RE: Вицови за ден со насмевка! (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто >> Забава



Порака


mommy_angels RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (10.7.2013 12:10:28)

Еве еден од мене за нас мамите [sm=smiley36.gif]
Дечко и девојка водат љубов. Неочекувано, во собата влегуваат родителите на момчето.
Момчето си мисли:
„Сите не слушнаа. Арно и велев на друго место да одиме.“
-Девојката си мисли сите слушнаа сега мора да ме ожени
-Таткото си мисли
... расте малиот мора мотор да му купиме
-Мајката си мисли
леле како е легнат убав на мајка синче ке настини !




AnnaMolly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (10.7.2013 22:07:52)

По брачна церемонија,Трпе го прашува попот:
- Колку ви должам?
- Ние не земаме пари, но може да оставите донација за црквата.
- Колку?
- Паa, според убавината на невестата!
Трпе вади 10 денари и ги дава на попот!
Попот вади од џеб железни пари:- Еве ви кусур!




miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (16.7.2013 14:32:07)

Мажот и вика на жената:
- Жено дојди ваму!... Знаеш ли дека најдобар лек за реума е сексот?
- Ама јас немам реума...
- Е ако де, подобро да се спречи отколку да се лечи




bucko mal -> RE: Вицови за ден со насмевка! (23.7.2013 8:36:46)

Trite zelbi na sekoj maz:

1.Da bide tolku zgoden,kolku shto negovata majka misli deka e.

2.Da bide bogat,kolku shto negovite deca mislat deka e.

3.Da ima tolku zeni,kolku sto negovata sopruga se somneva deka ima.




AneLav RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (24.7.2013 11:00:07)

Овие вчера ги прочитав и се загазив од смеење посебно за првиот..
Мамо не ти мириса на пица?!
- Не бе...
Е, па како ќе мириса кога боранија имаш зготвено! [sm=smiley36.gif]
Дошол Мујо на граница, па цариникот го прашува:
-Алкохол ?
-НЕ !
-Цигари ?
-НЕ !
...-Кафе ?
-Е, кафе може[sm=smiley36.gif]




miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (24.7.2013 15:37:47)

Отишол Мујо на театар, па кога се вратил Фата го прашува како поминал:
- Море остај жено, досадно беше што да ти кажувам. Само на крајот беше интересно, кога делеа капути. Јас три си земав.




Yummy Mammy -> RE: Вицови за ден со насмевка! (24.7.2013 15:39:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Отишол Мујо на театар, па кога се вратил Фата го прашува како поминал:
- Море остај жено, досадно беше што да ти кажувам. Само на крајот беше интересно, кога делеа капути. Јас три си земав.


[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]
Ovoj go znam, ama sekogas koga ke go cujam se gazam od smeenje




Еки82 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (25.7.2013 12:15:56)

Од Вицотека од сабајлево (без навреда охриѓани)

Како се вика охридскиот Бог на судбината?
- Амор То Ти Е.

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (25.7.2013 12:29:22)

смс до швалерката


СМС: Aна, купив шампањско, јагоди и течно чоколадо. Станот е само наш, те чекам!
СМС: Ана ја нема. Јас сум мажот и. Подобро купи пиво, кикирики и вазелин.




miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (25.7.2013 12:35:07)

Шемса му раскинува на Рамче, и овој ја прашува:
-Сега ќе останеме ли први братучеди ?



Бринета прашува плавуша:
- Колку калории можам да согорам, ако пливам цел час во базент!?
А плавушата врака:
- Глупа жено! Не можeш да гориш работи во вода!


Како се вика млекар од Дубаи?
- МилкШеик


Цветко оди на пазар и прашува:
- Колку јаболкиве?
- Колку повеќе купиш, толку поевтино.
- Епа, ајде пуни додека не станат бесплатни.


Како ќе викнеш глуво куче ?
- Како и да го викаш, нема да дојде.

Каде ќе најдеш куче без 4 нозе ?
-Таму кај што си го оставил.

Како повраќа влав ?
- Стиска заби, само водата да истече.


и за крај

Каква кола вози Ноне?
- На навивање.




Mihaela 2010 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (25.7.2013 12:42:56)

Ah miana se gleda deka si denes raspolozena....a i slikava sto si ja smenila,ne te poznav,duri shestkite ti se gledaat[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (25.7.2013 12:51:12)

Не бе досадно ми е ..Шефица не е тука па ја уживам [sm=smiley36.gif]




miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (26.7.2013 10:45:18)

Цветко се пушта да девојка во диско и ја прашува:
- Работиш негде?
- Да, работам!
- Сакаш да ти средам за породилно?






miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (26.7.2013 10:48:52)

Фаќа поп златна рипка и оваа му вика:
- Ако ме пуштиш ќе ти исполнам 2 желби!
- Првата желба ми е: да не бидам повеќе поп!
Во истиот момент рипката му ја зема мантијата и Библијата, ги фрла во вода, и му вика:
- Добро, не си веќе поп. Која е втората желба?
- Сакам да имам скап џип, многу пари, ништо да не работам, само да уживам...
Рипката, ги зема мантијата и Библијата, му ги враќа и му вика:
- Абе ти, се зезаш ли со мене!?


- Девојко, зошто го уди син ми?
- Цело време ми викаше дека сум дебела.
- А ти што мислеше, ако го удриш дека ќе ослабиш?

