RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (31.5.2014 12:16:40)

AnnaMolly RR [sm=smiley31.gif] се ќе се среди,хематомот ќе се повлече а притисокот ќе го регулираш.Веќе имаш искуство и добро што ќе одиш на неврологија.
Филип е голем па сигурно колку толку ќе разбере




Ki4iko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (5.6.2014 11:24:00)

Пред 4 дена посетив гинеколог за прв пат во оваа бременост.Си ја видовме малата точка ,инаку сега сум полна 6 недела,од утре почнувам 7ма. На ехото се виде мал хематом,па малку се загрижив [sm=smiley13.gif] . Добив терапија утрогестан 2x1 вагиналета [sm=smiley13.gif] . Би сакала да слушнам кој друг има вакво искуство и дали поминало во најдобар ред? [sm=smiley13.gif][sm=smiley1.gif]




MMM27 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (5.6.2014 12:14:40)

Добро што е ова со хематомите и утрогестанот, пола рингераја со хематоми, не ми се верува [sm=zmeden.gif] Инаку...не се секирај и јас имав хематом, иста терапија, се повлече. Сега ставам по едно навечер.




Ki4iko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (5.6.2014 12:48:58)

Денес кога пишав на темава и јас искрено се зачудив колку е само присутно тоа со хематом во рана бременост, само ме интересираше дали тоа значи дека треба да се одмара како што предходно читав примери,зашто мојот гинеколог советуваше само терапија со утрогестан и ништо притоа не спомна за мирување [sm=smiley13.gif].




Sajna -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (5.6.2014 13:34:14)

ki4iko obavezno da miruvas da pies utrogestan ... i jas imav hematom i do 13 nedela od krevet ne stanav osven do wc ako slusas sovetite od lekarot ne e nisto strasno... samo da znaes deka mora da imas krvarenje koga ke ispadne od tebe da ne se plasis ...prasaj go doktorot




MMM27 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (5.6.2014 14:00:58)

Не мора да значи дека ќе има крварење. Кај мене се асорбира, немав крварење. Докторот ми рече да мирувам и ако имам крварење да го барам. Меѓутоа не беше строго мирување со лежење. Одев и на работа, само не се форсирав. Сепак, прашај го докторот, тој сепак најдобро знае колкав е хематомот и дали мора да лежиш или само да внимаваш.




Ki4iko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (6.6.2014 12:49:49)

Деновиве додека читав по форуми,навистина се преплашив,па мојот гинеколог ништо не спомна за мирување,единствено тоа дека хематомот сам ќе се повлече од терапијата,а како ли би мирувала со 4 годишно дете дома [sm=jezicek.gif] ,за пазење ,се пазам колку што е можно повеќе,но на работа морам да одам...се надевам дека нема да имам проблеми [sm=smiley13.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (7.6.2014 12:08:52)

Ki4iko, изгледа во сосема иста ситуација сме :) Еве јас веќе една недела сум на боледување и мирување, ама со 4 годишен син дома малку тешко ми оди мирувањево :)




Ki4iko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (7.6.2014 12:15:53)

И не само тоа [sm=smiley36.gif] , јас морам да одам на работа плус тоа.Но нели како што реков,се пазам максимално,без кревање и напрегање.Со голема позитивност верувам дека нема да се случи ништо лошо , AnnaMolly RR ,каква терапија примаш во моментов,и кај тебе ли е присутен хематом?




AnnaMolly RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (7.6.2014 18:06:20)

Моментално сум на 2х1 Утрогестан од 200 мг, 2х1 магнезиум од 250 мг, е витамин, фолна и метилдопа за притисокот. Мене ми прсна хематом пред 9 дена и од тогаш сум на терапијава, сега во понеделник на контрола.




princessa -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (7.6.2014 21:28:11)

Женски стискаме палци, се ќе биде во ред само позитивен став и само убави нешта ќе се случуваат. Битно е на време да се реагира и да се биде одговорен кон терапијата. [sm=duda.gif] пред се [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (11.6.2014 9:13:57)

