|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: да готвиме заедно
8.2.2013 11:02:46   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Абе домакинки,бидна ли ручекот????
Не пишавте како ви испадна??? Успешно или...Вкусно ли беше???

Бидна и кај нас миана, екстра беше, нешто слично како селско ми излезе ама вкусно беше, виното убав вкус му дава. Абе кој ако не ти да спаси ситуацијаuser posted image Фала

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Bas mi e milo...

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: да готвиме заедно
11.2.2013 12:59:10   
vezilka RR
Дајте жени идеја што да правам со чаден лосос. Како и со што да го спремам тоа чудо? Их, бре, значи не ме бива за готвење и тоа е. Јас важно се полакимив и си купив, и сега не знам што да му правам.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: да готвиме заедно
11.2.2013 13:03:53   
dostickage
Везле, јас би избланширала моркови и брокули или би си купила готово пакување Бејби Микс.
Малку неутрална павлака во зеленчукот, сол, бибер, мускатов орев. Во сето тоа би го додала лососот.
На страна варени таљатели.
Кога ќе се сварат таљателите, стави ги во сосот и заедно да направат еден клуч. За да биде покремасто можеш да доставиш малку од водата кај што се варе таљателите.
Одозгора малку пармезан и викни ме на гости user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: да готвиме заедно
11.2.2013 13:54:59   
Luci

ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

Везле, јас би избланширала моркови и брокули или би си купила готово пакување Бејби Микс.
Малку неутрална павлака во зеленчукот, сол, бибер, мускатов орев. Во сето тоа би го додала лососот.
На страна варени таљатели.
Кога ќе се сварат таљателите, стави ги во сосот и заедно да направат еден клуч. За да биде покремасто можеш да доставиш малку од водата кај што се варе таљателите.
Одозгора малку пармезан и викни ме на гости user posted image

Сори за офтопик ама на цел глас се изнасмеав за последновоuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: да готвиме заедно
11.2.2013 14:02:03   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

и викни ме на гости user posted image


user posted image user posted image user posted image Обавезно, ајде бујрум на чаден лосос кај мене user posted image Не изгледа сложено ама со мене никад се незна, ја знам да закомплицирам у кујна и тоа што изгледа лесно ко пердувuser posted image .

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: да готвиме заедно
18.9.2013 0:40:12   
elenak
Еве рецепт за манџа боранија по барање на Сноувајтuser posted image
Телешкото месо треба да е сварено а и боранијата малку подварена.
Сецкам една главица кромид, еден поголем морков, еден модар патлиџан и еден домат (ова за пола кило боранија). Го запржувам зеленчукот малку, да омекне само и го додавам месото и на крај боранијата. Залевам со вода ама не многу, колку да ја покрие боранијата и оставам на тихо да се вари. Нормално си ставаш зачини кои ги користиш и кога е готово во едно филџанче размешувам лажичка брашно со малку вода и го истурам во тенџерето (за да згусне). Доаѓа како динстана дека е со малку вода и на тихо се вари и превкусна е. Дури и Ј јаде полн тањир.
Е сега можеш нешто да смениш ако не сакаш од зеленчукот, може да оди во комбинацијава и тиквица, пиперка, зависи што сакате. Ова се јаде со вилушка, доколку сакаш чорбесто стави повеќе вода.
Ајде направи па пиши импресии.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: да готвиме заедно
18.9.2013 8:02:00   
Tanjat7880
Eve I jas da vi pisham kako spremam boranija so mevce pa Snowhite kombinirajuser posted image
Zaprzuvam kromidce,mnogu morkov(boranijata go trpi nego) I otkoga ke omekne seto toa go proprzuvam mesoto,potoa ako e teleshko mu nalevam vodicka I ostavam da se svari.Koga ke bide omeknato I vodata isparena ja dodavam boranijata koja se dinsta vo sokot od mesoto I zelencukot I treba ubavo da omekne,bara meshanje.Taka omeknata I stavam domatno pire ili patlidzan I toa go promeshuvam I na kraj edna do dve lazici pcenkarno brashno za da zgusne I da nie stavam zaprshka,nalevam so voda I ostavam da se svari.zA LUKSUZ ja potpekuvam nekogash,vo staklewno tavce a pecenje stavam prezla,da se pokrie cello dno,ja isturam smesata od tendzereto I najgore pak posipuvam so prezla I pikam vo reran,e vaka e stvaro ko puter!Prezlata I dava posebna tekstura,probajte...

