blue_blue -> RE: Напади на бес кај мали деца (8.5.2015 13:22:23)
|
Malecka 23, мислам дека знам низ што поминуваш бидјеќи јас со едното дете ги имав истите прикаски по односн на дневно трескање, а со другото по однос на ноќно будење. Ноќното будење нека не те плачи воопшто без разлика колку страшно изгледа, а знам дека изгледа како детето да ти е опседнато со вампри. Врувај ништо страшно не е, сосем нормална фаза на развој низ која минуваат децата, во целата литература за деца го пишува тоа. Верувам дека девојчето ти е на некоја возраст 2,5 - 3 години кога сето ова е многу типично. За ноќно будење имај на ум дека она воопшто не се буди туку дека таа спие, ако и се отворени очите и вришти. Во момементите кога плача таа всушност уште спие и не разграничува јаве од сон. Најдобар начин е да не ја подигнуваш од кревет и да не пробуваш да ја мрдаш од позицијата во која е зошто со тоа всушност ја разбудуваш и и правиш полошо, уште повеќе се унервозува. Седни до неа, до креветот и збори и (не е паметно ни да ја пипаш), само збори и да ти го чуе гласот...ништо друго...тоа е единствен лек и ќе помине за некои 3 до 6 месеци. Знам дека во меѓувреме ти се чини дека нервно ќе попушиш ама имај на ум дека на детето не му е ништо. Тоа само уште нема развиен осет за што е реално а што сон и бидјеќи се јавуваат развојни фази во развој на мозок кои се како квантен скок тоа е само начин мозокот да се издува...сега многу лаички ти објаснувам, ама тоа е од прилика поентата. Ако сакаш прочитај на нет имаш полно на оваа тема, стави на англиски toddler night terrors. По однос на дневното однесување, најголемата грешка што ја правиш е што објаснуваш и викаш и кажуваш не. Со тоа само ја влошуваш ситуацијата зошто ќерка ти ова однесување го прави од две причини, една е да привлеќе внимание пошто веќе не е центар на внимание -ТИ во нејзината глава сега само за бебето се грижиш, и второ има проблем на таа возраст со фонд на зборови со кои може да изкаже како се чуствува и плус не ги знае уште сите емоции и зошто и како минува низ нив и затоа едиснтвен начин и е да направи тантрум (вака се вика ова на англиски и имаш доста статии и на оваа тема). Единствен лек е да ја игнорираш скроз...под скроз се подразбира да не и се обраќаш, да не ја гледаш во очи, да не ја костатираш воопшто. Значи, ништо нема да и се случи - само ќе заоѓа од викање, ама ништо не може да и се деси. Ќерка ми има на неколку пати повраќано од заоѓање во тантрум состојба...Верувај ми проверено ми е и со педијатар и со детски психолог и плус од пракса ти кажувам, само тотален игнор....ништо друго нема да помогне...со тотален игнор покажуваш две работи 1. дека такво однесување не толерираш и не поддржуваш и со него не се привлекува внимание и 2. дека со такво однесување ништо нема да добие...кога ќе се смири, ќе ја земеш во раце и тогаш ќе разговараш со неа ... нема да исправаш криви дрини, само ќе и кажеш дека како што видела со тоа однесување не добила ништо, дека има друг начин да се искаже бес и лутина на кои таа има полно право и дека вие дома на ТОЈ И ТОЈ начин искажувате бес и лутина (понуди и го начинот). Јас на примерс екогаш и зборев на ќерка ми дека мора прво да каже што и е ако сака да ја констатирам и да и помогнам и да и удоволам на барањето и дека ако е лута што не и удоволувам може да оди во своја соба да нацрта цртеж, да фрли некоја мека играчка од ѕид, итд...ама дека само со разговор и искажување на емоција ќе решиме се....Тоа почна да се исплати дури од нејзина 5-та година...значи ова е долгорочен процес но мора да го издржиш...со плашење нема да постигнеш ништо бидјеќи таа знае дека тоа не е точно...исто така на сабајле кажи и како ќе го поминете денот и што и како таа треба да ти помогне околу бебето, што е нејизна обврска. Можеш тие обврски, плус и уште некои пожелни однесувања (као на пример не трескање од земја, сама да јаде, да се облече или што и да е више ти што ќе одредиш) да ги ставиш на хамер - таа нека ги нацрта, а ти нашиши ги и напрај колона за секој ден од неделата. Секогаш кога ќе се понаша соодветно и ќе ти помогне ќе добие ѕвездичка и ќе ја залепите, за 5 ѕвезди добива посебна награда, на пример да иде само со тебе у луна парк или нешто слично што ќе ве вкучи само тебе и неа без бебето и татко и....Имај исто на ум и дека е лута што ти спиеш со бебето а таа мора со татко и...затоа објаснувај и секој ден зошто во моментов тоа мора да е така....а обиди се кога бебето спие само ти и таа да правите нешто и ако не вреска и не се треска од земја додека на пример ти го доиш исто дај и специјална ѕвезда....верувај дека се ова дава резултати...мојата ќе полни скоро 7 години и оваа година е веќе многу друго дете. Карактерот си е тој и пак е тврдоглава и упорна и се, ама веќе одмна не се треска од земја зошто знае дека ништо со тоа не добива...и да ми требаа конњски нерви да истрпам додека она 45 мин секој втор ден се трескаше од земја, ама тоа е....исто така пробај од сеп. да иде у градинка....ќе сфати побрзо дека не е центар на светот и ќе развие социјални вештини
|
|
|
|