RE: Вицови за ден со насмевка! (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто >> Забава



Порака


Bethany -> RE: Вицови за ден со насмевка! (16.11.2013 23:12:11)

- Докторе, многу почнав да заборавам.
- Од кога?
- Што од кога?

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Вицови за ден со насмевка! (10.12.2013 22:31:17)

толку се изнасмејав од Кумановски муабети, морам да пишам. Всушност не е далеку од вистина, па не знам дал да се смејам или плачам [sm=smiley36.gif]

*Анџелина Џоли ако дојде у Македонију, од жал сви ќе не посвои...

*Да сам знаја дека ке се роду у Македонију, ке сам се обесија с'с папочну врвцу

*Виде на National Geographic дека С'лнце ке се угасило за 4 - 5 миљарде године и си викам:
- Т'мн ке улегнемо у Европску Унију, ете ти нов проблем.

*Доживејте ја најлудата ноќ на 31-ви Декември во Рим само за 499 евра.
- Јас с'с тија паре у Македонију, Mарт ќе га доживу!

*Надвор е толко ладно, што и на банкомат ми покажуе минус!

*Порано мислеше дека е све у паре ... с'г сам сигуран!

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (11.12.2013 0:41:31)

Ajde i jas da spodelam eden vic so vas sega slucajno naletav na nego.
Доаѓа Мујо со скршена рака и Хасо го прашува:
- Што направи бе?
- Ја скршив раката на три места, па еве во гипс.
- Јас на твое место не би одел више на тие места.[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Палешка РР -> RE: Вицови за ден со насмевка! (15.12.2013 9:14:59)

Си биле мајка, ќерка и еден млад г-дин. Дошло време за у кревет и мајката му рекла на г-динот: „Г-дине бидејќи имаме само еден кревет слободен ќе спиете со ќерка ми заедно но помеѓу вас ќе ставам една даска.“ Г-динот одговорил: „Нема проблем“. Г-динот отишол да си легне во креветот. Мајката и рекла на ќерка и: „Ќерко што и да те праша одговори му со не бива.“ „Во ред, мамо.“-одговорила ќерката. Отишла и таа да си легне. Лежејќи и двајцата така започнале разговор:

Г-динот: „Бива ли даската да стое помеѓу нас?“
Ќерката: „Не бива“.
Г-динот: „Бива ли да лежеме така а нишо да не правеме?“
Ќерката: „Не бива“.

Утредента, мајката ја прашува ќерката: „Ќерко, како помина вечерта?“
Ќерката одговорила: „Мајко, од твоето „не бива“, цела вечер ми го „набива“!!


[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (15.12.2013 9:46:26)

Еден дечко се обидува да започне муабет со три девојки. Ја прашува првата ти од каде си? Од Струмица, вели таа. Аааа, стеумичанкаааа. Ти од каде си, и вели на втората. Од Битола, вели таа. Аааааа, битолчанкааа. А ти, и вели на третата. Од Македонски Брод, вели таа. Ааааааааа аха...




Палешка РР -> RE: Вицови за ден со насмевка! (16.12.2013 20:02:05)

Ми се јавува прееска мм пред крај на работно време и ми вели:

Многу студи. Да поминам да те земам, или да земам да те поминам.

хаххахахххаххаха....не знаев што ми е поприоритетно во тој момент [sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (17.12.2013 12:23:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Ми се јавува прееска мм пред крај на работно време и ми вели:

Многу студи. Да поминам да те земам, или да земам да те поминам.

хаххахахххаххаха....не знаев што ми е поприоритетно во тој момент [sm=smiley36.gif]

[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Абе нек те земе про па после нек те поминува.




mama_06 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (17.12.2013 16:03:53)

На плажа во Охрид, нудистка оди да купи сладолед од чичето со фрижидерот. Му вика еден сладолед, ве молам а тој зјапа ли зјапа. Таа ја зафрла косата и прашува: Што е бе чиче, немаш видено гола жена? А тој без да трепне и вика: Не мор, се чудам пари од кај ќе извајш!




mama_06 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (17.12.2013 16:12:58)

Охридски Дедо Мраз влегува низ оџак и вика: Ајде деца,кој сакат да си купит пакетчина!!!!




LoveableMe RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (17.12.2013 16:19:37)

Влегува Хрват во пекара во Охрид:

- Јел имате круха за купи-т?

Пекаров:

- Нема-т, се печи-т.

[sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]




mama_06 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (17.12.2013 16:25:51)

Охриѓанец во Скопје, на фрижидер за сладолед:
-Дај една лопка сладолет
-Што?
-Амор дај една лопка сладолет!
-Што????
-Аааа, сто...дај две лопки!




nataly86 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (17.12.2013 16:35:50)

Тропа Смртта кај Чак Норис на врата.... Излегува Чак Норис и Смртта кога го видела се збунила и почнала

Коледица меледица и по неа василица




mama_06 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (17.12.2013 16:43:08)

Чак Норис може да одмати јајце, а кога игра ..Монопол,, тоа влијае на светската економија.