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: да готвиме заедно
19.9.2013 11:06:08   
Snowhite RR
Комбинација од двата рецепти на Елена и Тања боранијата со телешко беше екстра, бидејќи почнав посабајле да ја правам, пред да го прочитам рецептот на Тања, прво како што ми пиша Елена го подварив месото и боранијата, после тоа го пржев зеленчукот, ставив повеќе различен, кромид, морков, модар патлиџан, тикве и пиперка, потоа месото го ставив, малку и тоа се пржеше, потоа турив вода и зачини и ловоров лист, се вареше, па ја ставив боранијата, па патлиџан, на крај изматив брашно во ладна вода и го турив и црвена пипер малку, уште малку се повари исклучив ринглата и оставив на жешкото да се доправи, мх мх прсти да излижеш. Следниот пат ќе пробам така да го потпечам како што пиша Тања

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: да готвиме заедно
14.10.2013 20:01:24   
MademoiselleNina
Како се прави компир манџа?

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: да готвиме заедно
14.10.2013 20:55:30   
sandriana RR
Доколку е со месо, јас правам на следниов начин: пропржувам 1-2 главици кромид, и го пропржувам тука и месото 2-3 минути, да смени боја. Потоа долевам вода да се покрие месото, и додавам рендан домат, и оставам да се динста. Кога ќе биде сварено месото, додавам вода во тенџерето и сечени компири на коцки, варам уште 20тина минути и готова е манџата. Зачини по вкус, уште додека се динста месото.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: да готвиме заедно
14.10.2013 23:42:40   
elenak
ИЗВОРНА ПОРАКА: MademoiselleNina

Како се прави компир манџа?


Еве и мој рецепт, компир манџа ми е специјалност, дури и свеки ми признава дека најубава ја правам.user posted image
Месото го сечкам на коцки и го варам, само него, и пената што ќе излезе ја фрлам. Така ми е поубаво, не ми мириса манџата тешко. Кога е веќе горе-долу сварено го исклучувам и во друго тенџере ставам сецкан кромид и морков да се пропржи. Потоа додавам сецкани пиперки 2-3, 1 модар патлиџан, тиквица ако имам и 1 домат. На крај ги ставам и компирите, свареното месо, ставам зачини и налевам вода. Може да се додаде и уште малку томатело и 1-2 ловорови ливчиња. Поклопувам и варам на средна температура 40 мин до 1 час. Запршка не. Од самиот зеленук манџата доволно се згуснува, нормално ако нема премногу вода, јас си додавам по потреба.

< Поракaта ја уредил elenak RR -- 14.10.2013 23:43:11 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: да готвиме заедно
15.10.2013 23:36:47   
MademoiselleNina
Денес немав време, ама утре ќе ја направам - ептен ми се јаде компирманџа

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: да готвиме заедно
6.12.2013 7:41:56   
mommy_angels RR
Ајде некоја баш домакинка да ми каже како да ги спремам листовите за сарма,нели нешто се прават,па стојат некое време ,па после се прават сармите,ама како оди сето тоа. Сарма знам како се прави ама листовите незнм да си ги спремам. Ептен сум на мака,а?user posted image Ми се јаде слатка сармичка,а зелк кисела си немам user posted image
А да и не ми кажувајте да си купам од продавница листови,не сакам конзерванси

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: да готвиме заедно
6.12.2013 7:47:59   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Ајде некоја баш домакинка да ми каже како да ги спремам листовите за сарма,нели нешто се прават,па стојат некое време ,па после се прават сармите,ама како оди сето тоа. Сарма знам како се прави ама листовите незнм да си ги спремам. Ептен сум на мака,а?user posted image Ми се јаде слатка сармичка,а зелк кисела си немам user posted image
А да и не ми кажувајте да си купам од продавница листови,не сакам конзерванси



