|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: да готвиме заедно
27.2.2014 15:02:01   
Tanjat7880
Ne,samo oriz I spanjak so zacini I obavezno pcenkarno brashno,lazica do dve pri dinstanjeto,potoa topla voda kolku da se zalie smesata I za 20min se e gotovo!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: да готвиме заедно
27.2.2014 19:24:33   
Defne90 RR
Супер ми испадна спанаќот на маж ми ептен му се допадна иако го направив без месо .Е отсега па натаму ќе знам како да си го направам.Фала ви за реецептурите женски.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: да готвиме заедно
29.5.2014 15:39:07   
miana
Женички, ај кажете некој рецепт за дивеч! Имам бут од дива свиња и незнам како да го спремам...

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: да готвиме заедно
29.5.2014 15:45:28   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Женички, ај кажете некој рецепт за дивеч! Имам бут од дива свиња и незнам како да го спремам...


За подготвување на маринадата:
• 1,5 l црвено вино
• 150 g целеров корен
• 150 g моркови
• 2 главички кромид
• 5 ловорови листови
• 5 чешниња
• 2 снопчиња зеленчук за супа (морков, праз, целер, магдонос)

Ставете ги заедно да зовријат, а потоа оставете ги да се оладат.

• 1,5 kg бут од дива свиња (плешка)

Истурете ја маринадата врз месото да го прекрие и оставете го да се маринира 3 дена. Состојки за печењето:
• сол
• црн пипер
• супа од зеленчукот од маринадата
• 1 мала конзерва лисичарки

Метод:
Извадете го бутот од дива свиња од маринадата и исушете го. Зачинете го со сол и црн пипер и запржете го од сите страни во
тавче на рингла. Додадете ги лисичарките и малку супа од зеленчук од маринадата. Ставете маринада во тавата за печење. Долниот дел од месото треба да биде потопен во 10 - 15 мм течност. Покријте ја тавата за печење со капак и ставете ја во шпорет.

– Време за печење: 140 минути
– Позиција на решетката: 1

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: да готвиме заедно
28.6.2014 8:33:19   
AneLav RR
Да ја пишам рецептата за
Пилешко со тиквици (зеленчук)

400грама пилешки стек
1 поголема тиквичка или 2 малиuser posted image
1 голема главица кромид
2-3 домати или 250мл доматно пире
4-5 средни морковчиња
веѓета
црвен пипер
бибер
кари (не мора)
масло
150 мл вода

На загреано масло се пржи стекот исецкан на покрупни парченца се зачинува со црвен пипер, бибер, вегета и кари. Потоа се додаваат морковчињата(исецкани на тркалца), кромидот и доматите -исецкани(или доматно пире) и малку вода окулу 150 мл. Се динста на тивко окулу 10-тина мин,на крај се додаваат тиквичките исецкани на покрупни коцкички и се динста додека да испари водата и да омекнат тиквичките.
Се сервира со ориз или пире.
Јас го сервирав со ориз на пареа(сув ориз)
Вака треба да изгледа од прилика ама јас ги излупив тиквицитеuser posted image
user posted image

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 28.6.2014 8:37:27 >


_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: да готвиме заедно
28.6.2014 9:20:50   
Dilina
Ане ај кажи како го правиш белиот ориз (ја не сум стигнала ориз да правам пошто никој не ми го јаде хаха) срамота ама шо да праам :D

Инаку јас денес ќе правам телешко (во рецептот се вика рагу) со зеленчук.. само што мн го динстам..

Тиквичка
Патлиџан
Пиперка
Морков

Телешкото на листови (како прсти пилешки) го сецкам, го пржам со кромид и после на вода го динстам додека не омекне
После му ставам тиквичка морковче патлиџан пиперка (немора од се да ставате ама патлиџанот е битна состојка)
Може и малце бело вино (јас некогаш ставам некогаш не)
и така си се пржи се заедно па на крај во тавче и во рерна да се потпече а и тоа немора user posted image
Од зачини се знае вегета бибер... може и ловоров лист, ние дома го ставаме во се што е со месо манџа...

Не се водам строго по рецептите, затоа не пишав ни количина и грамажа.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: да готвиме заедно
5.7.2014 12:38:20   
Tanjat7880
LETNA MANDZA
Piperki(kolicina spored licata koi ke rucaat)
Patlidzan(pola od kolicinata na piperkite)
Sirenje
Jajca
Se pecat piperkite(jas gi pecam vo rerNA na peki papir)se lupat I se seckaat,patlidzanot se stava vo vrukja voda samo eden kluc pa se lupi I toj se secka.Na zagreano maslo se proprzuvaat pecenite piperki,koga ke promenat boja se dodava patlidzanot I se se krcka dodeka ne ispari vodata od patlidzanot pa se dodava sirenjeto,toa treba da se stopi I na kraj jajcata I fali samo topol leb I zadovolstvoto e NEIZBEZNO!
Ovoj recept e od mojata pokojna baba,taa beshe majstorica za vakvi mandzicki,bara pogolema angaziranost(pecesh,podvaruvash,proprzuvah)no e navistina vkusno,probajte,nema da zazalite!

