kikicka -> RE: Паричен надоместок (23.4.2012 12:40:07)
|
Еве инф.од пред 2 дена Кратењето на буџетот во здравство за 10 милиони евра ќе удри по грбот на пациентите, кои нема со месеци да добиваат боледувања и други здравствени услуги. Маја Парнаџиева – Змејкова, директорка на Фондот за здравство призна дека со кратењето на 540 милиони денари од фондовската каса, ќе се пролонгираат роковите за сите исплати. - Во моментот, кога буџетот се намалува, ние како Фонд имаме две опции: првата опција е намалување на капитацијата на матичните лекари, намалување на буџетите на болниците, намалување на буџетите на приватните специјалистички ординации, намалување на квотите за лековите и ортопедските помагала. Втората опција е да не ги намалуваме правата на осигурениците, туку да се обидеме да ги пролонгираме роковите за наплата кон приватното и јавното здравство. Како менаџмент се одлучивме да ја избереме втората опција, односно во моментот фондот нема да крати од никакви буџети, капитација, лекови – истакна Парнаџиева – Змејкова. Директорката побара разбирање од здравствените работници, но потенцираше дека доколку немаат трпение, тогаш тие ќе мора да ја применат првата опција. Извор-тајм.мк
|
|
|
|