|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  8 9 10 11 [12]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Постпородилна депресија
28.9.2015 14:05:04   
sadgirl1
A vie so bi praele

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 276
   RE: Постпородилна депресија
28.9.2015 14:09:01   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sadgirl1

A vie so bi praele


Ако го сакаш стварно маж ти, ќе пробаш да останеш со него и да го прифатиш детето, а за гледање како можеш така, на крај краева никој не е идеален, гледај го како мало другарче, може полесно така ќе го прифатиш со тек на времето.

Ако не го сакаш маж ти доволно и детето, напушти ги и почни нов живот.


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sadgirl1)
Непосредна врска до пораките: 277
   RE: Постпородилна депресија
28.9.2015 14:27:52   
Bea
Loveable, не ја осудувам, напротив - меѓу првите се приклучив на темава со цел да помогнам.
Прашањето ми беше во истата насока, ако навистина се спремни да го дадат детето - боже мој, можеби ќе си најде дом во кој ќе биде навистина сакано.
Плус, кој фактор се тука родителите? Сигурно ќе се најде некој од постарите што ја познава вашата ситуација и ќе знае да ве посоветува.
И како што се одвива дискусијава Sadgirl - не ни даваш одоговори на прашањата. Не дека си должна, но ете кога веќе се обрати за помош, помогни ни да те разбереме.
Сите горе доле ти дадовме исто размислување, ти пак твоето. Викаш сакаш да најдеш решение, ама како де ни те се бара. Ај да не грешам душа, искрено му посакувам се најдобро на твоето младо семејство.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 278
   RE: Постпородилна депресија
28.9.2015 15:09:14   
sadgirl1
Sakam da go ubedam mm deka sum vo pravo ama nz kako.. toa e resenie :(

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 279
   RE: Постпородилна депресија
28.9.2015 15:38:33   
niki
za sto si vo pravo, deka treba da go dadete bebeto na posvojuvanje?
mozebi toj ke si go cuva i sam? zosto voopsto da go ubeduvas?

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот sadgirl1)
Непосредна врска до пораките: 280
   RE: Постпородилна депресија
28.9.2015 15:42:43   
sadgirl1
Ne tuku deka zaedno ni bese najubavo :/

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 281
   RE: Постпородилна депресија
28.9.2015 16:02:51   
Hopeful RR
Ај да се вклучам и јас во дискусијава, макар што повеќето е кажано. Дека треба психолог/психијатар, дека треба да научиш да живееш со промени и дека ситуацијата е сериозна, тоа се факти.

sadgirl1, те читам неколку дена и едно не ми е јасно - што вика сопругот на целата оваа ситуација, освен тоа дека не сака развод и не сака да го дадете бебето? Како планира да помогне за да го надминеш ова? Што тој мисли дека ти треба да направиш? Дали и тој сака да искачате во град и да останувате до доцна како и претходно, и како мисли да го правите тоа со бебе?

И колку да знаеш, стариот живот може да го имаш пак, и без дете, и со дете. Ако решиш да си мајка, ќе стиснеш гс, ќе помине овој прв период во кој си му неопходна на бебето и после ќе дојде период во кој ќе го заспиеш бебето и ќе излезете во град, ќе го оставиш кај баби дедовци за викенд и ќе правите се што сте правеле досега. Го знам ова затоа што познавам луѓе што го прават ова.

А ако решиш дека не сакаш да бидеш мајка, тогаш направи го најдоброто за детето и дај го на посвојување. На секое дете му треба да расте со љубов и внимание, во семејство во кое е сакано. И волкот сит, и овците на број. Подобро така, отколку да посегнеш по себе или по бебето, не дај боже... Обиди се да бидеш конструктивна и потруди се повеќе, решение има секогаш.



_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 282
   RE: Постпородилна депресија
28.9.2015 16:05:34   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: sadgirl1

Ne tuku deka zaedno ni bese najubavo :/


Devojce ti ne go sakas nitu mazot ti.Stom ne go sakas deteto negovo i go otfrlas taka lesno,baras nacin da go ottarasas deteto eeejjuser posted image Znaci po X godini ti ke go otarasas i maz ti koga ke ti se smaci,bidejki momentalno si se opsednala so nego.Baraj si go lekot oti ova tvoevo e alarmantno!!!!!!!

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот sadgirl1)
Непосредна врска до пораките: 283
   RE: Постпородилна депресија
28.9.2015 16:27:11   
miana
Jas pak ke kazam deka nekoj si igra so nas, a admin neka proverat!!!! Ova e premnogu nerealno....

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 284
   RE: Постпородилна депресија
28.9.2015 16:35:54   
deluxe
Miana i mene veke nakaj tamu mi odi pametot,ama aj cekav nekoj drug da se izjasni.Treba da se proveri nikot.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 285
   RE: Постпородилна депресија
28.9.2015 17:10:13   
niki
Pa vie ste i ponatamu zaedno, ili ne ste?

