|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   чести вечерни будења
29.6.2010 23:47:40   
garfild
Теа има 14 месеци,и веќе 2 недели континуирано навечер многу често се буди,на секои 2 часа во просек,претходно убаво спиеше,незнам што и стана,можно ли е да е поради запчињата што и растат,3 нови има.Преку ден спие норамално,но навчер  ептен е напорна.Неможам веќе да издржам,ептен сум ненаспана.Пишете ваше мислење,совети........
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: чести вечерни будења
30.6.2010 0:02:17   
Тања РР
Гарфилд да не е гладна? Што прави кога се буди? Бара да јаде или само плаче?
Јас немам искуство со растење на забчиња но знам дека ќерка ми навечер се буди (понекогаш и на 2 часа) само за да јаде.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот garfild)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: чести вечерни будења
30.6.2010 0:32:20   
Viktori
на моја пријателка син и до 4 години се будеше навечер. Ама они се преселија тука, па од тука таму и така. Детето не бараше ништо посебно, не го учи пак да јаде навечер, лоша и не(баш)здрава навика кај дечиња. На пријателката детенцето само се будело, седело будно 15, 20 минути и пак си заспивало.
Пробај дење, да не ја оставаш да спие долго, да не е жедна навечер, или пак да не пошла скоро во градинка или и се случила некоја промена.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: чести вечерни будења
30.6.2010 9:47:26   
emma1
i sin mi se budi po nekolku pati navecer za cicanje, nekogas na 3 nekogas duri i na 2 saati, a nekogas mnogu nemirno spie pa moram da stanuvam po nekolku pati da go smiruvam. ama on ima samo 3 meseci.
a koga ke se razbudi ti place ili ednostavno ne saka da spie. sigurno e poradi zapcinja, ne mi se veruva deka na taa vozrast e gladna, pa na 14 meseci ne se samo na mleko neli

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: чести вечерни будења
30.6.2010 19:58:25   
Snowhite RR
Проблемите со спиењето кај малите деца

Еден од најчестите проблеми, за кој родителите бараат стручна помош е проблемот со спиењето. Малите деца многу често се будат во текот на ноќта или се разбудуваат премногу рано наутро. За да ги избегнете непријатните проблеми со спиењето на вашето дете, подолу се дадени некои соодветни совети.


Будењето премногу рано наутро или во текот на ноќта се големи проблеми со спиењето кај малите деца.
Разбудување премногу рано наутро.
Употребувајте подебели завеси на прозорците во детската соба, за да биде потемно наутро.
Ставете му безбедни играчки во креветчето, за кога ќе стане да може тивко да си игра, додека не ги слушне другите членови од семејството дека се будат.
Играјте поручек или рано во вечерта, за да биде поуморено и да може веднаш да заспие.
Децата кои стануваат порано, преспиваат порано во текот на денот. Одложувајте ја неговата дневна дремка секој ден по 15-30 минути, додека не биде 1-2 часа подоцна, отколку што е сега. Така тоа ќе свикне да станува покасно.
Ако вашето дете е ранобудно по природа, бидете трпеливи. Кога ќе започне да оди во градинка или училиште, ќе спие подолго.
Будење во текот на ноќта.
Ако секогаш го лулате и му пеете додека го заспивате, кога ќе се разбуди во текот на ноќта, ќе му е потешко да заспие само.
Кога ќе влезете во собата за да го приспиете, не ги палете светлата и зборувајте му со нежен глас.
Обидете се дознаете што е причината за неговото будење? Дали е настинато или му растат запчињата? Можеби има проблем со пелените или му е ладно. Разберете дека неговото будење е нормално и решете го проблемот без лутина.
Понекогаш вашето малечко има потреба да провери дали навистина сте во близина. Одете до него, бакнете го и тивко заминете.
Никогаш не е изморено.
Ќе му помогнете на вашето дете да си легнува во соодветно време, ако воспоставите предвидлива дневна рутина. Ставајте го да спие секој ден во истото време.
Не му дозволувајте да биде превозбудено пред спиење и осигурајте се дека нема гасови.
Ставете му играчки и книги за да може да си игра во креветчето.
Скратете ги дневните дремки, особено после ручек, но не настојувајте ако е очигледно дека на вашето дете му треба сон.
Обезбедете му услови за интересни дневни физички активности.
Страв од чудовишта.
Никогаш не треба да му се смеете или да го игнорирате стравот на вашето дете.
Обезбедете му слаб извор на светлина, ако тоа се плаши од темнината.
Движете се околу неговата соба, за да може да слушне дека сте во близина.
Оставете ги неговите меки, омилени играчки во неговото креветче.
Никогаш не треба да го казнувате или да му викате на детето во неговата соба, затоа што тоа кога ќе остане само ќе се плаши и собата нема да му изгледа како безбедно место.
Предложете му да сонува пријатни соништа, како посета на плажа.
Покажувајте му многу љубов во текот на денот, за се чувствува безбедно навечер.
Еве и неколку совети, кои ќе ви помогнат да воспоставите здрави навики за спиење и вашето малечко да има удобен и мирен сон.