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: да готвиме заедно
5.7.2014 14:26:23   
Bethany
фала Тањич user posted image
Немам никогаш јадено ни правено.
Јас па мислев тоа се ставиш некој зеленчук да се вари и тоа ќе е летна манџа и така замислувајќи не ми изгледаше нешто многу вкусно, ама сите ја фалите, па гледаш затоа што не било така како јас ја замислував user posted image

Ама мора да ми кажеш отприлика барем колку што се става (за две особи, за мене и мм за почеток)
Колку пипер, колку сирење, колку јајца user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: да готвиме заедно
5.7.2014 15:00:55   
scared RR
I mene me privlece mandzicevo ama ne go razbrav bas , ova ispaga kako suva mandza da nema voda na kraj kako przenica samo? user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: да готвиме заедно
5.7.2014 17:52:35   
Tanjat7880
Eve vaka devojki,okolu kolicinata na piperkita za dve osobi jas stavam okolu 15-20piperki,edno 4-5 sredno golemi patlidzani,sirenjeto neka bide okolu 200grama I jajca 2-3 komada,i ne se sekiraj,toa shto nema denes da se izede odlicno e I ladno za utre,i da ova e klasicna brza przenica,pogusta od ajvar,ete se nadevam objasniv.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: да готвиме заедно
6.7.2014 0:01:01   
Dilina
Еден краток совет како јас се справувам со патлиџанот за да не го ставате во топла вода :D

Од спротивната страна од рачката исечете крстче едно, и само на ренде поминете го, лушпата останува цела на дланка така рендајки :D Јас си патам со егзем по прстите и патлиџан ми пречи многу, па ова ми е ем најбрзо ем најлесно отстранување на лушпите :)

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: да готвиме заедно
7.7.2014 10:58:42   
AneLav RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

Ане ај кажи како го правиш белиот ориз (ја не сум стигнала ориз да правам пошто никој не ми го јаде хаха) срамота ама шо да праам :D

Извини Дилина не сум ти ја видела пораката еве ќе ти пишам..
И ништо не е срамота ако имаш желба да научиш нешто. За ништо во животот да не се срамиш да прашаш.user posted image
Јас го викам
ОРИЗ НА ПАРЕА
1 чаша ориз
малку масло
2,5 чаши вода
коцка за супа или веѓета
црн бибер
2-3 лорбер ливчиња
Во едно тенџерче каде што ќе се вари оризот се загрева малку масло и во него се става оризот да се пропржи да добие ептен светло жолта боја. На страна се става во друго тенџере 2,5 чаши вода (се мери со истата чаша) коцка за супа или веѓета по желба кој колку солено јаде бибер и 2-3 ливчиња лорбер, водата само да проврие и се гасне се сипува во пропржениот ориз. Но претходно штом ќе се пропжи оризот се намалува на единица(најслабо ) и таму се истура зовриената вода (внимателно зошто излегува многу пареа). Се промешува само еднаш штом ќе се сипе водата и толку. Се остава на единица на најслабо покриено со капак и за од прилика 30мин-45мин е готов.


< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 7.7.2014 11:03:18 >


_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: да готвиме заедно
9.7.2014 15:51:51   
Defne90 RR
Женски ај пишете рецепт за полнети тиквици.Многу сакам да направам ама не знам како да ги подготвам.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: да готвиме заедно
3.10.2014 9:46:25   
Tanjat7880

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Женски ај пишете рецепт за полнети тиквици.Многу сакам да направам ама не знам како да ги подготвам.user posted image

Ejj Defne,znam kasnam mnogu no ako najdesh na pazar tikvicki ke ti koristi receptov
Tikvickite gi mies I gi secesh po dolzina,dobivash dve parcinja od edna tikvicka koi gi dlabish(jas toa so mala lazicka go pravam)da izleze mekoto I semkie,vaka izdlabeni izgledaat ko camci.Mesoto go spremash na standardniot nacin ko za polneti piperki,proprzuvash kromidot pa stavash malku oriz I toj da se proprzi pa go stavash mesoto I zacinite I na kraj go stavash ona shto go izvadi od tikvickite koga gi dlabeshe I mnogu domatno pire ili domat,seto ova treba ubavo da se proprzi.Polnish od zajreto vo izdlabenite tikvicki,gi redish vo tava za pecenje I tuka e tajnata,imeno,rastvarash vo voda edno 2-3 lazici pcenkarno brashno I taa smesa ja zagrevash do tocka na vrienje I tuka pak stavash malku domatno pire I taka vrukjo gi polevash tikvickite(da bidat do pola poleani,ne da plivaat vo tecnost)I gi pecesh vo zagreana reran edno 40tina minuti na 200stepeni.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Да готвиме заедно
19.11.2014 21:43:33   
Dilina
Мајки ај ако знаете рецепти за мешани зеленчукови манџички и сл. Имам проблеми со желудникот, мислам дека ова би ми помогнало ама незнам да правам зеленчукови манџи... мислам на мешанки, манџасти а може и на тавче... давајте предлози ајде :)