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот sadgirl1)
Непосредна врска до пораките: 286
   RE: Постпородилна депресија
29.9.2015 9:42:31   
blue_blue
еве и да го убедиш дека сами ви било поубаво и тој го прифати тоа како факт - ти рече, да бе стварно ни беше поубаво кога бевме сами, не моравме да стануваме навечер, никој не ни плачеше по дома, бла бла....и сега што, еве убеден е....бебево не може да се варти назад пошто и да е убеден дека ви било боље од твоето кажување тој никогаш не би го дал на посвојување...и? пак се сведува на тоа дека новонастанатата ситуација треба да се прифати да се научи да се живее со неа, со сите нејзини добри и лоши страни. ако сакаш да бидеш со маж ти мора и бебто да остане од она што го кажуваш, ако ти не можеш бебето да го прифатиш тогаш ќе мора да се откажеш од маж ти, да се разведеш тој да добие старателство над детето а ти да си живееш друг живот онаков како што сакаш


ИЗВОРНА ПОРАКА: sadgirl1

Sakam da go ubedam mm deka sum vo pravo ama nz kako.. toa e resenie :(


(Одговор на членот sadgirl1)
Непосредна врска до пораките: 287
   RE: Постпородилна депресија
29.9.2015 13:28:03   
Bella28
Sadgirl1 duso pa ti ne si go sakas sopstvenoto bebe, togas najubavo da go ostavis zatoa sto ima luge sto placat za deca, i sigyrno ke najde familija kade ke bide srekno.A ti ke mozes slobodno da prodolzis da setas I da bides srekna zs vaka ne siuser posted image

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 288
   RE: Постпородилна депресија
29.9.2015 15:02:53   
miana
Абе луѓе ова е некоја зафрканција.. Пред два дена отворен јузерот, гледате дека пишува неповразни работи.... Ова некој сериозно си игра со нас и не пишувајте веке...Јасно е дека ако е вистина, оваа девојка не сака помош, едноставно си сака слободна да си биде...Тогаш не и треба ни маж ни дете а и на нив не им треба таква сопруга и мајка.... Тоа е тоа...Муабетиве што ги прави се за мали деца...

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Bella28)
Непосредна врска до пораките: 289
   RE: Постпородилна депресија
29.9.2015 15:26:53   
niki
aman miana, da malo dete e zenava, i na 23 godini mozes da imas takvi razmisluvanja
na bilo koi godini mozes da doneses pogresna odluka i potoa da se kaes, da sakas vremeto da go vratis nazad do tamu kade si go napravil izborot koj ti se cini ili e pogresen
i toa sto ti go vikas i go velat i nejzinite no toa ne i pomaga
vprocem da se soocis so sopstvenite greski ne e lesna rabota i samo zatoa sto ti i uste deset forumdjiki i napisaa ohrabruvacki soveti taa sigurno nema magicno da se oporavi i da go smeni nacinot na poimanje na rabotite



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 290
   RE: Постпородилна депресија
29.9.2015 23:57:27   
vezilka RR
Постпородилната депресија е сериозна работа. Понекогаш се манифестира во блага форма, како страв и непријатно чувство, но понекогаш може да заврши лошо по мајката или детето. Девојчево има проблем и никој не и помага. Колку сака да оди на псилолози и психјатри, ако кога ќе си дојде дома никој не ја разбира, и никој не и помага, се е џабе. Нема да ја надмине ситуацијата. Да може сопругот да ѕирне на форумов и да види што тој треба да прави... Во ситуацијава треба тој да делува. Кога човек е во депресија му треба НЕКОЈ да го насочува, оти тој самиот не може, не е во состојба. Ако може сам да си помогне тогаш не е во депресија, арен си е.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 291
   RE: Постпородилна депресија
30.9.2015 14:45:31   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

aman miana, da malo dete e zenava, i na 23 godini mozes da imas takvi razmisluvanja
na bilo koi godini mozes da doneses pogresna odluka i potoa da se kaes, da sakas vremeto da go vratis nazad do tamu kade si go napravil izborot koj ti se cini ili e pogresen
i toa sto ti go vikas i go velat i nejzinite no toa ne i pomaga
vprocem da se soocis so sopstvenite greski ne e lesna rabota i samo zatoa sto ti i uste deset forumdjiki i napisaa ohrabruvacki soveti taa sigurno nema magicno da se oporavi i da go smeni nacinot na poimanje na rabotite



Не реков дека она е мала, туку дека ни прави филмови како ние да сме мали деца.. Јас со неа се пишував во пп и така ме изврте, еднаш вака збори, еднаш така, па тука кажува работи што намерно би не испровоцирале за да се развие дискусија и да си трошиме време.. Дај боже да се лажам и ако се лажам ке и се извинам јавно, ама мене сево ова што таа го кажува не ми е верно од причина што не ми се допираат некои муабети едни со други...
Инаку не велам дека нема вакви проблеми, значи сите ние почнавме со убави совети , а таа како да не сака да промени ништо, туку само ни иде контра..
И дадовме убави совети, ако е вистинска, нека се обиде барем нешто од сево ова да примени..

