Karma -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (9.1.2014 9:44:25)
|
Ин-витро на државен трошок и за немажените! Актуелниот Закон за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) дава можност да ја користат оваа постапката и сите полнолетни и деловно способни жени кои не се во брак или не живеат во вонбрачна заедница, а имаат желба да станат мајки Во Македонија со ин-витро вештачко оплодување, покрај жените што се во брак, мајки можат да станат и оние што се немажени, а имаат желба да имаат сопствено дете. Овие поволности им ги овозможува актуелниот Закон за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) според кој право на користење на постапка на БПО имаат и сите полнолетни и деловно способни жени кои не се во брак или не живеат во вонбрачна заедница. Но, жените треба претходното да се имаат лекувано по другите методи, но тоа да било неуспешно. Законската регулатива исто така бара тие според возраста и општата здравствена состојба да се способни за родителска грижа. Истовремено, предвидено е оплодувањето да се реализира само во здравствени установи кои имаат овластување од министерот за здравство за спроведување на ваква постапка. Дали БПО ќе биде на товар на пациентката или ќе биде одобрено од страна на комисиите во Фондот, зависи од исполнетоста на условите кои се законски пропишани. Установите каде се врши вештачко оплодување располагаат со одлични услови како што се соодветна опрема, кадар и биохемиска лабораторија. Во спроведувањето ин- витро можат да учествуваат лекар-специјалист по гинекологија и акушерство, специјалист по ендокринологија и специјалист по урологија. Вештачкото оплодување во земјава се реализира во повеќе приватни и јавни медицински центри лоцирани во неколку градови меѓу кои Скопје, Штип и Битола. За да нема листи за чекање бројката на овие центри се зголеми за уште 5 лиценци, за што Министерството за здравство лани распиша јавен повик за нови лиценци за биомедицинско потпомогнато оплодување. Целта, како што објасни Тодоров, е да се зајакне мрежата на здравствени установи кои вршат ваква дејност во земјава, но истовремено и да им се помогне на семејствата кои имаат тешкотии по природен пат да добијат деца. Досега во земјава за ин-витро методата можеше да се аплицира само за прво дете, но од јануари годинава таа можност ја имаат и сопружниците што сакаат да имаат уште едно дете. Државата за вештачкото оплодување за второ дете одвои 1,5 милиони евра. Според досегашното искуство годишно за вештачко ин-витро оплодување за прво дете имало од 800 до 900 барања, за што во буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) биле обезбедени околу 60 милиони денари. Како што најави Маја Парнарџиева-Змејкова, директор на ФЗОМ, годинава буџетот е значително поголем и за таа цел резервирани се 160 милиони денари. Оваа установа ќе доделува ваучер за второ дете со можност жената оплодувањето да го реализира до три обиди. Инаку, осигурениците сами одлучуваат во која здравствена установа ќе го извршат оплодувањето, а поднесување на барањето, пропратено со соодветна документација за добивање на потребниот ваучер ќе трае околу две недели. Како што веќе информираше министерот за здравство Никола Тодоров досега за постапката на вештачко оплодување за прво дете се одвојувале околу милион евра. Годинава пак заедно со барањата за ин-витро за второ дете се очекува буџетот да се зголеми и да достигне 2,5 милиони евра. Извор: ВЕЧЕР (надворешни линкови се забранети)
|
|
|
|