Создадете услови за вашето малечко да има удобен и мирен сон.
Воспоставете едноставна рутина за легнување – пример вечерање-капење-спиење.
Дајте му време да се смири. Ако прави врева откако сте го ставиле да спие, не се враќајте веднаш во собата, но не го оставајте премногу долго само да плаче.
Некои деца заспиваат побрзо ако сè е тивко, а други ако има нормална врева во домот, затоа што така знаат дека вие сте во близина.
Бидете сигурни дека нема гасови, пред да го легнете за спиење.


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот emma1)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: чести вечерни будења
30.6.2010 22:47:19   
garfild
Не ми се верува дека е гладна бидејќи пред легнување ја ранам со чоколино,парче банана со млеко,и секогаш при крајот на тегличето несака повеќе да јаде.Откако ќе заспие,се буди после 2-3 саати,пие млеко,и некогаш заспива за 10-15 мин,а некогаш и треба и 45-50 мин, за да заспие,и за саат ипол-два повторно знае да се разбуди со плачење,па пак успивање,па пак будење,и така цела вечер.Ова го прави веќе неколку недели,а баш овие недели и излегоа 3 нови запчиња,и многу се лигави.Значи и да е под претпоставка гладна,откако ќе го испие млекото,би требало повеќе да спие бидејќи е сита,но кај неа тоа нема правило.Пр.синоќа ја успивав 50 мин,раце ми отпаднаа,таман мислиш заспала,за 5-10 мин повторно цивка.Ете така изгледаат нашите ноќи.........................user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: чести вечерни будења
30.6.2010 23:03:55   
Snowhite RR
Можно е да е до запчината, а можеби и е период и ќе помине, не се нервирај и ако велиш дека денски спие повеќе, спиј и ти додека спие таа, така ќе бидеш одморена и ќе можеш да побрзо да откриеш што е причината за нејзиното будење и подобро да најдеш решение. Ти посакувам побрзо да го надминете ова

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот garfild)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: чести вечерни будења
30.6.2010 23:13:30   
Maca25
Драга гарфилд, јас сеуште го имам тој проблем, иако ќерка ми има 16 месеци. Можам на една рака да избројам колку ноќи ги има преспиено  без да се разбуди. Прво беа запчиња, па после некоја настинка, па пак заби, па градинка, и се будеше на секои 20 мин. Само што ќе ја заспијам и ќе ја ставам во креветче ете ја се разбудила и само мене ме бара. Ако мм отиде и ја крене од крвеветче го крева станот во вис, плаче растура. Овие неколку дена дека имаше температура, се будеше и бараше водичка. Јас не практикувам да и давам да јаде пред спиење, освен млеко ништо друго. И давам да вечера саат и пол пред да ја бањам. не ја прејадувај, дај и подобро млекце пред спиење, и ако пак се разбуди пак дај и млеце или водичка. Ќерка ми додека вадеше заби ептен немирно спиеше и се будеше често. Може од тоа да и биде и на твојата малечка.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: чести вечерни будења
1.7.2010 11:00:16   
garfild
Ви благодарам на советите,ќе видиме што како ќе биде понатаму.Инаку неможам да спијам преку ден дур спие Теа бидејќи сум на работа,така да Теа си го надоместува пропуштеното спиење преку ден,а мама неможе user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: чести вечерни будења
2.7.2010 20:53:25   
lb81
i dimitar se budi na 2-3 casa navecer a ima samo 1 mesec.                 nNeznam dali e normalno ama detevo ne moze da fati red ni denje ni noke za spienje sekoj den ni e razlicen od prethodniot ili e na mala vozrast.Kazete od koga vasite deca nemaa vospostaveno nekakva rutina.Sin mi sekoja vecer razlicno se budi i vo razlicno vreme zaspiva .dali e uste rano iji?istoto e i za doenjeto nekogas bara na cas nekogas na dva a noke izdrzuva i po 3-4 casa.sakam i denje da reduciram na 3 casa ama ne uspevam