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 292
   RE: Постпородилна депресија
30.9.2015 16:00:50   
deluxe
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

aman miana, da malo dete e zenava, i na 23 godini mozes da imas takvi razmisluvanja
na bilo koi godini mozes da doneses pogresna odluka i potoa da se kaes, da sakas vremeto da go vratis nazad do tamu kade si go napravil izborot koj ti se cini ili e pogresen
i toa sto ti go vikas i go velat i nejzinite no toa ne i pomaga
vprocem da se soocis so sopstvenite greski ne e lesna rabota i samo zatoa sto ti i uste deset_ forumdjiki i napisaa ohrabruvacki soveti taa sigurno nema magicno da se oporavi i da go smeni nacinot na poimanje na rabotite



Не реков дека она е мала, туку дека ни прави филмови како ние да сме мали деца.. Јас со неа се пишував во пп и така ме изврте, еднаш вака збори, еднаш така, па тука кажува работи што намерно би не испровоцирале за да се развие дискусија и да си трошиме време.. Дај боже да се лажам и ако се лажам ке и се извинам јавно, ама мене сево ова што таа го кажува не ми е верно од причина што не ми се допираат некои муабети едни со други...
Инаку не велам дека нема вакви проблеми, значи сите ние почнавме со убави совети , а таа како да не сака да промени ништо, туку само ни иде контра..
И дадовме убави совети, ако е вистинска, нека се обиде барем нешто од сево ова да примени..



И јас не верувам дека ова е вистинска личност со вистински проблемuser posted image Мислам дека некој си пополнува слободно време или сака да развие дискусијаuser posted image За мала не е мала,сепак има 23г не е 13,исто така ја имаше активно 2 дена а сега ја нема никадеuser posted image user posted image Па сега видете колку е реално.Има соодветна тема за чувствата ма мајката и бебето,и таму ја немаuser posted image user posted image

< Поракaта ја уредил deluxe -- 30.9.2015 16:03:21 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 293
   RE: Постпородилна депресија
30.9.2015 17:03:45   
niki
pa kolku jas procitav zenata rece deka ima bebe i so bebe veruvam deka ne moze non stop da visi na kompjuter
toa e i del od nejziniot problem vprocem, sto pokraj bebeto ne moze da pravi sto saka
a bogami i zosto da saka da pisuva koga ja docekavte so vakvi postovi
mislam zamislete navistina da ima problem da nema poddrska od nikogo i tuka da dojde da se izjada ako nisto drugo i na celata maka uste da cita kako se ismevate, ne i veruvate i barate od adminite da proverat dali toa nekoj ne zeza


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 294
   RE: Постпородилна депресија
30.9.2015 17:32:55   
Hopeful RR
Се согласувам со ники. Мора прво да пристапиме сериозно и конструктивно, и да погледнеме низ прсти ако ни се чини дека некој не зеза. Голема е веројатноста да се работи за сериозен, тежок проблем, и осудувања и навреди може само да влошат... Не смееме да се расфрламе со ставови, посебно кога ретко која од нас имала искуство со тешка депресија, анксиозност, страв и што се не. И секако, не смееме ние да станеме cyber bullies и да и влошиме на sadgirl1. Тоа што е нов член, со малку постови не мора ништо да значи, може ете дури сега има потреба до помош па пишува... Тоа што е хаотична во изјавите и недоследна може да е дел од проблемот, а тоа што ја нема, искрено ме загрижува.

sadgirl1, те молам пиши ни што се случува, немој да се изолираш. Не се познаваме, но сите ние тука сме отворени и позитивни да понудиме помош, поддршка и разбирање. Сите сме со различни животни искуства и ставови и кај некого секогаш ќе наидеш на разбирање. Читај селективно, батали ги навредите и осудувањата, послушај ги советите што може да ти помогнат и секако пиши ни. Што и да одлучиш, ние сме покрај тебе.

Лично, ја разбирам твојата носталгија за претходниот живот, и иако се борев со стерилитет и бев најсреќна на свет кога добив деца, сепак имав еден период во кој не можев да поверувам дека ете, this is my life now, дека не можам да излезам кога сакам, да правам што сакам, да спијам, да дремам пред ТВ и куп други работи. Склона сум кон депресија и ми траеше тоа подолго од обичен baby blues, и покрај тоа ова беа долго очекувани и сакани бебиња, а тек па кај тебе, во сосема друг животен контекст. За се има решение, само мора да се потрудиме да дојдеме до него.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 295
Страница:   <<   < Претходна страница  8 9 10 11 [12]
Страница: <<   < Претходна страница  8 9 10 11 [12]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?