza na grizanje sto sega malku i pomina. koga ke mu povisam ton ili ostro go pogledam ke pocne da se guska, a ako epten me poludi i pocnam da mu vikam poveke se rasplakuva mnogu. vo sekoj slucaj koga ke go ostavam da se izvika relativno brzo se smiruva i pocnuva so nesto dr da se zanimava, ama pak mnogu cesto ima takvi burni i nervozi reakcii. na momenti me faka strav kakov li ke bide koga ke porasne dosta tersene karakter pokazuva za sega :)




Maca25 -> RE: Напади на бес кај мали деца (19.10.2011 21:43:22)

aaaaaaaaaaaaaa.....ми иде главата во нешто да си ја учукам!!! ништо не помага со Нина!!! Не знам веќе што да правам!!!!!!!!!! ќе полудам!




Martins mom -> RE: Напади на бес кај мали деца (20.10.2011 14:45:19)

Сите деца имаат напади на бес, па ни Мартин не е исклучок, само ние имаме еден друг проблем. Кога е со мене, не се понаша бесно, пробал ама не му успеало и кога сме заедно е умен. Проблемот е што кога има повеќе луѓе, сака да биде во центарот на вниманието и секогаш приредува „претстави“, вика и се дере колку го држи силата и не дозволува никој со никој да прави муабет, само него мора сите да го слушаме. Луѓето се чудат како издржуваш со ова бесно дете, а ја ќе се убијам од објаснување дека ова ни се случува само во друштво. И + кога сме со баба му и дедо му, почнува хистерично да вриска, да плаче, да се треска и тие одма што му е, зошто го нервираш, зошто плаче и сите над него, ме караат мене, тој си зема поголема сила и пишти уште толку и секој ден кавга за исто[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




emma1 -> RE: Напади на бес кај мали деца (20.10.2011 15:00:53)

Страница: << < Претходна страница 1 [2]

kaj nas e bas obratno, so mene e najdosaden najkenkav. koga go cuva samo tatko mu ili zenata e super, a vlezam jas pocnuva gnjavaza. ama doduse so luge koi ne gi gleda cesto e dosta nervozen i mu treba vreme da se prilagodi i togas e dosta besen i dosaden




blue_blue -> RE: Напади на бес кај мали деца (20.10.2011 15:45:35)

Џесика, ко ја да сум го пишувала ова за ќерка ми пред некои 3-4 месеци. Радосна вест. периодов поминува некаде на 3 - 3.5 години. Нормална фаза во развој на дете - се јавува од некоја 1.5 годишна возраст, пред се поради неможност на децата да ги изразат своите силни емоции со зборови, а и затоа што нив им се нови и чудни и самите не знаат што се. Друга причина е што сакаат да привлеќат внимание, они не разликуваат добро од лошо однесување - сеуште, важно е дека кај тебе предизвикуваат реакција. Зхаќи, прв чекор е целосно игнорирање. Кога ќе дојде до трескање од земја, кажуваш дека тоа што го прави не е во ред, одиш во друга соба, дишеш длабоко, се враќаш и 5 минути (или додека не престане) го ставаш на целосен ignore. Ова значи не му збориш, не го гледаш и колку и да се бута во тебе ти се правиш дека он не постои. Ова е за да сфати дека со такво однесување не го добива (и задржува) твоето внимание. Друга ствар е да го превенираш ваквото однесување, т.е. да не дојде до трескање од земја. Најчесто децата се однесуваат вака кога се уморни, болни, гладни...Значи терај рутина, глеј на време да легне, јаде итд...кога ќе осетиш дека иде накај трескање од земја работава земи длабоко воздух и одвлечи му внимание со нешто...Трето, кога ќе биде смирен и расположен објасни му дека со плачење и терскање од земја нема никогаш ништо да добие и дека ти не можеш да му помогнеш ако не ти каже зошто плаче...Учи го да ги кажува своите желби и барања, а не да плаче....Верувај дека ќе се среди....Јас доаѓав до стадиум јас да одам на психијатар од што не можев да ја контролирам ситуацијата, т.е. од што осеќав немоќ дека неможам со истата да се справам, а јас сум родителолт - јас треба да излезам на карј со детево....само што не секогаш имав трпение, работа, гужва, обврски....ама ете некако и го најдов крајот со овие методи и не викам веќе.....сега кога ќе ми се спојат жици (што е поретко многу од порано), само и кажувам дека тоа што го направила не е убаво, дека нема да и зборам 10 минути и си одам во другата соба, си дишам длабоко, си мислам на некоја убава работа што ми се случила и после се враќам во соба ко нова




