Snowhite RR
|
Јас па никогаш не прашувам Дали има нешто ново, или ајде што чекате, дури и не помислувам на такво прашање, едноставно ако има сигурно ќе кажат кога ќе дојде време, како викаат, болест и бременост не можеш да скриеш. Или пак на немажени или неженети да им поставувам такви прашања. Исто ми е многу смешно, а исто што јас никогаш не помислувам на такво нешто, демек ако се земат некој дечко и девојка, сигурно е бремена затоа се зедоа уфф како само поврзуваат такви логики Во врска со родендените да кажам дека ние сме 3 другарки, едната што прва се омажи, дури сега се породи, имаше мали проблеми при забременувањето, ама на крај се се среди и си роди и ние секогаш ја каневме на родендени каде што има деца, исто така еднаш во неделата практикуваме да се собираме кај некоја од нас дома или да излеземе некаде, на пример во игротека многу често одевме, е сега ако одевме по таа логика, не требаше нејзе да ја викаме, требаше само ние двете да одиме со децата. Таа секогаш викаше дека едвај чека да ги види нашите деца и да се изнаигра со нив. Е сега другава другарка еднаш не знам зошто ја прашала, дали не и било малку криво кога ќе не гледа нас со деца, а таа нема, ако е така како што вика Виктори, нека сите што немаат деца се затворат дома и нека не излегуваат, зашто деца има и во парковите и по улици. Друго, ако јас правам роденден во игротека, значи таму правам и дома не спремам ништо и што бараш дома да ми идеш, од кај знаеш дали сакам и дали имам време дома да чекам гости повторно, особено ако причината е заради тоа што нема дете ( е сега ако има некоја оправадана причина, тогаш нека дојде дома, ќе најдам време)
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
|