vezilka RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (1.10.2013 12:21:38)
|
Еве со денови се туфкам дали да се пријавам на темава, оти уште не сум била на гинеколог, уште сум со вербата во тестот. Прегледот ми е акажан за во петок. Хе, хе до тогаш ќе сум оптимист. Според моите пресметки според дата на последен циклус, денес треба да влезам во 7-ма недела,па белким во петок ќе слушнеме и срцеви отчукувања. Јас генерално добро се чувствувам. Вторава бременост сега за сега ми е тотално различна од првата. Додека првиот пат ова време лежев дома, сега нормално функционирам. Единствено што ми се гади скоро цело време и имам главоболки од време навреме. Ајде да изгурам до девета недела, до кога и ми е најголемиот ризик за спонтан заради дијагнозата со преклопувањата при ХЛА типизавијата, па после песни ќе пеам [sm=jezicek.gif].
|
|
|
|