Anonimen -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела (17.12.2011 12:34:54)
|
Не знам дали тука му е местото на прашањево, ама не знам каде да го поставам. Бремена сум, во 21 недела и 3 дена. Пред една недела бев на 4д и се беше супер и бебето и постелката-уредна. Во четвртокот работев низ дома, китевме, па се туширав. По некое време имав темно кафеав исцедок, само еднаш. Другиот ден бев кај матичниот, ми направи ехо и бебето е добро, ама крвави постелката. Ми направија анализа на урина и покажа присуство на протеини, леукоцити, епителни клетки и ацетон. Д-р рече дека резултатите не му се допаѓаат. Поради ацетонот се исплашив да не е во прашање шеќер, но ми рекоа дека крварењето ја исклучува таа можност, туку е инфекција. Примив инекција Прогестерон, ми дадоа утрогестан вагиналитети, Канестен и Цефалексин. Денес пак имав малку, но овојпат светло црвена крв. Му се јавив на докторот и рече не е страшно, само да мирувам. Ме фаќа паника. Дали некоја од вас се соочила вакво нешто?
|
|
|
|