RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.12.2013 10:54:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Прочитав, ама не сум баш запознаена со овие испитувања.Баш ке пребарам низ интернет да се информирам малку повеке. Мене матичниот ми вика да не се надевам воопшто на инсеминација зошто сопругот има тератозооспермија , ми вика да ги поминам 4 инсеминациии да спремам документи за инвитро. Планирам да се конслултирам со него во врска со овие испитувања па ке видиме. Само во МАНУ се прават или има и по приватните болници? Мене ми е проблем што ен сум од ск, па незнам дали ке завршам за еден ден вака со приватните завршувам одма ама па еден куп пари имам досега дадено.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Milicka30, пред некое време една од членките на форумот имаше напишано дека ако има дијагноза заради која не се препорачува инсеминација, во фонд може да одобрат ивф и без четири инсеминации. Провери го тоа, за да не се мачите со инсеминации за џабе...



ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

напишано дека ако има дијагноза заради која не се препорачува инсеминација, во фонд може да одобрат ивф и без четири инсеминации. Провери го тоа, за да не се мачите со инсеминации за џабе...


Да и јас имав сретнато...сега ке пребркам :)






LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.12.2013 11:07:19)

Milicka 30, ако ги правиш на приватно многу се скапи генетските и имунолошките испитувања затоа е подобро да ги правиш на државно. Еве уште еднаш ќе напишам за сите што имале неуспешни ИВФ, а не ги испитале овие работи, да го направат тоа, барем ако нема ништо да се мирни, а ако има нешто да не губат време, нерви и пари по болниците за ИВФ и да доживуваат разочарувања.

Значи, доколку бременоста заврши во првите недели, конкретно при ИВФ, и ако тоа се повторува препорачуваат да се направи следното, со упат од матичен гинеколог:

- Генетска анализа за тромбофилија (за двајцата, преку крв, 1200 ден.)
- Анализа на ANA, AFA и ASA (за мене, преку крв 700 ден)
- HLA типизација за двајцата (3000 ден)
сите овие во Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Клиника - Скопје

- Микроделеција на Y хромозом (за сопругот во МАНУ, тоа било посебно испитување зошто не дошло до добра имплантација, со упат од матичен, преку крв, цената е 400-500 ден)

Потоа ќе одредат докторите, ако има потреба што уште да се испита и дали треба терапија.

Миличка30, во Фондот дозволуваат ИВФ ако има тешки нарушувања кај машкиот фактори или непроодни канали кај жената и фактори со кои не може да дојде друго оплодување освен со ИВФ или евентуално возраста на жената, тогаш може и со две инсеминации да ти дозволат ИВФ.

Позз




I LOVE -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.12.2013 13:34:49)

LoveableMe RR toa go imam,jas mislev na nekoja podvrda oti e bilo neuspesni ivf ama za toa ke im gi dadam rezultatite od betahcg,kaj mene bese biohemiska bremenost i imam poveke rezultati ama ke im gi dadam site od pocetnata beta pa se do poslednata za da vidat deka ne bese uspesno...pozz




MademoiselleNina -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.12.2013 22:29:00)

Јас ги спремам документите за ИВФ, и сакам да ве прашам вов рска со хормоните.
Мене Фсх ми е 8.67, ЛХ 3.03, Прл 12.8, Естрадиол 33.4 и Тсх, 1,44. - трет ден.
Прочитав во правилникот дека пишува Естрадиол поголемо од 60. А мене ми е 33.4.
Што значи ова? Дали ќе ми ги примат документите?
И тестот за скриен шеќер сум го правела во мај... и сеа по некоја логика - не ми важи???
На последните брисеви ми пишува Candida, (имав терапија за тоа, ама гин. не ми рече дека треба да правам повторно брисеви.)
Планирам во четврток да одам кај матичниот... да видам што ќе каже ...
[sm=muca.gif]




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.12.2013 22:59:37)

Нина, да се јавиш и да ги прашав, не знам, ако треба ќе ти кажат дали треба да земаш Естрофем. Најдобро да прашаш, или ако има друга членка нека пише што имала слично искуство. Позз




Milicka 30 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 9:24:49)

LoveableMe фала ти многу за информациите, да видам што ке ми каже матичниот па ке си направам испитувања на државно.
Инаку ние се бориме со тератозооспермиа 2 години, и никакви витамини досега непомогнаа имаше малку подобрување , а кај мене се е во ред.
Е сега можеби најдобро е да прашам во фондот за да не се мачам со инсеминации, ако може право на инвитро.
Ако има некој слично искуство ве молам споделете.




