mami -> RE: Во форма после породувањето (5.10.2009 9:44:08)
|
Ајде малку музички стимул за вежбање, ајде да се размрдаме мамички и татковци Песните на Тина Тарнер веќе со години не забавуваат и раздвижуваат, а таа и покрај тоа што е 100 години стара (се шегувам) сè уште е во топ форма. Докторите препорачуваат да користите песни од типот на Simply The Best кога се подготвувате за некој важен спортски настан. Оваа песна ќе ви го забрза крвотокот и ќе ви го зголеми натпреварувачкиот дух. Започнете го вежбањето се некоја побавна поп песна, како на пример Rio од Duran Duran, која ќе ви помогне да го загреете вашето тело и ум. Штом целосно ќе се истегнете и загреете, време е да изберете некоја по жива песна. Ние Ви препорачуваме да изберете некоја ретро песна од 80-те со пожив и побрз ритам. Очигледно дека човекот – делфин и олимписки херој, пливачот Мајкл Фелпс психички се подготвува за секој голем настан слушајќи ја „I'm Me“ на Lil Wayne. Брзата рап песна е одлична да ви ја забрза работата на срцето. Доколку не сте фан на Lil Wayne, тогаш обидете се со „Lose Yourself“ на Eminem. [image]http://vesti.mt.net.mk/images/rolling_stones-gal-workout.jpg[/image] Можеби за некој The Stones се одртавени старци, но дали нивната музика ја изгуби енергијата? Дефинитивно не. Изберете неколку песни од Stones за енергичните вежби, ние ви предлагаме „Start Me Up“. Напнете го секој мускул од вашето тело! Доколку се чувствувате демотивирано, или едноставно ве мрзи да го довлечкате газот во фитнес центарот, пуштете ја We Are The Champions од Queen и замислете си дека сте постигнале некој голем спортски триумф. Доколку ова не ви помогне, помислете колку пари само ве чини месечното членство во фитнес центарот. Оваа мисла дефинитивно ќе ве раздвижи. И за крај, Bruce Springsteen и неговата Born To Run ќе ви помогне да се справите со оние моменти кога мислите дека сте во ќорсокак. Експертите велат дека изборот на соодветна музика за вежбање е исто така важно како и самото вежбање. Вежбите ги тренираат вашите мускули, но песните го тренираат вашиот мозок и ве тераат да продолжите.
|
|
|
|