Мами јас како што имам слушано(не сум спремала,освен со кисела зелка) свежата зелка ,листовите ги ставаш или во врела вода да се омекнат,или в замрзнувач некое време.Но мајками мислам дека ги правеше со врела вода ,некоја минутка да провријат,за да омекнат да може да се витка.Потоа кога ке ги извадиш,нека се исцедат и спремни се за виткање сармаuser posted image Па пиши што си направила

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: да готвиме заедно
6.12.2013 8:29:00   
Mihaela 2010
za temava miana treba da se javi...taa nie najdobrata domakinka na forumovuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: да готвиме заедно
6.12.2013 11:38:29   
miana
И јас знам само со кисела зелка, и мој оредлог за сите што сакате да имате рано кисела зелка - ставете си порано неколку тегли со листови и со врела вода и ке имате рано кисела зелка. Инаку може и да си замрзнете кисели листови од зелка и кога ке ви текне да си одмрзнете и во сред лето да имате сарма со кисела зелка.. Јас до сега немам слушнато самра со пресна зелка,освен ратурена сармма...Ако сакаре рецепт за растутена сарма со пресна зелка, ке ви кажам..Превкусна е !!!

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: да готвиме заедно
6.12.2013 12:00:24   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

И јас знам само со кисела зелка, и мој оредлог за сите што сакате да имате рано кисела зелка - ставете си порано неколку тегли со листови и со врела вода и ке имате рано кисела зелка. Инаку може и да си замрзнете кисели листови од зелка и кога ке ви текне да си одмрзнете и во сред лето да имате сарма со кисела зелка.. Јас до сега немам слушнато самра со пресна зелка,освен ратурена сармма...Ако сакаре рецепт за растутена сарма со пресна зелка, ке ви кажам..Превкусна е !!!



Може Миана,сарма со пресна зелка,но претходно листовите да се обарени во врела вода за да омекнат.Мајками понекогаш правеше.Единствено кај оваа сарма недостига вкусот што го дава киселата зелка,инаку се е исто.Ќе си ја зачинете повеќе со сол,и може за киселкаст вкус да додадете лимонтуз.Ова е се провереноuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: да готвиме заедно
26.2.2014 11:55:35   
Defne90 RR
Луѓе абе ај нека пиши некој како го подготвувате спанаќот јас верувајте уште немам правено а баш сакам овие денови да направам а стварно не знам како.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: да готвиме заедно
26.2.2014 12:10:22   
Tanjat7880

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Луѓе абе ај нека пиши некој како го подготвувате спанаќот јас верувајте уште немам правено а баш сакам овие денови да направам а стварно не знам како.user posted image

Ajde jas da ti kazam recept pogoden I za mali deca I brzo gotov.
Satavam samo oriz I spanjak vo rucekot,orizot go proprzuvam na zejtin I vo nego go stavam spanjakot da se dinsta,koga ke omekne stavam sol,vegeta,crven piper I obavezno edna lazica PCENKARNO BRASHNO(mu dava gustina)promeshuvam I nalevam voda,kolku da se pokrie zajreto vo tendereto,poklopuvam so kapak I ostavam da se vari tocno 20 min,i gotovo e,prilog przeno jajce na oko I kiselo mleko

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: да готвиме заедно
26.2.2014 14:10:05   
Felly RR
И јас сакам утре да правам спанаќ, ама ми се смачи со ориз, па дај кажете како можам со компир да го направам, или некоја друга комбинација, само да не биде со ориз.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: да готвиме заедно
26.2.2014 16:01:07   
princessa
jas zaprzuvam meleno meso prvo pa se ova drugo go dodavam i koga e gotovo go jademe so kiselo mleko.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880


ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Луѓе абе ај нека пиши некој како го подготвувате спанаќот јас верувајте уште немам правено а баш сакам овие денови да направам а стварно не знам како.user posted image

