Во форма после породувањето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> После породување



Порака


Еца -> Во форма после породувањето (31.7.2009 14:15:19)

Иако новите мајки се фокусирани кон водењето грижа за своите новороденчиња, многу од нив едвај чекаат да се ослободат од вишокот килограми кои ги добиле во текот на бременоста.
Пред да започнете било каква програма со вежби, или пак слабеење, најпрво треба да се консултирате со својот доктор.

Еве неколку предлози кои ќе ви помогнат да започнете со вежбање после породувањето:

-    Започнете да вежбате во бавно темпо, посебно ако не сте вежбале многу во текот на бременоста
-    Секогаш започнете ги вежбите откако ќе се загреете и завршете ги со период на успорување
-    Вежбајте со спортски градник
-    Започнете со редовно пешачење. Може да го земете и бебето со вас
-    Од пешачење префрлете се на потешки вежби
-    Размислете да започнете со часови по вежбање креирани за нови мајки
-    Побарајте програми за вежбање во некој фитнес центар

Јас дефинитивно ќе вежбам, само малку да се опоравам и најпрво ќе почнам со симнување и качување по скали, бидејќи живеам на 9 кат. Ајде мамички вие кои веќе имате бебиња, дали практикувате некои вежви, справи во домот... Мислам дека сме млади и дека треба да си посветиме и внимание и на самите нас, за да се чувствуваме убаво.А воедно да поработиме и на нашето тело и здравиот дух.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: Во форма после породувањето (31.7.2009 14:18:00)

јас имам редовна вежба дома- живееме во куќа на 2 спрата и на горниот се сите работи кои ми требаа за Лука така што дневно и незнам колку пати ги качувам и симнувам..а инаку реодвна ни е нокна прошетка пред спиење која трае по 1-2 часа и сега за сега ми е доволно. А инаку имам дома топка за вежбање ама никако да почнам, се некако сум уморна




ripce -> RE: Во форма после породувањето (31.7.2009 14:24:28)

воопшто не сум во форма, треба да симнам 5-6 кг, ама постојано се уморна, се ме боли, немам време... надеж ми е постот што следи од 14-27 август за Богородица планирам и се имам заречено да постам, се надевам ќе симнам некое кг, инаку лесно симнувам, тешко е да се решам на тоа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Еца -> RE: Во форма после породувањето (31.7.2009 19:23:27)

Ајде мили за сите нас кои сакаме да изгледаме и подобро и малку да се размрдаме 10 минути можеме да одвоиме, ќе ве молам без изговори[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] 10 минути секој може да одвои ако сака, затоа во акција жени:
Секој од нас има делови од телото со кои си има одредени проблеми и кои не се решаваат со никакви напори за губење на тежината.
Ако се работи за стомачни мускули, не се работи само за квантитетот на вежбите кои ги правите, туку на самиот квалитет.

Неколку совети за тоа како да постигнете рамен стомак за кратко време.

- Легнете на подот со свиткани нозе, ставете ги вашите палци на долниот дел од ребрата а вашиот мал прст на колковите. Потоа почнете да го кревате горниот дел од телото, но водејќи со градната коска, а не главата, брадата, или носот). Допрете до колената и полека спуштете се.

Движењето треба да биде долго и во двата правци.

- За да се израмни долниот дел од стомакот, застанете на колената и потпрете се со рацете на подот, кревајќи го папокот нагоре колку што можете повеќе, воедно стегајќи ги мускулите. Ако го направите тоа со опуштени мускули ќе забележите дека губите рамнотежа.

- Рамен стомак без болки во вратот. Легнете на грбот и кренете ги нозете и рацете од подот, вашите колена свиткани над колковите а рацете директно над рамената со дланките нагоре. Останете мирни колку што можете повеќе и цврсто повлечете ги абдоминалните мускули кон рбетот. Останете во таа положба двапати, броејќи до 8.