Ајде да се јавам јас на еден долг рапорт :) Не сте свесни што се ме снајде последниве три дена.
Прво најубавата вест, имаме срцева акција :)
Ама јас ужасно се чувствувам, болна сум, пијам Оспен, денеска 4 ден сум константно со температура која варира. Правев крвна слика леукоцитите се до плафон.
Некои жлезди во грлото ми се отечени, не можам ништо да голтам, дневно јадам по неколку залчиња сува храна само. За овие 4-5 дена ослабена сум 3 кила.
Како да не беше доволно тоа, завчера двапати се онесвестив, колабирав тотално. Жива среќа што не бев сама туку со мајка ми и сестра ми. Дојде брза помош, примиб инфузија со две гликози и подобро ми стана.
Не ми се верува во првата бременост имав прееклампсија и овие 4 години по породувањето константно висок притисок и бев под терапија, а сега ми е низок, вчера ми варираше од 110/60 до 90/60, што за мене е голема разлика од претходно кога константно ми беше 150/100, 140/90, па треба време да се навикне организмот.
Напишав цел роман, ама морав да си ја споделам маката.
Како сте вие? Јас моментално сум 7+4.




princessa -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (11.6.2014 9:34:25)

Ти праќаме еден купо позитивна енергија и позитивни мисли, ќе видиш се ќе се среди[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]. Многу си претрпела но Господ чува секогаш. Битно што бебчето е во ред, има срцева реакција[sm=bravo.gif]. Одмарај колку што можеш повеќе и битно е да има некој со тебе да ти помага и да го чува Филип. Јас знам дека се ќе испадне добро и дека се ќе пребродиш. И јас додека бев бремена се онесвестував 2-3 пати но за среќа и јас не бев сама. Не се преморувај со ништо и се ќе биде подобро и подобро.
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Ајде да се јавам јас на еден долг рапорт :) Не сте свесни што се ме снајде последниве три дена.
Прво најубавата вест, имаме срцева акција :)
Ама јас ужасно се чувствувам, болна сум, пијам Оспен, денеска 4 ден сум константно со температура која варира. Правев крвна слика леукоцитите се до плафон.
Некои жлезди во грлото ми се отечени, не можам ништо да голтам, дневно јадам по неколку залчиња сува храна само. За овие 4-5 дена ослабена сум 3 кила.
Како да не беше доволно тоа, завчера двапати се онесвестив, колабирав тотално. Жива среќа што не бев сама туку со мајка ми и сестра ми. Дојде брза помош, примиб инфузија со две гликози и подобро ми стана.
Не ми се верува во првата бременост имав прееклампсија и овие 4 години по породувањето константно висок притисок и бев под терапија, а сега ми е низок, вчера ми варираше од 110/60 до 90/60, што за мене е голема разлика од претходно кога константно ми беше 150/100, 140/90, па треба време да се навикне организмот.
Напишав цел роман, ама морав да си ја споделам маката.
Како сте вие? Јас моментално сум 7+4.

[sm=smiley31.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (11.6.2014 9:45:44)

И гинекологот ми рече дека е нормално несвестица во бременост, ама мене ме фати страв. Ни до продавница не ми се оди сама деновиве :) Среќа има кој да се занимава со Филип, а гледам и да не сум многу во негова близина зашто претпоставува докторката дека имам некоја бактериска инфекција на грлото, па да помине уште некое време со антибиотиков да не го заразам и него. Задутре му е роденден, веќе е големо момче ќе полни 4 години и умен е, мирен си е не прави проблеми.
Знам дека ќе биде се во ред, само малку бев исплашена, ама помина и тоа :)




Ki4iko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (11.6.2014 10:56:18)

И јас деновиве се соочив со доста непријатноси, гадење , лошење,и стомакот ми е доста подуен од прогестеронската терапија, ама се за нашите најмили,ќе поминат и овие неколу недели,па ќе заборавиме на утринските мачнини.Инаку сум 7недела крајот,од утре влегувам во 8ма.Понеделник одам на УЗ за срцева акција [sm=sloncek.gif][sm=bravo.gif]




princessa -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (11.6.2014 11:01:31)

јас проблемот со онесвестување го имав кога доживував температурен шок значи од ладно на топло и обратно. И кога нагло станував ми се стемнуваше пред очи. А сњга мора да се внимава на овие горештини, кога шеташ надвор и влегуваш некаде внатре на ладно.