(Одговор на членот garfild)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: чести вечерни будења
2.7.2010 22:41:15   
Leonida
ИЗВОРНА ПОРАКА: lb81

i dimitar se budi na 2-3 casa navecer a ima samo 1 mesec.                 nNeznam dali e normalno ama detevo ne moze da fati red ni denje ni noke za spienje sekoj den ni e razlicen od prethodniot ili e na mala vozrast.Kazete od koga vasite deca nemaa vospostaveno nekakva rutina.Sin mi sekoja vecer razlicno se budi i vo razlicno vreme zaspiva .dali e uste rano iji?istoto e i za doenjeto nekogas bara na cas nekogas na dva a noke izdrzuva i po 3-4 casa.sakam i denje da reduciram na 3 casa ama ne uspevam


Нормално е тоа. Сеуште е многу рано за да има ред. И кај нас беше така, секој ден различно од претходниот. Не се сеќавам точно кога се стабилизира, мислам околу 3ти месец.
А што се однесува на доењето, немој да пробуваш ти да воспоставиш ред, туку дои го секогаш кога тој ќе си побара. Малечко е и нема многу сила за да влече, па се уморува брзо. Затоа давај му секогаш кога бара, без разлика дали поминале 30 мин. или повеќе од претходниот пат. Самото бебе си знае кога му требаuser posted image

(Одговор на членот lb81)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: чести вечерни будења
3.7.2010 0:21:57   
ananikol
ИЗВОРНА ПОРАКА: lb81

i dimitar se budi na 2-3 casa navecer a ima samo 1 mesec.                 nNeznam dali e normalno ama detevo ne moze da fati red ni denje ni noke za spienje sekoj den ni e razlicen od prethodniot ili e na mala vozrast.Kazete od koga vasite deca nemaa vospostaveno nekakva rutina.Sin mi sekoja vecer razlicno se budi i vo razlicno vreme zaspiva .dali e uste rano iji?istoto e i za doenjeto nekogas bara na cas nekogas na dva a noke izdrzuva i po 3-4 casa.sakam i denje da reduciram na 3 casa ama ne uspevam



Ista prikazna sme i nie,potpolno.
Mislam deka zavisi od deteto.So prvoto dete si vospostavivme eden ritam na 3 h(uste od samiot pocetok) i taka si teravme bez nikakvi problemi,NO sega toa istoto ne mozime da go povtorime...saka svoj ritam samo sto jas tesko go sledam negoviot ritam user posted image

(Одговор на членот lb81)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: чести вечерни будења
3.7.2010 12:38:31   
Snowhite RR
Моето има 5 месеци и се уште нема воспоставено ред, ниту навечер за будење, за цицање, ниту преку ден за цицање или за преспивање, јас мислам детето најдобро си знае кога треба да спие, кога да јаде и ние треба да го следиме него

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: чести вечерни будења
21.7.2010 13:00:08   
emma1
martin napravi 4meseci i poslednive 2 nedeli navecer mnogu pocna nemirno da spie. otkako ke uspee da se zaspie posle banjanje, a i toa stana cel ritual, spie mirno do prvoto budenje za cicanje. posle otkako ke se nacica e ubavo zaspan ama stom go vratam vo krevetce pocnuva da mrda, da gi frla nogite, da se prevrtuva i toa go rasonuva. nekoi noki stanuvam po 10 pati da go smiram, nekogas se smiruva samo so tapkanje po gazeto a nekogas bidejki se rasplakuva moram da go zemam vo race, i taka po cel saat a nekogas i poveke. nokeska bev premorena i posle sigurno 10 obidi da go smiram nemav veke sili i go staviv do mene i odma zaspa. duri i spiese 4 saati bez cicanje sto vo krevetce mnogu retko se slucuva. uspeav da se podnaspijam ama ne sakam ova da mu premine vo navika bidejki od 1 den spie vo krevetce, kaj mene go zimam okolu 6 nautro za poveke da pospie. aj da se nadevam deka e samo faza i ke pomine