- Спуштете го вашето десно стапало до подот и удрете со петата 4 пати, без да го виткате грбот. Со контракции на абдоменот кренете го десното стапало, а потоа повторете ја постапката со левото.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley2.gif[/image]




mimicka -> RE: Во форма после породувањето (2.8.2009 9:47:07)

Elena toa e toa sto mi treba malku da se dovedam vo forma. Navistina moze da se odvojat 10 minuti za malku vezbanje [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Еца -> RE: Во форма после породувањето (2.8.2009 21:17:31)

Пред да почнете со вежбите потребно е да се консултирате со вашиот лекар - дали постојат некои контраиндикации. Тоа е особено важно за младите мајки кои неодмна се породиле. Ако породувањето поминало без компликацииможе да почнете со вежбање по 4-6 недели, а по царски рез можете да почнете по 6-8 недели.




Twins -> RE: Во форма после породувањето (10.8.2009 0:13:25)

  Елена, вежбите што ги имаш напишано ,  дали ти се испробани? има ефект? оти стомаков ми е за никаде[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley5.gif[/image]




Еца -> RE: Во форма после породувањето (10.8.2009 0:35:24)

Да, Твинс, има ефект, јас имам уште вежби, но тие ги гледам од слики па ако успеам убаво да ги прилагодам и објаснам ке ви ги напишам, инаку навистина со малку труд и воља, и секојдневно вежбање макар и по 15 минути се доага до резултати[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]Од искуство кажувам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image]




Twins -> RE: Во форма после породувањето (10.8.2009 0:41:26)

  Фала Еленче , ке ги пробам па можи малку ке го намалам мешкото[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





Еца -> RE: Во форма после породувањето (10.8.2009 0:49:03)

Еве уште некоја вежба[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Цврст стомак: за оваа вежба може да се седи и пред телевизор –легнете на стомак, а потпрете се на лактите. Подигнете го горниот дел од телото и задржете се така 20-50 секунди, па вратете се во првобитната состојба. Добро би било вежбата да ја повторите барем 10-тина пати, за почеток, а понатаму може и повеќе.

Цврст и подигнат задник: ова е баш невидлива вежба – застанете исправено, стегнете ги мускулите на задникот и задржете се така 5 секунди. Ако сте во можност, повторете ја вежбате 20-30 пати.




Еца -> RE: Во форма после породувањето (10.8.2009 0:59:41)

Еве преубави вежби за рамен стомак, ги имам правено и навистина се топ.А додека ги правите баш ќе им биде забавно на малите покрај вас, па уште и некое пријатно музиче и супер услови за вежбање.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]

http://www.youtube.com/watch?v=F9bs13e39f0




Еца -> RE: Во форма после породувањето (16.8.2009 0:12:36)

Леле луѓе едвај чекам да помине уште некоја недела и да почнам да вежбам.Воопшто не сум задоволна од изгледот.Мислам знам дека родив пред само 24 дена, но сакам да си ја вратам линијата.Кој е со мене нека ми се придружи со вежбањето за две до три недели, добро да ми зарасне раната.Инаку еве уште вежби(се подготвувам на големо(и планирам да се сликам пред да почнам да вежбам и пак пока ке ја добијам посакуваната линија[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]),а во продолежение што друго, ако не ВЕЖБИ:

1. Странични спуштања (нозе): Ставете ги рацете на половината и застанете со нозете поставени паралелно со широчината на рамената, главата и торзото исправени. Од оваа позиција, со десната нога зачекорете странично во десно, најмногу што можете без да ја поместите левата нога. Потоа, свиткајте ја ногата во агол од 90 степени. Останете така 2 секунди и вратете се во првобитната позиција. Повторете го истото со левата нога.

2. Клекнувања (нозе): Ставете ги рацете на половината или прекрстете ги на градите. Како што стоите со нозете поставени паралелно со широчината на рамената, полека клекнувајте така што нозете ќе прават агол од 90 степени. Како што клекнувате, држете го долниот дел од грбот малку свиен, а главата исправена.
Туркајте го задникот назад како да се подготвувате да седнете на стол. Исто така внимавајте колената да не Ви одат многу напред. Доколку не се во иста вертикала со ножните прсти, значи дека не го туркате задникот наназад при спуштањето онолку колку што треба. Штом стигнете до 90 степенскиот агол на нозете, полека вратете се во стоечката позиција и повторете.

