Hopeful RR -> RE: Криза во бракот (24.1.2016 10:55:09)
|
Ни јас немам оправдување за вакви ситуации, и не може да кажеме дека ете, се случува. Но, жената е тука за помош и не и помагаме ако фрламе дрва и камења по неа. Јас не можам да се ставам во нејзина позиција затоа што за мене неверство е најстрашна работа, и мислам дека ако не ти чини човекот со кого си, разведи се па бркај работа. Но, the damage is done и дај да видиме дали можеме да кажеме нешто паметно. Капина, знам дека не ти е лесно во борбата за дете меѓутоа ова е сосема поинаква ситуација и не се идентификувај со кој било од ликовите. Тоа да го роди и они да го посвојат детето е научна фантастика, не знам како да кажам. Што ќе се случи со тоа дете утре, кога ќе дознае кои му се родители, и куп други прашања. Сигурна сум дека тоа не е решение, животот не е филм па ај да се лажеме дека ќе функционира тоа. Ниту пак деца се раѓаат тек така без размислување, па после чуди се каков живот и идентитет ќе има тоа дете... За Анонимна приоритет треба да е детето што веќе го има, ова со кое е бремена уште не е дете, не е ни фетус, да збориме реално. Се уште стојам зад опцијата абортус, мислам дека нема друго решение, а вашите меѓусебни односи потоа, кој со кого спие и што прави, е ваша работа. Ако сакаш, остани со сопругот, ако го скриеш неверството, или остани со другар му, ако си спремна да растураш две фамилии - твојата и неговата. Ти веќе си го направила тоа, па прашањето е дали ќе успееш да заташкаш или не.
|
|
|
|