Octavia -> RE: Политика..... (7.6.2011 21:59:16)
|
Македонија не е само оваа грутка земја, Македонија е најмногу од се луѓето кои во неа живеат. Ако луѓето во неа се чувствуваат несреќни, бесперспективни, без компас, очајни итн. не може да идеализираме. Лесно е да се глуми морална големина со полн стомак. Како што има кажано попаметен од мене, за да стигне човекот до потребата за исполнување на некои идеали, треба да ги исполни прво основните животни потреби, а дури потоа доаѓаат потребите за естетика, уметност и разните идеали. Како што болен човек има само една желба, така и гладен човек прво бара храна, па сит може да зборува за идеали. Јас 11 години работев во образование. Како класна сум се сретнувала со разниживотни судбини. Мислам дека е навреда да се генерализира дека тука тече мед и млеко, ама мрзеливите си наоѓаат оправданија да не работат (и плус не се патриоти оти се жалат од Македонија). Имав случај кога мајката болна одеше секое утро (па и по мразовите) пешки 1 час да продава гевреци за после пешки (уште 1 час одење) да се врати дома за да му донесе на нејзиниот син средношколец геврек и пари за автобус (оти пари за вадење слободна немала никогаш за одеднаш да даде). И јас тоа го дознав кога син и паднал во некоја комбинација од депресија и непослушност, па жената дојде кај мене по помош, оти, вика, мене ме слушал синот, па да зборувам со него. Да не наборјувам колку примери такви и слични сум имала. Имаше еден филозоф наш на ТВ кој убаво кажа „Ако вие секое утро се будите под стрес и со мисла како ќе ги прехраните децата тој ден, нормално дека не можете да бидете здрави.“ Оној кој не го осетил тоа на свој грб или кој барем не го видел од блиску не му се верува. Лесно е со лаптопот во скут да ги осудуваме тие што немаат дека не се доволно упорни/вредни/паметни/амбициозни... Има многу вредни луѓе кои едвај ги прехрануваат семејствата и кои, да, ќе ја опцујат државата патем. Кога престанав да работам во образование и започнав со другата работа, дојдов во ситауција да ми е срам да кажам колку заработувам, оти седев со две прекрасни жени, чистачки во училиштето каде што претходно работев и констатирав дека тие за еден месец земаат колку (тогаш) јас за два-три дена работа. Едната од нив морала да го прекине студирањето и да се вработи како чистачка заради финансиската криза дома. И да, бесна е што живее во земја во која повеќе вреди каква партиска книшка имаш од тоа колку знаеш и колку вредиш. А за странство, не е баш така како што зборувате. Мојата сестра живее во странство. Има факултет кој е баран и тука и по светот. Никогаш не работела што било, никогаш немала потреба да работи 2-3 работи. работи во струка и солидно заработува. Не се богати, ама имаат живот за кој тука може да сонуваме, со неколку летувања годишно, со патување по светот, имаат посетено места кои јас само на National geographic ќе ги видам. И сите од нејзината струка кои лично ги знам и кои живеат во странство одлично се снајдени. И повеќе се дружат од нас тука, верувајте. Да не го применуваме толку очигледно она кисело грозје-сладок лимон од одбранбените механизми [sm=smiley1.gif]. p.s. Извинете, дури сега видов колква излегол постот [sm=zmeden.gif]
|
|
|
|