ЧУВАЈТЕ ГИ ЗАБИТЕ НА ВАШИТЕ ДЕЦА, ЌЕ ВИ БИДАТ БЛАГОДАРНИ
КАРИЕСОТ претставува заболување кое се манифестира со локализирана деструкција на забното ткиво.Во сите развиени земји на светот процентот на кариес е толку намален да скоро и го нема. Иако кај нас тоа не е случај, со правилна грижа можеме своите деца да ги заштитиме од кариесот.
За да го спречиме кариесот мораме:
Правилно да ги миеме забите:
Сосема е доволно забите да се мијат два пати дневно (наутро и навечер пред спиење), под услов тоа да е правилно. Четката за заби треба да биде изработена од пластични влакна , а пастата мора да садржи флуор. Многу е битно да не ја намокриме четката пред миењето на забите. Пастата секогаш се нанесува на сува четка, бидејќи со нејзиното мокрење ја губиме цврстината на влакната, а тоа влијае на квалитетот на миењето на забите. Со четката исчеткуваме од непцата кон врвовите на забите. Горните заби ги миеме од горе према доле, а долните обратно. При секое миење овие движења мораме најмалку шест пати да ги повториме, или целото миење на забите да трае помеѓу 2 до 5 минути. Бидејќи површините помеѓу забите тешко се мијат мораме да користиме забен конец. Бидејќи децата потешко се снаоѓаат сами, родителите се тие кои треба да им помагаат и да ги научат правилно да си ги мијат забите. Се смета дека секое дете е спремно самостојно да си ги мие забите без надзор од родител околу 12 година.
[image]http://krunams.com.mk/Images/sodrzini/detska_stomatologija_clip_image001.jpg[/image]
[image]http://krunams.com.mk/Images/sodrzini/detska_stomatologija_clip_image003.jpg[/image]
- Да имаме правилна исхрана
Треба да се намали внесот на шеќери во организмот, однодно најважно е да се одбегнуваат грицките, бидејќи на тој начин на бактериите кои се во устата им правиме постојан дотур на храна. Тие се размножуваат и можат да предизвикаат кариес. Повеќето од родителите на своите деца пред спиење им даваат млеко или сок од шишенце со цуцла. На тој начин допринесуваат да се зголеми ризикот од појава на кариес кој се вика циркуларен кариес. Затоа штом пред спиење ќе се измијат забите, веќе не смееме ништо да ставаме во уста.
Да им даваме флуор на децата
Флуорот на повеќе начини го спречува кариесот
1) Кариесот претставува деминерализација на забното ткиво (губење на минералите од глеѓта ). Флуор не само што ја спречува деминерализацијата, туку ја активира реминерализацијата однодно депонирањето на нови минерали во забите. Тоа значи дека кариесот во најраната фаза може да се спречи и лекува со апликација на флуор.
2) Флуорот се вградува во ткивото на забот и на тој начин станува поцвст и поотпорен на дејството на бактерии.
3) Бактериите го оштетуваат забот на тој начин што ги разградуваат шеќерите и создаваат кисела средина која доведува до деминерализација на забното ткиво. Флуорот го инактивира ензимот енолаза кој на бактериите им е неопходен за раградување на шеќерите.