Џесика -> RE: Напади на бес кај мали деца (20.10.2011 16:05:57)

„не ти зборам“, „не е убаво тоа“ на син ми ништо не му значат. Успевам да се контролирам, да го игнорирам, ама мислам дека не сум постигнала ништо со тоа, он ќе се изнавришти, ќе се измори, ќе заспие, ќе стане и пак ќе бара... еве најнов пример, пред некој ден немавме струја дома, јас се размавтав низ дома, он со даљинските оди по мене и мјаука „ноди, ноди, ноди“... веруј, немаше начин да му објаснам дека нема струја, ми идеше од кожа да излезам, почнав да ги штракам сите сијалици, му кажувам дека не можам да му пуштам, стискам на тв, ама он не разбира што му кажувам...среќа требаше да излеземе, па прекративме...




kikicka -> RE: Напади на бес кај мали деца (20.10.2011 17:30:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

„не ти зборам“, „не е убаво тоа“ на син ми ништо не му значат. Успевам да се контролирам, да го игнорирам, ама мислам дека не сум постигнала ништо со тоа, он ќе се изнавришти, ќе се измори, ќе заспие, ќе стане и пак ќе бара... еве најнов пример, пред некој ден немавме струја дома, јас се размавтав низ дома, он со даљинските оди по мене и мјаука „ноди, ноди, ноди“... веруј, немаше начин да му објаснам дека нема струја, ми идеше од кожа да излезам, почнав да ги штракам сите сијалици, му кажувам дека не можам да му пуштам, стискам на тв, ама он не разбира што му кажувам...среќа требаше да излеземе, па прекративме...



e vaka i nie denes samo sho Leona pred da snema struja se inavreska zosto i go zemav kremot za lice so nego si igraeshe i vreskanje nezznam ja ostaviv vo gradinkata da si sedi i aj se podsmiri malku ja legnav da spie i do skoro spieshe i nie uste nemame struja sega sum kaj komshii :D:D na struja[sm=jezicek.gif]




Snowhite RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (20.10.2011 19:20:24)

Не знам дали се напади на бес, ама во последно време Михаил само в раце бара, кога го земам од градинка, никако не сака да оди, туку в раце цело време, дома кога ќе си дојдиме истото, не можам ни чевлите да ги соблечам, плачи цело време и вика в раце, в раце, пред некој ден скорз ме поремети, се изнервирав и го оставив да плачи, додека се преслекував и додека разватив нешто низ дома и ставав компири да се варат за пире, ама ме изваде од такт, му викав, му кажував дека така не чини, а тој упорно плачеше и до мене залепен и чека да го земам в раце, ама не го зедов иако срцево ми плачеше што го гледав така, ама морав да останам на тоа дека НЕ е НЕ. Еве да речам дека нешто не му е погодено, во ред, ама тој преспан во градинка, поручан, ручан и ужинка, се погодено и пак плачи. Вчера исто кога го зедов, ај реков не викам такси, убаво е времето ќе пешачиме малку, ама не сакаше да оди, среќа на пола пат ме сретнаа едни пријатели со кола и не однесоа до дома




AnnaMolly RR -> RE: Напади на бес кај мали деца (20.10.2011 19:35:28)

lele i mene filip koga ke go zemam od gradinka taka mi pravi! nema sansi sam da odi, place za vo race. a sega najnovo ni e koga nesto ne mu e ugodeno da piska prodorno i se udira mnogu silno po glava i se kube! i toa mnogu cesto pocna da pravi taka. a ne daj boze da izlezam od soba! toa e horor. placenje, zajduvanje... ni so tatko mu ne sedi sam. ako mijam cinii me drzi za noga, so mene i vo vc odi... se nadevam deka mu e period i deka ke se smiri.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>