Maria -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела (1.9.2012 15:50:22)
|
Sandra_ еве јас ќе пробам да те утешам.[sm=smiley1.gif]Во првата бременост и јас го имав тој страв и те разбирам како ти е.Се будев ноќе и плачев,липав,умирав од страв,постојано размислував што и како ќе биде.Кога се породив,и ми го дадоа синчето в раце,верувај,заборавив за 5 минути, нешто што траеше 16 саати.[sm=smiley1.gif]Па, потоа мислев дека ќе си останам со едно,нема да раѓам повеќе.Но, по две години, се решив и за второ.Во втората бременост воопшто не размислував што и како ќе биде,и поминав полесно.Се е тоа потсвесно,мисли на моментот кога ќе си го видиш твоето сонце,а не на тоа како ќе поминеш.Знам многу случаи кои се породиле за 5-10 минути,можеби ти ќе бидеш една од нив.Само позитивни мисли,и со лесно.[sm=bravo.gif][sm=smiley31.gif]
|
|
|
|