mami2 -> RE: Миење заби на детето (23.2.2011 18:37:46)
|
За двајцата купив почетен сет од три „четки„ за заби веднаш по растење на првите запчиња, од пуст мерак... Првата четка е округла, гумена, со мали издигнувања, има граничник за да не се бутне премногу во уста...ја обожаваа како чешкач при растење на следните заби. Втората четка е во форма на вистинска четка само е изработена од гума, не гребе воопшто. Третата четка е нормална со многу меки влакна и ја употребуваше за миење само со вода долго време. После вториот роденден купивме четка и паста соодветни на возраста. Забите ги миеме со две четки, едната стара ја држи тој, а со новата четка и паста јас мијам, па се менуваме тој трља како ќе му дојде, па јас и така...ова е затоа што многу силно притиска и за две-три миења влакненцата се деформирани и четката е неупотреблива. Само што уште нема поим како да плукне, секогаш плука во празно, нешто неможе да сфати како треба....
|
|
|
|