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Да готвиме заедно
19.11.2014 23:54:49   
nataly86
Дилина ака имаш проблем со желудник пробај да избегнуваш запршки, нека е повеќе ако супа/чорба. Инаку можеш секако зеленчук по избор ете јас на пример правам нешто како турли тава без месе..зеленчук кој го имам дома тиквица, модар патлиџан, кромид, компир, моков, правам запршка и ставам зелечукот вода колку да ги покрие и малку оривче, потоа во рерна...

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 11.2.2016 23:34:24 >

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Да готвиме заедно
22.11.2014 19:43:14   
Melanija RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Svez karfiol go secham na parchenca so golemina okolu 6-7sm.Gi mijam ubavo I gi varam vo voda so vegeta. Posle gi proceduvam, pa sekoe parchence go valkam prvo vo brasno pa vo jajce.Ovojpat gi zachiniv I so lukche vo prav za da mi se povkusnI, pa potoa gi przam.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Haha abe kajganava moja gleam popularna.obicni mateni jajca, samo smekot go pravat dodatocite, kako ajvarce , tursija, vezeni pipercinja, maslincinja...koj kako si miluvauser posted image



< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 7.2.2016 20:39:24 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Да готвиме заедно
22.3.2015 9:10:00   
AneLav RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Ако имате други рецепти за посна боранија, давајте



Посна боранија во тавче - закон за тие што не јадат манџи. Само треба боранијата да е млада и свежа, иако ја правам и со замрзната.
Количина од око, зависи колку луѓе ќе јадат. За 4ца јадачи оди 1 кг боранија, 2-3 домати, 3-4 главици кромид. Зачини по желба - јас ставам црн бибер, чубрица и босилек, и сол.
Во тавчето редиме ред боранија (жива), ред кромид исечен на тркалца, ред тркалца од домати. Потоа се попрскува зејтин, се посолува, се зачинува, па се преминува на втор ред - боранија, кромид, домати, па пак зејтин и зачини.
Се долева малку вода, околу 200 мл, бидејки и доматите и боранијата пуштаат течност, и се пече во рерна, околу 1 час, на 200 степени.

Модератор : Повеќе за посни рецепти кој си пости можете да видите во оваа тема ТУКА. Затоа рецептата ја поставив и во таа тема.

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 22.3.2015 9:39:55 >


_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Да готвиме заедно
22.3.2015 9:26:03   
AneLav RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Кај нас се јаде посна боранија без запршка, и тоа мм како голем месар, ептен ја сака, така што ќе споделам со надеж дека ќе му се допадне и на мт user posted image

Количината на сите состојки ми е одоколу - за нас двајца ставам едно и пол пакување смрзната жолта боранија, и понекогаш останува, понекогаш не стига. Ја одмрзнувам и ја мијам под врела вода, ама и да немаш време да се одмрзне, доволно е да се помине во цедалка под врела вода и ок е, само се вари маалце подолго.

Прво ставам ситно сецкан кромид да се запржи на маслиново, додека не стане стаклест. Понекогаш додавам и праз, ако имам дома. На тоа додавам и сецкан морков, количина исто по желба, обично околу 2 големи или 3 мали моркови. На тоа ја додавам и боранијата, измиена и исцедена, да се пропржи малку колку да се намрси од зејтинот. На тоа додавам свеж патлиџан, или томатело, или пире од домати, што имам дома, количина исто од око, не многу. Се промешува и се додава врела вода, количина - да ја покрие целата боранија. Го оставам на најјако плинот (или струјата), да проврие кратко време, и потоа ја намалувам ринглата на минимум. Со покриен капак и повремено мешање, се вари така околу 30-40 мин. Ако ја испие водата, се додава нова, исто врела, зависи дали сакаш погуста или потечна, како манџа. На крај, додавам една коцка за супа, уште малце маслиното, црвен пипер (не ги пржам како запршка, ми смета на желудникот) и други зачини по желба - босилек или оригано. Ќе пробаш дали е сварена, нема друг начин, бидејќи зависи од самата боранија. Ако е млада, се вари одма. Откако е сварена, го појачувам оганот да проврие пак уште сосема кратко, 2-3 мин, и ја исклучувам скроз. Добро е да отстои така уште отприлика саат време, повкусна е.

