Mihaela 2010 -> RE: Миење заби на детето (11.12.2012 12:04:54)
|
Што е циркуларен кариес? Циркуларен кариес ( baby bottle caries) е специфичен облик на кариес на млечните заби. Се шири кружно, зафаќајќи ја круната на забот по целата површина, поради што и има добиено назив „циркуларен кариес„. Како настанува? Храна – За да детето навечер полесно заспие во шишенце му давате чај, млеко или омилениот сок. Секако дека после тоа нема миење на забите, што претставува совршена подлога за развивање на бактерии и создавање на кариес. Главен причинител се рафинираните јаглени хидрати кои се составен дел од голем број секојдневни животни намирници, но и составен дел од сите слатки. Честите дневни и ноќни оброци, особено лошата навика да заспива детето и да се храни навечер преку шишенце со засладена вода, чај, сок или млеко доведуваат до брзо ширење на кариесот. Родителите треба да ги променат лошите навики и режимот на исхрана. Превенција е редовна и правилна орална хигиена. Слатките, шишенцата, цуцлите, сето тоа влијае кај малите деца да се јави кариесот. Здравите заби се особено важни за општото здравје на децата. За жал, расипаните заби покрај тоа што болат, може да предизвикаат и сериозни последици. Кариесот или расипаните заби настануваат како последица на разложување на забната глеѓ, а понекогаш и на дентинот. Споменатите забни компоненти омекнуваат како последица на дејствувањето на микроорганизмите врз забниот плак. Сето тоа може, да им се случи и на детските млечни заби, почнувајќи од шестиот месец, па се до шестата година од животот на детето, кога се појавуваат првите стални заби. Поради тоа особено е важна хигиената Циркуларниот кариес може да се спречи/ Совети за здрави заби Родителите би требало од шестиот месец на бебето со памук и вода да му ги мијат забите Миете ги забите на детето секој ден Доколку вашето дете заспива со шише, во шишето нека има само вода. Соковите, млекото и вештачите формули содржат шеќери, кои пак кога се задржуваат на забите можат да доведат до појава на кариес. Избегнувајте да му давате на детето многу слатки, бонбони и сл. Овошјето и зеленчукот се многу похранливи и се поздрава алтернатива. Доколку на бебето му давате цуцла, немојте да ја потопувате во мед, шербет и сл. Тоа ќе доведе до задржување на шеќерот на забите, а со тоа и до полесно расипување. Бидете упорни во обидот да го научите вашето дете дека чистењето на забите е многу важна работа. Сепак имајте впредвид дека иако можеби самото ќе сака да ги мие забите, нема да биде многу вешто. Затоа по неговиот обид да ги измие, вие направете го тоа уште еднаш, секогаш внимавајки дека ја исплукало целата паста. Носете го детето редовно на прегледи кај стоматолог
|
|
|
|