Viktori -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (19.4.2012 13:15:09)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR Многу ми е жал за ова што се случи, ама мене веќе ми е страв и после 19-20 часот да отидам до продавница, а на 50 метри од дома ми е. Комшиите ни се 98 % албанци, а поголемиот дел од нив другари на мм од деца со коишто супер стоиме, немало никакви недоразбирања и слично. Нашиот најдобар пријател е албанец. Ама деновиве неколкумина од нив сретнавме на улица и сите истото ни го кажуваа „Луѓе, седете дома, не е на арно состојбава, се спрема бунт“. Колку и да не е вистина тоа, мене многу ми е страв. Ич не се чувствувам безбедно... ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana Како бе Анамоли бунт?? Па што се дешава више аман од овие превирања!!!Аман од убиства, аман што сакаат више, да ја поделат МК??? ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR Така е кога скаакаат сите ,и сите се прават паметни дека се разбираат ,прост народ ,само тоа знаат од рекла казала да се бунат и урлаат и кој страда после??? Пак некој друг ни е крив ,е[sm=smiley35.gif] тоа народот ,затоа не не бива од такви што "премногу ја разбираат политиката" И кога ги тепаат полицајците со причина нека не се жалат,шо мајка бараат бе на место на злосторот таму 100 души од село собрани и урлаат ,шо не ги остават на раат да работат и полицајци и вештаци. Па незнам кој да е полицаец ке истрпи плукање и свашта а ни крив ни дужен си ја работе работата. Па уште и снимаат дошле да ги поддржат погинатите македноци,каде бе да ги подржете ,што ке поддржавате. ЕЕ се изнервирав аман нека му е лесна земјата .Амин ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana Сега читав по странскиве весници...викаат рецепт за катастрофа. Убиството, претходните немири, сиромаштијава, блокот за во ЕУ и НАТО....И за се тоа ги криват властите. Бидејќи изиграваат патриоти и албанското население, на кое ништо не му значи конфликтот на МК со Грција е веќе на работ. Сиромаштија, етникуми, патриоти и блок на Запад. ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana Како бе Анамоли бунт?? taka ete mene toa mi kazaa. a kaj nas (na kale) se znae koj zivee. site se naostreni da se krene bunt samo nesto da go potpali zarceto. kaj nas ziveat najgolemite dalaverdzii i nacionalisti. samo se nadevam deka nema da dojde do toa. ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki Невиден револт ми создава што сме толку порозни, како шуплив заб! Ме потресе убиството, ме разгневува реакцијата, ми се гади од шпекулациите... До каде ли сме дојдени, до кое дно кога се може да се претвори во меѓунационална пресметка? Кога и како разумот потполно го изгуби правото на збор? Што ако убијците се Албанци, Роми, Македонци, Срби, Власи...?! На кој начин тоа може да го зголеми или намали ужасот на убиството? ДОСТА Е ВЕЌЕ, ДОСТА, АМАН! Сакам да живеам во нормална држава во која системот ќе функционира, која нема да биде разнебитена на илјадници парченца поради поделеноста по сите основи и по секој повод, во која народот ќе биде свесен и нема да дозволува да го делат за полесно да го манипулираат, туку ќе казнува такви намери! ИЗВОРНА ПОРАКА: ketrin 77 ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR ИЗВОРНА ПОРАКА: ketrin 77 ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR Јас цел ден читам, барам гледам... ама ова ваке веќе не иде. И онаа Гордана Јанкуловска кога ја гледам на ТВ ми се повраќа. Бидете смирени, ве молам за трпение, да не се подгреваат тензии бла бла бла... Да си ја работи полицијата работата секогаш, сеа ќе нема потреба да смирува! Во каква држава живееме - ќе отидеш по риба, куршум во чело ќе уловиш! [sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif] Нека почиваат во мир,и јас сум цел ден вознемирена во каков свет ќе раѓаме деца,но што е крива Јанкуловска,што очекуваш да каже ајде сите пушките во раце и излезете на протести,и мислам дека не треба да откриваат премногу информации додека не ги фатат убијците. Што е крива? Што пруштаат од притвор најчесто се што нетреба, што работат селективно, што наолаќаат казни селективно, што детонираат во Кочани, Штип, Велес, што апсеа вечерва во Радишани и да не редам... Да не мешаш баби и жаби по малку,значи зборувам само за убиството на овие 5 невини жртви,а не за детонатор,за пуштање од затвор и.т.н,значи не зборуваме за политика,туку дека за ова што се случи не е крива Јанкуловска и сигурно не го нарачала она ова убиство,туку да не се правиме сите ние паметни и да шпекулираме со се и сешто туку да ги оставиме стручни луѓе да си ја завршат истрагата.Зарем некое убиство се решава на такон начин да се излезе на некој медиум и да се каже се што треба и не треба.Па и на нашите работни места некои работи што се случуваат не ги кажуваме кај ќе стигнеме а не пак за вакво страшно убиство што првпат се случува во нашава држава.Значи повторувам Јанкуловска не е крива за тоа што се случи а дали ќе ги фатат убијците е тоа е друга работа,наше е само да сочуствуваме со фамилиите на убиените а не да кажуваме кој е крив. ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR па најверојатно измешав баби и жаби тој ден. Ама јбг таква ни е државава, се е во се измешано. И останувам на ставот дека тој ден ни дупнаа со детонатори, а убиството беше некако измаргинализирано и на врсти и на нет. Повеќе информации имаше на странски портали, германски на пр, а на нашите мрак. Да информираа ко што требаше можеби немаше да се наелектризира народ. Како што требаше мислам на навремено. Крива е Јанкуловска како министер за внатрешни работи. Криви се затоа што ако пријавиш пукотници, никој нема. Криви се затоа што апла се знае дека границата не ни е безбедна, пак гајле немаат, знаат колку нелегални премини има, колку оружје има во државава и пак мува не ги лази. Можеби не го порачала, ама дефинитивно е одговорна, пак како министер. А што нашиве се залепени за фотељи и одговорност за ништо не прифаќаат тоа е башка муабет. И не е наше само да сочувствуваме, наше е да не дозволиме пак да се случи. ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR И не е наше само да сочувствуваме, наше е да не дозволиме пак да се случи. ..и наше да кажеме ако нешто не ни се допаѓа во нашата држава, и наше е да бараме нешто да се промени, и наше е да ја коментираме работата на власта. Жива срамота што не е прогласен ден на жалост, голем минус..барем тоа можеше да се направи!! ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana Знаете што, прво мислевме дека ова е некој криминал нешто такво, ама откога апла се виде дека е терористички акт, тогаш најдобрата работа што се случи, е што не избувна населението да се тепаат меѓу себе разни националности. А ако некој треба да се покаже со прст, тоа се сите оние што градат споменици од парите на граѓаните, а ние немаме леб да јадеме, сите оние што се толку големи патриоти, што попрво би го гледале својот народ да проси за бел леб отколку да му овозможи подобра иднина. НЕ ми треба името МАКЕДОНИЈА мене, ми треба држава која ќе ја наречам татковина, како и да е нејзиното име. Да знаете дека ова води кон само една работа. Не може да се гледаат националните интереси на само еден етникум, а другите да ги спречуваме да напредуваат. Исто, промени во структурата и тоа одма!!! Значи ова се крчка веќе 10 години, ова не е од вчера или од минатиот месец. Ние сме многу глупав народ, и осудете ме ако сакате, ама кога може еден Германец да знае повеќе и да може да ја предвиди состојбата и нејзината ескалација, а вие поим да немате што се случува во вашата држава, тогаш, што да ви кажам, конечно сфативте кој кого стриже. Не можам да разберам, не можам како еден народ од 2 милиона, на толку плодна земја пати од сиромаштија. Ова тука како што се краде никаде не се краде во светот да знаете, можда Африка само пошто и таму дивеат ко нашиве тука. И не можам да разберам зашто не се освестувате. ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana Луѓе девојчиња млади се проституираат за 300 денари, идни професорки, идно докторки идни учителки....Мажите ги тепаат жените, свекорот ја тепа снаата, внуката, бабата. Лудило е меѓу народот од толкава немаштија. Нели гледате дека некој само искористил ситуација за да пукне, ко темпирана бомба сме, и сами сме криви за тоа, и патат младите и се губат млади животи за некој да остане во фотелја и кабинет. На крајот на краиштата, знаете како викаат....криви се оние што гледаат и со ништо не го спречуваат злото кое што се случува. ИЗВОРНА ПОРАКА: amateuress еве гледам, се паметни мислења тука (со чесни исклучоци), а сепак ситуацијата станува се полоша и полоша. јас не ни очекував дека ќе прогласат ден на жалост, нели и чудо имаше, па требаше да се расипе сензационалноста на таа вест со оваа за убиствата. (нека не ме сфаќаат лично тие што се верници, почитувам туѓи религиозни чувства, но јас не можам да верувам во нешто што сервира такви заблуди и прави такви неправди како официјалните институционализирани цркви). не знам навистина што ни фали, дали свест за граѓанска акција, дали сме сепак малцинство тие што вака размислуваме. откако имам дете ми е уште потешко што ќе треба да живее во вакви услови и што од сите страни ќе има некои простаци што ќе сакаат да му го исперат мозокот на каков било начин. овој пат не сум толку на***чена на јанкулоска, ама кога се обидоа да го прикријат убиството на Нешкоски 3 пати бев на протести во 9ти месец со стомак до заби. и што? ги прогласија и тие протести за партиски, а народ плукаше по „наркоманите“ и „предавниците“ итн. а сега не знам веќе што може да се направи. ќе помине револтот, ќе заборават луѓето, а негде под површина цело време матни сценарија се крчкаат. ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana откако имам дете ми е уште потешко што ќе треба да живее во вакви услови и што од сите страни ќе има некои простаци што ќе сакаат да му го исперат мозокот на каков било начин. Аматеуресс, алал ти вера. Па затоа и зборам, затоа е се ова, зашто не сакам да си одам од државава, сакам тука да живеам, а не да ми се матка детето со свашта и тако даље у странство, (не ме сфаќајте погрешно), а може прекрасен живот тука да има. Прекрасна држава имаме, со прекрасни, добри луѓе, не знам што треба да се случи да се освестиме, да си ја обезбедиме иднината. Луѓе граѓанска војна еднаш избегнавме....втор пат тешко. И сите се настрвиле на Албанците, па дали знаете дека ко мали деца наседнувате....тоа е тоа што го сакаат тие терористи и злобни и криминалци луѓе....да пукне и да се разделиме, и да се испотепаме меѓу себе. И да, ќе продолжат да заташкуваат убиства, да крадат, да вработуваат партиси полтрони, знаете зашто? Зашто им се може!!! Е па некој треба да застане на нозе и да ги спречи.
|
|
|
|