RE: Политика - за, во врска и резултати! (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


elenak -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (10.6.2013 14:43:35)

Пола од нив? А знае ли воопшто некој зошто протестираат?




Mihaela 2010 -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (10.6.2013 14:45:20)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Пола од нив? А знае ли воопшто некој зошто протестираат?

Vrska nemaat veruj




vezilka RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (10.6.2013 14:49:27)

У еден весник пишува дождот ги растера, демонстрантите (погодувајте во кои медиуми) а во другите, викаат ниту дождот не ги растера демонстрантите. Оф, мори мајко..дали ние тоа живееме во паралелен свет.




vezilka RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (10.6.2013 14:58:26)

А прошлиот пат имаше интервјуа демек ги прашуваа за штопротестирате, и таа бабата вика, не знам јас, така спонтано дојдов, ми рекоа да дојдам, хи, хи..




Gardenia -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (10.6.2013 15:02:47)

Абе не да немаат врска,туку пола од овие да беа вистински верници црквите ќе ни беа полни секој ден,а не само за големи празници,тукууу будала народ да им речат фрлете се во Вардар ќе се фрлат одма без да прашат зошто




Hunny -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (10.6.2013 15:12:55)

За жал кај нас сите протести се такви. Баш пред некој ден сретнувам една колешка од факултет и ја прашувам каде оди. Ми вика морам на протести, од партија ми јавија да протестирам против законот за абортус. Зар и за вакви Закони кои задираат во правото на секоја жена треба некоја партија да наложи да се протестира? Каде е тука свеста?




vezilka RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.6.2013 11:50:25)

Најновата глупост..Владата реши да го наплаќа и воздухот: Кој сака на планина, ќе плаќа 20 денариВладата реши да го наплаќа и воздухот: Кој сака на планина, ќе плаќа 20 денари од човек и 50 денари од автомобил, реши Владата. Наместо да ги стимулира граѓаните да одат на планина и да дишат чист воздух, Владата реши да ги казнува, а патем преку новата давачка да собере уште пари од граѓаните.




Annet -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.6.2013 11:53:58)

I toa kako nalozuvaat,fakticki gi ucenuvaat site zacleneti vo partiite koi baraat rabota preku istite,nekoi luge doma ne se pribrani,odat,protestiraat,se rabotata za da dojdat do rabota.od koga ke se vrabotat uste 3 godini dodeka da zemat resenie za rabota,uste poveke gi maltretiraat,oti ako ne odat tolku od rabotata:(( zalosno e mnogu .Jas ne sum clen na niedna partija




niki -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.6.2013 11:58:21)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Најновата глупост..Владата реши да го наплаќа и воздухот: Кој сака на планина, ќе плаќа 20 денариВладата реши да го наплаќа и воздухот: Кој сака на планина, ќе плаќа 20 денари од човек и 50 денари од автомобил, реши Владата. Наместо да ги стимулира граѓаните да одат на планина и да дишат чист воздух, Владата реши да ги казнува, а патем преку новата давачка да собере уште пари од граѓаните.



uf aman
vladava treba pod itno da se menuva
au ic ne sakam da se vrakam vo MK veke od se sto citam, ni na gosti ne mi se doaga




vezilka RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.6.2013 12:01:46)

Епа ники ќе си платиш за воздухот во мк..нашиот воздух е поубав од вашиот и се плаќа. Абе збеснаа!!!!




niki -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.6.2013 12:13:06)

ami i ovde vozduhot go plakam, ne e problem toa
ama za vo MK mi e krivo sto narodot em nema rabota, em mali plati ama ima evropski zakoni za naplata na se i sesto
pa da reces da imase razvien turizam i da se ocekuvaat stranski turisti koi ke gi preplavat planinite pa aj nek im go naplatat ubaviot ni vozduh ama vaka od kogo bre[sm=hudicek1.gif]




Calypso -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.6.2013 12:39:30)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Најновата глупост..Владата реши да го наплаќа и воздухот: Кој сака на планина, ќе плаќа 20 денариВладата реши да го наплаќа и воздухот: Кој сака на планина, ќе плаќа 20 денари од човек и 50 денари од автомобил, реши Владата. Наместо да ги стимулира граѓаните да одат на планина и да дишат чист воздух, Владата реши да ги казнува, а патем преку новата давачка да собере уште пари од граѓаните.