Ajde jas da ti kazam recept pogoden I za mali deca I brzo gotov.
Satavam samo oriz I spanjak vo rucekot,orizot go proprzuvam na zejtin I vo nego go stavam spanjakot da se dinsta,koga ke omekne stavam sol,vegeta,crven piper I obavezno edna lazica PCENKARNO BRASHNO(mu dava gustina)promeshuvam I nalevam voda,kolku da se pokrie zajreto vo tendereto,poklopuvam so kapak I ostavam da se vari tocno 20 min,i gotovo e,prilog przeno jajce na oko I kiselo mleko


(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: да готвиме заедно
26.2.2014 16:47:53   
Defne90 RR
Утре баш ќе пробам така ќе го направам,се надевам на маж ми ќе му се допадне,само ќе додадам и месо па тој мојот без месо јадење не признава.иако јас лично мислам дека би било поубаво без месо.Јас баш и не сум по месото многу.Па ќе пробам сега со месо а наредниот пат без месо.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: да готвиме заедно
27.2.2014 14:09:39   
Tanjat7880

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

И јас сакам утре да правам спанаќ, ама ми се смачи со ориз, па дај кажете како можам со компир да го направам, или некоја друга комбинација, само да не биде со ориз.user posted image

So kompir jas ne bi go pravela no bi go svitkala vo pita so jajce I urda...ako bash nesakash da bide so orizuser posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: да готвиме заедно
27.2.2014 14:42:12   
Defne90 RR
Еве јас најдов еден рецепт со компири, со пилешко и спанаќ.
Потребно е:
2 парчиња пилешки гради (100 гр. секое)
6 лажички маслиново масло
Сол и црн бибер
2 лажички свежа мајчина душичка
700 гр. компири, се сечат на парчиња-коцки
2 кромида, средни
2 лука
каранфилче, мелено
300 гр. спанаќ, измиен, и грубо исецкани
Свеж сок од лимон
ЧЕКОР 1

Загрејте ја рерната на 450 степени. Пилешкото месо спремете го за печење. Прелијте го со 2 лажички маслиново масло сол, црн бибер и мајчина душичка. Печете околу 35 минути. Кога ќе се излади доволно, се чисти од кожата и коските, и се сецка пилешкото на парчиња во големина на залак.

ЧЕКОР 2

Во меѓувреме, во средно тенџере, компирите се варат во солена вода додека не омекнат, околу 15 минути.

ЧЕКОР 3

Во големо тавче, на средна-висока температура се додаваат останатите 4 лажички маслиново масло. Се додава кромидот, кој се готви, со мешање, додека омекне, околу 3 минути. Се додава и лукот и се готви околу 30 секунди. Потоа се додаваат компирите и се готват, мешајќи, околу 7 минути. Се додава 2 лажици вода и се меша со дрвена лажица. Се готви, се додека компирите се со светло кафена боја, 5 минути. На крајот се додаваат пилешкото и спанаќот и гответе, мешајќи околу 2 минути. Се зачинува по вкус со сол, бибер и сок од лимон.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: да готвиме заедно
27.2.2014 14:43:17   
Defne90 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880


ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Луѓе абе ај нека пиши некој како го подготвувате спанаќот јас верувајте уште немам правено а баш сакам овие денови да направам а стварно не знам како.user posted image

Ajde jas da ti kazam recept pogoden I za mali deca I brzo gotov.
Satavam samo oriz I spanjak vo rucekot,orizot go proprzuvam na zejtin I vo nego go stavam spanjakot da se dinsta,koga ke omekne stavam sol,vegeta,crven piper I obavezno edna lazica PCENKARNO BRASHNO(mu dava gustina)promeshuvam I nalevam voda,kolku da se pokrie zajreto vo tendereto,poklopuvam so kapak I ostavam da se vari tocno 20 min,i gotovo e,prilog przeno jajce na oko I kiselo mleko

Тања а кромид ставаш во спанаќот со ориз или не


_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Капење на бебето.
пеперутка16

Дали го капевте вашето бебе пред да ви падне папочната врвца?