Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (12.3.2014 12:36:17)
|
Еве ме мене [sm=smiley1.gif], се уште ги собирам документите, се надевам дека скоро ќе поднесам. Кај мене се е ок, чекам резултати за пап, и сопругот треба уште еден спермограм, чекаме да помине време, и маркерите. Е сега, знам дека бараат ХСГ не постаро од една година, а мене ми е од јуни 2012, и сега не знам дали ќе инсистираат на уште едно... А хистероскопијата ми е од април 2013, и не знам дали и за неа бараат да не е постара од една година, има некој податок? Мислам дека е стварно безврска да има рок и на тоа... Притоа, немам лапароскопија, неопходно е? Матичната смета дека не, па сега штознам... И уште нешто - како да памтам од овде дека девојки имаа пишувано дека треба копии од сите документи да се направи пред поднесување, што со тоа и ако да, зошто? Фала ви, се надевам на најдобар исход за сите нас [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|