I LOVE -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 11:16:04)

Milicka 30 ako e do spermogramot problem togas moze bez insemacii samo napravi si 4eho,jas bev na ivf za zal zavsi so biohemiska bez predhodno da pravam insemacii i kaj nas bese istiot problem,pozz




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 11:32:55)

Milicka30, јави се и прашај си, секој случај е различен, па да си знаеш, да не губите време и нерви. Кажи ни после [sm=smiley31.gif][sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 12:44:04)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

LoveableMe фала ти многу за информациите, да видам што ке ми каже матичниот па ке си направам испитувања на државно.
Инаку ние се бориме со тератозооспермиа 2 години, и никакви витамини досега непомогнаа имаше малку подобрување , а кај мене се е во ред.
Е сега можеби најдобро е да прашам во фондот за да не се мачам со инсеминации, ако може право на инвитро.
Ако има некој слично искуство ве молам споделете.


Milicka30, ние имавме сличен проблем. Ќе ти пратам приватна порака. Позз




iki kiki riki -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 13:19:30)

Mene, na suptilen nacin od fondot me odbija, toa e toa...Mi odobrile so donirana jajce kletka, a jas nitu imam sestra nitu imam namera na toj nacin, posto ke idev so donirana sperma, koja pa mi ja odobrija, na druga Komisija?? Taka da ova ne go sfakam, mnogu razocaruvacki i neznam sto ke pravam [sm=smiley19.gif]




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 13:39:18)

Zoya, твојот пост ќе го префрлам во Стерилитет кај мажот и ќе ти пишам таму, да не одиме овде надвор од темата.

Ikirirki, баш м ие жал, може ли да ни пишеш зошто ти предлагаат донирана јајце клетка? Зошто ако не ти дозволуваат, а имаш јајце клетки, не си земеш кредит и да одиш кај некој од подобриве доктори и да пробате приватно ИВФ? Пиши, позз




iki kiki riki -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 13:46:35)

Mene mi baraa dopolnitelni testovi, megu koj i AMH, koj mi bese 0.56, nizok znam,ali jas imam 44 god :) i bev da razgovaram so toj edniot doktor od klinika, koj e u komisijata, i on mi rece, da bidam svesna deka so sekoja stimulacija, pobrzo ke vlezam u menopauza, na sto mu odgovoriv deka mi e gajle,ha,ha...demek na ovoj nacin oni se grizele za moeto zdravje. nema veze, ke idam privatno, dzabe samo izgubiv tolku vreme. A ne mi e jasno, koga kaj nas nema donirani jajce kletki, znam deka moze nekoj da ti donira..gluposti..toa e[sm=zmeden.gif]




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 15:20:11)

Ikiriki, доколку веќе во Фондот се децидни за твојата ситуација, пробај го рецептот со маслиново масло и суви смокви во имам во форумот Рецепт за зголемување на можноста за забременување, земај перуанска маца и можеш да одиш на ИВФ со блага стимулација, да не ти ги истрошат јајце клетките или евентуално ако одиш со повеќе, да ти ги замрзнат и консултирај се кој е најдобар доктор во РМ за забременување над 40.

Се надевам така ќе има резултат. А може ако подобриш хормони со ова што ти напишав и да поднесеш пак до Фондот, може ќе ти одобрат. Позз




iki kiki riki -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 15:43:35)

Fala, mene mi se dobri hormonite, 4 meseci unazad gi proveruvam, ne e do toa, AMH nemoze da se promeni, toj e, ednostavno do godinite e,baram taka mislam. Fala vo sekoj slucaj




Melanija RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 15:57:47)

Milicka 30 со таа дијагноза не е проблем,пак мораш да имаш 4 инсеминации.Јас имам прашано за иста дијагноза прус полу проодни канали па ми рекоа 4 инсеминации




kapina -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 16:46:20)

Sakam da prasam za genetskite I imunoloskite ispituvanja kade se pravat na koi klineznam mozda sega ke gi baraat I inv neznamniki




bella80 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 17:41:32)

Iki Kiki tebe AMH po moe ne ti e nizok voopsto za godinite...Sto ockuvaat oni so 44 kolku da ti bide?Zeni so tolkav AMH i prirodno zabremenuvaat.Mojot AMH NA 31 BESE 0.44,ama ne gubam nadez,moja prijatelka so 0.16 na trto IVF ostana bremena sega ke rodi...Ne gubi nadez,bidi uporna i ke uspees....