3. Обратни поткревања (рамена): Ставете ги нозете на стол, а рацете пред себе паралелно со широчината на рамената. Дигнете се така што рацете ќе Ви бидат исправени, а лицето паралелно со подот. Потоа, полека спуштајте се така што рацете ќе прават агли од 90 степени и повторете.

4. Поткревања (гради): Со лицето кон подот, поставете ги рацете малку пошироко од рамената. Нозете и стапалата треба да Ви бидат споени, а ножните палци свиени кон подот. Дигнете се така што рацете ќе Ви бидат исправени. Потоа полека спуштајте се додека градите не го допрат подот. Кога се спуштате, концентријате се на истегањето на градите, а потоа полека подигнете се.

5. Поткревања со споени дланки (трицепс): Оваа вежба е иста како поткревањата освен што сега Вашите дланки треба да ги поставите поблиску така што палците и показалците ќе формираат тријаголник под градите. Како што се спуштате, лактите одат нанадвор. Штом градите ќе ги допрат рацете, полека подигнете се и повторете.

6. Поткревања на торзото (грб): Легнете на стомак и поставете ги рацете позади на вратот. Полека кревајте го горниот дел на телото така што градите ќе Ви се оддалечат од подот. Би требало да ги почувствувате контракциите на мостулите од долниот дел на грбот. Останете во таа позиција 2 секунди и пополека спуштете се. Повторете.

7. Стомачни: Легнете на грб со колената свиткани и нозете на подот. Ставете ги рацете зад главата и не се поткревајте со нив. Кренете се со телото со стегнати стомачни мускули, останете горе 2 секунди и потоа полека спуштете се. Не останувајте долу повеќе од една секунда.
И да- не забушавајте ако сакате резултати![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]






lili26 -> RE: Во форма после породувањето (17.8.2009 15:35:07)

za da se vratite pobzo vo forma posle poroduvanjeto preporaclivo e da piete mnogu prirodni sokovi,ili barem mnogu voda.Toa osven so ke vi pomogne porgu da se oporavite ke vlijae pozitivno i na mlekoto.Jas taka navistina brzo zakrepnav.(nemojte da se plasite deka od tecnosti ke vi ostane golem stomakot,nitu da se prejaduvate za da imate mleko,samo pijte tecnosti)




Еца -> RE: Во форма после породувањето (17.8.2009 21:15:43)

Не знам дали овој текст веќе сте го прочитале, но вреди!

http://www.ringeraja.mk/vezhbanje-posle-poroduvanje-majkata-i-bebeto-vezhbaat-zaedno_278.html




Еца -> RE: Во форма после породувањето (17.8.2009 21:27:43)

И уште нешто многу важно што морам да им го кажам на сите оние кои ќе решат да вежбаат. Поради зголемено оптеретување млекото може да ви се скисели. Затоа подобро е да го измолзете или да го нацицате бебето пред да вежбате или веднаш по вежбањето. Обично содржината на млечните киселини во млекото се номализираат за еден час. Освен тоа, вежбите за зајакнување на мускулите на горните екстремитети и грбот, може да предизвикаат доток на млеко и не треба да се вознемирувате, тоа е нормално.





Natasha5 -> RE: Во форма после породувањето (17.8.2009 22:25:55)

леле Елена и јас секој ден се спремам да почнам со вежби но никако да поцнам.Уште ми е страв за ранава ама кај и да е ке почнам и јас не сум задоволна од изгледов.Стомак немам ама бутовите ми се .....




profesorica -> RE: Во форма после породувањето (18.8.2009 8:00:11)

jas otkako se porodiv imav nekoe stomace ama koga mu pocnaa grcevite(koliki) na damjan sekoj den trcav so nego vo race zosto samo taka se smiruvase, natamu navamu vo sobata me terase da trcam i taka ke zaspiese i taka si oslabev haha.ne stvarno nemam problemi so kilazata duri nekoi mi vikaat:abe ti rodi dete ili ne uste poslaba mi izgledas.sekako toa ne e taka samo im se cini, iako se mi e tocno od obleka od prethodno :)




mami -> RE: Во форма после породувањето (10.9.2009 10:37:37)