Како опција плус, може во фазата на варењето да се додаде пола филџанче просо или хељда и излегува уште поубава, а се зголемува апсорпцијата на железо и протеини.

Ако имате други рецепти за посна боранија, давајте user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

И јас нешто слично како Hopeful. Прво пропржувам кромид, домат, и пиперче. Потоа ја додавам боранијата да се пропржи заедно, па ставам вода и си се вари некое време ќе видиш кога ќе е сварена и при крај за да биде густа место запршка ставам супа од печурки. Во една чашка малку вода и пола супа од печурки мешам и потоа додавам во боранијата и да се провари уште некои 10-тина минути.
Ако ти е за утеха ниту мм не ги сака ваквиве манџи, ете погоре пишав вика што ми даваш трева да јадам user posted image user posted image



_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Да готвиме заедно
5.5.2015 23:39:32   
lukajana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicka_26

Ајде мамички plissss кажувајте рецепт за каша со ќофтиња,сакам тоа да правам за ручек утре
Thanks


Ке пропржиш кромид,морков и доматен сос.
Настрана ги пржиш ќофтињата и ставаш вода во тенџере да зоврие.
Кога ќе се издинста кромидот и другите состојки ставаш вегета,ц.пипер,бибер и ако сакаш други зачини,додаваш 4-5 големи лажици брашно и мешајки ја додаваш зовриената вода за да не ти се направат грутчиња.
На крај ги додаваш ќофтињата и вариш уште 30-40 мин.
Јас на крај ставам оригано ама не мора


< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 5.5.2015 23:46:59 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Да готвиме заедно
6.5.2015 14:48:40   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicka_26

Ајде мамички plissss кажувајте рецепт за каша со ќофтиња,сакам тоа да правам за ручек утре
Thanks


Ке пропржиш кромид,морков и доматен сос.
Настрана ги пржиш ќофтињата и ставаш вода во тенџере да зоврие.
Кога ќе се издинста кромидот и другите состојки ставаш вегета,ц.пипер,бибер и ако сакаш други зачини,додаваш 4-5 големи лажици брашно и мешајки ја додаваш зовриената вода за да не ти се направат грутчиња.
На крај ги додаваш ќофтињата и вариш уште 30-40 мин.
Јас на крај ставам оригано ама не мора




еве како јас ја правам..

Половина кг мелено месо, една главица кромид, презла, јајце, и малку прашок за пециво.

Правам мали плескавички ( или топчиња ) ги пржам, ги ставам на страна... Зетјтинот воо кој се пржеле го прецедувам, ако треба додавам уште малу и го ставам во тенџере на рингла... Додавам 3-4 лажици брашно и малку го пропржувам. Постепено додавам вода со мешање ( да не станат грутчиња ) Кога ке се згусне чорбата, додавам една лачица вегета, ги ставам кофтињата и на крај ставам едно чешне лук, ситно насецкано или поминато на преса... Прсти да си излижеш user posted image


_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Да готвиме заедно
6.5.2015 14:59:45   
mamicka_26
Мамички фала ви најмногу.Ја направив вчера многу слично како цептот на miana, па денес ке ја пробаме:)

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Да готвиме заедно
28.6.2015 17:09:47   
mamicki
Боранија во бешамел
Се пропржуваат две глави кромид, а потоа заедно со кромидот малку се динста боранијата (околу 600 грама) исечкана на парчиња, па се тура 2-3 дл. вода и една коцка за супа. Се додаваат неколку чешниња лук, исецкан на парченца. Се остава на среден оган во полупокриено тенџере додека водата речиси целосно не изврие. Се прави бешамел сос од две лажици брашно и 1/2 литар млеко. Во тава, на малку маснотија, сосема кратко се пропржува 100 грама чајна, исечкана на коцкочки. Потоа во огноотпорен сад се истура половина од боранијата, па чајната, па другата половина боранија, се тура малку вода (околу 1дл), се прелева со бешамелот и се кршат, цели да останат, 5-6 јајца. Се покрива со фолија и се запечува триесетина минути во загреана фурна. Салата што одговара е од краставици или печени пиперки со лукче и магдонос.

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Да готвиме заедно
12.2.2016 17:48:29   
lukajana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal


Pileski stek so spanak.
Pileski stek predhodno isprzen, vrz nego se stava spanak, domatno pire I rendan kashkaval. Se pece vo reran nekolku minutki.





_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Манџи
12.2.2016 23:15:20   
lukajana RR
Дел од постовите што се однесуваа на Кифли , пити ,теста /Тестенини / Посно / Зимници / Солени торти и ролати / Ручек мезе за гости / Салати / Слатки работи / Сосови и Супи се префрлени во посочените теми за поголема прегледност

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 12.2.2016 23:48:27 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Оди на:






Анкета

Капење на бебето.
пеперутка16

Дали го капевте вашето бебе пред да ви падне папочната врвца?