Milicka 30 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 20:47:02)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Milicka 30 со таа дијагноза не е проблем,пак мораш да имаш 4 инсеминации.Јас имам прашано за иста дијагноза прус полу проодни канали па ми рекоа 4 инсеминации


Се јавив денес и прашав ама некако многу незаинтересирано ми стоеја, ми кажа др. требало да видат, па ми кажаа да сме провереле на 2 различни места, прашав дали може на маил да им пратам документи за да проверат , ама излгеда не им беше денот.




kapina -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 21:13:32)

Milicka moj sovet ti e napravi si gi inseminaciite jas imav preporaka za IVF oti kaj nas I kaj dvajcata ima problem pa pak ni pobaraa uste dve inseminacii. A da znaes ako te odbijat ke imas pravo samo da se zales. no ne I povtorno da gi podneses dokumentite




brm_brm -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (4.12.2013 23:30:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: MademoiselleNina

Јас ги спремам документите за ИВФ, и сакам да ве прашам вов рска со хормоните.
Мене Фсх ми е 8.67, ЛХ 3.03, Прл 12.8, Естрадиол 33.4 и Тсх, 1,44. - трет ден.
Прочитав во правилникот дека пишува Естрадиол поголемо од 60. А мене ми е 33.4.
Што значи ова? Дали ќе ми ги примат документите?
И тестот за скриен шеќер сум го правела во мај... и сеа по некоја логика - не ми важи???
На последните брисеви ми пишува Candida, (имав терапија за тоа, ама гин. не ми рече дека треба да правам повторно брисеви.)
Планирам во четврток да одам кај матичниот... да видам што ќе каже ...
[sm=muca.gif]

ке може ли линкот од фзом, за потребни документи и услови за ивф




Melanija RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (5.12.2013 0:07:29)

kapina имаме тема генетско испитување=ТУКА , некои информации во постот на LoveableMe RR ТУКА

Страната на ФЗО fzo.org.mk/




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (5.12.2013 10:36:23)

Milicka30, ако немаш 38-40 години, или ако нема тешки нарушувања кај двајцата, нема да ти дозволат ИВФ, бараат четири инсеминации во Фондот.

Икирики, јас мислам да си правиш ИВФ земи кредит, одбери добар доктор, д-р Таше знам во Битола најмногу работи со жени со долгогодишен проблем со забременување над 40 год и слушам во Бугарија имало некои доктори, само не знам точно кои. Ако знае некоја членка, нека пише.

Капина, за генетско-имунолошките испитувања ти пиша Меланија, имам објаснето што како, тоа не ти го бараат во Фондот, ниту пак мене ми го бараа во Систина, јас сама сакав за мене, да не губавм време и да знам, ако нема ништо тогаш така требало да биде со моето ИВФ, а ако има нешто да преземам мерки. Ги тераат девојките да прават 3-4 ИВФ, па ако се неуспешни тогаш им викаат ај испитав ова-она. Значи ако сакаш, на своја рака можеш да ги направиш, за ти да си сигурна. Позз




koki12 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (5.12.2013 10:59:58)

Kiki riki jas imam 32 god i uste poniska vrednost na AMH,mislam deka godinite nemaat mnogu vlijanie.I mene mi pobaraa AMH ama po sto e mnogu nisko nesakam da go podnesam,kazimi po sto hormonite ti bile vo red nemozese li samo vrz osnova na niv da dobies vaucer.Jas sakam sega pak da gi ispitam i ako se vo red da probam pak samo so niv i eho ako imam dobar folikul i endometrium.Ti pisav privatana poraka.Pozdrav!




baby77 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (5.12.2013 15:25:05)

znaete li kako i sto mi e potrebno za podnesuvanje dokumenti za vtoro ivf i koga se smetaat pominati 6 meseci od transver ili od dobien vaucer? Blagodaram




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (5.12.2013 15:27:23)

Baby77, повели:

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Девојки, сега само што се вратив од Фондот, бев да се информирам за ИВФ втор обид, која е процедурата, што документи треба и ми рекоа вака:

- копии од претходни HSG, лапароскопија, хистероскопија (доколку сте правеле)
- 3Д/4Д ехо ново да се направи не постаро од 6 месеци
- ПАП тест (не постар од 1 година)
- микробиолошки брисеви не постари од 6 месеци
- хормонален статус FSH, LH, PRL, E2, Progesteron, Testosteron, TSH, T3, T4), не постар од 6 месеци. Доколку FSH е покачен, може да побараат Антимулериан хормон, доколку не е, не бараат
- комплет крвна слика со седиментација и гликоза не постари од 6 месеци,
- два спермограма (еден од претходното ИВФ), а друг нов не постар од 6 месеци
- вирус маркери, хепатит Б,Ц и ХИВ не постари од 6 месеци (за двата партнера)
- копии од претходни инсеминации
- извештај, отпусна листа од ИВФ-то кое било неуспешно од болницата каде сте правеле

Прашав кога треба да се достави, ми рекоа после 6 месеци од датумот од последното ИВФ. Јас им реков ако доставам неколку недели пред датумот, за да разгледаат и таман дури да решат дали може така, ми рекоа дека може.

Позз






Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>