Ова озбилно? Јас мислев зезанција е [sm=zmeden.gif]лелееееее.... до кое дереџе ќе не дотераат, аман!
Што ќе биде следно?




Viktori -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.6.2013 17:07:39)

Една од поголемите глупости што ги прочитав овие 2-3 недели откако се вратив од печалба беше дека во МК има 100 000 невработени што бараат работа.
Време е и јас да се пријавам, не за друго, туку да бидам 100 001. [sm=jezicek.gif]




Calypso -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.6.2013 17:18:04)

Ех, а уште колку не има што не сме пријавени[sm=zmeden.gif]




temjanuska75 -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.6.2013 17:25:32)

Toa se vika odlicna politika na vladata za nevrabotenost.




Felly RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (19.12.2013 17:36:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sugare

ОСАКАТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА
СО ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕСООДВЕТЕН ПАРТИСКИ КАДАР

Пред неколку месеци, јавно, на телевизија и во весниците беше кажано дека во градинките ќе вработуваат логопеди. На некој конечно му текнало за децата на кои им е потребно тоа уште од најрана возраст. Но проблемот е во тоа што наместо логопеди, во градинките се вработуваат дефектолози кои се несоодветни за работното место за кое се вработуваат, бидејќи имаат само елементарни познавања од логопедија. Дали некој со тие вработувања на дефектолози наместо логопеди размислил за иднината на децата. Не сум против да се вработуваат и дефектолози, но на соодветна работна позиција. Во секоја градинка би требало да има тим од логопед, психолог и дефектолог. Со вработување на несоодветен кадар, тие што ги прават списоците кои да бидат вработени пред се треба да размислат како родители за иднината и здравјето на децата, а не партиски, бидејќи се вработуваат само членови на владејачката партија и интервјуата за вработување се вршат во централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (во зградата до министерството за економија и агенцијата за администрација) од страна на партиска кадровска комисија.






vezilka RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (13.2.2015 10:28:22)

„...Извини“Тодоров…Ама не доаѓај веќе на работа. Јас, ние илјадници ти дадовме отказ пред три дена затоа што не беше доволно доблесен сам да си дадеш отказ, сам да излезеш од ужасот...“

Дај стварно човеку не доаѓај веќе на работа. Имај маааалку барем чувство на човечност. Ама не, тој си доаѓа и згора на се, два дена после смртта на девојчето, на родителите им го пуштиле решението за лекување во странство!Еееееееј, како спиете бре ноќе! Па дали сте нормални! Тоа е веќе психичко малтретирање!




Палешка РР -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (13.5.2015 6:06:30)

Доцна синоќа оставки поднесоа министрите за внатрешни работи, транспорт и врски и директорот на УБК.

Што мислите за актуелната политичка ситуација? Дали треба комплетна оставка на Владата или само реконструкција? Дали воопшто не беа потребни оставки? Дали се чувствувате безбедни? Во кој правец се движи Македонија?

Жени сме и мајки сме, па се грижиме за иднината на нашите деца и нашите најблиски.
Па да го искажеме својот став.




mommy_angels RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (13.5.2015 13:17:19)