Трпе и Цветко биле колеги од иста фирма. Еднаш разговарале и Трпе рекол:
- Потребен ми е одмор од работа.
- Како мислиш тоа да го изведеш ?? - прашал Цветко.
- Сега ќе видиш како - рекол Трпе.
Се качил на плакарот, ги заглавил нозете горе и се обесил со главата надолу. Влегол шефот и го прашал што прави.
- Еве, јас сум сијалица - рекол Трпе.
- Ајде, земи 3 дена одмор - му рекол шефот.
Трпе задоволно излегол, а по него тргнал и Цветко. Шефот прашал:
- А каде одиш ти ??
- Е па шефе, сијалицата ја пуштивте, сега јас во мрак ли да работам?






mommy_angels RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (27.7.2013 16:14:23)

Една група мажени жени билe на семинар на тема: „Kолку љубов постои во вашиот брак“?

Ги прашале:
-Koлку од вас ги сакаат своите мажи?
Сите кренале рака.

- Кога последен пат сте му кажале на мажот дека го сакате? Некои одговориле еднаш, други два пати, трети дека не се сеќаваат...

После тоа им рекле на жените, секоја од нив да му испрати смс порака на мажот и во неа да му напише: „Те сакам душо“. И да ги чекаат одговорите на пораките.

Еве некои од одговорите на мажите:

- Ooo господее... ти да не си болна?
- И јас тебе. (само еден одговор)
- Шо е сега? Пак ја удри колата?
- Не те разбирам? Од каде сега ова?
- Шо напрај сега? Овај пат не ти простувам!
- !!!!??
- Не ми глуми лудило, дај кажи колку пари ти требаат?
- Дали сонувам?!
- Ако не ми кажеш за кого е оваа порака , некој ќе биди мртов?!
- Убаво те замолив повеќе да не пиеш. Ако продолжиш, дефинитивно те оставам...




Felly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (14.9.2013 17:40:35)

- Докторе, за моиве килограми колку би требало да сум висока?
- Па, отприлика 4 метри.
- Ете, им велам јас дека сум ниска, а тие запнале дебела, па дебела.

Ќе ви го постирам, и во темата за слабеење. Само висина ни фали, не дека имаме вишок кг.[sm=jezicek.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (18.9.2013 10:36:16)

Врв на пијанство: Се враќаш дома камен пијан со швалерката под рака, и намигнуваш на жена ти и и велиш: „Прави се дека си ми сестра“.




Snowhite RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (18.9.2013 11:56:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

- Докторе, за моиве килограми колку би требало да сум висока?
- Па, отприлика 4 метри.
- Ете, им велам јас дека сум ниска, а тие запнале дебела, па дебела.

Ќе ви го постирам, и во темата за слабеење. Само висина ни фали, не дека имаме вишок кг.[sm=jezicek.gif]


[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]
На мм му го кажав и вчера ми се јави од работа да ме препраша како беше да му го кажел на колегите




miana -> RE: Вицови за ден со насмевка! (18.9.2013 14:39:00)

Македонско семејство на пица во ресторан. Се најадуваат и дел од јадењето им останува. Таткото го вика келнерот и му вели:
Дечко,ај спакувај ни го ова што остана,за кучето!
Децата срипуваат и на сиот глас - јееееее,татко ке ни купи кучееее,тато ке ни купи кучеее [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




elenak -> RE: Вицови за ден со насмевка! (30.9.2013 14:52:48)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Снаата и гледа на свекрвата на кафе и вика:
- Имаш буква Г..
- А шо значи тоа??
- Нешто ќе јадеш..


ИЗВОРНА ПОРАКА: Goddess*

Gurabii a ...
Shala na strana ,ama vakov tip na shali ne obozavam


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ili gravce
gricki
grilovan zelencuk





Палешка РР -> RE: Вицови за ден со насмевка! (15.10.2013 19:25:12)

- Мамо, престани да доаѓаш ноќе и да ме покриваш со ќебето !
- Е ако де сине, се секирам да не ми настиниш !
- Е, да де ... ама ми ја откриваш жена ми…

Лелееее, време ми е да се опаметам, порасна син ми, вицов за мене може да биде. [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Tanjat7880 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (16.10.2013 8:21:13)

Kaze snajka svekrvi:
-vi se bash dobro drzite,trebate otici kod nekog kineskog slikara da vas naslika!
Svekrva:
-bash ti hvala,a shto bash kod kineskog?
Snaja:
-pa oni vole da slikaju te AZDAJE,ZMIJE, I to..
Morav da vi go pisham,cunki I jas ke treba natamu da odam kade kinezot[sm=jezicek.gif]




mommy_angels RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (16.10.2013 8:32:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

- Мамо, престани да доаѓаш ноќе и да ме покриваш со ќебето !
- Е ако де сине, се секирам да не ми настиниш !
- Е, да де ... ама ми ја откриваш жена ми…

Лелееее, време ми е да се опаметам, порасна син ми, вицов за мене може да биде. [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] на глас се изнасмеав




Палешка РР -> RE: Вицови за ден со насмевка! (17.10.2013 19:07:09)

Синот го прашува својот татко Џемс Бонд дали може да излезе вечер.

- Тато, може вечер да одам во град.

Џемс Бонд Одговара:

- Може. Не може.

[sm=jezicek.gif]




Felly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (16.11.2013 18:15:48)

Кој е омилен чај на стриптизета?
.
.
.
.
.
.
чај од шипка. [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>