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: чести вечерни будења
23.7.2010 0:00:08   
lukas
emma 1 i kaj mene e istiot problem i jas isto e moeto sega ke pravi 5 meseci imame red denski imame red i za zaspivanje navecer vo 22 e zaspan ama vo 1-2-3 h noke mora da se razbudi obavezno iako e ubavo naranet..so vestacko go hranam navecer cisto i koga ke se razbudi ko stavam do mene a be se pika cel vo mene za na grada i mu davam ke potrga malku i ke zaspie ke go premestam vo krevetce i ete go pak po eden sat aj pak do mene pak istoto,dobiv edna ideja nas od tuka za kolku da ne go ucam za na grada aj rekov da go odviknam mu davav cajce rekov namesto gladen da ne e zeden ke potrga od cajceto i ke zaspie ama po 15 min ete go pak taka probav 2 veceri pa pak se vrativ na staroto tempo,i ema dali go zemas vo tekot na nokta do tebe ili od sabajle nema vrska sepak go zemas da nani do tebe,ako sakas da go iskorenis toa poarno ni od sabajle ne go zemaj...jas barem taka mislam da ne me sfatis pogresno..i jas nezz so ke pram so toa zemanje do mene sega ni e ubavo bebcinja ama koga ke porasnat tesko nas..hahah..so taa navika..pozz

(Одговор на членот emma1)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: чести вечерни будења
23.7.2010 9:20:19   
emma1
koga ke porasnat sami ke si doagaat kaj nas vo krevet :)). taka i pravea na bratucetka mi decata koga bea okolu 2-3 godini, sred nok edno po edno kaj niv vo krevet :).
znam deka moze ne treba da go zimam i sabajle, ama taka mnogu rano se budi i posle e nervozen celo sabajle dodeka zaspie pak eeeeeeee, vaka barem se naspiva dokaj 8:30 pa e miren i raspolozen
da ne go urocam poslednive 2 dena nekako pomirno spie, osven za cicanje ne se budese. sega otkako ke cica go drzam malku podolgo vo race za da se zaspie pocvrsto pa go vrakam vo krevetce. moze i da ne e do toa stoznam, ke vidime do koga

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: чести вечерни будења
1.9.2010 13:44:36   
lukas
еве ме мене пак,јас по емма1 зборав на глава ми дојде моево не е тргнато од мене,го ставам на вецер да спие в креветце а бе како да знај кога си легнувам и поцнува разбуди се земи о до мене врати го назад ете го по пола сат пак и сега ете си спијаме заедно...незз сто ке правам кога е до мене спие убаво а в креветце не сака,се разбудва на пола сат,ама ете овие три дена пак сега не ми спие и  навецер,и до мене,да нее до запцинјата и јас си викам навецер му давам да јади 180 мл вестацко поке и да му направам не сака не го допива,а и многу рано ми заспива во 9 заспан е..и во 6 сабајле бимбилј..сака да си играме..ајде се тесам ке порасни ке фати усте толку ред,а денски по двапати преспива еднас од 12 до 2 и пол и после од 5 до 6 и пол и во 8 и пол си бара капенје и да нанка..не е претерано а одма заспива само со ке го клам до мене ке му го клам цуцето и одма мјам мјам и заспан е..позз

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот emma1)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: чести вечерни будења
7.9.2010 10:10:56   
Felly RR
Леле, не знам и ова кај нас штоuser posted image Само што си реков, детево фати некој ред, почна убаво да спие навечер, (ќе се разбудеше еднаш за чајче, и после за цицање дури во 6) сега, последниве три вечери, се буди на пола саат. Не знам што ќе правиме вакаuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: чести вечерни будења
8.9.2010 15:31:28   
gvenda
zdr Felli isto i jas taman ke si recam fativme red opa se se poremetilo imame 4 meseci i ne se znae koj pie koj plaka izmenivme sto nacini na spienje odnosno zaspivamnje sega momentalno edvaj zaspiva so cicanje a minatava nok zaspa vo 2 30 po polnok pa na sto lici toa i se razbuduva vo 6 30 cica i vo a0 cicase i posle budna eve sega nekako ja zaspav i pak se budi pa pak prespiva neznam so ke pravam umorna sum skroz a bas si imase nekoj red na dva saati preku den ke spie po pola saat i nakaj 22 30 do kal 23 30 e zaspana sega se pokasno i pokasno moze jas nesto zafrknav neznam epten mi e krivo i se obvinuvam deka neznam da i fatam red i da ja zaspijam ako ima nekoj vakvo iskustvo neka kaze inace so mene si spie krevetce ne ni probuvam
mnogu mi e onaka koa ke mi recat e moeto si spie od 9 pa do sabajle kade be jas edna vecer takva sum nemala
nemozam ni so mm da se vidime ko luge ni nisto da napravam