е да ви кажам вчера јас и лука вежбавме- т.е. јас вежбав он уживаше
бевме до центар да се прошетаме и назад додека го возев во количка почна да се буни дека сака да стане. е неможам да го носам него в рацеи количка да буткам по угорница па почнав да му правам филмче дека се тркаме и почнав да трчам и така на рамно трчав а на угорница одев брзо што не му му се виде доста забавно а мене доста заморно зошто уште ме болат нозе. Ама мамички еве ви како да си го прошетате малото и да вежбате- џогирајте додека е тоа во количка- и мускулите на рацете така си ги зајакнувате




big_mama817 -> RE: Во форма после породувањето (10.9.2009 10:45:17)

ova na nas ni e vobicaen trening [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




mami -> RE: Во форма после породувањето (10.9.2009 10:53:43)

незнам за вас, ама јас досега не сум трчала со него во количка- ем количкана тешка а и он си има 10-12 килца и плус товарени од продавница- не беше лесно- уште ме болат нозе, ке мора ова да почнам редовно па да си се стегнам како што си бев[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




happy mommy -> RE: Во форма после породувањето (10.9.2009 10:59:41)

vo bremenost mackanje so losioni i kremi za da se izbegnat striite, posle poragaj nikako golema kolicina na bilo koja tecnost da se pie zasto stomakot ostanuva kako da ste bremeni i ponatamu , a za posle toa samo jaka volja da se vrati linijata i bilo koj nacin i da se odbere si zavisi od licnosta sali ke bide nekoja dieta ili vezbi seedno.




mami -> RE: Во форма после породувањето (10.9.2009 11:02:18)

за течностите мислам дека не е многу издржано бидејќи јас после порагај кога се освестив во соба прво нешто испив скоро пола литро сок на екс од што бев жедна и цело време ко на течности да живеев и пак за 10 дена имав рамен стомак како да не сум родила




profesorica -> RE: Во форма после породувањето (10.9.2009 11:19:31)

Јас исто пиев многу течности и бев во форма за 20 дена после пороѓај.




jovanka -> RE: Во форма после породувањето (10.9.2009 15:12:19)

Posle 10 meseci od poroduvanjeto se vrativ vo recisi idealnata linija iako se zdebeliv celi 25 kg. So pomos na sekojdnevno pesacenje so kolicka i aktivnostite okolu domot bez nikakva dieta se vrativ mi falat onie uste3-4kg da gi namalam kade sto teloto kompletno ke se zategne.Da ne ja zaboravime genetikata.




Палешка РР -> RE: Во форма после породувањето (26.9.2009 10:05:53)

[image]http://notformen.mk/images/stories/vezba_joga_so_detence.jpg[/image]
Многу е нормално по породувањето да паднете во депресија поради својот изглед. Не потресувајте се, тоа е добар знак дека сте се соочиле со фактот и дека е време да направите нешто за себе. Најкритични делови се олабавените гради и половината. А бидејќи сега сте ограничени со времето, и 5 минути во денот се доволни за почеток. Тешко ви е да се одделите од вашето малечко, па правете го тоа заедно. Освен што ќе се чувствувате подобро, многу повеќе ќе се зближите со своето дете.

Пуштете музика.
Бебињата уживаат да слушаат музика уште додека се во утробата. Затоа слободно навикнувајте го да слуша музика, а вие кренете ги рацете и слободно играјте. Преку танцувањето ќе ги раздвижите своите мускули и циркулацијата.

Пешачење.
Доколку надвор времето е убаво, искористете го. Земете ја количката и шетајте со своето дете. Пешачењето, особено ако брзо одите, многу ќе ви помогне во губењето на калориите.

Купете видео.
Денес можете да најдете видеа за вежбање наменети за мајки и деца. Доколку немате од каде да купите, побарајте на интернет. Вие ќе слабеете, а вашето малечко ќе се забавува пред ТВ.

Користете го времето за спиење.
Времето додека детето спие посветете си го себеси. Правете вежби за загревање, трчање во место, стомачни и др. Придржувањето до ова правило, иако трае кратко,  ако го почитувате секојдневно, ќе ви донесе резултат.

Направете игра од вежбањето.
Ако вашето дете е малку поголемо, вашиот процес на вежбање направете го игра за него. Покажувајте му ги вежбите, а тоа нека ги повторува по вас. Забавувајте се.

Извор : notformen




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>