Мене оставките не ми значат баш ништо.Исти ѓубриња [sm=zz_poop.gif] ќе дојдат,а и да има некој меѓу нив со здрав разум,нема да може ни до воздух да дојде од другиве,а не да каже или направи нешто.
Она што ме загрижува е нарушената безбедност во државата.Не се работи ни за меѓуетнички ни за државни идеали,се работи за ПАРИ,ВЛАСТ И УМОБОЛИЕ.Поради нечии желби за седнување на тронот или пак само затоа што некој друг таму пушти корења, па не му се станува,ние обичните смртници страдаме.Нема цена која можат да ја платат за изгубените животи,ниту пак да ја излечат болката на семејствата.Се што се надевам дека барем еден од нив ќе дојде малку од малку при памет,па ќе попушти,за да излеземе од ситуацијава.
А за ова во Куманово,само во едно сум сигурна-отидоа млади животи,деца мајкини,млади сопружници и татковци.Ова е единствената вистина.А дали се терористи,дали се платени од овој или оној не ми е важно.Сега останува да се повикаме на трезвеност и да не дозволиме да станеме алатка за остварување на нечии желби.




princessa -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (13.5.2015 13:41:23)

Se sto se slucuva e amerikansko scenario. Neznam zosto ja obvinuvaat Vladata na Gruevski. Zosto go ubija pretsedatelot Trajkovski, zasto covekot znael mnogu raboti izgleda a sega mu kovat zagovor na Gruevski. Zaev im e samo instrument na amerikancite zasto toj saka da dojde na vlast i od ocaj ne znae sto pravi a sto da pravi koga e glup. Ne sum partiski sledbenik na nitu edna partija no razmisluvam konstruktvivno vo celata ovaa situacija. Turskiot tek e toa sto ne go sakaat tie. Borba za prevlast a Makedonija e najtenkata alka vo ovaa situacija. I sega amerikancite napagaat prvo vo Goshince pa sega vo Kumanovo a i poslednata vest deka francuzi imalo vo teroristickata akcija. Evropa ne e mokna, se gleda deka se Amerikancite organizatori. Da ne zboruvam sto se pravat i vo Germanija kakvi se pritisoci vrsat. Treba da ostaneme sega smireni i silni i da i dademe poddrska na Makedonija. Mediumite vrsat mnogu pritisoci i ednite i drugite sirat dezinformacii mislam i vladini i opoziciski mediumi. I zosto protestite na sdsm bile zakazani na 17ti koga se planirale i napadite vo Kumanovo, zasto cela policija bi bila stacionirana vo Skopje za protestite a teroristite se zivo i divo ke dignat vo vis, na 5 mesta vo Makedonija. E da ne se otkrija navreme ke imase graganska vojna vo Makedonija. I kako sega vladata da kaze deka amerikancite stojat zad ova operacija, kakov skandal ke nastanese??? A Amerika celo vreme taka pravi, ke napravi sranje i drug okrivuva zatoa. Zosto ozlembaniot amerikanski ambasador ne se smee veke kako sto pravese celo vreme. Ako Gospod se ke im vrati, grozna amerikanska nacija usvari kakva nacija koj bi se narekol tamu amerikanec koga se site naseleni od nekade. A najbizarno od se sto cuv e deka Gruevski stoi zad sevo ovaa. Koi gluposti brate mili, pa toj sam li ke se unistuva. Tuku ajde se sto ni pravat ke im se vrati usvari im se vraka ja gubat i tie kontrolata.
A sega garant i opozicijata ke se vrati vo sobranie.




vezilka RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (20.5.2015 12:45:48)

Секој ден во 6 се додека не си оди цела екипа. Сите да ги снема. Па кај го има ова бре позиција да протестира против опзиција. Каков нон сенс, што ли мислат, овци сме па ќе не стрижат? Ние немаме ум? ЈАс не знам до каде ќе оди работава. Се си мислам ова со контрапротестот, контракампот и сличните глупости, финтата им е да ја одугговлечат работава уште малку дури не избегал нарадов по одмои, и толку ќе биде, се ќе се забораи, се ќе се забошоти. ЈАс само имам кошмари од моментот кога ќе треба да ги враќаме сите задожени пари. Е тек тоќаш ќе цркнеме....муабетот од Гошев од пред еден месец одприлика, во една дебата. Па и некони некој го спомна, не знам веќе кој оти милјарда фаци и експерти и квазиекспрерти се појавија на ТВ.




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 7 [8]