Felly RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (17.12.2013 23:11:20)

Ох, бре жени, ме испресмеавте [sm=jezicek.gif] Посебно со охриѓаниве и со Чак Норис.[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




mama_06 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (18.12.2013 1:00:40)

evergreen
[img]http://www4.slikomat.com/13/1218/ckd-bosans.jpg[/img]

bosanski screensaver




AneLav RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (18.12.2013 11:46:17)

Како лепи Влав пари на музика?
-Ја зема кредитната картичка и му ја поминува низ хармониката на хармоникашот[sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (18.12.2013 11:55:16)

Ојт Охриѓанец во Франција во посета на музејот Лувр, и шетајки така застанвит и го прашвит кустосот:

- Оваја сликава дан се викат 'Сељак јајт семки' !
- Не господине, ова е огледало од 17-ти век!




LoveableMe RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (20.12.2013 16:17:57)

Отишол Мујо на театар, па кога се вратил Фата го прашува како поминал:
- Море остај жено, досадно беше што да ти кажувам. Само на крајот беше интересно, кога делеа капути. Јас три си земав.

Што ќе каже куче кога ќе види накитена елка?
Конечно му ставија светло на Вецето!

Како скокоткаш спонзоруша?
- Gucci, Gucci, Gucci...

Во амбуланта..
Докторот:
- Сестро, дај резултатите!
Сестрата:
- Милан - Барселона 1:1, Шалке - Челзи 0:3, Реал - Јувентус 2:1...




Snowhite RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (20.12.2013 20:45:43)

Македонец отишол на одмор во Грција и таму го прашуваат:
- Од каде си?
- Од Македонија- одговорил
- Ами ова е Македонија - му рекле
- А Грција кај е? - прашал




Bethany -> RE: Вицови за ден со насмевка! (21.12.2013 8:49:15)

Претходната сабота ја начекав свекрвата пред врата, и ме замоли да остане неколку дена. Кажав дека може.
- И?
- И се уште е пред врата!




LoveableMe RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (26.12.2013 14:28:17)

Се јавува русокоса на аеродром:
- Ало? Ме интересира колку трае летот од Скопје до Амстердам.
- Само момент.
- Фала, пријатно

2.Се запознават Садам Хусеин со некој прилепчанец:
- Јас... Садам!!!
- Јас брату неСадам, слабо го плајчат

3. Жено, што има за ручек?
- Леќа.
- Е да бе, објектив!

4. Мамо, денеска бевме на систематски преглед и излезе дека од триесет женски само една е невина.
- Браво, срце на мајка, злато мое.
- Не бе мамо слушај ме, тоа да ти била професорката.






LoveableMe RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (26.12.2013 15:23:59)

Обавестување за сви домаќинке:

Пуштени су у продажбу нови тенџериња и тавчиња с'с сензори за готвење. Чим приметив дека нешто ке загори, аутоматски ви га исклључуев интернет.




Melanija RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (26.12.2013 15:31:45)

LoveableMe RR вицот ти е топ [sm=smiley36.gif] повистинит здравје




LoveableMe RR -> RE: Вицови за ден со насмевка! (26.12.2013 15:37:07)


-Брат, куде за нову годину?
-На мајорку. Ти ?
-Ја дома.
-Па ако бе, најубаво!

На жену ми ву беше роѓенд'н па ја од заебанцију ву купи вагу, за мој роѓенд'н она ми купи лењирче, исто од заебанцију -_-

Напишала статус "Вратила се краљица подземљa"
A она била у подрум по компири.

Брат, куде ќе идеш за Нову Годину?
- У ЗАТВОР, ЈОШ ЕД'Н ПУТ АКО МЕ ПРАШАШ!!

К'д ке едете чоколаду , палачинке или нутелу цел фејсбук знае--а к'д едете гра и боранију нигде ве нема!

Ноге скрши трчаајкe по њума, измислува песме, симнува ѕвезде, срце ке ми излетеше док да гу цуну... --а она ми вика судбина не споила.

Сви вртив марамче на свадбу, само Чак Норис мокру јамбулију!

Kолко е ладно надвор пингвини падав у несвест!

Четири годишни времиња у Македонију су:
-Да ти е*у више овуј кишу!
-Ам'н више од овој ладно!
-Да ти е*у ов'ј полен!
-Ам'н више од овуј вруќину!

Куче што лае нема сретнато гладнога Kинеза.

Како се Сексот и градот" - К'д ќе отидеш у Скопје и ќе ти га наплатив кафе 100 денара.

Врв на пијанство:
-Зауставља те џандар, отвараш прозор даваш му 15 денара и му викаш "едн Дневник!"

Овија шишиња на Кока Колу с'с име, су добри за носење мокраќу у лабараторију.

Учителка - Перице зашто не дојде ичер у школу ??
Перица- учителке баба е болна
Учителка - Перице ти кд и да не дојдеш у школу лжеш за бабу
Перица - учителке и ми сумњамо дека баба глуми !!

Тражи се певаљка за у ТРИ БРАТА сс голем капацитет на плуќе.
Шифра: Изгоре ни појачало.

Мајка - керко колко е 2+2
Керка - 5 мамо
Мајка - ќути, среќа па си убава

Која е разликата помеѓу хомосексуалци и педери?
Хомосексуалците се луѓе кои имаат сексуални склоности кон лица од истиот пол.
Педери се пријатели кои излегле да пијат без да ти се јават тебе.





nataly86 -> RE: Вицови за ден со насмевка! (26.12.2013 16:17:22)

Нормално дека жене не знаев да паркирав, к'д мужи ги л'жев колко су 20 сантима




Страница: <<   < Претходна страница  14 15 [16] 17 18   Следна страница >   >>