Ki4iko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (19.6.2014 11:38:48)

Вчера слушнавме срцева акција [sm=bravo.gif] ,леле колку сум радосна, сега сум 9 недела почеток, на контрола закажвме по 1 месец, хематомот се повлекол, но продолжувам со прогестеронската терапија, едвај чекам нареден ехо преглед [sm=smiley36.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (19.6.2014 11:44:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

Вчера слушнавме срцева акција [sm=bravo.gif] ,леле колку сум радосна, сега сум 9 недела почеток, на контрола закажвме по 1 месец, хематомот се повлекол, но продолжувам со прогестеронската терапија, едвај чекам нареден ехо преглед [sm=smiley36.gif]

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
Баш убави вести! А погоре читам си пишала дека ти отекувал стомакот од утрогестанот. Јас сум 9 недела и се чудам како може да не ме собира ништо, а воопшто ни грам не сум поправена. Значи имало врска со утрогестанот.

И јас продолжувам со него, плус магнезиум, фолна, е и б витамин. Контрола на 30 јуни.




Ki4iko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (23.6.2014 14:04:14)

Да, добив одговор на мојот отечен стомак од матичниот гинеколог [sm=smiley36.gif] , имам меше кое повеке изгледа како отечено,отколку на трудничко,па изгледа е од утрогестанот.Понекогаш чувствувам благи болки во стомакот, од што ли ќе е[sm=smiley13.gif].Инаку контрола дури во 12 недела, [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (1.7.2014 11:13:17)

Вчера бев на контрола, бебушкото мрда ли мрда со нозете :) Се е во ред, долго е 3,6 см и 186 срцеви отчукувања во минута :)))) Крвната слика ми е одлична.
Следна контрола ми е на 17 јули, тогаш веќе и во второ тромесечје ќе бидам :)




Goddess* -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (1.7.2014 13:40:17)

AnnaMolly [sm=smiley1.gif],vtorovo devojchence [sm=zz_wub.gif],spored otchukuvanjeto na srceto [sm=smiley1.gif]




deluxe -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (1.7.2014 14:02:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Goddess*

AnnaMolly [sm=smiley1.gif],vtorovo devojchence [sm=zz_wub.gif],spored otchukuvanjeto na srceto [sm=smiley1.gif]



[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] И јас навивам ЗА момичка [sm=rozacrtici.gif][sm=zz_wub.gif][sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (1.7.2014 14:03:17)

И други ми имаат речено дека девојчињата се со повисоки отчукувања и се надевам дека стварно ќе биде девојче! Ако излезе вистина, цела РР има да ја частам! Ама вистински, не вака преку слики само :)))))))))




Ki4iko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (2.7.2014 11:12:09)

Аннамолли ,одлични вести,и мојот нареден преглед е на 17 јули, во меѓувреме ми беше советувано да не одам порано,немало причина,значи на 17 одам за Пап тест,микробиолошки испитувања и биохемски испитувања ,скрининг исто така, едвај чекам, инаку чувствувам мал страв за пап тестот,не сум мноу расположена да ми"брцкаат" долу [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] иако ми е втора бременост, се надевам нема да има последици врз бебето [sm=smiley1.gif] . Тогаш ќе бидам крај на 12 недела,што значи само уште овие 2 недели да ги издржиме,[sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (4.7.2014 14:49:54)

Колешки труднички како сте? :) Јас сум за никаде деновиве, целоо време ми е лошо, ми се повраќа, ми се спие, се чувствувам утепано. Не можам да функционирам на работа :(
До времето ли е до што ли е?
Ви се случува ли вака и на вас и што правите за да се справите со тоа?




Страница: <<   < Претходна страница  93 94 [95] 96 97   Следна страница >   >>