Crcufce -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела (24.10.2012 14:44:41)
|
Здраво на сите мешиња... [sm=smiley1.gif] Оддамна не сум пишала, но ете реков да се консултирам со вас... Веќе сме 22 недела, а негде од 4,5 месец почнав да крварам по малку и постојано да имам кафеав исцедок. Бевме на клиника, не води ДР. Ливринова, и тогаш ми кажа дека имам некој хематом на матката, и дека крварењето ми е од тоа. Ми рече дека морам да лежам и да одам само до вц. Од тогаш па наваму, примам Прогестерон Депо еднаш неделно, утрогестан 200мг. Магнезиум 500 мг и др. лекарства нормални за бременоста. Исцедокот де го има, де го нема, во зависност од тоа дали мирувам или шетам наваму натаму. Последно што ми рекоа дека имам и некој полип, кој се појавил сега скоро и дека можно е крварењето да е од тоа [sm=zmeden.gif] Бев на трето мислење, во Гинеко Билјана и таа ми кажа дека полипот се создава од бактерии кои не се гледаат на пап ниту на брисеви, а се храни од нив и штетни се за плодот. Матичната пак ми вели дека не е ништо страшно, дека се создал од зголемениот број на хормони и дека ќе падне при породувањето [sm=smiley13.gif] А пред два дена бевме на 4Д и докторката ни кажа дека бебето е во ред, само дека главата му е за развиена како за 19 та недела, што малку ме загрижи, затоа што до сега се си растеше како што треба... Целава оваа ситуација и плус лежењето во кревет по цел ден, малку ме направи депресивна...До пред една недела се плашев од доцен спонтан абортус, сега пак се прашувам што е со плодот, дали е тоа нормално или не, тие бактерии и инфекции од памет ме вадат...не можам некако да се опуштам и да си уживам во бременоста, се некои мисли што ќе биде како ќе биде и затоа решив да споделам со вас, па си реков дека можеби некој имал некое слично искуство, па ќе може да ми помогне околу недоумициве... Голем поздрав до сите, па здравје да се најдеме сите и во третотромесечје па и со бебушки во рацете...
|
|
|
|