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: чести вечерни будења
8.9.2010 18:14:27   
*miki mami*
Felly исто и кај нас ние сме помалечки уште некој ден 7месеци...и јас таман си викам детево се среди еднаш во 2се будеше и еднаш во 6 за цицање милинаuser posted image
и он весел и мама и тато наспаниuser posted image
кога сега почна на саат да се буди ми спие во раце,а во креветче кога ке го ставам плачеuser posted image и баш со педијатарот правевме муабет на оваа тема ми вика ништо не им како раснат бараат внимание посебно оние деца што спиет во креветче ја бараат топлината на мајкатаuser posted image
како и дае незнам до кога ке им трае период им било а во никој слиучај не сакам ни да помислам да го легнам до менеuser posted image
од како е роден си спие во креветче и така сакам и да остане

(Одговор на членот gvenda)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: чести вечерни будења
10.9.2010 10:41:02   
Felly RR
Точно е дека им е период. Јас имам читано дека околу петтиот месец бебето што претходно спиело цела ноќ без да се буди, може да се случи да почне да се разбудува повеќе пати во текот на ноќта. До тогаш бебето се чувствувало како дел од мајката, а некаде околу петтиот месец почнува да сфаќа дека веќе не е дел од мајката, и дека си функционира само за себе, па затоа сега има потреба да види дека мајката е тука, па се буди во текот на ноќта. Кај нас истово почна да се случува кога имаше три и пол месеци, ама сега тамам ќе си фати некој ред, да си легнува во 23, па да се разбуди во 3, па во 6, по една недела сменува, ќе заспие во 21, па ќе се буди на секој саат.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот *miki mami*)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: чести вечерни будења
10.9.2010 12:08:16   
lukas
исто и кај нас ние сме помалечки уште некој ден 7месеци...и јас таман си викам детево се среди еднаш во 2се будеше и еднаш во 6 за цицање милина
и он весел и мама и тато наспани
кога сега почна на саат да се буди ми спие во раце,а во креветче кога ке го ставам плаче


miki mama istiot problem veke go imam i jas eve edna nedela,se razbudva kaj 2 -4  h i place ke mu ja klam cuclata i zaspiva ama ete go pak za pola sat-sat,i ako ne go zemam kaj mene na raka potpren ne zaspiva pak mislam zaspiva ama poveke nezz,sto e rabotata,a v krevetce ne saka da spie,3 dena po red probvam posto kaj 21 h zaspiva da mu go dadam mlekoto vkrevetce i da zaspie i tri dena po red se razbudva od koga ke zaspie odma na 3-4 pati za da odam do nego i sega go stavam na spalna do emne greska e znam ama ne spie ete,a ako go zaspijam na spalna i go premestam v krevetce se razbudva poveke od gore navedenoto i plus ja neki cuclata vristi,nezz sto ke pravam ic ne sum naspana ni jas a pak ni lukas,po 5-6 pati vo nokta se budi,super bese edno 2 meseca se budese duri vo 6 sabajle za jadenje,a i nie uste malku pa 7 ke pravime..pozz


_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: чести вечерни будења
10.9.2010 12:29:39   
gvenda
ee zenski a moevo na sto lici vo 1 po polnok zaspiva i eve sega spie do 1 abe nikako da se naucime porano da zaspivame pred edna nedela bese vo 23 ama so i tekna ova sega aj so dapraam ne deka mi e mn tesko ama nekako ne mi e normalno za bebe ova sto mislite sto da prezemam

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: чести вечерни будења
10.9.2010 12:34:44   
Палешка РР
хаха гвенда user posted image

Миа до 4 месеци заспиваше во 4, 5, некогаш и во 7 наутро. После намали, заспиваше во 3 наутро до кај 7 месеци. После почна во 2 и сега заспива во 1 часот по полноќ, а јас сум пресреќнаuser posted image
Не успеав да и го сменам ритамот, а пробав се'''', сега е поголема, па повеќе се заморува и порано заспива.

< Поракaта ја уредил Палешка -- 10.9.2010 12:36:11 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот gvenda)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: чести вечерни будења
10.9.2010 13:04:18   
ananikol
  Nie koga vlegovme vo 3-ot mesec pocnavme da si spieme ubavo,znaci od kaj 22h-04h ke se se razbudese gladen ke mu go dadev siseto i ke nastavese do kaj 07h i se ke bese super ama pocna da ne mi jadi pa jas pocnav da mu  davam mleko okolu 01h(goa da nadohnadam za toa sto ne mi jadi denski) pa sega taka si se navikna da zaspiva okolu 22h se budi 01h pa 04h i stanuva kaj 08h a nekoga i porano zavisi...
Sama si napraviv belja a ne deka pie nesto ami samo sega  sto moram da stanuvam a i toj so si stvori navika da se budi.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?