LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (2.12.2013 13:23:19)
|
Девојки, сега само што се вратив од Фондот, бев да се информирам за ИВФ втор обид, која е процедурата, што документи треба и ми рекоа вака: - копии од претходни HSG, лапароскопија, хистероскопија (доколку сте правеле) - 3Д/4Д ехо ново да се направи не постаро од 6 месеци - ПАП тест (не постар од 1 година) - микробиолошки брисеви не постари од 6 месеци - хормонален статус FSH, LH, PRL, E2, Progesteron, Testosteron, TSH, T3, T4), не постар од 6 месеци. Доколку FSH е покачен, може да побараат Антимулериан хормон, доколку не е, не бараат - комплет крвна слика со седиментација и гликоза не постари од 6 месеци, - два спермограма (еден од претходното ИВФ), а друг нов не постар од 6 месеци - вирус маркери, хепатит Б,Ц и ХИВ не постари од 6 месеци (за двата партнера) - копии од претходни инсеминации - извештај, отпусна листа од ИВФ-то кое било неуспешно од болницата каде сте правеле Прашав кога треба да се достави, ми рекоа после 6 месеци од датумот од последното ИВФ. Јас им реков ако доставам неколку недели пред датумот, за да разгледаат и таман дури да решат дали може така, ми рекоа дека може. Ги прашав за ИВФ за второ дете, ми рекоа сега ги дефинираат деталите, од јануари 2014 година почнува процедурата, и дека истата ќе биде многу поедноставна отколку за ИВФ за тие што немаат прво дете. Позз
|
|
|
|