Viktori -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (8.6.2011 21:15:31)
|
А за ниските плати тоа е друго прашање, треба појак синдикат кој ќе се избори за тоа. а ние имаме раскарани синдикати, традиционално врзани со едната поточно другата партија која е на власт. Се бранат себе си. Кога ќе го видев оној прв синдикалец кој никој жив не можеше да го смени, ме потсеќаше на Ал Капоне и синдикатите во америка за време на прохибицијата.... Нема закон, никој не го почитува и да има, нема кој да го проведе и најпосле нема суд да ги казни прекршителите. Се е у ку*ац. Уствари проблем е само судот, јас ако се прашувам! Ако секој прекршок се казнува вистински, како Љубе и Велија, и оној мрднат џандар, и оној будала што ме истушира на семафор, се ќе си тече перфект. Знаете ли зошто на странец не му ни текнува да не застане пред пешачки? Знаете ли зошто не му ни текнува да не плати данок? Знаете ли зошто не плукаат по улица? Не е затоа што се они фини и културни, воспитани срцки, туку затоа што казните им се така астрономски што ако не платиш данок не дај боже, можеш да си го навлечеш гневот на митниците кои се покрвави од нашиве. Какви финансиски камшици им се мавани веќе не ни помислуваат да ги учат децата така да си поминат. Знаете ли во некои земји ако ви капе масло од колата и ако ве фатат ќе менувате асфалт, поточно ќе платите менување на еден метар квадратен. Во Германија на пример, во Минхен, ако сакаш да ставиш тенда на балкон треба да се согласи цела зграда инаку ништо. Ако сакаш да изградиш куќа на 6 спрата, нема бе брат, закон има до кај треба да е високо. Овде можам да замислам ако почнат така да регулираат има Владата (која и да е) да е крива за тиранија. Така сме научени ние, така ги учиме децата, а крива ни е земјава. Хау јес ноу.
|
|
|
|