lolla RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (6.8.2014 12:55:42)
|
Кај сте женски во првото тромесечие? Како сте, гадења имате ли, барем времево колку толку се погоди да не е прежешко. Денес бевме на ехо во ремедика, 10+2 недела сум и дефинитивно останува на едно јуначе, тоа второто беше речиси празно. Божја работа, боли но со мм си викаме ај ова нека е и едно па од другите замрзнати ембриони нека бидат близначиња (малку шала). Големо е дури 3,4 цм и сега пливкаше со мешето надоле, а пред две недели беше со грпчето надоле. Па се усрамив кога се зачудив, мислев дека не пливкаат внатре уште сега [sm=smiley36.gif]. Срце мало, ма вонземјанче личи на сликичката, уште не можам да поверувам дека после 5 години, конечно и јас сум бремена. Само нека не чува господ. Наредна контрола е за 2 недели, скрининг, и тоа закажав кај Адамова, другата докторка Петрова баш тогаш била на одмор. Па здравје сега ке го чекам тоа. Се надевам Адамова дека е добра др и дека се ке биде во ред со моето гравче. А за ПРИСКА здравје ако ми речат да правам ке земам упат за на клиника здравје. Земав и упат за крвна слика и тоа ке правам утре задутре. И веке конечно ке ги прекинам естрофемот за 2-3 дена и усте две недли метформин и кринон. Не знам за аспиринот,ке прашам следен пат. Имајте убав ден женски, бидете поздравени
|
|
|
|