miana
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: sadgirl1 Blazesi vi na site vas sto ste uspeale da ja nadminete depresijata. Jas sosema izgubiv sekakva smisla za zivot, imam 23 a so mm se zapoznavme na 20, prvo bevme vo vrska pa zapocnavme da ziveeme zaedno, no na 22 ostanav bremena i na 23 rodiv..Najloso od se e so nikako nemozam da se priviknam na situacijava, cel den placam nisto zivo nemoze da me usreki, iako sme i finansiki ok i sami ziveeme celo vreme placam koga gleam deka ne sum vise kako drugite..se mi e ova naglo,gi imam site simptomi na pd, no za zal ova ke si ostane kaj mene..nemozam na niso da se posvetam, cello vreme se karame doma, imav sosema dr planovi, ednostavno se osekam sruseno..ve molam za sovet, go zamisluvav ova na 33 a ne na 23..nemozam vise se obolev, nikako ne sum ni za razdeleni ni za zaedno, so moive se karam nemozam vaka vise..ne uspeav da abortiram i celo vreme mi e uzasno..ednostavno momentalna cel vo zivotot mi e smrtta a taa kuznae koga ke dojde..Sakam da bidam pak srekna kako nekogas, ve molam sovet nekoja? ајде јас ке ти одговорам на ова.. Јас кога го запознав сопругот, имав 20 години.... Бев вработена тазе во маркетинг агенција ( само што ме пријавија ) и си имав многу убав живот.. ( пртходно имав врска од три ипол години и после раскинувањето го запознав мм ) Со сопругот бев во врска месец ипол и останав бремена... ( ама бевме МНОГУ заљубени ) Инаку и мојот сопруг беше колку мене ( 22 дена сум постара од него ) И сега што? Само што почнав да уживам во животот, јас се сооќив со голем предизвик..Дали ке абортирам и никогаш повеке нема да го видам и ке живеам со тој товар цел живот, или ке се одречам од се што во моментот имам и ке се одлучам да станам МАЈКА.... Решивме, ке се зимаме... Имавме многу тешки периоди .. сопругот е мн љуборен и најголем проблем беше тоа... Се породив, ме пукна депресија, мислев дека тука завршува убавото, ама не било така.. Имавме уште мноу предизвици.. ( останавме и двајцата без работа, тешко ни беше ) Сега после 8 ипол години брак, ние имаме две деца, семеен бизнис, двајцата работиме и имаме многу убави приходи..И знаеш што? И ден денес се сакаме....Знаеме да уживаме.. Двајцата сакаме да шетаме... Мене на 29 години ми се исполнија многу големи соништа и тоа знаеш кој ми ги овозможи ? Мојот сопруг! Да тој со кого делевме и срека и тага, и добро и лошо...Јас се запишав на факултет кога керками имаше една годинка, а лани и магистрирав.... Не е шетањето со другарки, се во животот.... Си се остварила како мајка, тоа е многу важно.. Уживај во мајчинството, немој негативната енергија да ја префрлаш дома и на бебето..Гледај ги позитивните нешта во животот, мисли позитивно.... Биди му подршка на твојот сопруг и изненади го.. Дотерај се и излезете си некаде а прошетате..Еве во кино на пример...Знаеш колку убаво ке ви дојде на двајцата? Не завршил животот за тебе.. Тоа мало нешто што се родило ке те прави срекна во иднина..Првиот збор, првиот чекор, првото паѓање, првото запче..Има да леташ од среќа..Не им завидувај на другарките, сите нив ги чека истото, само покасно можда ама па затоа они кога ке го поминуваат тоа, ти и твојот сопруг ке имате поголеми деца па ке си шетате со и без нив.. Гледај и мисли на позитивните работи што ги носи ова што тик се случило..Ништо не се случува без причина верувај...Мене некој да ми кажеше кога плачев дека немам пелени, дека сега ке бидам срекна и исполнета жена, немаше да верувам..Јас сум горда на себе, зошто на моите години исполнив многу работи што некој не успева ни во стари години....Ајде сега среди се, гушни си го бебчето, направи еден убав ручек и пречекај го сопругот насмеана...
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
|